За Стево бев блиску, околу 200 000 му дадов, он доби 180 000. Гордана изненади, 100 000 плус од мојата проценка. За Таравари и Ванковска бев блиску, Бујар 30 000 повеќе од мојата проценка. На Максим му дадов 60 000, а он освои 80 000. Стевчо ептен го преценив, он грејниот ни 10 000 не освои. Сега мислам дека Гордана ќе фати некои 420 000, а Стево околу 300 000 гласови. Кај Гордана ќе одат поголем дел од гласовите на Максим, а и нешто од Левица, имаат они повеќе десни гласачи од леви. За Стево исто ќе оди дел од Максим, од Левица помалку мислам, а повеќе албански гласови, освен ако не бојкотираат Албанците. Не верувам дека ќе се деси некој пресврт (т.е победа на Стево).
Дуи ќе бојкотира, на Таравари од Косово му рекоа да го гласаат за Стево, ама нема да му се доволни од Таравари.
Инаку вмроидите по нивната добра, стара и проверена шема со лажни вести направија и последен обид за хајка кон Апасиев. https://www.facebook.com/dimitar.ap...zcDooJrkexmoAhQufN9PSTkdru5SZ1d8sQJdp3NApejal
Апасиев тврдеше дека мејлот е лага, а Ванковска кажа дека нема да земе ливче за претседател. Нели таа така пишуваше по фб, нешто за цензус, да не правеле неважечки, туку да не ги земале ливчињата. Одете на фб кај неа, веројатно стои тоа. Мејлот ќе испадне точен.
Речников баш 'прилега' на политичка партија, највеќе на Апасиев. Кутар тој, не му идат по план избориве.
Јас за Гордана ке гласам иако мислам дека нема да има цензус да се избере председател, Шиптарите ке бојкотираат А за парламентарни се мислев да го поништам со оглед дека за ВМРО/СДСМ/знам.нема шанса да дадам глас , но разгледав програмата на левица и ми се допадна и за нив ке гласам . Инаку сум на мислење дека ВМРО ке има над 60 пратеници , СДСМ помалку од 20 , околу 20 за дуи и влен заедно , а останатите за левица и знам
Низ Чаир биле забележани графити и летоци со порака за бојкотирање, додека во Охрид и Кичево наводно биле затекнатни индивиди со испечатени гласачки ливчиња. Колку е точно ова второво не знам, за графитите и летоците имаше објавено и по портали.
Почна гласањето и да Албанците не гласаат за претседател. Затоа вие што не планирате да гласате размислете дали ќе вреди да останете дома и дали ќе учествувате во бојкот заедно со нив .
Гордана ќе победи. Стево ги разочара граѓаните. Најплукан претседател што сме го имале. Замислете.... Прва жена претседател во Македонија
Гласајте. Јас попладне ќе одам по работа. И да како што кажа @KuklickaSk демантот на Апасиев не е демант туку порака со куп навреди од типот „гниди“, „вошки“ итн. Дно дна. Понекултурен политичар немало во независна Македонија од него.
Иако стварно се надевав на победа на ,,нашиот претседател", мислам дека уште од сега извесна е шестата претседателка.
Сега се слушнав баш со другарка што е на избирачко место кадешто има поголем број на Албанци. Дуи не гласаат од кај Таравари гласаат .
Кичево многу слабо, 1,04, а на моето избирачко место со преку 400 запишани гласачи, сеуште никој не се појавил.