Лелее резултативе, Стевчо Јакимовски бил најдобар според анкетава. Ова мора да е креација на оние сиротине од Инфомакс каде што Стевчо гостува еднаш неделно. Ја следам дебатава, Стевчо е ужас.
Барем учен човек и он и фамилијата негова. Комшија ми беше и искрено само пофални зборови имам приватно за него. Знам дека нема да победи но ако гласам него ќе го гласам
Не се две опции. Гласај за трета партија, доколку има други луѓе со исто мислење како тебе можда ќе успеете.
Не знам што мајка бара во политика кога е доктор. Истото го мислам за сите доктори што имаат поврзаност со политика. Учен е за медицина не и за политика. Како и да е џабе е се кога е потрчко на Дуи и ништо повеќе.
Е сега имам прашање. Дали некој знае зошто нашиве телевизии не прават Exit Polls? Гледам сите околу нас и Бугариве и Хрвативе и уште многу други ги користат освен ние и Србиве. Дали е забрането со закон бидејќи е прекршување на изборниот молк или само телевизиите сами одлучуваат да не се прави?
Резиме на дебатата. Ние ништо не сме криви, ние сме перфектни, ако сме биле на фукнции последниве 30 години, крива е ДИЈАСПОРАТА
Па гласај за партијата на Палевски незнам што треба да се случи а и бесмислено е, за да те испровоцира да гласаш против сите до сега, очигледно несакаш да ги оштетиш... Иначе за Дивелата врати се неколку страници назад има објаснување... Не сакам да бидам блокиран и тука заради таа дивела даути комерцовска
Јас за кандидат на СДСМ или ВМРО или албанец никогаш не би гласала, Максим како првооделенец пред табла ми личи не знае да зборува . таа од левица не ми се допаѓа и слушајќи ги вечерва мојот глас ке оди за Стевче Јакимовски А за парламентарни ке го поништат или воопшто нема да гласам
Не му е, ама парите се слатки. И секако мисијата и агендата што им е у план и се би дале за да си ја исполнат.
Не е забрането да се прават, забрането е да се објавуваат резултати пред 19:00 часот, после тоа може.
Исход од изборите: во втор круг влегуваат Стево и Гордана. Гласачите на Ванковска, Максим и Стевчо Јакимовски (според мои проценки) ќе бидат околу 100 000. Поголемиот дел е возможно да отидат на контото на Гордана. Но, ако албанските гласачи излезат во втор круг и гласаат за Стево П, Гога по втор пат ќе биде поразена. Албанските гласови се клучни за победа на Пендаровски, а тие се над 100 000. Е сега, албанските гласачи се исто два табори, ДУИ и Арбен Таравари. Не се знае како ќе играат едни, а како други.
Гласовите од Ванковска со сигурност одат кај Пендаровски. Апасиев си кажа дека Левица и ВМРО никогаш не одат заедно поради идеолошките разлики.