Ne da letnaa vo oblaci, epten se ispozanesija posle prv krug ne znam kako li ke bide so celosna pobeda. Glupaci. Zatoa treba treta opcija, barem i nekoj drug neka go bide, dosta mu e na ovie krvopiici.
Ти знаеш ли што е диктатура? Имаш ли доказ дека се криминалци? Кои фирми ги рекетираа? Кои луѓе од Вмро беа малтретирани?
Во бомбите самите си признаа. Како не се криминалци? Колку функционери беа осудени? Еве земи го за пример Душко млекарот што го правеа нарко дилер за некојси див коноп, оти се жалел за земјоделието? Човекот се иселил во Германија. Сигурно нема да седи тука да го притвораат криминалци. Додуша психото и криминалец си е кај Орбан. Имаш заборавено како Бонева во бомбите кажуваше дека цела источна е рекетирана? Оди прошетај колку народ има таму. Тоа ти е лицето на овие што полетаа во облаци. Копуци бевме и останавме, најсиромашни во регионот и ЕУ, само што Грујо диктираше по тв да не лажат дека на некои си листи за раст сме биле трети во Европа.
И да не постои во закон, знаеме кај живееме. Плус Вреди бара една од трите најважни државни функции да му припаѓа на Албанец, тоа да биде загарантирано.
Па ако се криминалци зошто нема обвиненија нели сдс ветуваше правда на изборите во 2016 еве 7 години се зошто не ги затворија ако е така како што велиш? Колку има обвиненија за Груевски за што го осудија освен за мерцедесот? Па нели животот во Македонија ветуваше на изборите во 2016 сдс или само до 2016 се иселуваа од источна Македонија после тоа сите останаа тука да живеат?
Убаво кажа Пендаровски, сега нека бојкотираат, за два месеци изборите ќе се оддржат пак, претседател мора да има.
Нема да добијат ништо. Претседател ќе биде Претседателот на Собранието, но ќе нема право на глас во Собранието, а со тоа мнозиството ќе има еден глас помалку, до изборот на Претседател на Републиката. Може да има измени на Уставот за да се намали/укине цензусот за избор на Претседател на Републиката во вториот круг, а со тоа ќе може да се бара и друга измена.
Знам, ама пошто локалните 2021, кога ќе се собереа сите гласови од цела Македонија за градоначалници и сите гласови од сите општини за советници, бројот беше ист, затоа и прашав.
Изворот на градоначалник и член на Советот е еден вид на избори (локални) и не може да се избира гласачко ливче, овие избори се два вида (претседателски/парламентарни) и може да се избира.
Абе дечки нормално дека кога ќе имате медиумска слобода ќе знаете и многу повеќе за сите работи кои се дешаваат во државата што не чинат, за разлика од контролирани медиуми кои ќе ви го пренесат само она што народот сака да го чуе . Барем за тоа не може да има приговор. И така во време на режимско вмро си живеевме во светот на бајките . Како и да е, СДСМ си ја доби заслужената казна, од своите примарно. Тие си го разочараа членството затоа што ги заборавија додека се обидуваа да привлечат вмровци, а ни теоретски ни практично е возможно да натераш вмровец да гласа за друг. Мислам плиз, млатиш против непотизам и корупција, а ја воспеваш дотичната Дафина со 6 стана во Скопје откако е пратеничка, на која во очите и се гледа одмаздољубие како репрезентативен примерок на сите од штаб, и која користи речник на, како што и самата милува да каже - прдешка. Или цел мандат на Бајден му се смееш за возраста и сенилноста за сега да ја гласаш Гога. Ама браво, тоа е конзистентно гласачко тело, плочка да им кандидираш ќе ја поддржат. Името го заборавија, и уставот веќе избледува, хехе. Е сега што ќе нè соберат сите по тил и по глава е друго. Ќе гледаме тепања по библиотеки, брутални специјалци на протести, ако воопшто и успеат протести, одмаздувања од секаков тип , ама тоа е. Тражили смо па ќе гледаме. За Гога ми е жал, жената е како киднапирана на сите митинзи и собиранки, мислам се гледа по говор на тело и фацијални експресии. Е Стево пример го личи за претседател, ама се укака и тој со шалтање лево десно и немање конзистентни ставови. Ми се допаѓаше што не беше слепо партиски во својот мандат. Јас во втор круг ќе го гласам него, до душа повеќе за Бети да ни остане прва дама . Во однос на другите, браво за Максо. Јас не можам да го сварам, ептен ме потсеќа на Вучиќ во однесување и мавање на емоции, ама искрено - браво. Во толку краток период да оствариш таков резултат, секоја чест. Е сега какви се и што се ЗНАМ, знаеме сите, ама тоа е друга тема на разговор. Само стварно не ве разбирам, на што се радувате? Дека сдсм падна, дека вмро победи? Не бе дечки, не победи. Ние македонците овие избори ги изгубивме сите. Сите нормални се уплашени за периодот што следи пошто е опасен од меѓуетнички тензии, ова ви зборувам и во вмро се препаљ, директни закани имаат, сите си кажуваат. Секој здраворазумен се плаши и е свесен за ситуацијата. Нема ништо за радување во овие околности, само да стискаме палци дека ќе имаме мирен трансфер на власт ако воопшто се случи. Јас мислам дека ни следи политички статус кво како во Бугарија на подолг период. И нека биде така, само да нема тензии. Нека ни е со среќа.
