Не знам со кој памет само, за да се допадне на широка народна маса демек пркос ќе покажува. Кандидатурата и е поднесена во Северна Македонија, ако не го признава името што се кандидира. На никој не ни е мерак што е Северна ама тоа е завршена работа. Секако фиром бевме претходно за светот.
Колку сака нека кажува Македонија, џабе, ништо не менува тоа, факт е дека сме Северна сакале или не сакале.
Да, сигурно. Едвај чека ЕУ кај нас да ги даде парите дур кратат секаде. Мисли си. Плус, историски, во период на влада водена од вмро, значително помалку пари донаторка помош влагаат во земјава.
Не бевме во добри осноси, ама со Грција колку толку се стабилизираа работите. Еве на пример грчки неонацисти од Златна зора упаднаа на изложба на македонски уметник во Солун, ги уапсија, што порано не било случај. Владимир Мартиновски го превеле на грчки, мислам дека претходно не ни преведувале наши книги на грчки, ако сум грешка поправете ме. Што треба сега да изедеме ембарго и да бидеме дупло посиромашни од сега? Да заличиме на Аргентина, Венецуела? Да работиме цел месец само за храна, да крадеме и обиваме продавници од сиромаштија? И што дека кажала Македонија, кога во документи сме Северна. Државата со непризнаено име какви што бевме не ни има полн легитимитет, нешто како територија налик на Палестина, иако не носиме бурки и делуваме покултурно, на хартија тоа е тоа, бевме држава со непризнаено име, со непризнаен народ и со непризната црква, ај сега па назад да не сакаме. Еднаш ми се закачи една Гркинка на јутјуб, зошто под песна сум пишала „Поздрав од Македонија“, почна со реферти дека сме Северна или Скопје, ама не може само Македонија. Дури почна да се заканува во стил „кои сте вие бе, ние сме држава од 11 милиони, со моќна армија, море, туризам, таму во таа твоја земја ние Грците не ни стапнуваме, освен некој што има бизнис“. Во право е. Македончето ем сака да се сонча на грчки плажи, да го пцујат таму, а овде не сакале да се вика Северна. Ако толку имаа самопочит, Македонците немаше да стапнат на грчко тло ни на одмор, ни на шопинг. Народ што нема свест и самопочит нормално е да биде мета на подбив. Патем, имам бивши колега Бошњак, во Србија не ни стапнува, во Босна во Репулика Српска не ни стапнува, си оди на одмори во Црна Гора и тоа во градови каде има Бошњаци, си оди во Сараево, Мостар, кај роднини по Европа, ама пари на непријатели и геноцидаши не дава, а Македончето чим дава пари на Грци, а се жали „абе геноцид ни направија“, па не е за жалење.
Не се согласувам со многу од вас. Што сме ние бе се да веднеме кичма? Тој договор ништо добро не ни донесе ниту ќе донесе во иднина. Во ЕУ никогаш нема да влеземе колку и договори да потпишеме. Сменивме и име и идентитет, документи, автопати и др , Грците што сменија? Еве јас живеам во Грција , никој досега не ми спомнал Северна , само Скопје. Ниту па јас се нарекувам северџанка. Подобро ќе си останам Скопјанка. Знаците на автопат стојат "Скопје" каде е Северна Македонија? Нели и они требаше да го почитуваат договорот?? Да знаете дека ништо не е сменето кон подобро и нема никогаш и да се смени. Ама па се знаеше дека тој договор важи само за Грција, но штета направија ете и другите земји што не викаа Македонија , да не викаат Северни. Мене Грците не ми се криви , сами си ја направивме штетата. Јас ја поддржувам г-ѓа Гордана и да не се повлекува назад. Дај Боже веќе да се укине глупавиов договор.
Тебе ти е гајле од Грчка, ќе си имаш се, нас ние проблем ако ни бапнат санкции или ембарго. Ти си уживаш таму. И мене ми е лесно да речам ,,Да живее Ким Џонг Ун, најдобар лидер" ама тоа го велам оти не сум во кожа на корејците.
Преспанскиот договор и промената на името имала поголема поддршка (повеќе гласови) од актуелната претседателка, чисто информативно. Поконкретно, за Давкова гласале 561.000, за Преспанскиот договор со "за" се изјасниле 609.813. Со парламентарните разликата е уште поголема. Така што, it speaks enough. Тоа е во Устав, а професорка по уставно право и актуелен носител на таква функција не треба да си дозволи таков пропуст и разгневена меѓународна заедница уште од прва минута на функцијата. Прифатиле ние или не.
Игнорираш неколку работи. 1. Таа влада на Заев не беше избрана од народот. Дојде со манипулации за кои не си свесен. Значи, нелегитимна влада. Втората нелегитимна е онаа на Ковачевски кој беше поставен од Заев и странство, а не преку избори. Нелегитимни форсираа нешто против волја и разум. 2. Despite 94% of voters voting in favour, voter turnout was around 37%, less than the 50% threshold required to validate the results. 3. Political scientist Biljana Vankovska claimed that the referendum was unconstitutional, noting that Article 73 of the constitution required referendums to be binding. 4. Самата Грција не го почитува. Доволно причини за и нашата страна да не го почитува и да бара негово повторно разгледување.
Каква северна, какви пиздарии. За мене не постои северна. Само Македонија. Кој и да ме праша од кај сум, се знае Македонија иако имам спомнато дека поради изговорот на кој зборам , луѓето мислат дека сум од Русија. До сега ме нема никој погледнато на криво ко ќе речам од Македонија сум. Пред недела дена баш се погодија туристи од Кореја * мене работата ми е поврзана со патници, туристи од цел свет, не само германци * и баш ме прашува човекот од кај си : му велам Македонија, и тој со потврдување и климање на главата им објаснува на другите со него што беа. Со свои очи и уши го чув им вели од МАКЕДОНИЈА Никаде не спомна северна. САМО МАКЕДОНИЈА. Баш и во Кореја изговараат Македонија. Со нив на англиски зборев, но јас и на англиски не им викам МаЦедониа , туку МАКЕДОНИЈА, со К. Никако не можам да го прифатам тој збор северна и пошто сум тврдоглава до даска цел живот ќе си терам со моето. Од Македонија сум
Ја и ти можеме да си викаме колку сакаме Македонија, ништо не зависи од нас, нема кој да ни замери оти сме никој и ништо, а Гордана е претседателка, мора да почитува.
Значи никој ништо немора да почитува и нека не потепува, ама ние се мораме?? Знаеш дека на граница во Грција нема табла каде пишува State border North Macedonia??? Само State border пишува, е кој е тој бордер мисли си работава. Секаде Скопје не водат, така не беше договорот. Договор е меѓу двете држави, не може само еден да го почитува.
Гордана не згреши, според устав е коректно, имате погоре според кој член. Правник е, знае што прави не е случајно. Имате принцип на самоопределување. Го испочитува изборниот законик. Така да нема потреба од дискусија
Што да почитува? Јасно си пиши според член 123, а Талат кога даваше заклетва истото го кажа, али сте се фатиле за Гордана. Баш го испочитува она што е во устав напишано, ништо не прекрши, а Грција што кажува небулози нека отвори устав и нека го прочита членот како гласи