Претседателски избори 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од FriendOfDorothy, 23 март 2024.

?

За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори во вториот круг?

  1. Гордана Сиљановска-Давкова (ВМРО-ДПМНЕ)

    95 глас(а)
    58,3%
  2. Стево Пендаровски (СДСМ)

    27 глас(а)
    16,6%
  3. Сè уште се немам одлучено

    14 глас(а)
    8,6%
  4. Нема да излезам на гласање

    27 глас(а)
    16,6%
  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    4.359
    Пол:
    Женски
    Нема во план веќе да ти рециплирам ти кажав.
    Кога ќе дојде 8ми мај ќе те тагнам и ќе те поздравам.
    До тогаш глеј убеди ги на Максим гласачите на Таравари , Бујар и Ванковска да го дадат гласот за спас на Стево.
    Поздрав .
     
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Машки
    Никој не побара од тебе да ми реплицираш. Кога ќе размислам и поубаво, ич не ми рециплирај кога единствено што знаеш е да вреѓаш и да исмеваш. Фала ти многу, ме спаси.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.003
    Пол:
    Женски
    Многу пријатели од потесен круг гласаа за Ванковска или Максим , а притоа се симпатизери на Вмро а некои се членови и на партија .. Во втор круг сите кажаа дека ќе гласаат за Гордана.
    Така да теоријата дека гласовите од Левица и Знам ќе бидат за Стево паѓа во вода ..
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.097
    Допаѓања:
    131.423
    Пол:
    Женски
    Максим е разочаран и излезен од СДСМ.
    Плус, покажа отвореност за преговори со ВМРО. По логика, неговите гласачи претежно ќе гласаат за Гордана.
     
    На Stefan18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    2.250
    Пол:
    Машки
    Мандатот на Претседателот завршува на 12 мај 2024 година независно дали ќе се избере или не претседател. Ако не се избере, претседател ќе стане Претседателот на Собранието, без право да гласа во Собранието.
     
  6. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Последно нешто што ме разочара се игрите на ВМРО, со Боки 13 во подкастот на Лазаров.Мислам, очигледно е дека е нивно масло човеков да излезе и да открива што правеле два дена пред изборите.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.500
    Допаѓања:
    191.252
    :worried:
    Па нема ништо да не чуди, со оглед на историските атентати врз претседатели, ама баш да ни кажеш дека во фотеља :worried:... дип шит.
    Ај опрајте се малку.
     
    На LiquidLuna и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  8. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    5.841
    искрено за ова се сложувам и мене ми мириса како масло на вмро, ништо чудно Боки нешто да не преговара сеа со Мицкоски
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    12.267
    Пол:
    Женски
    Не е ниво на тероризам оти по самата дефиниција не е тероризам. И како едни беа осудени за учество во толпа, а други за тероризам? Зошто да не ги амнестират не одлежија доволно? Кога можеше Заев да биди амнестиран од Бранко ако не се сеќаваш за тежок криминал околу Глобал амнестиран за да не подлежи на гонење. Можат и луѓе кои не ќе да се баш праведно осудени. Со оглед на то како се диригират пресудите во оваа држава, за години унапред ќе го пиши случајот во книгите за право како не треба да се постапува. Правна држава ќе има кога судството ќе е независно од партиите, а ние не сме ни до п стигнати од правна држава
     
    На doll.a, Feniksgirl, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Колку пари се дадени на реклами по телевизии и на рекламен материјал (пенкала, запалки, маички, капчиња и др) бар на еден кандидат да му текнеше 50% од парите за кампањата да ги донира на 2-3 деца за да се направат операции,ќе помислев има уште човечност ама не, ова сите се иста багра. Еден појди друг дојди.
     
    На M.B., Anyshka, Lavicaukafez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.192
    Значи ќе бираме кога судиите судат право и кога судиите судат криво? Па не знам што ќе ни се судии и закони тогаш. Инаку против секакво помилување сум, ама еве за Глобал, сум имал неполни 6 години па не ми било актуелно во животот, ова ми е.
     
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    12.267
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ги помилуват? Кога се осудени на казна која е превисока за делото. Сфаќаш која е поентата? Или онака колку да искоментираш. За тоа што го направија си поминаја во затвор. Каде си видел да некој е осуден на 15 години за нешто што не можат да го класифицират како тероризам? Па кај нас човек ќе изгазат условна добиват, за нешто што има смртни последици, а возеле пијани, над дозволена брзина...И стојам на то дека треба да излезат од затвор, а тебе не ти е јасно зошто. Затоа што то ти што го сметаш за тероризам не е тероризам. Секој кој погрешил треба да се казни ама соодветно на делото
     
    На Bitter-Sweet и doll.a им се допаѓа ова.
  13. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.192
    Ама ете правно го имаат класифицирано како тероризам, јас судија не сум, бунете се кај судијата. Иако влегувањето имаше за цел да влијае врз поредокот и да не се донесе Талат да биде спикер. Ама сега ќе толкуваме закони како ни одговараат нам.
     
