@Wideperpetual многу се радикални левица, нема шанси се она што го ветуваат да го исполнат, како што е поништување на Преспанскиот договор, нема шанси, да не се лажиме, како ќе диктира Америка така ќе прават. Кога имаш моќни сили кои те контролираат не си сам како држава и не можеш така да фукционираш. Наредено беше Сдсм да дојдат на власт, да го сменат името, ако не го направеја то тие некој друг ќе беше. Сите многу ветуваат, но дали нивните ветувања се реални и дали можат да се исполнат, тешко многу тешко.
Мицковски и Изет Меџити потврдија дека идната влада ќе биде меѓу ВМРО ДПМНЕ и Вреди и немало дилема околу тоа кој ќе ја составел и можно е да влези и Максим во неа. Е сега Касами вели дека уставни измени ќе има дури и со влада на ВМРО, така да од лошо уште полошо. Единствено позитивно ќе биде тоа шо СДСМ од нашиот блок и ДУИ од нивниот ќе одат во опозиција, особено ДУИ и овие нашиве продадени души. И пак ќе кажам, се додека се гласа под овие околности со овај изборен систем каде албанските гласови доаѓаат од 6ка најмногу, уште многу долгу ќе бидеме зависни од нив и Таравари го потврди тоа вчера дека ВМРО ДПМНЕ и Мицковски ја сфатиле тежината на албанските гласови, во коалицијата на ВМРО ДПМНЕ имало и турска, бошњачка и ромско учевство, фалело уште само албанска коалиција за да биде комплетирана коалицијата а тоа биле тие т.е Вреди. Врти сучи за повиците и најавите на мицко дека 61 ќе собереле сами и да се гласа масивмо за нив, паѓа во вода. И да, дали ДПМНЕ или СДС уставни измени ќе има итоа во првите 100 дена влада, нека не ве залажуваат дечки на патриотизам на стаклени нозе. Каде беа патриотиве од ДПМНЕ или СДС денеска да дадат почит, изјава за сеќавањето од Вејце 2001? Никаде. Ги нема. Молчат. Се плашат. Сите го гледаат интересот и моќта на парите, од интерест се таму и членови и раководство, никој од идеолошка причина нее таму, ни социјал демократите ни десничариве, немаат допирна точка ни со едното ни со другото. Овие две партии и ја "скројаа" судбината на Македонија, и двете се потрчковци на главниот шеф калето. А Гордана ќе биде претседател, тоа е веќе јасно, едино ако СДСМ не влези во коалиција со ДУИ и добијаат масовни албански гласови и да има пресврт, ама тешка работа.
Пендаровски ќе победи. Гласовите од Бујар Османи нема шанси да одат за Гога, знаеме до пред една недела кога се ранеа Мицко и Аљи со гурабии и кекси. Гласовите од Максим повеќето ќе отидат Стево, иако дел ќе појдат и кај Гога, Гласовите од Биљана секако одат кај Стево, од Стевчо нема да играат улога и Гласовите на Таравари ќе одлучат, но мислам дека ќе гласаат за Стево исто како 2019.
леле, весела математика Максим вчера даде изјава, нема да го спасувам сдс шо тоне, со други зборови ќе коалицирам со вмро. Ванковска исто објави на нејзиниот профил на фб, ме прашуваат за кого да гласаат сега... отвори го профилот на Ванковска и види ја изјавата на Максо
За Максим знам, пробав преѓе да го пратам видеото во другата тема ама имаше 6,8мг, а како што прочитав максимум треба да има 5 и не ми се прати. А Максим што и да рече, сите негови гласачи од средата ди пред 2 години гласале за СДСМ, шансите Куманово да победи Гога втор круг се екстремно ниски, ако не се лажам Куманово никогаш немало градоначалник од ВМРО.
Што не ги осудија? Јас реков дека сум за правна држава, кој се огрешил да си лежи. Да не се фаќаме сега на емоции на наши и ваши, кога не беше ни муабетот во тој контекст.