Да, но разликата е тоа што нема цензус за парламентарните, од тие што ќе излезат ќе се изберат 120 пратеници, а за претседателските избори има цензус од 40%, мора да излезат најмалку 725.727 избирачи, за да се избере претседател.
Нас граѓаните тоа ни оди во штета, изборите ќе се оддржат пак крајот јуни или почетокот јули, само што пак ќе се трошат наши пари за реклами, билборди и сите останати изборни трошоци како принтање гласачки ливчиња и друго.
Вака сега да се разбериме и јас се согласувам со Гордана гледав кратки исечоци, секој има право во својот живот да одлучи дали сака да е со ист пол, со различен, тие личности имаат право да стапат во брак заради многу проблеми кои се соочуваат, и нема зошто нечиј избор на некој да му смета. Што тебе ти прават? Што е тоа што тебе ти смета. И самата Гордана рече дека за потомство нивно т.е посвојвање на деца би размислила. Тоа со парадите е претеризам. Али еве јас конкретно сум за да си се легализират браковите, така си одлучиле така нека си тераат во животот. Која сум јас да ги судам? Немам право. Ниту ми сметаат, ниту мене лично ми прават нешто лошо. Единствено ми смета тоа родител 1, родител 2. Не постој такво нешто, а тоа беше во учебниците кога СДСМ беше на власт. Тоа не ти смета, а лгбт ти смета? Ти кој од твојте 2 родители би го назначил со родител 1, а кој со родител 2? Ја претерувате се правите Бог и им судите на луѓето. Утре ќе имаш дете и? Што ако твоето дете ти кажи дека сака некој од ист пол? Ќе го откажиш? Гледајте си во својот двор, а не во туѓиот. Секој поединец има право како сака да живее.
ВМРО барале од членовите да им донесат 40 гласачи, тие што се вработени преку партија, секако, како мојот роднина во државно претпријатије. Платата му е смешна, 30.000 денари, плус нешто за минат труд, ама па штрајкуваа оти плата на земале, а ваму му барале 40 гласачи. Ништо не се сменило во ВМРО, ништо, не се радувајте. Не чека гол национализам, трпење за леб, изолација, глупавост и пропаганди по тв како ни е супер, само не сме сфатиле. @Ahoy таа што ја спомна е многу токсична, арогантна, досадна на дебати. Не заслужи Гордана толку многу гласови, ВМРО да не се радува, тоа е револт кон СДСМ. И плус Гордана не знаеле кој ќе биде врховен командант на вооружените сили, ќе го избере најдобриот, така вели на митинг. Леле, па прост и неук народ знае дека врховен командант е претседателот.
@Tanjamm знаеш некои сами си одбрале партија имале можи некаква корист, и си знаат дека после то што партијата направила ќе треба да вратат. А како се враќа со уцена. Сите го прават истото
@Tanjamm Iskreno ı jas dosta slusav okolu mene, deka najavuvaat nemırı. Posle ızborı sıte doma. Koga bese glasanjeto pomınav nız stabot na DUI kolku pukanje ımase.. nenormalnı ednı.Strav me fakja.