  14. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Машки
    Еве за што точно се осудени:


    Никој не е суден за „тероризам"

    Она што Пендаровски во меѓувреме го прифати, а Мицкоски, барем јавно, не (сака), е дека досега осудените 16 лица за упадот во Собранието се токму осудени за прекршување на законите. Поточно на Членот 313 од Кривичниот законик (КЗ) кој носи несреќно одбран наслов „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ во поглавјето „Кривични дела против државата“. Тероризмот како таков е формулиран и образложен во членовите 394а (Терористичка организација) и 394б (Тероризам) од истиот КЗ, но под друга глава „Кривични дела против јавниот ред“.

    Доколку се исфрли она „терористичко“ од насловот на делото, останува дека насилниците од 27 април се судени за загрозување на уставниот поредок. Еве како е тоа дефинирано во Членот 313:

    Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Северна Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или други општоопасно дејство или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор од најмалку десет години.

    Тоа што дел од политичките актери преку форсирањето на наративот за неправедно осудените „терористи“ се обидуваат да издејствуваат политички отстапки или амнестии за осудените, нема никаква врска со пресудата која е донесена врз основа на битието на делото, а не на насловот на членот 313. Тие квалификации, без оглед дали се зборува за „уставобранители“ или дека насилниците се судени како „терористи“ имаат единствена цел да го релативизираат целиот случај и крвавиот упад во Собранието да го сведат на граѓанска прошетка.

    Во конкретниот случај, никој не е суден или се суди како терорист, туку како учесник или организатор на дело за загрозување на уставниот поредок во смисла на спречување со акт на насилство на парламентот да избере претседател во уставно, законски и деловнички предвидена постапка за тоа. Тоа, помалку или повеќе, сите го гледавме во живо на телевизија. Освен оние кои посведочија на лице место, од двете страни на барикадите.
    И доколку се погледне битието на кривичното дело од членот 313, постапувањето на учесниците се поклопува со поведенијата наведени во делото. Дали некој спори дека целта на овие луѓе беше насилнички да ја спречат работата на парламентот, како највисока државна институција, без оглед дали се тие денес за некого „уставобранители“ или „терористи“?
    Може зборот „терорист“ да се избрише и од новиот дигитален Речник, како што всушност треба да се избрише од насловот на Членот 313 на КЗ, но тоа нема да го смени фактот дека насилството кое го приредија осудените го виде целиот свет на тој 27 април 2017- еден од најцрните денови во македонската историја. Ако е „правда“ да се бара слобода за тие луѓе, тогаш правда во Северна Македонија никогаш нема да има. Како што нема за многу жртви на нивниот напад. Но тоа, за жал и за срам, не е тема ни за власта, а уште помалку за опозицијата.
     
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    А кој ти вели дека ако гласаш, мора да гласаш за дпмне или за сдс?
    Имаш толку многу помали партии. Разгледај ги, одбери една, гласај.
    Ќе ти олеснам и со листа:
    Објавување утврдена единствена листа на кандидати за пратеници - Shpalja e listave të vetme të përcaktuar të kandidatëve për deputetë.pdf - Google Drive

    Мене не ми е јасно како тоа го пишуваат. Изгледа увртено им е во главите дека само членовите на партиите и ониие кои се вработени преку нив гласаат и поинаку не ни можат да разберат.
    -----------------------
    Од толку мислења што прочитав, сите во глава си ги ставиле дека постојат СДС и ДПМНЕ. Сите само на нив мислат и во главите не ни може да им допре тоа дека има други партии.
    Разбирливо е, секој не следи политика и го знае само она што му е сервирано.
    Пример, најголемите партии од буџетот имаат најмногу пари со кои можат да се рекламираат. Сите други се рекламираат со сопствени средства (читај: на социјални мрежи од сопствени профили зошто не ни имаат средства).
    Годинава гледаме нешто поразлично, Левица конечно има подолга реклама бидејќи како партија со повеќе поддршка има повеќе простор за рекламирање. Зошто е тоа така:
    затоа што на луѓе на кои им беше преку глава од тројството СДС - ДУИ - ДПМНЕ (читај: само ДУИ зошто тие ги држеа конците инаку овие другиве немаше да состават влада без нив па ги уценуваа на секаков начин меѓу кое и албанец премиер па на крај се согласија да има албанец премиер ама само последните 100дена)
    излегоа и гласаа за трета опција.

