Јас не можам да му се начудам на Македончето,сите во еуфорија доаѓала "слободата" преразочарани од оваа гарнитура и со право,а сето тоа ќе го искористат истите апаши што ги имаме подзаборавено,народот ги заборави бомбите,заканите,криминалите и сега као овие се херои...каков народ такви политичари,никогаш нема да не биде,НИКОГАШ!
Имале апсолутна власт и излезност во некои минати времиња. Работеа само за своите партиски кадри и гласачки телца. Нормално е народ да стане аполитичен, партиски неопределен граѓанин нема мириснато директорско место или место во државна администрација, иако можеби истиот тој бил најкомпетентен за тоа место. Никој од Македонците намерно не бојкотира, заинтересираноста за гласање е таква, благодарение на политиките во изминативе 30 години.
а во кој свет мислиш ти дека може да постои влада или било што без Албански фактор? Тие уценуваат зошто имаат сила,народ, сложност, и гледам некои веруваат дека Албанците не биле веќе за немири. Не бе Македонците не се веќе за ништо бидејќи одамна им е свеста, писхата, гордоста утепана и си заминаа. А кај нив секогаш ќе има некој спремен да се бунтува. Впрочем скоро имаше едно европско истражување во кое Албанците беа втори во Европа што би се пријавиле да ја бранат државата ако тоа би било потребно. А ние одамна го оставивме оружјето и заминавме. Затоа изборите се едни од неколкуте останати начини да пратиме порака и кренеме глас тивко на слободен начин.
Значи, со голема излезност или без, албанскиот фактор е присутен. И секогаш бил ист, со добри функции, добри министрески места во влада, тендери. Дури и со големо мнозинство на македонски пратеници и голема излезност, привилегиите биле исти.
Јас не знам со кој памет некои си сонуваат дека без албанска партија може да има влада? Па ни пред 2001 година тоа не беше можно, не сега. Знаете дека и пред 2011 година имаше по три мининистри Албанци во Владата? Да живеат во Македонија 92% Македонци, ок, може да има влада составена од Македонци, вака не. Свесни сте дека сме едвај 58%? Свесни сте дека тоа е само половина? Другата половина се малцинства. Свесни сте дека за 10 години ќе сме помалку, ако останеме тука? Ај добро е Македонците да се приземјат. Немаш пари, немаш наталитет, немаш слога, немаш пријатели, значи нешто ти фали, не си нешто ок, така што преценувањето се само празни муабети. И сите народи сфаќаат од кај дува ветерот, се прилагодуваат, додворуваат, лобираат на меѓународно поле, Македончето отепува со прости муабети, краде, се теши, се мава во гради на празно, па и ова дереџе е добро, може и полошо.
Излезност 13:00 часот Претседателски 22,88 % Парламентарни 25.77 % Дечки има надеж уште 17,22 % фалат за претседателски.
Ама дали сте свесни дека пописот не е точен, дали сте свесни дека сме многу повеќе од последниот попис, и дали сте свесни дека не се толку албанците. Знаете дека беше наместен, така… 20 години немавме попис и наеднаш дојде сдс.. и спремни сме за попис. Во матично најдобро знаат колку сме. И верувајте дека не се 20% се е тоа за да може рамковниот договор да се спроведе.
Мислете си. ВРЕДИ е составена од БЕСА, Алтернатива и дел од Алијанса. Сите се десно-ориентирани, националистички партии. Одма ќе излезат од влада ако не им ги дадат посакуваните привилегии. Во Тетово Курти го пречекаа овие од Беса, таму се вееше знаме на голема Албанија. Не се ништо покротки од ДУИ.
Во првиот круг не гласав бидејќи не бев во можност, денес гласав, а воедно гласаа и многу други мои пријатели и познаници кои исто така не биле во можност да гласаат во првиот круг.
Mene vo dominantno makedonsko mesto me prasaa dali sakam 2 livcinja sto nikogas ne bilo slucaj, katastrofa, mnogu losa organizacija druga rabota ako znae nekoj da objasni kazaa oficijalno deka dijasporata za parlamentarni nema da glasa nemale dovolen broj prijaveni togas zasto gi ima na izbiracki spisok?
До сега не било случај, бидејќи ова е прв пат да се поклопат парламентарни и претседателски избори, ако не се лажам. Според тоа, должност им е на членовите од комисијата да те прашаат дали сакаш да гласаш само за претседателски, само за парламентарни или и за двете, а твое право е да избериш.
Ги има на избирачиот список затоа што имаат право на глас, никој не може да им го одземе правото на глас.
Тоа е неправилно. Треба да ги пријави некој за нерегуларности, не може со сила да натераш некого да гласа ако не сака, или во случајов да не му дадеш избор. Мене на пример ме прашаа „за двата ќе гласаш НЕЛИ“, ама битно ме прашаа!
Зошто катастрофа ?! Законски е да те прашаат ! Имаш право да бираш дали сакаш за гласаш за председателски или за парламентарни избори ,или па и за двете . Твое е да одлучиш дали ќе земеш едно или две ливчиња.
И кај нас прашуваа две личиња сакате или ?! Иако кај мене девојчето се збуни и ме праша : колку ливчиња сакаш ?! Викам : дај десетина , набрзина ќе ги заокружам