1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Тема, што ќе биде доста актуелна во следниов период.
    Еве ги веќе и порталите со првите информации-неофицијални.

    Според одредени информации деновиве се прави телефонска анкета за можноста Ставрески да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, пишува Утрински весник.
    Ќе влезе ли актуелниот министер за финансии Зоран Ставрески во потесната внатрепартиска трка за избор на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата за изборите што треба да се одржат на пролет наредната година? Оваа дилема се наметна откако во јавноста проструија информации дека деновиве се прави телефонска анкета преку која се испитува мислењето на граѓаните за можноста Ставрески да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

    Содржината на анкетата го отвора и прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ се оддалечува од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, односно не планира да му довери кандидатура за втор мандат за шеф на државата.

    Според информациите на „Утрински весник“ анкетата била спроведувана минатата недела, а главниот фокус на прашањата бил насочен кон популарноста и мислењето на граѓаните за актуелниот министер за финансии Ставрески.

    Во ВМРО-ДПМНЕ ги негирааа барем официјално информациите дека партијата спроведува телефонска анкета за можен кандидат за претседателските избори. Велат дека нивната партија никогаш самостојно не спроведувала анкети. Во неколку специјализирани агенции за мерење на јавното мислење одбија да ни дадат информација дали владејачката партија е нивен клиент за тоа прашање. Во ВМРО-ДПМНЕ се прилично затворени на прашањето за претседателски избори, на можните кандидати кои би влегле во внатрепартиската изборна трка и на подготовките за овој изборен процес, иако до претседателските избори остануваат осум месеци.

    Анкетата следува веднаш по критиките од јавноста упатени до претседателот Иванов поради пораката што му ја упати на турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган дека „срцето на Македонија е со неговото“, односно дека Македонија го поддржува во борбата против демонстрантите во Турција против неговата политика. Во истиот период во јавноста беше објавена анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), спроведена по нарачка на Кабинетот на Иванов, според која речиси 60 проценти од испитаниците сметаат дека македонскиот претседател води добра политика и работи во поглед на разрешувањето на спорот за уставното име, кое што се јавува како главната пречка на македонските евроинтегративни процеси. Помал е процентот на учесниците во анкетата кои што се задоволни од тоа како Иванов ја води надворешната политика во рамките на неговите надлежности што му ги овозможува претседателската функција, односно 56,2 отсто, наспроти 30 проценти кои имаат негативно мислење и 13,8 отсто кои се неодлучни.

    Ваквата анкета во политичките кругови беше протолкувана како порака до владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ги има предвид овие резултати, при изборот на партискиот кандидат за претседател на државата.

    Во Македонија, од нејзиното осамостојување до денеска, само поранешниот претседател Киро Глигоров траеше два претседателски мандати, но само еден беше добиен на непосредни претседателски избори. Првиот мандат покојниот Глигоров го доби по избор на републичкото Собрание.
     
  2. Skadrina

    Skadrina Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Jas sum za Stavreski,odlicen izbor;)
     
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас на пример повторно би сакала Иванов да се кандитира. Човекот барем знаеше да излезе и кога е потребно да си го каже директно она што го мисли. Ме нервира она албанците што условуваат, ваков таков кандидат. Аман бреееееее во албанија ете имате кандидати, што ни се мешате овде, со 15 % што се
    во државата бел ден не видовме од нив, а тек па ние да бевме 15% а тие другиот дел, до сега сите во концентрационен логор ќе бевме пратени, а не услови да поставуваме.
     
    На Dea8 и Madam-A им се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Мислам дека треба повторно да се кандидира Иванов. Вака пред камерите човекот ми делува скромен, ама од друга страна, пак, директно кажува што мисли. Го видов и на една манифестација, човекот ми делуваше така скромно.
    Ставревски некако не го гледам на таа позиција, не ми е човекот за претседател.
     
