Чудо и што воопшто гласаш на такво неопседнување. Поентата ми беше друга, ама нема врска, во друга насока тргна.
И требаше првиот ден претседателката да се изглупира. Само прави резили. Ни штиклите не ги соблекла веднаш глупости. Сега за сега им оди многу лошо а ни премиер не е избран.
Не знам каква личност е Гаши али секој е подобро отколку командант Форина, кој беше дел од војната во 2001 и заради кој умреа многу наши татковци, браќа, синови... Не знам како можите да се залагате дека тоа што Сдсм стави човек кој учествуваше во војна против нашиот народ ви е ок. Чисто информативно прочитај колку луѓе загинаја во таа војна во која беше спикерот кој Сдсм го поставија. И во неговата достапна биографија можеш да најдиш дека бил учесник во Она Али нејсе важно е само да се контрира без да се увиди реалноста.
Чисто информативно, Грујо му ја започна кариерата ставајќи го министер за одбрана. Замисли, некој кој војувал против ова министерство, да стане министер на него.
Зборувам од човечки аспект, еве мене лично не ме интересира дали е албанец, ром, македонец, влав.. ме интересира дали ќе направи нешто, од која што сака партија нека е, и нормално да не војувал против народот на кој му е спикер на собрание. Малку мизерно е некој да се борел против нашиот народ, а утре да е на собраниско столче. И мило ми е што Дуи нема да се во власт. А знаеме Сдсм дека се продадоја за пуста власт. Самото то кој беше спикер кажува многу. Подобро да беше Бујар Османи. Сите кој изгубија некој во 2001 прашај ги дали сакаат командант кој буквално ги уби нивните најблиски да седи на врвот во сообранието. Заради тоа Сдсм изгубија и уште долго ќе им треба да се реформираат за да дојдат на власт. А дали ќе кажи северна или не, многу битното. Секако сменето е името и уставни промени ќе има сакале ние или не тоа е реалноста.
Нормално дека ми е мило дека падна дуи, но нема ништо да се подобри. На собраниски столче не, а на одбрана ако? Иначе ај не годинава (иако се спомнуваше во некои наврати) кампањата 2019 и 2020 не беше ни стево ни гордана туку беше името. Се изнаветуваа а еве сега премолчуваат.
Кој ќе биде за одбрана? Еве конкретно се шпекулира дека за здравство ќе е Таравари, нека биди човекот е невролог, еден од подобрите во Македонија. Што е важно толку дали е некој Албанец, претходно повеќе од пола министерства ги водеја Албанци видовме какви им беа одбраните кадри... важно е дали личноста е компетентна за местото на кое е поставена. И пак ќе ти кажам која нормална држава би ставила човек кој се борел против неа на висока позиција? Тоа го направија Сдсм, го предадоја народот за пусто столче. Не дека овие се подобри ќе видиме што ќе направат, ако не ќе си ја добијат заслужената казна како претходно
Е овој е Гаши.. па вие мислете дека нешто ќе се смени во државава. Не сум ни за едни, ни за други, туку само доволно реална дека сите се исти г****
Абе и сегашниов министер за здравство е добар специјалист инфектолог, па не гледаш што прави? Поставува директорка што не зборува македонски јазик, прави хаос во здравството. Во ред е тоа? Каде живееме ние? Зборот ми е, што фајде ако е добар специјалист, а прави хаоси. Ај да видиме во иднина како ќе биде. Мислам дека во здравството пак ќе се вработуваат Албанци. Ти не мислиш така?
Ќе се вработуваат ама тој што ќе се вработи да е стручен. Без разлика што е и кој е, ако си ја знае работата. И во македонците има стручни, и во албанците има стручни. А тоа како се вработуваат се знае, и кој да дојде на власт ќе биди исто. Јас и ти и другите за кој и да гласаме непотизам, и вработувања под клуч ќе има. И? Што ти е поентата на прашањето? Ете кажи ние како поединци што би промениле? И Бујар беше министер за здравство еден од подобрите министри заедно со Положани, двата албанци. И Тодоров беше па направи хаос со плаќање по учинок затоа што човекот е правник, а не доктор. Не може правник да ги знае проблемите во здравството Така да...да дајме шанса да видиме па да наградваме или казнуваме. А тој систем со економски директори го воведоја во времето Сдсм само за да се пикни албанскиот кадар, а дали се потребни тоа е друга тема.
Стручност во нашава држава? Ха, сериозно? Дај Боже да биде така. Еве ќе видиме. Ти кажав што ми е поентата. Нема врска што е тој и тој одличен специјалист кога на министерско место игра како што му свири партијата.
Ама нели НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА? Какво е тоа ,,С" до ,,Р"? Да не судиме предвреме, можеби под тоа ,,С" мислеле на силна. Силна Македонија.
SILNA MAKEDONIJA Off shto mi e milo i kolku sakam sega da im go vidam likot na onie shto mislea deka ke bide nesto podobro so PATRIOTIVE
Па требаше да увидат на грешката и да не го стават во собрание, не само што го ставија туку и уште полошо го направија технички премиер. Сами си се уништија