И според тебе што треба да правиме? Ти што би направила како гласач? Која промена? За да се направи нешто треба народот да е сплотен. Дали нашиот народ е сплотен? И зошто не? И ако не знаеше Гордана е во партиски води уште во времето на Киро Глигоров како што зошто слободно истражи. За да збораме на празно сите знаеме, да судиме, ама ајде да тргниме од нас и да направиме промена можиме? Нема врска Албаниците против никого немам се додека таа личност е стручна и образована, а не изнапикани нессодветни луѓе без образование и познавање на Македонскиот јазик како што гледаме дека има последниве години тргни од примерот со економската директорка на Токсикологија, болничарот кој сакаше да се скрие урина заради помош на блиска личност, па се до кој и што не. Секогаш и сегде ќе има вработувања на свои партиски послушници , но тие да се соодветни за позицијата, не беше вака пред 10,15 години. Што беше Киро повеќе од Гордана? И Киро не го величајте толку многу чим си влегол во политика нема чесност и поштеност. И малку е смешно да се зборува за нечија возраст кога претседателите на САД и петходен и сегашен се над 70 години ..
Епа нема врска возраста де. Разликата помеѓу Гордана и претседателите на Сад како што ги спомна не спијат. Не го величам ни Киро, ни никој друг, вие го спомнавте неколку пати, човекот и мртов не го оставивте. Не зависам од ниту една партија за да гласам. Да бе да се народот е крив. Што треба да прави народот?
Народот е оној што одлучва. Народот ја избира власта. Така да мнозинството е она кое е пресудно за тоа дали некој ќе е или нема да е претседател. Како спие Гордана не ми е јасно, била на некоја позиција? Сме ја виделе да носи одлука? Да кажиш за Бујар да, Таравари и Максим се градоначалници, али како спие појасни од каде е тој заклучок. Гордана и Ванковска не биле на некоја позиција па да кажуваме дали направиле или не направиле нешто. Јас го спомнав затоа што тука се кажуваше дека е баба, а не за тоа што направил или не. Чиста компарација дека немаат врска годините.
А овие што цел ден ме напаѓаат и викаат дека сум од штаб излезен, да се навратат малце во темава ќе видеа дека ги критикував сите вклучувајќи го и Стево и нарекувајќи ги ездеесовци, ама не, се разбира полесно да си збориме јако ќе ни текне во моментот.
И вие доста ја величите Гордана. Ако е професор како кој знае што да е. Па не знам дали ја гледаше, ама буквално спиеше, како да не беше присутна. Каква врска има сега Османи со спиењето на Гордана? Спиењето беше во буквална смисла не дека спие не работи.
Што да работи пак те прашувам? Таа е кандидат за претседател која е нејзината моќ? Можи да донеси закон, да мени нешто? Да Бујар е министер за надворешни работи и можеме да кажиме дали од таа негова позиција направил нешто. Не судиме за професија, туку во која позиција е та за да донеси нешто. Како спие во што спие?
Да, им зависи работата и ќе си гласаат. Имам многу лошо искуство и со двете партии, секој си знае дали ќе гласа или не, или ќе го поништи ливчето, никогаш нема да гласам за никој, може само да го поништам ливчето, ништо друго.
Леле ама рипате ауууу чудо сте. Кога ќе се фатите за едно те исто. Не ме интересира мене, тие што си ја гласавте мислете му ја или на тие што им зависи работата.. Не знам како да ви објаснам дека додека збореше Мицко заспа па една жена нешто и направи за да ја разбуди и освести. Не знам како не го видовте тоа. Како да не знаеше што се случува.
Горан Михајловски за изборите. Одличен. https://sdk.mk/index.php/sakam_da_k...Ta2Vo6Cc2kRBdO6GUD88TDfuvJOAPKtTSHXVTICfTSKBt
Што ви е со Киро? Направи што направи, искористи и си почина. Единствен мал плус му беше што не го продаде името. Ама, тоа го направија неговите „наследници“ во партијата.
Муабетот дека претседателите на САД за разлика од Гордана не спиеле Кузнај и дали е така како што кажуваш дај видео, оти денес секој се си презентира онака како што му одговара. Не сфаќам тие што си ја гласавте мислете му ја? Ако биди она претседател ќе треба и ти да му ја мислиш, кој и да е претседател сите сме афектирани како народ, а не поединци кои се партиски определени, или некој што им зависи работното место
Човек кој стои нема шанса да спие, пробај сама увери се па пиши буквално спиела А не дека не спијат на парламентарни седници пола спијат пола си гледаат видеа на мобилните и сите јавно ги гледаат ним гајле им е , ама битно женава ви смета но ич не ви смета што пр Пендаровски не знае што да прави со рацете, на мафта на сите страни ,еден ден може и ке полета
Поубаво да излезеш па макар и да го направиш ливчето неважечко. Народот ја има моќта, ама никако да сфати. Тоа е проблемот. Секогаш е подобра опција да се излезе да се гласа, па макар и неважечко, само така може да се смени нешто. А со 40% излезност секогаш ќе се вртиме помеѓу СДС и ВМРО.
Со ова сакате да кажете дека ако тоа се случило во Америка значи е нормално? Не е нормално претседател да заспие на пресконференција, де се пулеше в ноѕе, де ќе се опули в таван, жената буквално беше на друга фрекфенција.
Каде прочита ти дека некој кажа дека е нормално, членката кажа дека за разлика од Гордана претседателите на Сад не спиеле, апропо то и го пуштив видеото. Каде напишав дека е нормално слободно цитирај ме. А човек дека од стоење ќе спие ете пробај и кажи дали можиш така да спиеш или колку да се искоментира нешто па ајде