    На Dea8, Snow-Queen и Elissa им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    И јас сум би сакала повторно Иванов да се кандидира.
    Вчера малиот ми плачеше па баш и не дочув на ТВ ако чув петиција собирале за он да се кандидирал....така нешто, ама не ме фаќајте за збор не сум сигурна.
     
    На tessie, Elissa и Dea8 им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Иванов ќе биде повторно и кандидат, а потоа и претседател, уште еднаш. Колку што имав можност да слушнам од луѓето сите имаат позитивно мислење за него и би го поддржале, исто и јас.
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ВИДЕО Ѓорге Иванов избран за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ..........

    А Кекеновски го п....и.....................................................
    http://okno.mk/node/35774
    Хармоникашки сон...јован кекеновски
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Јас мислам дека Стево Пендаровски има шанси за победа. Го ценам како интелектуалец, како експерт многу често дава изјав по медиумите. За Иванов да, скромен е и се познава дека е добар во душа, ама нема капацитет за претседател. ЕДнаш јавно сам не се огласи за општествените појави во МКД, да даде изјава, да предложи решение. Ништо.
     
    На Buterfly2576, girl1985, cigarce и 6 други им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Согласно член 81 од уставот на РМ, кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи ИЛИ најмалку 30 пратеници.
    Што правеа со вчерашната т.н. СВОЗ АКЦИЈА за Ѓорѓе?
    Па се знае...први други..преброј се.
    Поздрав од Бјело Думе -„Сви марш на плес“
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Со оглед на тоа што на претседателот функцијата му е сведена нешто слично на Мис Универзум, сакам претседател што ќе биде убав! Некој што изгледа авторитативно, висок, исправен, со бела коса и да не е дебел.

    Актуелниов не ми прави мерак. Ај што нема ниту еден од претходно бараните атрибути (освен малку бела коса :D ), па и нигде го немаше претходниов период. Ми се чини дека само Бранко беше попасивен од него.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    Глупости ... Апла СДСМ-овски портал :D
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Апропо претседателски избори, па и предвремени парламентарни посакувам секој ВМРО-овец за секоја своја глупост да го прати лоша карма десет генерации!
    Да кажат како ги решаваат прашањата на стечајците и слични ми ти добротии, а отпуштаат вработени, токму понеделнички од ПРИВАТНИ фирми во кои владата има мнозински пакет на акции и при тоа ВРАБОТУВААТ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ?!
    Некој да одговори на ова прашање и нека ми каже како се брани македонштината вака? Каде е патриотизмот тука? Каде е човечноста тука?
    А сите оние кои со драго срце ќе го дочекаат тоа свое вработување нека размислат колку ќе ги чини.
    Значи денес од неколку фирми под изговор - ви истекува договорот и не го обновуваме, а интерните информации од шефовите кои со тешко срце ја соопштиле веста се следните - партиски мора да влезат...
    Епа чао!

    Толку сум бесна денес како капак на се. Од ПЕТ, повторувам ПЕТ различни страни, ПЕТ драги луѓе добија откази со истото интерно образложение и шефови кои викаат - не е до нас, избори ... А да не кажувам дека сите се високо образувани на познати светски универзитети и невидени искуства, а на нивно место доаѓаат луѓе без голем одмор школо.

    Ако не се направи промена на овие претседателски и парламентарни избори да знаете дека сме осудени на пропаст! Мислете му ја како гласате!
    И за Албанец би гласала само да се смени оваа жабокречина!
    Одвратната насмевка на Грујо и кутриот Иванов веќе ми се преку глава.
     
    На ariela09, girl1985, Anne.B и 15 други им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Штета што не успеа да се кандидира жена за претседател.
    Ѓорге нема харизма, Бранко е веќе виден, Киро Глигоров веќе го нема, албански кандидат не доаѓа в предвид... Да беше жив ќе го предложев Кочо Рацин.
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Зоран на насловна - ДНО!

    http://www.plusinfo.mk/vest/127992/GROM ... na-Karposh
    до тука ли стигна Зоране?

    Како ли си дозволи од угледен професор, научник и интелигентен човек да се доведе до ваква насловна?
     
