Цитирај колку сакаш, се надоврзав на постот на @Adidas888 Многу нешто ги браниш вмроОвците. Ако ако, сега бетер ќе биде. Гласавте, гледајте.
Ама јас не ги бранам, мојот глас не отиде за нив, стојам на тоа дека е време за трета опција, таму и отиде. И стојам на тоа дека 30 години народов е поделен на вмро и сдс, и дека треба веќе да одат во историја, тоа што има завеани и што упорно ги гласаат, тоа е нивно. И пак сметам дека за да смениме трета опција треба поголема излезност, затоа и стојам на тоа да гласаат за да се сменат овие две.
Никогаш нема да има трета опција, само ВМРО и СДСМ, преку глава ми е од нив, сите гласаат само за нив, знаев дека ВМРО ќе победат, што ќе гласам.
Ууауауа, Гордана на Вучиќ 2-3 збора му пиша на српски, на Вјоса цел пост на албански. Уууааа, па пиши си на англиски, што се додворуваш? И Вјоса можела да пише на македонски, ама не пишала. Си гласавме, сега ќе почнат циркуси.
Аха кога се работи за Гога мора ради браЧата, ама кога се работи за други е тогаш биле продадени души, и како тоа збореле на албански. Оф бре македонче, за каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода.
И ако гугл транслејт превел неточно? Што правиме со тоа? Циркузи од прв ден. Еве јас за јазик што добро го познавам имам тестирано со гугл транслејт, ставам текст на македонски и дава сериозни утки во превод. Навистина може да ти истресе сосема поинаков контекст и да биде смешно. Абе пиши си англиски и крај. Допрва ќе видиме како е со англиски.
ВМРО ДПМНЕ, партијата што правеше спотови против абортус и донесе закон против абортус, глуми прогресивизам и феминизам со „прва жена претседател“. Прва жена претседател не значи никаков прогрес ниту просперитет, кога доаѓа од ултра десничарска и патријархална партија како ДПМНЕ. Србија има лезбејка премиер од 2017, гледам останатите лезбејки цветаат.
Ејј гледај гледај шо се работи и Макрон се расприкажал на македонски, чиниш од Мал Париз од Битола е И се лижи Маки на Гоги да го прифати францускиот предлог
Кажа ХидроМицко вчера на Канал 5 пет илјадарчиња за пензионерите до напролет, за се друго ко ќе стигни кешот од кредитите со багателна камата шо планирал да ги зема