Слоганите им се крш А чива беше до сега? Македонија горда, како може држава да е горда? На што да е горда
Нашиот Президент... МаксимУМ... Македонија ГОРДАна... Еј ама она МаксимУМ ми е најјако, демек Максим со УМ Максимум... отепајте ме
Секој има право да менува мислење. Максим Димитриевски се одвои од партијата заради сменето мислење. И тоа е добро. Сѐ додека некој согледува дека згрешил и се обидува да го промени тоа, значи дека владее здрав разум. Лошо е што дпмне не направија некои подлабоки реформи и си тераат по старо. И треба да ги помилува. Нека ги судат соодветно, ама да одлежуваат за тероризам е смешно.
Ама ти прва ќе трчаш за да смениш за да може да се вратиш кај што си преселена. Како и многу други. Ти си се пресели и топ ти е таму, баш ми е мило за тебе. Тие што живеат тука ако сакаат промена, мора да гласаат. Ти секако не живееш тука, и ти е гајле колку што гледам, тогаш не ти се вредни зборовиве. Само можам да кажам дека маркетингов им е толку глуп… значи ги маваат луѓето на патриотизам и на нешто што им значи и што не го гледаат како лошо туку како борба за државата. Па ова дополнително им зима гласови, толку ли се глупи. Ама еве бе, и @Adidas888 кажа дека треба да се потепаат сите, дека не заслужил никој да е на власт така? Ете народот излезе да ги потепа и сеа се разбојници? Ама нит се терате бе нит се водите. Ако излезе да се буни народот е лош, разбојник, ако излезе да гласа е глуп џабе гласал, ако не излезе и тогаш нечини. Па нзс не ви се наоѓа.
Мислење да, ама идеологија од лева во десна не се менува преку ноќ туку така. Да не зборуваме како професорката шурува со дел од старото раководство што буквално беа гонети за влијание во избори, меѓу кои и Јанкуловска. Сите се врти-капи за фотеља, Стојанче, Богојески, Павле, Гога. Најдобар пример ми е за ваквите Стевчо, што ги има поминато сите партии, за на крај да си направи негова...
А зошто да не ги помилува? Влегле во Собрание. Големиот криминал. Се фатиле за тоа. Што не се фатат за Ахмети и Груби колку криминал имаат направено?
И тепале пратеници? Голем криминал? А инаку да не ги помилува затоа што професорката се залага за правна држава, а секое помилување ќе биде одење против таа правна држава. Не може за едните правилата да не важат, а за другите да важат, ако некој е правосилно осуден, не треба туку така да се помилува.
За тепање пратеник да добиеш 15 години затвор е многу. Браќана колку пати се тепаа по Собрание и други институции јас не гледам некој да лежи 15 години затвор. Не им се во ред казните. Не е ни во ред да бидат осудени за тероризам.
Абе во Романија што се деси? Народот ја уби власта. Па дури и полицијата застана на негова страна. И никој не беше осуден. Амааа, не бе ние сме терористи, ама дуи не се. Нив и монархија ќе им дадеме.
Jас живеам тука и не ми е гајле. Па членката не се удира во гради, нормално ќе извади пасош со Северна кога мора, јас би извадила и бугарски пасош само да заминам од тука. Сите "патриоти" се со бугарски пасоши и заминати, а тука ќе мудруваат, лесно е да се сака државата од далеку. Јас не ја сакам Северна, затоа не гласам за некоја си непозната држава.
не е само тоа, колку луѓе беа амнестирани за 27 ми април, искочија овие 6-7 души жртвени јагниња, а и веќе одлежаа повеќе од 6 години
ќе видиме оние во контрола на летање шо влегоа дали ќе ги гонат за тероризам, односно, дали воопшто ќе ги гонат
Ама иди си слободно, уште утре ако сакаш. Само немој да им збориш на тие што се тука и сакаат да сменат нешто. Она не се удира, ама збори зашто извадиле другите… кој муабет е зашто пасош вадиш бе. Некој работи му треба пасошот.
Сигурно ќе смените, тонеме... Уште не сфаќате дека други им диктираат, колку сакате гласајте. Што ќе им наредат на нашиве потпишуваат, играат како им свират, немаме држава, толку. Да знам некој дека ветил а ништо не направил и да гласам? Зајко беше ставен како марионетка за него да го обвинат за името, името е сменето уште за времето на вмро. Едит:како што некои ве убедуваат да не гласате, така и нас не убедуваат со "излези гласај, излези гласај", наше право си е тоа, како што тебе и некој друг неможат да ве убедат да не гласате, така и нас не можат да не убедат да гласаме.
И јас ја мислев Ванковска за арна личност, ама од ко кажа укинување на трите договори више пукна филмот. Името више никој не го враќа, не па некоја Ванковска. Не, за да се избереше претседател во средата, ќе мораше да се добијат над 907 илјади гласови, никој не доби и Стево и Гога одат втор круг на 8 мај.
Абе ти си за сдс и се е океј тоа. Ама упорно се правиш дека не читаш. Ако не сакаш да гласаш не ги замарај другите дека ништо не прават со тоа што гласаат. Нивно право е како викаш.