Па истиот тој Апасиев во 2019 година, ја поддржа Гордана. Или тогаш немало идеолошки разлики? Ако ств го кажал тоа, нека се договори со себе. Поголемиот дел од гласачите на Левица се разочарани вмровци, десничари претежно. Гога би ја гласале во втор круг (она е либерал btw). Башка Ванковска и Гога се френдици.
Не знам јас Гога што е ама она што добро знам е дека партијата што ја кандидира е ВМРО ДПМНЕ која на компас е центар десно. Иначе малце вртите муабет, јас реков дека Вмро и Левица не одат заедно односно ,,не можат да најдат најмал заеднички содржател", што би значело дека би го направиле истото и со кандидатите за претседател. Мислам дека понормално е левичарска партија да поддржува левичарски кандидат.
Баба лажи, трап не лажи. https://lider.mk/apasiev-najavi-deka-bi-koaliciral-so-sdsm-no-ne-i-so-vmro-dpmne/
Во Левица поголемиот дел од гласачите се путинољубци, русофили и десничари. Антизападни реторики продаваат. Имам познаници кои беа во ВМРО, денес се во Левица. Левото не е баш лево.
Гордана одлична на дебатава. Иако сум симпатизер на социјалдемократите, морам да признаам дека Гордана беше подобра во дебатата од Стево. Сепак сеуште сметам дека кога ќе седне на фотелјата во Водно, Мицкоски ќе е тој што ќе се прашува за секој еден нејзин потег, затоа гласам за Стево.
Да прашам нешто може е глупо. Дали ако никогаш не сум гласала , а не сум, ме има на гласачкиот список? Решив оваа год прв пат да гласам.
Знам дека до 19:00 часот е гласањето. Скоро цел ден се гласа. Од рано сабајле. Јас кога гласав одев секогаш кај 18 часот, сабајле одат пензионери претежно и партиските членови.
Да, на сите избори е до 19 ама ако не се лажам, 2021 мислам дека беше продолжено 20-тина минути ако не и повеќе затоа што тие што се нашле на избирачкото место до 19 не гласале. Не ме држете за збор можно е да се префрлува за некои други избори од Србија или Бугарија.
На дебатава најнегативен впечаток ми остави Максим. Па тоа е катастрофа, нит харизма има нит вокабулар Стефче доминираше. просто ме изненади. Гога монотона, Пендаровски мудруваше.
А во што беше одлична? А во што беше одлична? Ако Максим ми личеше ко првооделенец пред табла Гордана беше ко професорка пред студенти, Пендаровски ко арогантно лигаво човече ,Билјана реално ништо ,само Јакимовски беше достоен и некако се издвојува од овие кандидати, си личи некако за таа функција
Мене ми се многу одвратни овакви лигуши како Максим. Го*на од луѓе. Ќе си останеш да тонеш на бродот на кој си пловел. Дотичниот беше дел од влада и партија која смени име и потпиша договор за добрососедство со Бугарија. Не кажа ни збор, сега продава патриотизам, амнезија има од која структура доаѓа. Овакви има и во ВМРО-ДПМНЕ. Никола Тодоров, Оливер Андонов. Не се против актуелната власт, туку против опозицијата која им е матична партија. Мн ме нервираат вртигазовци од интерес. Една од најлошите особини. Стевчо Јакимовски ми е исто го*но.
Ако некој изјавил нешто, не значи дена не смее да си го смени мислењето. Ова важи за сѐ. И јас знам да се држам за тоа што некој кажал ама морам и јас, а и сите да разбереме дека мислења се менуваат. Ова за Апасиев погоре дека сменил мислење. Секако дека ќе смени, особено ако си нашле соодветен кандидат на нивните идеали. Сигурно нема да каже дека кандидатот кој е поддржан од друга партија е подобар од нивниот. Ако Гордана не е член на ДПМНЕ туку е само поддржана од нив, може различно ќе реагираат како партија зошто не се работи за пратеници туку за претседател. А за пратеници видовме дека не сакаат ниту со едните ниту со другите. Гласањето се продолжува за онолку време за колку што е прекинато (заради различни причини). Мислам дека ако беше под еден час не се продолжуваше, а повеќе од еден час се продолжуваше за колку време немало (ова второво ми е бледо сеќавање од правилникот, одамна го читав). Како не кажал збор? Се одвоил од партијата и направи своја, со свои идеологии токму затоа што не се согласува со идеологијата на партијата во бил. „Actions speak louder than words.“ Како, како? Не смее да писне ако гласа за некој и сама си одбрала? Не така. Здраво е да се бараат промени и одговорност од оние кои сте ги гласале. Нормално е да барате да си ги одржат ветувањата оние за кои сте гласале. Од каде тоа убедување дека ако гласаш мора да трпиш? Па уште и „не смееш да писнеш“? Многу луѓе заборавиле што значи демократија и одговорност. Да, ти си гласала за некој, победил и сега не смееш да критикуваш? Или само тој што гласал за кандидатот што изгубил има право да критикува? Не бива така. Не бидете пиони на партиите. Партиите имаат идеологии ама вие имате мозоци. Не чекајте партија да ви каже. Критикувајте ако нешто не ви се допаѓа, ОСОБЕНО ако се работи за кандидат за кој сте гласале. Тоа е и суштината на здрав развој на едно општество. За сите избори!
Така, тоа е за продолжување над еден час, а дали се продожуваше ако беше под еден час е тоа што не се сеќавам како беше точно. Мислам дека не се продолжуваше. Не е ни важно, секако тоа се исклучителни околности.