Мене па баш често ми излегува во вести. Дали она, дали изјава од кабинетот... Имаше и подолго интервју на канал 5 пред некоја недела беше мислам.
Gi snema be i nea i Milošoski slabo go gledam Nikola Micevski isto... Novinarot na Alfa Momiroski so vodeše Zaspij ako možeš so godini verglaše proetiv SDS ke ima odgovornost ova ona op dojde novata vlast se namesti u kabinet kaj Gordana od togas ni traga ni glas od nego izgleda ubavo mu e
Гордана е избрана да биде верна и да му служи на народот, притоа и да го известува народот за секоја нејзина одлука, не да дреме на Водно и да игра како што ќе и свират Мицко и Гаши.
Точно избрана е да му служе на народот не да биде како претходниот кога беше безгласна буква, ти да не беше на водно да ја гледаш како игра?
Да да местени, кој губе секогаш наоѓа изговори без да се погледне во огледало зошто изгубил на избори
2017, 2019 и 2020 што правеа вашиве? Никола 2017 на пресот уште што не заплака откако излегоа резултатите, а Стево Пендаровски и Заев 2014 уште во 18 и 55 беа спремни за прес и точно во 19 часот си кажаа дека нешто не бива со резулатите. Не е можно за само две години до толку да се смени желбата на народот и од толкавата разлика во пратеници 2014 до само два во 2016. Не знам, мене ми мириса.
Ти мириса на шарени куртони кои ја превртеа државата и со целосна подршка на западот ги изгубија изборите 2016, ќе си се тешите со резултатите од 17, 19 и 20 во наредните 30 години
Ахахахахахаха, зезаш така? Абе ти си забораил изгледа дека Зајко прославуваше победа така? А изгуби многу си смешен човек.
Па вие немате ни на што да се тешите со избори кои наликуваа на диктатура, дури и братот Ким правеше подемократски избори од вашите. Сериозна си бе? Ти си најточната дефиниција за апсурдност. Ако си заборавила еве ќе те потсетам или сама потсети си се, пиши на фб Изборна ноќ 2020 Сител и гледај го целото, обрни внимание на тоа како вашиот светец и спасител, (можеби наскоро и втор Исус ќе го наречете) славеше победа и покрај резултатот кој недвосмислено го покажуваше победникот.
Хахахахаха јао мајко, мислам дека е редно време да се вратиш во реалноста и да прекинеш да мислиш дека сите што се против твојот “херој” Зајко, се автоматски вмро. И дај веќе долго време те држи делулуво. Излези од него за твое добро, пошо апла се губиш со теорииве.
Продолжуваш со апсурдот, мислиш дека ако некој не го поддржи твојот Мице одма е излезен од кај Зајко од штаб. Па за време на изборите тоа лудило беше, хаос, мислам дека форумов во тоа време го збогати со најмалку 200 мислења во кои мораше да спомнеш дека сум излезен од кај Зајко од штаб. А добро ете Зајко според тебе ништо не направи, Пендаровски такуѓере и да го баталиме минатото, ајде просветли ме и кажи ми што направија твојот светец и светица за овие 3-4 месеци и што ќе направат до 2028 односно 2029.
Дечко, олабај ме. Па ти го нарекуваше “херој”.. ти викаше дека изгинал за државава, заради него сме влегле во нато, по цена сите да го мразат. Па спамаше во темана колку е “херој” твојов Зајко. Ја никаде не го одбранив твојов Мице што го спомнуваш цело време, затоа пролистај што е дефиниција за апсурдност па обрати ми се. Фино лепо а богами и заслужено си изгуби овој твој “херој”. И тоа со дебакл, како и што му доликува. Исто го чека и твојов Мице, што си се опседнал со него упорно. Пак ќе кажам, не се сите за Мице ако се против “херојов” твој. Алии шта чеш, дур има овци, ќе има и волна.
Требаше да изнесе став за интерпелацијата на Гаши, бегството на Рамадани, а не да читаме дека ете денеска некој амбасадор и бил на гости и зборувале за ЕУ, а ние од ЕУ сме милји оддалечени. Нели ќе биде претседателка со став и ќе критикува?
Важи другарке, ти само продолжи да си ги гласаш твоиве па нека го направат рамноправен албанскиот со македонскиот притоа твојов вика дека тука немал што да направи. В година ова време ни следува доста интересен период, во кој да се надеваме твоиве и гласачите на твоиве ќе се спуштат конечно на земја, а дотогаш леп поздрав и чао.