Надвор од земјата мора да ја каже Северна и тоа е официјално име на земјата сакале ние или нејќеле. Ниту пак некој ќе може да го врати името ниту пак се надевам на истото. Меѓутоа цела багра од Сдсм дома во внатрешноста на земјата ја викаа Северна.
Ако прочиташе малце подобро, ама изгледа не знаеш да читаш, ќе видеше дека не е спомнато ни ЕУ, ни дека газот треба да си го продадеме. Факт е дека ние граѓаните, поточно ние Македонците ќе страдаме ако гога се прави патриот и во странство вика Македонија.
А зашто да не каже??? Ќе не банираат ли?? Што ти е со размислувањево.. значи патриот си ако си ја викаш сопствената земја по вистинското име..
Нема потреба да не банираат, едно ембарго на трговија и ќе испоцркаме за јадење, 30% од храната ја увезуваме преку Грција, воедно еден од најголемите ако не и најголем трговски партнер на балканот ни е повторно Грција. Ама забораив, вас кур ве боли за оние на минималец, па имале или немале да јадат, тури им курот.
Пак овој договор не е само за ЕУ, туку и Нато и ОН. Ај ако не да се исклучиме од сите меѓународни, направете го тоа и тогаш стварно ќе се распаднеме како држава.
Па не е ништо страшно ако каже Македонија.. дај не ме зезај. Турција рече од денес Туркије викајте ме. Нема сигурно да пропаднеме ако Македонија каже.
Не ептен ми сте интересни кога мислите дека со терање инает и национализам можеме да опстоиме сами на сред европски континент, изолирани од сите. Дечки, зависни сме. А кога си зависен, не тераш магарешки инает туку се прилагодуваш на ситуацијата за да опстанеш
Ама ако рече Ердоган Турција, само народот внатре во Турција може да е гневен, а можеби и ќе го боли увото, а надвор од Турција никому не е гајле како ќе рече, затоа што Турција си го смени името доброволно, ние го сменивме поради Грција.
Не бе нели доброволно го сменивме, за напредок “ европски”? Сакале или неќеле Северна се водиме таму за жал, ама ако некад каже Македонија мислам дека нема смак света да се деси.
Каде беше почитта да бараш во 21 век од суверена држава да си го мења името? Никаде у свет нема такво нешто, па уште и да не почитуваш референдум.
Иако во главно не се сложувам со @DS10 , овој пат се сложувам, искрено ми се исполни душата кога рече Македонија само, но сметам дека треба да го користи уставното име затоа што може да има последици за нас кои што нема да ни се допаѓаат, очекувам реакција од Грција.
Прво, не е национализам ова. Второ, можеме да сме независни, ама на бизнисмените не им одговара. Имаме најпрекрасна земја, изобилува со природни убавини, може да се инвестира во селата со субвенции, имаме погодни површини за аграрство и земјоделство, плодни почви, можност за произведување ел.енергија од ветерници низ цела земја, соларни системи. Па Македонија има најубава клима за сè буквално. Ама, како што кажав, не одговара на големите играчи. Трето, не е магарешки инает, туку отпор на сите ултиматуми на соседните држави што нè третираат само како географска област. Историски се случува. Патем, да не вреди толку Македонија, немаше да се тепаат сите за неа. Makes sense, нели? Историски локалитети имаме, знаат што сакаат соседите, знаат нешто што ние го имаме, ама се правиме како да го немаме
Izolacija ne e ako si se pocituvam sam sebe i baram drugite da me pocituvaat ko jas niv sto gi pocituvam
Доброволно е сега да ни текне да се викаме Вукојебина, зошто сами сме си одлучиле, ниту една странска држава не ни рекла да го направиме тоа. Се приметува дека се инаетиш иако знаеш дека не си во право, како што кажа некој член погоре, ембарго па може и санкции и ќе испоцркаме ко глувци.