Кај нас на работа ќе исплаќаат празнична дневница, затоа и пишав. Не можи за едни да е неработен ден, за други најобична среда а за трети работна среда со празнична дневница.
Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите. Некои услужни дејности како супермаркети, сендвичари, трафики, бутици за облека и книжари веќе најавија дека 24 април ќе биде работен и тој ќе им биде дополнително платен според додатокот за прекувремена работа регулиран со закон. Одлуката на Владата за прогласување на двата изборни денови за неработни предизвика полемики кај правниците и синдикатите. Правниците сметаат дека Владата со заклучок не смеела да прогласи неработни денови и да не ги почитува Законот за работни односи и Законот за празниците.
Како и да е, штом сме на работа, на работа сме, па каква дневница ќе исплатат, таква ќе биде. Ќе се убедуваме овде...
На Стевчо син му и снаата веројатно живеат во Америка. Спомна долари, дневница, немало електронско гласање за да не губат ден. Максим трипати упати навреди кон Стево, овој не врати.
Максим имаше моја поддршка до неделата, ама кога видов дека си се смешка на секоја глупост и ги исмева Стево, Гордана и Биљана се ми беше јасно. Стевчо беше убедливо најдобар.
Работам офис менаџмент и финансии и имам вработени што утре ќе работат, ги пријавив во трудов инспекторат регуларно исто како што го правам тоа на секој празник и при пресметка на плата (во консултација со консултантска куќа) на вработените утре ќе им плаќаме 100+150% исто како што тоа го правиме за празник. Тој што нема да исплати како да е празник апсолутно го крши ЗРО и колективниот договор. Тие што работите, немојте да премолчувате и да дозволувате да се богатат на ваш грб капиталистичкиве говеда кај нас.
Си имаат направено рачуница и изгледа повеќе им одговара да сте слободни. Ама ај, подобро така, почесно е тоа, отколку да те експлоатира за без пари. Тоа е во крвта на нашиве “претприемачи”.
Фејзбуков е преплавен со вести за резултати. Овие од болни, немоќни лица, лица во притвор и затвор знам дека не се точни оти тие се префрлуваат во општината од каде доаѓаат и ќе се избројат дури утре вечер заедно со останатите. Овие резултати од амбасади низ светот не знам. Можеби се точни но искрено ме верувам, би требало и тие да се бројат утре.
Мене искрено највеќе ме плаши сценариото Албанец во втор круг и амебиве сдсмовски кои би гласале за братот зашто видовме дека за пари и фотеља и роденото дете би си го продале . Гога секако влегува во вториот, ама Стево ми е ептен сомнителен, рејтингот му паѓа, а и во кампањата не се натегаше многу. Повеќе како изнудено решение излезе. И тој некако делува дека неволно прифати зошто немаат веќе неекој со чист образ да предложат, сите се до душа и се свесни дека пропаѓаат. Максич ми е ја го викам "патриот на батерии" иако сум имала многу позитивно искуство со него и сеуште е приступачен и нормален, ама не е доволно образован и намачкан. Искрено неумее да краде, сите глупости му ги открија бидејќи сите што ги има собрано околу него се некомпетентни. Уште ја зел Бендевска со него... Преголем залак е ова за него, ептен се залета. Стевче е премногу намачкан транзициски политичар и не би го гласала. Ванковска ми е единствена без валкан политички багаж. И на доктори воопшто не им е место во политика, а не посебно на вакви со скриени намери.
Не се ездеесовците секогаш злото на државата. Само да ве потсетам дека 2019, вашата Гога јавно изјави дека ако ипадне во првиот круг, таа ќе гласа за тогашниот кандидат од АА, Блерим Река.