Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Сега приметив дека Иванов на секој митинг ЧИТА,ЧИТА луѓе,страшно.Значи ни на секунда не ја дигна главата, како стихотворбен рецитал...жива брука!
    Срамота ваков кандидат па уште, ако победи јасно ке е колкав дел од Македонија се изгубени, заслепени луѓе :x .
     
    На Lilit, Anne.B, silvice и 8 други им се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    https://www.youtube.com/watch?v=nN5ps3kuG6U

    Овој претседател брука за Македонија :x
    Кога ќе се освести овој народ се прашувам?Ваков ли претседател и е потребен на Македонија?
    Човекот нема речник,разлика Стево-Ѓорѓе 100-0.
    Стево освојува со самата појава,толку пријатен човек,стабилен,спремен за промени.
    Ѓорѓе?А отвори уста не брука сите.Не е крив он и него го форсираат.
    Никој не ми гарантира дека новиот претседател ќе промени на подобро,но од Ѓорѓе веќе сме виделе што направил така да нема што да загубиме.
    Ни останува само да се надеваме кон подобро,а тоа го може само со поинаков избор во спротивно одиме кон дното- полека но сигурно.
    И доколку победи ВМРО,што по секоја цена ќе одат кон тоа,тоа ќе биде само уште еден мандат.Толку!
     
    На Domakica, curious-doll, f.e.m.i.n.k.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Интересeн е последниов клип :D ако не не насмее џоле кој ќе го направи тоа.
     
    На f.e.m.i.n.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Стево ќе си победи не се карајте и расправајте, стоп за политиките на поделба. ;) Кога победникот е извесен џабе се сите спинови и црни магии. :D Фокусирајте се на парламентарните избори пошто таму ќе биде интересно и неизвесно, башка од денес почнува кампањата.

    Хорхе ќе биде синоним за претседател кој изгубил најубедливо во историјата на претседателските избори. :D Башка и ќе биде запаметен како продолжена рака на партијата на власт, а не како вистински претседател на сите граѓани.

    ВМРО ослепени од моќ и изгубен допир со реалноста and on top of that нивната самобендисаност мислеа дека кој и да кандидираат ќе победи само затоа што они застанале зад него. :lol: Епа овојпат ептен го потценија народот и јако ќе им се одбие од тврдоглавата глава.

    Народот препознава квалитет и интелект и знае кој има претседателски и лидерски способности, а кој е партиски послушник што не умее да зборува и чита од ливче, а за шарм и став да не збориме. :D

    И бидете среќни што Стево ќе биде претседател затоа што тоа ќе биде мојот, твојот и на сите нас претседател, не само на оние што го гласаат или на оние од чија партија доаѓа или стои зад него. Да живее слободата, да живее демократијата и ќе славиме уште малку. :D
     
    На Kaley и anichka94 им се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Како да гласам за Стево кој си го сменил сопственото име, а што преостанува за Македонија?
    Како да гласам за Стево кој сака да придобија со солзи, зборувам на говорот од жената му?
    Како да гласам за Стево кој цели кон Албанците... Тука се неговите гласови!

    Не, никогаш нема да гласам за него, барем од двете зла ќе го одберам подоброто.
    Хорхе е барем добар човек, по фаца му се гледа, а Стевчо доста отракан, се гледа дека е стара лиска.
     
    На Nati.P, vickyy90, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.930
    Допаѓања:
    108.238
    Пол:
    Женски
    абе кој Стево ајде нека ви дојде памет :fubar: кој ли уште им верува на овие им се чудам на паметот

    инаку , дајте линк од митингот на ВМРО во Скопје да го гледам во живо од интернет плс :)
    браво бе вики , потпис ти ставам на постов , јас незнам тие што направија па им смета ова , им сметаат спомениците , ќе гласаат за албанци , ај албанец нека гласа бе за некој наш , малку стајте си прст на чело пред да пишете нешто. Уште еднаш браво Вики :hai:
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    http://kurir.mk/ ете подолу имаш во живо пренос ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Гледајте на МРТ1 претседателска дебата. Не е во живо, снимка е.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    А дали знаеш дека благодарение на Бранко Црвенковски Стево Пендаровски денес е жив?Вечерта на 25 Февруари 2004 година Бранко му се јавува на Стево тогашен советник на Борис Трајковски и му кажува утредента да не се качува во сега урнатиот авион заедно со загинатата делегација!Ова не е приказна туку јавна тајна која ретко кој ја зборува во јавноста.
     
