Како што сме ДНО допрва ќе МОРАМЕ. Еве и економскиот раст ќе биде помал од планираното, соопштио НБР. Се однесувате како ние да сме Франција, Германија, САД, не знам кој, а сме гола вода. Па што одите во Грција кога истата не го почитува Договорот и не сменила знаци? Значи вие свесно и намерно трошите пари кај тие што ве газат? Па не сте за жалење значи. Па го коментирате Заев. Вие сте бетер од Заев, тие што секој викенд трошите пари кај „кумовите“, а ваму демек ви е жал. Не ви е, само сте лицемерни.
Може малце вон тема ама не знаев каде да го сместам прашањево. Дали некој знае кога ќе бидат исплатени членовите на избирачките одбори (тие на кутии што се)? И кој ќе биде износот?
1. За Владата на Заев не можам да се сложам дека беше нелигитмна, си имаше избори, на кои разликата со вмро беше само 2 пратеника. Овие успеаа да формираат Влада, имаа мнозинство во Влада и тоа е тоа. Сосема во ред. За Ковачевски се сложувам донекаде, токму ради тоа што самите внатрепартиски избори во сдсм беа по насока на Заев, а не по слободна воља на членството, чиј фаворит сигурно немаше да биде Таче, оти за него прв пат тогаш и слушнавме. Странски влијанија не одредуваат легитимитет, и оваа партија сега беше донесена со помош на странски пари, само од другата страна. Манипулации за кои можеби сега вие не бевте свесни. 2. Точно, немаше консензус, што не го оспорува фактот дека 610 000 е повеќе од 560 000. Зборувам за бројка, не за легитимитет. А тоа што не се постигна консензус не е моја вина, туку на овие што се промовираат за светци во однос на името и сега изводат со "бојкотирање" на Северна, притоа земајќи плата од истата, и потпишувајќи договори со тоа име. На гласачкото ливче Гога да не ја чкртна Северна случајно? Исто како што изигравте со бојкотот на пописот. Кој бенефит го видовме ние македонците од тој бојкот, како и од другов? Никој, пак малцинството си беа во добивка. 3. Одејќи така, ниту инаугурацијата на Давкова не е уставна. Изборниот законик е под Уставот, по значење и важност. 4. Да не го почитуваше Грција, сè уште ќе бевме блокирани за отварање на преговори со ЕУ од нивна страна, уште немаше да бидеме членови на НАТО, што спореле или не, е од круцијално значење за земја како Македонија, според поставеност, големина, аспирации, и сл. Исто така уште ќе имаше кршење коли на македонци сред туристички места во Грција, вадење на регистрации, омраза и слично. Како некој што е во Грција многу често, и тогаш и сега, можам одговорно да кажам дека веќе тие тензии НЕ постојат. Цитирам: ,,Героски вели дека мора да се сфати што значи официјална примена, а што е разговорна примена, а разговорната примена може да се користи и во официјални пригоди." Не знам за вас, ама според мене инаугурација на Претседател на држава не може да биде место каде би се користела разговорна примена. Ај ако не на скопски дијалект нека говореше, или Митрески на струшки. И тоа ќе беше разговорна примена на јазикот. Лоџик, ноу? Не беше избирање на претседател на куќен совет или некоја задруга, на држава се инаугурираше Претседател во Собрание.
Да имаш право за бојкотот на референдумот, дополнително ни докажаа дека гласот на народот не е битен и дека нема никаква демократија, и дека не се почитува ама баш ништо. Гледам дека си начитан и се разбираш малку повеќе, знаеш што значеше референдум без цензус, така?
Разговорно-вербално. Не е писмен документ. Член 7 за употреба на терминот Македонија. Има некој член кој дефинира како смее да зборуваме? Толку многу возбуда заради тоа кој што рекол. Мислам имаме на една страна претседател, професор по уставно право. И на друга страна трговци-со пиперки, со вакцини, со ветерници. Ваљда правник повеќе се разбира во право од трговец.
Точно така, секој продолжен викенд во Грција. Јас сум одела на одмор во Грција поради морето, па кога ќе кажат златен Охрид, што златен кога ги мразат Скопјанчиштата, па пак им одат, за тие пари на море ќе отидам, а не ваму да се удираат во гради како ја бранат татковината, а први се за во Грција, и први земаа Бугарски пасоши и се иселени, ама неее, од далеку лесно е да се мудрува.
