Економската соработка со Грција ни е вредна отприлика десетина милијарди евра денес, да се потсетиме, во времето кога на Бранко му беше ставено ембарго, Македонија изгуби две милијарди евра поради отежнатата трговија, рачунај 94 нашите гиганти не постоеа или беа во многу редуциран капацитет. Денес тоа да се случи ќе имаме крах на секој тип трговија што е извозна за подалечните пазари.
Не сум политички фан, но сега има договор кој треба да се почитува, тогаш немало. Толку. Вие мислите дека вас не ве задира тоа што Грција мисли и прави, но ве задира затоа што ни се најголем трговски партнер на балканот. Па пола од овошјето и зеленчукот што стига тука, стига преку грција. Да не зборуваме за економските последици, кои нема да ги чувствува Гордана, туку најнискиот слој на општеството.
Живееме во време кога држави напаѓаат други држави поради непочитување на некакви договори и сето тоа за многу Македонци е ок, а ваму истите Македонци правила ќе кажуваат на далеку помоќни од нас. По логика на Македонците уште некое прекршување и веројатно Грците ќе треба со армија да влезат во Гевгелија, Дојран и да тераат, оти тоа е логиката на Македонците, кои сите светски заговори ги знаат, ама не знаат да одржуваат еден тревник во сред Скопје. Можеш да се бодеш, ама за тоа треба да имаш рогови, грб. И еве по ММФ, Словенија за 5 години по стандард и куповна моќ ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција. Епа тие си работат, нив не им е крив Ојлде - Дојле.
Словенија не се споредва со Македонија, никогаш нема да ја достигниме, што е потрагично ни Србија нема да ја достигниме си терат со Русија и Кина Уставни измени ќе има затоа што тоа е веќе свршен чин, а нема ништо да направат Грција затоа што не беше кажано северна се крева прашина за ништо, а се заташкуват реалните проблеми
Не сум дечко, имам доволно години да не сум дечко, а јас за поразот си кажав уште одма, наврати се пет шест страници назад и ќе видиш дека одма им го признав поразот на Фениксгирл и уште некоја не знам која беше.
Ако си се навратила барем малце би видела дека одма признав, ти си лупаш по пустина, ни си видела, ни си чула, само плесни си некоја глупост.
Талат кажуваше заклетва за претседател на собрание 2017, тогаш не беше сменето името, името се смени после преспанскиот договор кој се случи јуни (мислам 27 беше) 2018.
Дај бе смири малку емоции се напна тукаоди во штаб објаснувај се, барем ќе собериш некој политички поен, релаксирај сеако не ти се бендисва имаш свет надвор. Сите што не мислиме како тебе со недели не напаѓаш. Олабај малку
Немам книшка ни одавде ни оданде, а ако сакаш некого да си дриблаш и исмеваш, за жал на грешна црква се прекрсти.
Кој те исмева? Леле аман сите се против тебе, дај жити се стварно relax малку ова е форум, секој си има свој став, и некој ако има различен од твојот не е толку страшномногу лично се си сфаќаш
Се што се извезува како поморски транспорт оди преку Грчките пристаништа, многу помалку низ албанските, а не верувам дека некој троши до Бугарија да пушта превоз. Иди прочитај у 18 месеци у 95та колку сме изгубиле од економското ембарго, 2 милијарди евра...
Дали сме горди наши? Ама секако, кога доаѓаат вакви лапсуси од вмро ќутенката е од сите. И за "нашата земја", и за ова, и за албанизирана Влада, итн.
Ова е ,,нашата земја" на вмровски начин. Ако пишеле Македонија, ќе им се налутеа од надвор, ако пишеле Северна, ќе им се налутеа ,,гордите" од внатре. Најдобро вака, само знаменцето, без името на државата.Ееее, на прошлите избори овие името ќе го враќаа.
Мое мислење е дека за времето на Зајче беше најдобро, откако дојде Таче се замина по вода. На времето од Зајче, СДСМ освои 46 пратеници, 2021 освои 20 општини, сега на парламентарните не освои ниту една. А вака ко што тргнале, ќе ја смрсат работава и Вмро.
За враќање на името.... Се уште чекам... Да не вадам пасош со Северна за џабе. "Повторно горди и Македонија повторно ваша"-изјавата на Гоца јас така ја толкувам, ама па не сум многу паметна, не знам.
Мислам дека е време да се помирите дека се смени сдс и дека е вмро е на власт. Уште не е оформена владава, 300 работи извадивте. Чекајте нека се оформи па после копајте им очи. Ако се лоши има следни избори па нека им се деси бетер од сдс. Има и други опции за гласање.
Да многу беше убо во времето на Заев, зато Струмица го казнија, се отепаја од рекет во фирмите, преубо им беше...а како дојдоја на власт сите знајме, и како стигна некој да е премиер кога народот не го гласаше? Со кое право имавме премиер на држава кој не победил на избори? Таче е крив, а Заев светец...сите исти се, Сдсм самите се пропаднаја, кадарот им е преслаб и дозволија Дуи да раководи со државата. Не дека овие другиве ќе бидат поарни..
Мислам дека е време да ги извадите розевите наочари и да гледате што прават на уште неоформена Влада и целосно преземена власт. Не им ги вадиме ние работите, сами си ги прават. Еве пример да прашам, утре ќе се влегува насилно во Собрание? Или сега не смета Албанец за Претседател на Собрание?
Стварно ми е жал за вас. Јас не се опседнувам што прават, следни избори идам гласам за друг. Уште дома што не им влеговте.