Прочитав статус, од ДУИ ги бојкотирале претседателскиве избори. Ова им е заклучок од податоците за излезноста? Претходно, на 24 април, скоро и да немаше луѓе, сега редици. Ќе видиме. Мило ми е што видов и луѓе кои не гласаа неколку избори уназад, сега излегоа. Секако дека може, а и треба. Се одржуваат во ист ден веројатно да нема трошок и замарање плус.
Вистина е не гласаат од ДУИ за претседател. Пишав и во претходниот пост. Другари кадешто се на избирачки места кадешто има поголем дел на Албанци не зимаат ливче за претседател. Некои зимаат ама тоа се членови и симпатизери најверојатно на Вреди.
Изгледа ништо од бизнисот. За прв пат втор неуспешен круг. Има и многу што се иселени. Нема сигурно да идат во Мк за гласањето.
Треба да има 40% излезеност. Не го знам ставот на Левица дали ќе гласаат или не ама мое мислење е дека ќе гласаат. Вмро , Сдсм и Знам гласаат за претседател најверојатно и другиве. Единствено што бојкотира е Дуи. Ако искочат сите Македонци и плус овие од Вреди ќе има 40 % излезеност.
Во Куманово за претседателски излезност до 9 часот е 3,91, за парламентарни 4,25 Значи сепак не гласаат дел од луѓето за претседател. Ова ќе се осети во сите мешани општини.
Левица кажа дека Гога не иде во обзир, Стево не планираат да го гласаат, најубаво сите што гласале за Билјана или воопшто да не земат ливче, или ако го земат да го пречкртаат.
Колку што имам читано, Левица не ја сакаат Гордана. Неизвесно ќе биде. Не ми е јасно... Зошто даваат да бираш за кој ќе гласаш? Не сум во Мк и не сум доволно упатена. Само го знам тоа што ми го кажуваат други. И нешто што ќе прочитам на интернет.
Јас сметам дека цензусот за претседателски ќе се постигни и без гласачите на ДУИ, џабе се прават тензии и паники.
Искрено немам поим зошто да се бира дали да земеш ливче за претседател или не. И да не сакаш да гласаш за било кој кандидат едноставно ќе го прешкрташ. Јас сум за да се сменат такви глупости зошто дополнително се прават трошоци за државата ете ако треба да има трет круг.
Не ми е јасно нешто значи не можеш и за претседателски и за парламентарни заедно да гласаш мора за едно? Порано било ли е така? Мислам тоа е новитет од дик. Со маж се препираме не било така може и за двете да гласаш вели.
Значи, 100 пати кажаа дека може да се гласа и за 2та. Те прашуваат и кажуваш дека сакаш за 2та(ако сакаш).
Секако дека можи за двете! Меѓутоа, откако ќе ја направиш одлуката, нема назад, не можиш да се предомислиш дека сепак си сакала да земиш само едно или да земиш две.
Каква глупост е ова со ливчињата! До сега никогаш не се случуло да прашауваат и мислам дека ретко кој така направил. Кој не сака да гласа за едните - ќе си каже (а такви се многу мала бројка). Вака прават кајгана и непотребно ги бунат гласачите. И личи дека намерно го прават ова за да поттикнат бојкот. Особено симптоматичен е моментот што нема да дозволат да гласаш и за другите избори ако си се предомислил! Зошто? Два списока се. имам 12 часа и во тие часа, мое право е да отидам пак! Ама некој решил да ми го скрати тоа право. Оваа комбинација со прашување и забрана е многу страшна!