За да одиш некаде, прво треба да бидеш поканет. Никој не сака да му дојде гостин што ќе почне да му руши по дома. Тоа го вели и ЕУ. Македонија мора прво да си среди по дима, па потоа да размислува кон приклучување. Додека тоа не се случи, ЕУ не ни размислува да помогне околу било што. На ЕУ ѝ одговара државите да ѝ ставаат сопки на Македонија. Кога се реши спорот со грција, што е случи? Франција стави вето. Не дека имаше нешто конкретно, ама случајно да не прогресира нешто па после ЕУ да се кае. Додека се случи тоа, бугарите се освестија дека и тие имаат за земање и ставија вето, а Франција го повлече. Барањата од Бугарија ни самата ЕУ не ѝ се веруваше дека ќе ги исполни бидејќи од Македонија се бараше откажување од многу работи, меѓу кои и историјата. Почнаа предавнициве да си ја распродаваат историјата, ги испратија најодродените (од кои некои од нив во затвор требаше да бидат, а не пари и од ова да земаат, ама само криминалци можеа да бидат поткупени па ги ископаа како знаеја и умееја) да решаваат по ова име и ЕУ се свести дека неспособниве ако треба сѐ ќе дадат само за да стигнат до пари, се вмеша во процесот и сега гледаме циркус. Ако сакаа да ја видат Македонија во ЕУ има начини како да интервенираат ама никој не сака да стави скапана круша во кошницата со преубаво свежо овошје. Нашите одродени политичари, а некои воопшто не ни имаат допирна точка со Македонија и затоа и воопшто не им е гајле ако ја распродадат *кхм* османи *кхм*, немаат ништо друго и им преостанува (заедно со неспособните новинари кои наместо да ги читаат документите од ЕУ, тие им веруваат на политичарите) да го лажат народот дека „ете уште Бугарите во устав и толку, готово, во ЕУ сме“. Јас немам видено толку залажлив народ кој дури и преку реални документи одбива да верува во реалноста. Нѐ обезличија, а ние самите велиме „уште малку“. Да работеше за народот, народот немаше да го „казни“ вака и да има најмалку гласови што некој кандидат на СДСМ воопшто имал. Направи сѐ што самиот кажа дека нема да го потпише и сам си се доведе до ова. Од збор до збор, сѐ што кажа, тоа му се случи:
Имам познаници што беа во Сдсм. Гласаа за Максим и рекоа втор круг ќе за гласаат Гордана. И не верувам дека се само тие. Незадоволните членови сакаат да се казни Сдсм по секоја цена. Куп луѓе знам што беа и нивни симпатизери и членови што сами изјавуваат дека претераа и дека го дадоа газот под кирија .
Да на најниско ниво е, да треба да се плашиш што ќе пишеш да не те закопаат од сите страни. А за Гордана што требаше да пишам? Онаа девојката? Па дај ве молам не лупајте глупости. А дека можеме да си се исмеаваме цел ден можеме, но што ќе постигнеш со тоа? Нека си ве лаже Мице ќе го вратиме името, а 2021 уште првиот ден од работата на новите градоначалници го прифати името. Така ќе биде и со уставните измени, одма ќе ги изгласа, а тогаш овие ,,мицјевистиве" (така ги имаше напишано некој погоре) ќе се прават слепи и уште в уста ќе му се палат. А за прашањето што ме прашаа одговоров, само треба да се прочита. Да сдсм е патот кон ЕУ, а со Пендаровски седнавме на иста маса со Бајден, Микрон и Шолц.
Прво, ако бевме не поканети Меркел не идеше овде кафе да си пие со Заев. А со Бугарија ќе е многу лесно доколку дпне поддржат уставни промени. Кога сме ставиле Срби, Турција, Роми, Власи и уште не знам што, што ќе ни смета да има Бугари? Нас не ни смета туку на дпне му сметаше дека влезот во ЕУ ќе беше завршен за време на власта на СДСМ, па така ќе испаднеше дека гајле им е за државата туку за името што ќе го остават и паричките што ќе си лапнат. Од источна Европа, кажи ми една држава што влегла средена во ЕУ? Знам дека не можеш оти нема таква, сите се излезени од Варшавскиот Пакт односно од кај Сталин од стан.