Така. Е сега, цензус на избори и цензус на референдум не е исто и токму затоа постои широка дилема дали цензус на референдум е оправдан. Нашиот пример од референдумот од 2019 е класичен пример по книга со која се доведува до прашање оправданоста на овој механизам, оти честа пракса е опозицијата во една држава да бојкотира референдум кога се одлучува за некое тешко или државничко прашање, оти на тој начин е посигурно дека ќе си ја истераат нивната политичка агенда. Тогаш македонскиот народ беше уште еднаш изманипулиран, од денешна перспектива секој можете да си го потврдите тоа. Едните го направија нелегитимен референдумот, што на другите им даде одличен резултат, па вака или онака си го искористија. Колку ќе беше поедноставно секој да излезе и да го даде своето мислење? Да или не, за или против, ништо повеќе. Е дури така, со легитимен референдум, ако повеќето беа "против", никој немаше да може да го спори спроведениот референдум. Е сега, исто може да дебатираме каков ќе беше исходот ако се постигнеше цензус, иако е тоа друга тема. Сигурен сум дека и да бил референдумот легитимен, што бара 900 000 гласачи, исходот пак ќе бил ист, бидејќи 600 000 гласале "за". И милион да гласале, исто. За поинаков исход требале повеќе од 610 000 гласови против, а тоа се повеќе од 1 200 000 излезени гласачи, а тоа е this way or another - невозможно во Македонија. Точно Билјарке, само што забораваш (или одбиваш да спомнеш) дека таа Претседателка и професорка по уставно право во моментов истовремено е и партиски член и функционер, па не нужно оди согласно сопственото убедување или знаење секогаш, туку следи и насоки диктирани од партиски интереси. Тоа и се докажа со изјавава каде практично се извинува за кажаното. А во однос на другото, сфаќам што значи разговорно, а што писмено. И во обата случаи, во вака официјални пригоди, има код на изразување и се внимава што се зборува, оти не си сам, туку под будното око на јавноста, и тоа не само на домашната.
Абе начитан ама ко за џабе, ако е неуспешен референдумот немаат можност да си го изгласат во собрание, ама и покрај неуспешноста и непочитта, не измочаа буквално и нефер ни недемократски си изгласаа во собрание. Значи, пак се враќаме на старото дека свесни сме дека коа гласаш против и направиш излезност автоматски е успешен референдум, затоа и беше поентата да не биде. Еве ја го бојкотирав зашто не сакам да сме Северна, не зашто опозицијата така сакала.
Таа Претседателка ги креираше партиските ставови јер експерт, не знам чии ставови би следела ако не тој што го креирала И никакво практично извинување нема, само посочува она што е очигледно- договорот е пишан, папирите се пишани. Нигде не вели мора ,,нашата земја,, да си ја викаме разговорно. И затоа изгубија тие трговците ко жути, ако уште не ви е јасно. Мислам, има разлика меѓу почитување на договор и измеќарство. Се надевам ќе распашкаат и се останато неписмено, јер северномакедонски јазик на пример не постои, и тоа е пишано во договорот.
Бидејќи сите рипнаа за како Давкова се изразила, сакав да ја прашам Грција, зошто ниту една сообраќајна табла/патоказ ден денес не е сменета и каде се уште пишува Σκοπια или ФИРОМ? Зошто се уште не е ратификуван преспанскиот договор во нивниот парламент?
Детално објаснето зошто новата престедателка при устоличувањето не го прекрши ниту уставот ниту Преспанскиот договор: https://plusinfo.mk/pretsedatelkata-si-anovska-davkova-ne-go-prekrshi-prespanskiot-dogovor/
Леле кога ке се правите патриоти големи ама со бугарски пасош. Значи молчете поарно. Северна не прифаќале, ама Бугари за пасош се пишале. На темава. Претставата на Давкова беше за интерна употреба(членството) Сега за брзо ќе го користи северна.
Jaс имам одено само еднаш и тоа до Солун, на еден ден, и потрошив некоја смешна сума на пари, ама навистина тоа што морав да купам додека сум таму еден ден. Во Албанија и попат имам застанувано, едно кафе немам купено, намерно. Јас пари не давам на тие што прават штета на Македонија. Македонците им смета Северна, а се сончаат на грчки плажи и сите пари таму ги трошат, сакале Влада без ДУИ, без албанска партија, ама сите пари во Саранда по одмори ги даваат, па нема што да се бунат. А за зимувања во Банско да не правиме муабет, ама мразеле Бугари. Лицемери. Па затоа никој не ги става во есап Македонците, сиромашни, превртливи, со никаква визија за утре итн. И во живот не сум чула некоја Гркинка да дошла во Македонија, да се омажи за Македонец.
Добро, дали се нормални луѓево?! Зошто со претседателката се однесуваат како со сенилна, стара жена, како за во геријатрија?! Ги гледам како ја гушкаат, галат и се сликаат, ама најсериозно се како ние по дома со баба ми која има 90 години. И вечерта кога ја прогласија една глупача за лице ја фати како со жал и почит према стара личност на која би и се обратила со "мајче", други исто после тоа за да се сликаат. На примопредавањето исто гледам слики во ист манир... особено од жени. Не сме нормални... Жената можда изгледа фрагилно, ама со лажново однесување кон неа, толку лажно што немаат осет до каде се оди...ужас.
Јас како шо знам се уште не е ратификуван од нивна страна и затоа одредбите и должностите не ги почитуваат.
Истото го помислив. Еден ја погали по глава. Ова е исто толку лошо колку коментарите дека е сенилна, ама пак овој начин на однесување доаѓа од нејзините поддржувачи. Доказ дека и двете страни исто ја перцепираат. За едните е сенилна баба, за другите е херој мајче/бабе. Затуцан народ.