Липково нема воопшто Македонци. Тие податоци од Википедија се од пописот во 2002 година, кога раселените Македонци немаа добиено нови адреси, седеа по хотели, интернати и се водеа како жители на Липково. Гласав. Вреди ќе бидат бетер од ДУИ, бетер. Видовте кои ресори ги бараа? Па скоро се, царина, гувернер, важните министерства. И тие во Аеродром што се полетале во последни 20 минути 100 души да гласаат ти се пример дека не заслужуваме држава. Неодговорни. Гледам постари луѓе. Па сигурно не биле на работа, веројатно добар дел се пензионери. Дали и стигнале да гласаат. Мене трипати ме враќаа на фингерпринт и минатиот пат и сега.
Меѓу овие двајцава, со тешко срце Гога ја гласав. Немам ич ќеиф моментално вмро да ги гласам (во ваков состав и со овие луѓе) ама сдсм, потенцирам, ВНАТРЕШНАТА политика нè унакази. Не ме интересира ни име ни презиме, не ни дискутирам за тоа, дискутирам за неспособноста за основни работи и потреби во нашето внатрешно секојдневие. Понеспособна влада не знам дали сме имале некогаш (инаку ги гласав, пошто вмро беа ужасни, посебно во вториот мандат). Стево е покадарен за претседател од Гога, ама сдсм треба да си одмори малце секако. На парламентарни ги гласав Левица, не оти ги сакам (ги нејќам), ама нека матат вода на кој и да добие мнозинство. Плус, подобро да гласам за сепак македонска партија, што повеќе места македонски партии добијат, толку помалце ќе не е*аваат сограѓаните.
Јас гласам на тоа избирачко место. Цел ден е гужва таму до надвор, една училна е за многу згради, вклучително и Џевахир сите кули
Цензусот е постигнат без Дуи. Браво за Македонците и Вмро и Сдсм. Но изгледа не бојкотирале сите од Дуи. Дали е на повидок некоја нова фракција која ке се отцепи од матицата?!
Редно е веќе клоцата да им удри на терористите и да се срамнат со земја, проклети. Дали тоа нашиот народ конечно почна да се обединува? Да се надеваме дека е така од сега па натаму.
И јас гласав. Со тешко срце искрено, нозе ми се враќаа, ама па помало зло беше овој пат да излезеш отколку да не излезеш. Боже господе колку мразам политичари, не е можно.
Е не знам со кој памет една училна ставија од цело школо ако збориме за хемиското. И минатиот круг 2 пати бев за да избегнам гужва, денес во различно време од претходниот круг, немаше момент да нема редица до влезната врата. Катастрофа