Никој нема да гласа за Гордана, како што рече некој погоре не знам кој беше, на Максим му заврши кариерата пред да му почне. Максим направи катастрофална грешка.
Леле.. стварно ми е жал за тебе веќе. Знаев дека има ептен испрани мозоци, ама до волку не знаев дека има. Сме седнале бе на маса со Бајден… стварно веќе не знаеш што пишуваш за да ги испофалиш сдс. Те молам врати се на планетава.
прво, ако го прочита мојот пост ќе видеше дека јас пишав дека името е завршена работа, тоа никој не го враќа, пишав левица и Биљана водеа таква кампања. второ, ќе бидам кратка, името и промена на уставот нема да не однесат во ЕУ, затоа што се друго не е средено, ја тврдам дека и бугарите да ги внесеме во устав ЕУ нас пак нема да не прими. трето, Мицко ни мене не ми е по кејф, не сум ни ја во партија, ама Гордана ми се допаѓа и затоа ја гласав, самата на неколку пати се изјасни дека не е член на вмро. не им верувам ни на едните, ни на другите, барав трета опција за парламентарни. пишав еднаш гласав за левица, ама тие ме разочаа, така да за парламентарни не знам каде ќе иде мојот глас, ваљда против сдс за било кој
Мисли си. Ќе дојде 8ми мај па ќе видиш како ќе искочат работите. Јас напротив мислам обратно на Максим самошто му започна кариерата .
сите ќе гласаат против Стево, било кој и да кандидираше вмро или било кој кандидат да отидеше во втор круг со Стево, пак сите ќе гласаат против Стево, тоа е расположението во државава и тоа е јасно после првиот круг
Многу е лесно, само да ги вметнеме и готово, влезени сме. Ако не знаеш што ќе ни смета, значи дека не ни разбираш и не ти е ни важно да разбереш. Уште што и спиеш на тоа уво дека само тоа е пречка. Меркел? Меркел 2018-та беше. И од тогаш, корупцијата уште толку повеќе се зголеми, се случи уште толку поголем распад на институциите и се открија еден тон скандали. Може другите не биле средени ама за сите ЕУ имала интерес, што геополитички, што други. Читајте извештаи, читајте странски анализи и медиуми кога веќе мислите дека толку се разбирате, потоа пишувајте. Бидејќи ова е надвор од тема, ако имаш одговор, цитирај ме во посоодветна тема и таму ќе продолжиме.
абе џабе се објаснуваш, испран им е мозокот дека уште името и историјата да ја смениме и да признаеме дека сме бугари и готово ЕУ не чека со раширени раце
Киро Глигоров дојде за претседател на 74 години, оној дедото беше? Дај прекини со небулозите, годините немат врска со квалитетот на некоја личност.
Од каква геополитичка цел ЕУ ја примиле Бугарија? Бугарија има најлоша географска положба за ЕУ, преку неа сите имигранти одат во поразвиените земји. Корупцијата си ја имало од секогаш, нормално дека не ја оправдувам, не но може една власт да се обвини за корупција. А дека знаете да вреѓате не морате да се фалите, приметивме. А и не е за фалење, можеме до утре да се вреѓаме и негираме факти. Пак ќе речам културата на најниско ниво.
Не кажувај глупости те молам, како што мене ми викате сега јас ќе ви речам, одете читнете, разјаснете се, образувајте се па дојдете тука.
Глигоров имаше став и позиција за претседател, Гордана си заспа на прес конференција, Гордана не беше на истата фрекфенција, Гордана меша градови, Гордана треба да си одмара во старите години и да не си се замара со политика.