јас само мислам дека подржувачите на Максим нема да гласаат за Стево, а познавам лично неколку од нив, атмосферата во партијата не е на таа страна, не тврдам дека сите ќе гласаат за Гордана, оставам да видиме, еве го 8 ми мај, живи били па видели
Ако си за правна држава и се залагаш ќе увидиш дека немаше теророзам, дај дефиниција, и ќе видиш дека казните се превисоки, да секој кој се огрешил треба да си лежи, ама да си лежи за стореното дело, а не за нешто измислено. Зошто се толку драконски казните? Малку години поминаја во затвор и зошто да не ги амнестират секако лежат многу повеќе од што треба
Упад во собрание и напад на пратененици не ви е на ниво на тероризам? Мене ми е. Пак ќе кажам, правна држава не се прави со помилување на правосилни одлуки на судот, тоа е веќе мешање на извршната во правната власт.
не е работата како тебе ти звучи Терористичко здружување (1)Тој што создава група, банда или друго злосторничко здружение за извршување на кривични дела на: убиство, телесно повредување, грабнување на лица, уништување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфраструктура, информациони системи и други објекти во општа употреба, грабнување на авиони или други средства за јавен транспорт, производство, поседување или трговија со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други видови на оружја и опасни материи, пуштање на опасни радиоактивни, отровни и други опасни супстанции или предизвикување на пожар или експлозија, уништување на постројки за снабдување со вода, енергија или други основни природни извори, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните,ќе се казни со затвород најмалку осум години Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години. ова е дефиниција по закон, секако дека секој треба да одговара, и тие требаше да одговараат за учество во толпа, како оние од шарената револуција, а не за тероризам, ако гледаме така на работите уништување на јавни објекти и телесни повреди и насилство имаше и за време на шарарната револуција, шо не ги осудија нив на 15 години затвор
Точно, ќе видиме ама сите што ги знам што гласаа за Максим, до лани гласаа за сдс и пак ќе гласаат за сдс.
Ти знаеш дали сум ја компетентна ај кога си се јави сама вака паметна кажи си сега како се покажал Пендаровски и зашто би го гласала?
Значи упорно си се фатил со гласовите на Максим дека сите ќе гласаат за Сдсм. Значи РОДНИНИ мои блиски и ред други ти кажувам БЕА ЧЛЕНОВИ НА СДСМ овие избори се со Максим и кажаа Гордана ќе гласаат. Имам други пријатели исто ЧЛЕНОВИ НА СДСМ сите рекоа ГОРДАНА ќе гласаат Сакам да ти кажам не спиј на тоа уво дека нема да гласаат. Може ќе гласаат за Стево бивши членови на Сдсм ама тоа ќе биде мал дел. И исто така не знам од каде си толку сигурен дека тие што гласале за Левица ќе гласаат за Стево. Значи толку сте убедени вие Сдсм дека ќе победите а бројките уште на 24 април покажаа спротивно. Еве нека стои па ќе се навратам тука на 8ми мај . СТЕВО НЕМА ДА ПОБЕДИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ. ГОТОВО Е.
Ама што ми се дереш? Да си поработиме на културата. Може се то да се каже на мирен начин. Џабе ме убедуваш дека од Максим ќе гласаат за Гордана, сите што ги знам не велат така. А за Биљана зошто викам така ќе знаеше доколку малку читнеше пред тука да дојдеш и да ми се дереш. Ќе си им се дереш на домашните, не мене.
Каде виде дека се дерам? Ти потенцирам некои работи да сфатиш ама еве не сфаќаш. Мојата култура се гледа со тоа што ама баш никаде не те навредив така да тоа ти паѓа во вода. Јас немам намера да ти објаснувам и докажувам ти кажав на 8ми мај се гледаме тука па ќе видиш колку ќе бидеш право.