Ратификуван е, логично, инаку како би ни одобриле пристап во НАТО. Околу десет дена после ратификувањето во грчкиот парламент, се потпиша и протоколот за пристап на Македонија во НАТО, со што практично станавме дел од алијансата.
Невоспитани, користољубиви и без почит. Абе за нив е г-ѓа претседателка, и 90 години да има. Нездрави сме бре...
Јас мислев којзнае колку е стара, оно генерација на мајка ми. А мајка ми жеден преку вода ќе те пренесе Предрасуди ли се предрасуди... Мозокот е мускул другари, ако го вежбаш, ќе те служи. И разни други невронаучни типс енд трикс. Ведрана Рудан -75. Не гледам мозокот да и фатил прашина...
Мразат Бугари, а извадија Бугарски пасош меѓу првите, и иселени се од државава, а мудруваат. Македонија лесно се сака од далеку, од преку океан. И како што пиша еден продолжен викенд немаат промашено за во Грција, зимовање во Боровец, Банско, ама важно "патриоти" се.
Џозеф Робинет Бајден Млаџи 81 гледам одамна му фатил мозокот прашина, е сега до мозокот ли е, до прашината ли е, не знам
Да мораме, зошто од нас ништо не зависи. Која е една Македонија или која е една Гордана? Ние сме мала маца за сите од комшииве.
Нема да има никакви последици, се е договорено унапред, мислиш дека Америка ќе дозволи нешто да има? Уште не научивте дека нема случајности
Одлични теории. Многу ми се интересни теоретичарите на заговор, ги обожавам. Само понекогаш си мислам дека се попаметни од мене, затоа што не е можно до толку да веруваат во глупости, мора да се преправаат за да не истригираат нас. Сега уште речи дека земјата е рамна плоча и дека не сме слетале на месечината или па дека ни прскаа со корона од тоа белото зад авионите и се ќе ми биде потполно јасно.
Кога се работи за ВМРО, Америка така им наредила, ништо не е случајно, ама кога се работи за СДСМ тие се виновни, Америка нема ништо. Еее уште не научија дека името е одамна сменето, и кој и да дојдеше на власт ќе се сменеше Јас само сум реална, не сум за СДСМ, како може да бидам за нив кога затворија многу фирми, меѓу кои и фирмата во која работеше татко ми, па видете колку ги "сакам" СДСМ. Ама треба да бидеме реални, името ни е сменето сакале ние или не, и џабе Гордана кажала Македонија кога во документи стои Северна. Епа ај ако сте толку "патриоти" не вадете пасоши со Северна, јас не сум патриот и се уште немам извадено пасош со Северна, чекам името да го "вратат". Можеби подобро се живееше во времето на СДСМ пред да дојдат Бранко и Бучко.
Не се теории, а јас најмалку верувам во теории на заговорпраксата докажала дека тоа што го кажувам е така, нејсе не бегај од темата и не прави споредбиособено мене да ми кажуваш за короната, а малку согледај од околу и размисли кој и како диктираа по споредбиве и бунтот се гледа дека си многу млад имаш уште многуууу... Малку и смешно е да се дискутира со некој кој смета дека професор по уставно право прекршила устав, и некој кој смета дека големите риби не диктираат ништо, дека сами си носиме одлуки
Секогаш друг е крив, Америка, Европа, било кој, само ние не сме криви што немаме еден воз во државата и еден автобус саглам и тоа што Владата е обрасната со треви, сигурно Америка е крива. Патем Агелер на инаугурацијата не ни имаше слушалки за превод, другите ставија, таа не, очигледно го разбира јазикот перфективно и го зборува. Само нашиве што не знаат основни работи на англиски, па кој е крив? Па нормално Америка, Запад, кој друг. Оффф. Толку сме мали, небитни, немоќни, а се замислуваме како центар на свет. Утрово еден српски аналитичар за резолуцијата за Сребреница кажа дека некои мали земји, се правеле поголем католик од папата и се додворувале на големите сили дури и кога големите сили тоа од нив не го бараат. После директно кажа Македонија и Црна Гора и колку сме ние смешни.
А бе не е само да се сака Македонија, треба да ја гледаме и реалноста, ајде сега ќе се тапшаме по рамо и ќе се тешиме дека ќе биде подобро. Не, нема да биде подобро, само полошо може да биде, таа е реалноста, прифатиле или не.
Дечко помири се дека треба да си признајш на поразотКој губи има право да се лути, сенилната баба како што ја нарекуваше победи, е сега не ви чини, дека сепак тоа што сметате дека го прекршила уставот, не е точно
На Гордана и' беше популистички момент тоа што не кажа Северна Македонија, секако дека ќе кажува така Ниту е глупа, ниту е проста, идеолошки е левичар, ако е од редови на вмро Ние немаме на власт вистински ни левица ни десница, двете се центар - лево/десно. Прва жена претседател ни е, дај Боже да си ја оправда довербата, не ми беше мој прв избор, но во втор круг ја гласав. Втор обид и' е, ете да се надеваме дека ќе работи нешто добро, иако кај нас претседателот има највеќе церемонијална улога, сеедно - дипломатската улога е важна. На тема име, олабавете, нема да се врати старото, може вие да не прифаќате емотивно, ама е факт. И јас може да кажувам дека сум Узбекистанка, државјанството и пасошот друго кажуваат. Хрватска што е меѓу најлошо стоечките земји членки на ЕУ бележи сериозен раст на квалитет на живот, со нивната домашна политика и ситуации сум добро запозната и од прва рака знам за разни закони итн. што се носеа и носат, не се лажете дека вака ни' е подобро, не ни е. А ова патриотиве со бугарски пасоши, оти бе на чичко блгарин не му рековте оти сте горди Македонци?
Многу се лутат политичките фановиКога Талат кажуваше заклетва за спикер во собрание, дека од нивните (коалиција сдсм+дуи) во ред беше што беше Република Македонија, е сега кога дојде обратно да е Гордана нечинело оставете да видиме дали ќе не мрднат од мртвава точка или уште повеќе ќе потонеме. Па после ќе судиме што било како било Ќе видиме до локалните дали добро се покажалеили се беа празни ветувања, затоа што тогаш народот може и да ги награди, но и казникако што било и претходно
се сложувам, вмро доби огромна подршка сега, односно апсолутна власт само затоа што народот го казни сдс, ако сега ја уплескаат истото ги чека и нив наредни избори и се надевам дека се свесни за тоа. Гордана сметам дека требаше да каже северна, очекував бурни реакции од сите страни уште кога ја чув заклетвата, ама искрено пријатно бев пријатно изненадена. последно, треба да разбереме дека тоа со името е завршена работа и јас мислам дека ако ние добро живееме и имаме добри услови на никој нема да му е важно дали сме северна или сме Македонија само, тоа што сдс не успеа да го направат. доколку сдс успеа да постигнат се она што од нив се очекуваше кога дојдоа на власт, името немаше да промени ништо, тоа е мое мислење. симпатизерите на сдс мора да разберат дека сдс ги казнија заради лошите политики, дополнително промената на името, на историјата итн без никакво подобрување на реалните проблеми. и најпоследно за вие шо не гласате, не можам да ве разберам како може да кренете раце и да викате дека се сите исти и оставате пензионерите да бидат главно гласачко тело, исто така не можам да разберам како може да не си ја сакате државата, државата не е сдс и вмро, ние ја правиме државата и не мислам дека треба да кренеме раце од истата, мислам луѓе гинеле за да имаме држава, јазик и идентитет.