Работата е што Стево и Гордана ќе останат. Втор круг ќе гласам за Гордана зошто на жал баба да ама единствена опција е. Сдсм не заслужуваат веќе ништо !
А што да писнам кога ќе има две опции? Или Стево или Гордана. И што ќе постигнам со тоа ако не искочам? Подобра опција ми е веќе секој само да не е Сдсм.
Не ја исклучувајте опцијата дека е можно Османи и некој од македонските кандидати да одат во втор круг. Македонските кандидати се повеќе, гласовите ќе се поделат, многу Македонци не се тука, други не ги интересира да излезат, трети ќе шкртаат ливчиња. Албанците стандардно си лобираат во дијаспората и тие се сложни, се случувало да дојдат за избори, да гласаат и да си одат оти тоа им е во интерес, да си одбработат за следните 4 години и тоа е тоа.
На Дуи целта му е да ги услови неговите гласови и Дуи ќе го одреди победникот помеѓу Стево и Гордана, а ќе биде претседател тој кандидат од двете кој ќе даде тоа што Дуи го бара, не се научивте ама повторувањето е мајка на знаењето, ама ова нема да се повторува уште многу, Албанската конечна победа врз оваа територија е блиску за 10 години од сега максимум 15
За Претаедател гласаш за човек, не за партија. Ова ти е исто ко што ВМРО ја поддржа Данела. Буквално исто. Ама верпојатно немаш капацитет са разбереш, а јас немам време да се замарам со такви како тебе. Немаш право да писнеш кога Гордана ќе ги покаже забите.
Не верувам дека Османи би влегол во втор круг. ВМРО и СДСМ имаат низ годините константно гласачко тело од околу 300 000. СДСМ во најлошите години добивала по 200 000 гласови. ДУИ тежат околу 100 000. Ванковска, Стевчо, Максим ќе освојат некои 100 000 гласови заедно. Вториот круг ќе биде интересен, ќе зависи од албанските гласови.
Не верувам дека Стево ќе оди во втор круг. Луѓето што на претходни избори гласаа за него веќе се доволно разочарани за да не гласаат пак. Барем голем дел од нив.
Остај коментарите, кога излегуваа бомби во 2016 за сите криминали на тогашното ВМРО, вриеше од коментари, твитови, па пак ВМРО победија на тие избори. Си имаат двете партии членови и големо гласачко тело, Стево и Гордана одат во втор круг, коментарите на ботови и пензионери на фб се ирелевантни.
Jaсно дека ДУИ одлучува кој ќе победи. Албанските гласови се пресудни. Претседател станува тој што е прифатлив за Албанците. Мислев, а што ако Османи влезе во втор круг со кандидат Македонец? Македонските гласови се парчосуваат на 7 кандидати, се делат. Друго, Македонците се во занес дека Ромите, Турците и другите малцинства ќе ги гласаат вечно иако ништо не направиле. И таа приказна има да заврши ако не сега на идните избори. Ќе дојде време кога македонските лажговци нема да добиваат гласови од Роми, Турци, Бошњаци и други. ДУИ одамна зема гласови во Кочани, Штип и други градови низ источна Македонија само тоа биле по 400-500 гласови, а кога ќе почнат да се окрупнуваат тие гласови, ќе бидат видливи и доволни за уцена. Ти Македонец си, ако не е тајна? Сериозно ќе гласаш за Османи? Епа ако си Македонец и гласаш за него, значи кандидатите Македонци треба да видат каде згрешиле. Друго, сега Таравари ветува дека ќе укине казина, брзи кредити, извршители, да не беше Албанец со две раце би го гласала. Македонската понуда ти е една голема нула.
Да, Македонец сум ама не се определувам така, Па треба да бидам мазохист да гласам за Мк партија по сите несреќи проклетства пропаст и лаги во ова општество од нивното владеење, пак ќе спомнам Дивела, како што зимаат сите Дивела така и јас, иначе не ми е прв пат да гласам за Албанска партија неколку циклуси сум гласал, а и не сум единствен, бидејќи како што спомнав предходно не сакам да гласам за курс Скопље Београд Кремељ а сите мк партии се такви
Иди лечи си фрустрации на друго место. Нит ме знаеш нит ме познаваш па се дрзнуваш да кажеш немаш капацитет. Мисли малце пред да кажеш нешто. Не е само да навредиш секој си има право на мислење на форумот. Каде виде да ти кажам нешто навредливо па така да одговараш? Засрами се.
Жално е што немаме барем малку политичка култура во државава. Тоа првенствено зависи од народот, а после од политичарите. Лошо е што народот ги навредува неистомислениците, наместо аргументирано да разговара. Заев ги викаше шуто и рогато тие што го донесоа на власт, Стево викаше стока по народот, Радмила викаше ќе било незгодно луѓето да ги знаат последиците од промената на името... Луѓето или се со многу кратка меморија или се незаинтересирани за политичките случувања, друго нема.
A како што се изјаснуваш по националност ако не е тајна? Не те сфаќам ништо за Дивелата, може е некој муабет од друга тема. Реално, Османи и Таравари имаат поарни предлози од дел од македонските кандидати, ама нема да ги гласам. Македонските политичари да се запрашаат кај тераат, ама доцна е изгледа.
Мое мислење е дека Максим е најдобра опција за претседател, ама нема шанси против другите два кандидати од партиските титани. Кога можам да бирам измеѓу Стево и Гордана, секако дека избирам Стево. Глас за Гордана е глас за осмиот шпицен кандидат Мицковски, кој не ја остави жената што е кандидат за претседател да зборне. Штом тоа се случува на еден митинг на улица, истото ќе се случува и во Вила Водно. Гордана нема да е претседател, тука претставник на претседателот Мицко. А тоа што професорката не знае дека доколку биде избрана за претседател, таа ќе биде врховниот командант тоа веќе си е друга приказна сама за себе. Се кандидира, а не знае за што се кандидира.
За околу половина час почнува првата и единствена дебата меѓу сите 7 кандидати. 20 и 15 часот на МРТ 1.