    Пред да тврдите дека има само две опции, размислете на овој пример и дека Левица имаа двајца пратеници во парламент само поради тоа што луѓе излегоа да гласаат и гласаа за трета опција.

    За сметка на тоа, Левица си останаа доследни и не прифатија да бидат дел од власта. Останаа опозиција и од нив видовме повеќе активност отколку од речиси сите други заедно. Постојано им правеа филибастеринг, постојано им се мешаа во плановите, постојано ги кочеа во криминалот.

    Знаете што значи ова за една власт? Ова значи дека сега знаат дека народот е спремен да гласа за уште повеќе мали партии и дека кој и да влезе, ќе им се меша во бизнисот како што им се мешаше Левица.
    Затоа и ниту една од овие три најголеми партии не ги сакаат Левица, зошто им докажа дека народот сепак не спие и не е поткуплив и му е преку глава од постојано истите да си подаваат власт и да не ни одат на работа.

    Само за потсетување: најмладата пратеничка беше 22-годишна студентка, која не знаеше да зборува на ниту еден јазик и таму беше само за кревање рака. А не, пардон, имаше емоција (и после таа емоција никој не ја ни виде ни слушна)
    Некои возбудени, други имаа проблем со тротинетот, трети амбиоциозно најавија „бравата ќе ја смениме“ | Емотивно, пред новите почетоци пристигна на конститутивната седница најмладата пратеничка Артина Ќазими. | By Телевизија 24Facebook | Facebook
    Заедно со други 100 пратеника кои се појавуваа само кога требаше нешто да се изгласа. Нема расправи, се злоупотребува европско знаменце, а тие си земаат дебели плати за тоа. 78% покачени плати!
    Повисоки плати за 78 проценти добиле 1060 функционери (slobodnaevropa.mk)
    „За повисоки плати на функционерите до крајот на годината ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари од Буџетот на државата.“
    Министерот денеска потврди дека добил плата повисока за 78 проценти. Досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.
    Во време кога народот не знае како ќе скрпи крај со крај и кога синдикалната кошница е приближно 60 000 денари!
    ССМ: Минималната синдикална кошница за март 2024 година е 58.998 денари – Фокус (fokus.mk)

    Министерот зема плус една синдикална кошница која е наменете за 4 лица.

    Пак ќе повторам: дознајте си ги опциите.
    Објавување утврдена единствена листа на кандидати за пратеници - Shpalja e listave të vetme të përcaktuar të kandidatëve për deputetë.pdf - Google Drive
     
    Последна измена: 28 април 2024
    На M.B., Feniksgirl, Easter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lavicaukafez

    Lavicaukafez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2023
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Јас ти кажувам, па ти како сакаш да не ти дојде како гром од ведро небо.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Машки
    Иако нее природно левицата и десницата да бидат заедно прво од идеолошка причина, но еве баш Левицата се нуди за национално единство преку национална платформа која треба десницата да ја прифати. Иако сум по убедување и идеологија десничар и конзервативец, но десницата во Македонија е 0, немаш вистински десничарски избор, поголема десница станаа левичариве . На ред е патриотите од ДПМНЕ ако стварно се за национално единство како шо понудија мораториум во интерест на државата да го прифатат предлогов од левицата, еве им одговори Левица на предлогот на ДПМНЕ. Алии.. ама.. не можат, страв им е, калето нема да му дозволи оти Левица била русофилска и про кинеска партија, одма рачка ќе најдат за да одбијат, поарно муе со Вреди (vlen) во коалиција и да бидат зависни пак од албанскиот блок.
    FB_IMG_1714377095254.jpg
     
    Последна измена: 29 април 2024
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Машки
    Во секој случај, мое мислење Албанците ќе одлучат дали ќе го реизбереме 5-от претседател, или ќе избереме 6-та претседателка.
     
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    5.841
    што ко ќе видиш е малце жалосно, бидејќи волјата на Македонците е да имаме 6та претседателка
     
  20. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Duri i so glasovite na dui, Stevo ima pomalku od Gordana.
    Vredi ima samo za cel da padne dui, zatoa ne veruvam deka glasot ke go dadat na Stevo.
    Maksim kaza deka nema da go vadi sds od potop, taka da i tije glasovi nema da se tamu, sega ne site sigurno, no mnozinstvoto sekako nema da go glasa.
    Za palamentarnite neka bidat srekni ako osvojat barem 20 pratenici.