Не сум за СДСМ, кај го прочита тоа? За никој не сум и не гласам. Аууу јас сум била за СДСМ, а сега дознав од рандом членка на форумов. И нека не замараат подобро да излеземе да гласаме, отколку да седиме дома, тие повеќе не замараат нас што не гласаме. И наше право е да не гласаме. Ајде кај прочита дека убедувам? Па ништо не прават, нека си гласаат, ама џабе, други им диктираат. И не, нема да седам дома... Ќе излезам... Ама да шетам, и така се празници.
Апла се познава. Ама шетај си бе, убаво да си поминеш. Ти им пишуваш им реплицираш, ако толку ти е гајле одмини ја темата. Толку е просто.
Ццццц, не сум, ги мразам и СДСМ и ВМРО, ама заспаната убавица не ја можам воопшто, и минатиот пат кога се кандидираше. Ако сум за СДСМ ќе гласам. Зошто да ја одминам темава? Мора секој да се согласи со твоето мислење? Темава не е ниту за вмроовци, ниту за сдсмовци, ниту за тие што не се партиски определени за ниту една партија, како јас.
Ама упорно викаш дека е твое мислење и да ти го почитуваат а ти.. ги ругаш зашто гласаат. Не сфаќам тогаш зашто очекуваш дека треба браво да ти речат за тоа што не гласаш. Нели различни мислења.
Каде ругам? И вие упорно им рециплирате на негласачите, како мене. Си се помешала изгледа. Ај сега ти одмини ме. Денов убав, не е убаво да се замарам со политика. Убав ден. Браво за вие што гласате.
Џабе си се мачиш да им докажеш. Затоа што кажав дека мислам дека подобра опција е Сдсм и Стево, ми извадија триста муабети дека така од штаб ме учат. Кој е тој штаб јас стварно не знам, па ако фениксгирл знае, би ја замолил да ми каже кој штаб е тоа. А не дај Боже да не се сложуваш со нив, тешко тебе.
А вие како зборите дека ние шо сме заминале сме биле криви за состојбата на државата? Не сме ние криви, ние барем сме се откажале и не го криеме тоа, ама вие сте бог да чува. Демек многу ја сакате и ја браните, а сите дома имате по некој скриен кец читај пасош, за кога ќе згусти први да бегате. Сега ќе галамите нормално, од тоа ви зависи работата.
Тоа дека не ја сакаме заспаната "убавица", не ја можев уште минатиот пат кога се кандидираше, и по нивно за Стево сум, ниту за Стево, ниту за Гордето, работата не ми зависи од нив.
По нивно ние шо не гласаме ја продаваме државата на ДУИ. А тоа они шо ги гласаат тие шо навистина ја продават.... ахам
А кој те окриви дека зашто си заминала од државата си лоша? Ти сама си го кажуваш ова. Мојот глас не отиде ни на вмро ни на сдс, отиде на 3та опција. Зашто сметам дека треба да се сменат овие две. Не можеш да ги праиш глупи тие што гласаат, зашто ти мислиш дека е џабе гласањето.
Сериозно мислиш дека заслужија оние луѓе да бидат окарактеризирани како терористи? Објасни што значи зборот тероризам? Ме интересира членовите на албанската партија кои се бореја во 2001, а сега седат во собрание како ќе ги наречиш? Оти за 27април да бидат обвинети, а за војната во 2001 колку наши загинаја? Или тоа било поминало, па сега нив ќе им дадеме место во собрание, а оние кои направија упад ќе бидат во затвор. И да сакам да ги помилуват оти тие одлежаја мн години, а криминалците си ја вртат власта и никому ништо
Па затоа и викам да излеземе да гласаме за трета, за да ги смениме. Со 40% излезност никад нема да се деси тоа.
Тоа нема да биде се додека вмровци и сдсовци не се сплотат заедно и да гласат за некоја трета. Во спротивно не е можно пошо премногу ги има.
Бујар Османи - ДУИ според мене. Јас ќе бидам една од ретките македонки кои ќе гласаат за нив и извадат членска. Се кладам дека ќе ми помогнат за вработување во администрација повеќе од нашите.
Гласи си и ич не се замарај. Гледи да се снајдеш како шо и другите се снаоѓаат. Сите бараат начин како да дојдат до подобра работа и повеќе пари.
Е ова си требала да го направиш пред неколку години. Имам осеќај дека ДУИ иде во опозиција од нареден месец.