Само што гласав и многу народ имаше и што допрва доаѓаа. Досега како гласам не сум видела толку народ секогаш празно е било. Браво, има некој вечер да плаче, некој да се смее.
И овде масовно испаѓаат сега. Изгледа бојкотот на Албанците ни дојде кец на десетка Ние сме инат народ Ама ако , нека не мислат дека они се само тие што се држат како свински црева И ние знаеме
Не, прес конференции стално прат пола сат после просекот, а на страницата почнуваат да објавуваат после 50-тина минути. Не знам дали ќе има прес во 17 и 30. Едит: Да ќе има, пуштете МРТ 1.
И мене ме прашаа дали ќе гласам за претседателски или само за парламентарни, гласав и на двете.. Левица за парламентарни, Силјановска за претседател.
Ксј нас не прашуваат тој што ги дава ливчињата ги дава и двете ливчиња наеднаш. Интересно беше толку народ како собор да има, ми е чудно што така не е имало. На првиот круг празно беше. Ќе биде јако.
Со маж ми не не' прашаа, моите родители ги прашале за што сакаат да гласаат. Исто избирачко место, сите Македонци.
Уште еднаш, нека ни е честит падот на дуи. Постигнат е цензус. Нема врска македонци не македонци, секој може да си бира на какви избори сака да гласа, дури во аеродром има повеќе што гласале на претседателски отколку на парламентарни.
42,32% до 17ч, официјално има цензус ! На терористите од Косово им се ближи крајот!! 46,93% за парламентарни.
За сдсм иако ги симпатизирам, нема да ме боли ама ич, треба на 4, или ај ако не на 4, на 8 години властите стално да се менуваат, а ако падне дуи, па тоа ќе е спектакл. Ко што вика црногорците 2020 за Џуканович, нек падне да освежи. А си признавам, за Стево ќе ме боли ако биде поразен.