  10. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Тајна нарекува нешто што цел месец кружи по порталите.
    Нормално дека не се качил на авионот кога ден претходно со дозвола на Трајковски бил испратен во Даблин како дел од делегацијата на Црвенковски. Како дошло до тоа можеш ти да нагаѓаш и да шпекулираш, ама да истапуваш така сензационалистички со чаршиски муабети бранко му се јави ноќта на стево и овој не отиде на аеродром и да очекуваш некој да те сфати сериозно... Мислам...
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Имаме и некој разузнавач на форумов, некој во разузнавачките служби јеееј. Што не ќе направат да оцрнат човек на кој кариерата му е без дамка. Од каде се најде оваа информација за Б.Ц и Стево? Јас ја немам слушнато, а чинам и на добар дел од македонската популација. Од кога и каде протекол овој муабет? Го немав овој слушнато до сега :^)
     
    На danielka0507 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  12. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Па сигурно дека не ќе го гласаме Пендаровски.За тоа што го шпекулирате на форумов,мислам стварно потребни се докази и тоа силни за такво нешто да се тврди.Можеби и е така ама ние тоа не можеме да го знаеме со сигурност.Зборот ми беше нема да го гласам од таа причина што тој е само обичен фалсификатор и тоа да ако се сеќавате на претседателските избори во 2004 година кога Бранко стана претседател.Е тогаш тој направи фалсификат и благодарение на тој фалсификат Бранко беше претседател.Па Пендаровски не е ново лице туку уште една марионета на Црвенковски преку која тој сака повторно да се издигне,а оваа кандидатура му ја дал како оддолжување за она што тој го направил за него пред десетина години.Не ги бранам ни вмро ама луѓе како и да е секако дека откако тие се на власт многу повеќе се направи за Македонија.Па вие само одлучете си кој навистина заслужува да го добие вашиот глас.А ете од друга страна Ѓорге е почитуван и истакнат професор посветен на своето семејство,посветен на народот,посветен на Македонија.До пред некое време и јас бев на таа теза да не одам да гласам ама кога човек поубаво ќе подразмисли зарем со тоа што нема да излеземе да гласаме ќе направиме добро за нас.Не со тоа ќе придонесеме повторно да дојде на чело бранковата диктатура и се да се врати по старо.Затоа што размислете денешнава власт се уште не може да ги среди сите матни работи кои што ги направила минатата влада на чело со Бране.Па тоа е тоа сега барем и невработеноста се намалува и колку толку се модернизира секој град и секое село,се промовира туризмот и со тоа се прави и поголем буџет на државата.Па секако наше е да размислиме убаво каде нашиот глас треба да оди.
     
    На Nati.P и vickyy90 им се допаѓа ова.
  13. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    4.411
    Пол:
    Женски
    Вашиот глас треба да оди таму каде што ви кажале од дома. ;)
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166

    А ти да не беше телефонот со кој Бранко му се јавил на Стево?
     
    На anuskaNESTLE, Anne.B, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  15. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    http://mkd-news.com/trojtsa-sovetnitsi- ... za-mostar/
     
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Аман со бранко веќе.мислев човекот ќе си се пензионира и нема да слушам веќе за него.ама не бе.ушуѓ ви е трн у око.
    ПС. у вакви текстови од провладини медиуми не верувам!
     
    На Anne.B и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  18. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ме нервира најмногу е тоа е што секој секој мора да убедува за кој ке гласа и со тоа да даде на знаење дека "ете така е најисправно да се гласа,а ти си будала ако не гласаш како мене", дали ке дочекаме и ние кога секоја партија или кандидат ќе испадне без никаков притисок, ќе си ја каже својата програма, ќе се придржува кон истата, а народот сам по свое убедување ќе одлучи кому ќе му ја довери довербата. Знам дека се потребни реклами како за секој производ така и за промовирање на партија, но ова нашето ги помина сите граници....ова не се реклами, ова се селски тети кои зборат за онаа....
    Ако владата е убедена дека добро работи и дека поголемиот број на граѓани се задоволни од таквиот начин на работа, зошто е потребно истиот постојано да се потсетува на тоа, и да се контролира стопати по телефон дојди ваму, мора таму, собери уште толку, па тоа нели е понижувачко за своето членство, па чекај значи јас не сум свесен дали ми е убаво и колку ми е убаво, остави ме сам да кажам, па дали тоа ти се допаѓа или не твој проблем, нека секој се потруди да го добие гласот спрема заслугата......... И да какво е ова "власта сама си бара предвремени избори?????" абе бара опозицијата а не власта??? кој добро работи ќе си истера мандат, нареден пак ќе си го гласат еве уште еден мандат..... Најжално од се е што и ако има некој квалитетен кадар, си се трга настрана од овој циркус....тешко на нас народот....И ајде сега се промовира минимална плата 8,800 како "голем успех", би сакала некој од политичарите да ја каже формулата за преживување со 8,800,?? значи дури и да има невработеност =0 тие 8800 не се доволни за живот и пак луѓето ќе бараат чајре во светот....а и таму богами не е лесно....значи кој мисли за народот??? затоа ЛУЃЕ НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ И МНОГУ ГЛАСАЈТЕ СИ ПО СВОЕ УБЕДУВАЊЕ....
     
    На Sky-butterfly, PussyHunter, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  20. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    е прашувам зошто залудно фрлаат пари и ја трошат државата кога се знај кој ќе победи! Кај што има сила правдина нема тие што се научени со неправда и лаги да одат понатаму не можат да се сменат, жалосно е но воопшто не го жалам народов што со глава оди во ѕид, што да прават кога овчарот ги раководи овциве како што сака...сите подпаднаа на стрижачиве да ги стрижат како што тие сакаат без да можат потоа да се погледнат во огледало да видат што е со нив...ова не е народ овции...и воошто не ги жалам кога има паметни овчари мора да има и глупи овци! :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.