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Млада сум, може не ми е местото тука али морав.. Ради овие проклети избори остана близок без работа. Изговор - така ни кажаа од горе! Ма ајде молим те, ти кажале од горе. Бркаат 800 души од фирма, пред избори 300 вработувања во истата. И нели тука влагаат потрчковци на партијата и така они се савршенство без мане. Битно се погрижиле невработеноста во Македонија да не намали (y) . Утре сабајле..
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    За жал се случува и таму каде што Вадата има помал пакет на акции.
    А како им успева? Е па со уцена! Ако сака странецот да му помине некоја за него одлука, мора да се сложи со барањето да се смени дел од кадарот. И прифаќаат, затоа што за нив тоа е помало зло. А за нас поголемо нема.

    И ова се случува во приватен сектор. СТРАШНО!!!
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Само не знаат дека тоа е мобинг и дека има и начин како да се бара анонимно заштита од една странска амбасада.
    Башка што еден другар од засегнатите веќе собира документација за политички азил.
    Епа молим лепо!
    Е овака држава. Кога за нив си само бројка и глас, за да може да се уновчат после тие, а тебе да не ти биде мирна душата до следни избори.
    Пак ќе речам, до нас е. Какви морони сме те тие што го поддржуваат сето ова само за сопствен задник, а немаат вода во очи, па ни образ седејќи по штабови.
    Зошто не протестираат? Колку сака нека е аргументот ви завршуваат договорите? Зошто не му пишеш бе на лудиот Саше Политико. Можда е нетачен и можда не е новинар, ама има храброст, ако ти немаш!

    А знам дека е и секаде затоа што веќе го доживувам притисокот на своја кожа. Сите се уценети. Се чувствувам како некој да ми ја земал слободата, не можам да дишам.
    Како што ми се гади последниве 10 дена со цела полиција излезена на улица. Не се чувствувам безбедно, се чувствувам угушено.
     
    На Anne.B, SparkyAngel, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Јас ќе гласам за Стево Пендаровски и ич не ме гајле кој стои зад неговата кандидатура. Треба да сфатите дека гласаме за човек, а не за партија кога се претседателски избори во прашање. Хорхе е ептен потчинет и слеп послушник, мислам дека Стево има огромно политичко и дипломатско искуство и тој треба да биде новиот претседател.

    Сепак се чини дека повторно партијата ќе преовлада и Хорхе ќе тера уште 5 години, значи уште толку години потсмев и резил на светската сцена. Ни треба претставителен претседател, а сметам дека Стево може да придонесе во тоа да македонскиот претседател конечно е препознаван по светот, а не да имаме дрво претседател кој никој не го есапи ни 2%. :D
     
    На anichka94 и Kaley им се допаѓа ова.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    ^А Пендаровски не е партиски определен? Или?
     
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не е партиски определен. Извршувал функции и кога ВМРО и кога СДСМ биле на власт, башка бил советник на 2 екс-претседатели (Црвенковски и Трајковски). Аман веќе, излезете од тој е*ан партиски шаблон кој ви го поставуваат и двете партии. :D На партиските војници на ВМРО да им се предложи магаре за претседател, магарето ќе го гласаат, исто важи и за СДСМ-овчичките. :D Едноставно тоа е тоа, тврдо гласачко тело е тврдо не може да размислува и да има сопствено мислење. :D Кога се бира претседател, треба да се гледа неговата личност и досегашно искуство, а не тоа која партија стои зад тој кандидат. Претседателот ќе биде еден ист за сите, додека знаеме дека премиерот кој и да е повеќе ќе гледа за неговата партија. Ќе биде интересно како и да е, бираме претседател и премиер за месец и половина.

    Реално што направи Хорхе за овие 5 години? Океј мирен (и примутав) си беше човекот, немаше никаков скандал, супер си го истера мандатот. Освен што си намигнале со Обама кое друго достигнување има? :D
     
    На SparkyAngel, BoaVista и makedonkamak им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.