Се надевам ќе ме прашаат дали сакам 2 ливчиња, да не морам да им го враќам она за парламентарни. Ќе гласам само за претседателски (ради цензусот). Треба да прашуваат, двојни избори се. Некој можеби немало да гласа на едните, а ќе гласал на другите. Сакам да гласам на претседателски само поради цензусот, за да не се организираат уште едни за три месеци, па пак глупавите кампањи да им ги слушам. Ќе ги заокружам двајцата кандидати, не можам да се одлучам.
Мене не ме прашаа и да ви дадат две ако сакате да гласате само за едно, другото поништете и готово. Битно е да се излезе во што поголем број!!!!!
Ќе има кворум. Не може ни дуи да контролира толкава маса а и фала богу не им се сите толку писмени да знаат да изберат само 1 ливче.
Само за председателските е битен цензусот. Така да и да го земеш ливчето за парламентарни ,можеш да го направиш неважечко . Исто ти доаѓа како да не си го ни земала
Da sum glasala isto na dvojni izbori mi dale 2 livcinja bez da me prasaat dali sakam prv pat e ova denes
Не можам да сфатам колку мизерни народни маси (простете на израз ама стварно е така) постојат меѓу нас. Гледаме дека сме на работ од тоа претседателот повторно да ни го изберат во собрание (како и референдумот што го протнаа) и пак не ни доаѓа памет, не мрзи да гласаме. Абре излезност од 70% да не можат УЧКите да се закануваат и да прават што сакаат. Албанци во влада секако ќе има, крадење пак ќе има , неправди пак ќе има ама мораме еднаш и засекогаш да им ставиме крај на овие крвопијци што крвта му ја испија на народот изминативе 8 години и колку само луѓе испозагинаа ради нивните политики. МАСОВНО ГЛАСАЊЕ од страна на нас (безразлика за кого , иако непрепорачливо е да ги гласаме нивните коалициски партнери) е единствениот спас за оваа напатена држава.
https://www.facebook.com/share/r/7MxXSZPM7KymhnrC/?mibextid=oFDknk Груби ги бојкотира не зема ливче за преседателскиот избор. Затоа не седете излезете гласајте.
Ако сакате да бират претседател во собрание немојте да гласате, ама после да не ви биди криво што во сопствена држава ќе имаме Албанец за претседател, како што имавме премиер. Немам против никој ништо, имам многу другари/ки Албанци, но тие можат Албанец да си ставаат за претседател во нивната држава, а не во туѓа
Седи Македонче не излагај!!! Ццц и после сакале соживот и ова била нивна држава, ама се одесуваат како да не е..
Да, знам. Не сакам ни да го земам парламентарното. Немаше да излезам на парламентарни. Ова го земам само за цензусот. Знам дека можам и за парламентарни да го направам неважачко. Не сакам на партиските кадри кои се поставени на тие кутии да им го дадам тоа задоволство да типуваат во глава за кого ќе гласам. Овака ич не го ни земам.Имам комшика од една политичка структура која не знам зошто е убедена дека сме симпатизери на нејзината партија. Секогаш е таму, кај кутиите. Дури се дрзна еднаш да ги праша моите во лифт, дали биле на гласање. Тивка одмазда кон неа.
Од каде знаете пак дека ова Македонци не го направиле само за да се направи кампања за помасовна излезност? Го гледаш ова плакатов, се нервираш, си велиш е сега за инат ќе гласам, а не планирав. Зар мислите дека Албанците би добивале инструкции за бојкот со летки на автомобили, па тоа во штабови и во вибер групи им се кажува бе луѓе.
Сериозен/сериозна си со коментаров? Од луѓе што скандираат УЧК УЧК УЧК... до такви што се снимаат на гласачко место и на албански ги нарекуваат македонците копилиња (како Артан Груби) не го очекуваш ова ама од македонците го очекуваш...No comment
Ееее тоа е друго , ко така ич не го ни земај . Апла ќе и дадеш до знаење дека не те занимаат партии. Ама излези за председателските
Е добро де и Македонци скандирале гасна комора за шиптари. Ај не ми продавајте патриотизам со тие флоскули ,,сами против своето" бла бла. Инструкции за бојкот им се кажуваат во штабови и месни комитети, па после си пренесуваат, а не со 30 фотокопирани летки на автомобили.
Далеку од продавање патриотизам. Македонци што скандирале се изолирани случаи и никогаш во политички кампањи немало такво скандирање или пак на митинзи . Премногу очигледно е тоа што го прави ДУИ ама ние како да немаме очи да видиме што ни сервираат. Да не биде после тражиле сте , гледајте.
До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани. Значи само 10 000 ,,лоши шиптари" бојкотирале. Останатите добиле инструкции (или по слободна волја) за кој од македонските кандидати да гласаат. Ако имаше масовен бојкот, разликата меѓу парламентарни и претседателски ќе беше 100 000 сигг. Ќе видиме до 19:00. Цензусот секако ќе биде исполнет.