Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Со вакво однесување и јавно изразување на своите квалитети и способности се прашувам до кога ке не срамоти кај ке стигне. Со ваков речник и стил на изразување и Јанко Јади бурек би бил подобар претседател од него. :) :) Жалосно, каков човек не претставува нас во светски рамки.
    http://www.youtube.com/watch?v=9cFSIFHs8Sk
    http://www.youtube.com/watch?v=qrrRU_Q6EOw
    Кина е голема држава. Претседателот на Кина е претседател на голема држава.... Неслучајно е тој претседален на Кина :D
     
    На babyblond и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Веројатно мене ми се обраќаш кога ја коментираш оваа слика. Само ќе ти кажам дека верувам на народот. ;) Слободно теши се дека е фотошоп ако ти е полесно. :lol: Ќе ти беше подобро да си ќутиш пошто пред фактите и боговите молчат. Колку точно народ имало појма немам, ама знам дека имаше многу. И еве ти видео овојпат, ај кажи дека е видеомонтажа.
    http://www.youtube.com/watch?v=jyG0w9DQRJI
    А ти продолжи да веруваш во сопствените лаги или теши се со владините медиуми и портали, а тоа е дека вмро ќе победи убедливо со 62+ пратеника. Ајде само нека поминат изборите и се да се види веќе пошто буквално сите се вклучени во пропагандата и 24/7 лажат и сушат како двојната победа на вмро е на повидок, а и сами едвај веруваат во тоа ама за пусти пари се ќе кажат. :D А за тоа дека Иванов ќе победи е тука е адекватно да се употреби смајлито :fubar: Како ниеден претседател до сега беше предмет на мајтап и потсмев не само на домашната сцена, туку и во светската јавност што е уште пострашно. Можам да замислам колку го респектирале и му правеле мајтап по тие конференции и средби. Доволно е да му го видиш благотелечкиот поглед и се ќе ти е јасно. :D И тоа како ја клати главата како петел кога зборува итн. :D Имаше среќа да победи во 2009 затоа што Фрчко му беше против кандидат, ама сега ситуацијата е сосема поинаква и Џорџе ќе биде разбиен.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Што би ми Кумановци кажале
    ПУКНИТЕ ВМРОВЦИ , реалност е дека Стево Пендаровски имал толкав број на луѓе и нека победи ХОРХЕ упс. ЏОРЏЕ нека ја скалпираат државата ама одма се познава кој вреди и кој каква интелигенција покажува , треба ептен добра интелектуална способност да имаш за да кажеш дека Успех е успех , неможам да ви објаснувам и дека после Декември иде Јануари
    оди молим ти се ја мислеше дека иде Март :x :x :x :x :x :x
     
    На drakulce, bubamara12345, femina2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :lol:

    [​IMG]
     
    На drakulce и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  5. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    колку народ имаше вчеравечер на митингот знае само тој што беше а тој што не беше ке кажува дека сликите се фотошоп.. (ГЛУПОСТИ)
    а на господата од вмро не им е страм што знамето го сменаа на нивниот рекламен материјал па припадниците на таа партија уште без страм објавуваат слики со блузите и капите.. мислам знамето да го згрешат е најголем страм од сите гафови на ѓорге кој по професија е такозван професор без никаков речник...
    и да припадничка сум на СДСМ и се гордеам со тоа.. барем сум од кај луѓе кои знаат правилно да се изразат без да направат некој лапсус и кои имаат подобар речник од припадниците на вмро..!!!
    и знам дека СТЕВО ке биде идниот претседател затоа што ако ѓорге пак добие отидовме сите во неповрат ке си ја бараме иднината во странство затоа што тука се ке биде упропастено
     
    На Youknow, bubamara12345 и danielka0507 им се допаѓа ова.
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Па со оглед на понудениот избор, не постои такво нешто како паметно гласање... далеку од тоа.

    А темава се претвора во пропаганден материјал, не-платена(?) политичка програма.
     
  7. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Јас не ни видов некој од агитаториве да се претстави како неутрален :D , јавно кажуваат за кого као треба да се гласа, кое прикажување неутралност е тоа? Ако остваруваат личен и финансиски интерес, ОК, јасно ми е, иако не е за оправдување. Ама сеење магла за подобро утре и такви некои прикаски, и уште убедување дека тоа подобро утре ќе го доведат оние веќе испробани ликови за кои летат пердуви на темава... Нервира. Е на помислата дека е можно да не се платени и жал ми паѓа.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    PussyHunter коментирав лично за сликата бидејќи е извртена, гледаш ли кај редоследот од македонските знамиња како е проширена, а на видеото друго кажува, сите се во редица.
    Очиве не ме лажат, а и го следев митингот.

    И да додадам не сум партиски обоена ама сум од кај правдата. :)
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Уживај олади ги страстите. :D И јас сум од страната на правдата. И правдата ќе стигне во 2 дела. Прво на 13ти а после и на 27ми април. Кој како сака нека го толкува ова. :D
     
  10. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Елиса не читаш правилно, значи "лошото спроведување на Рамковниот договор, кој се имплементира само преку вработувањето", значи Рамковниот договор дали ни се допаѓа или не тој е веќе потпишан и тоа е историја, него знаеме зошто и знаеме кој го потпиша (сите) а кога нешто ќе потпишеш значи треба и да се придржуваш на тоа инаку да не мислиме дека само нешто така на смешки сме си потпишале, или кај ВМРО важи правилото, потпиши па после "абе јас така само дека ме бевте притиснале, инаку не планирам да се придржувам кон потпишаното, или како што знаат да кажат- тоалет хартија", а за жал и сите закони им се такви, донеси, врати, па корегирај, па не се применуват оти не се ефективни во пракса, значи се само нешто да се работи. А кога сме веќе кај удварање кај Албанците, кога СДСМ коалицираше со нив ВМРО со дрвја и камења, а после, оп не било така, Министер за одбрана кој??? и вмровците??? ништооо...така вели Никола, а он што ќе каже ЗАКОН. Денес некаде прочитав дека Никола на митинг вели "Народот ќе каже кој ќе биде премиер", точно така, но очигледно тој не му верува баш на Народот, па невиден притисок и тортура се врши врз него...
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    И да можев да гласам немаше за никој да гласам.. сите преваранти се :P

    Иначе сега кога сме демократска држава како најарен Зоран Поповски ми се гледа :)
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Сме поминале ние од демократска држава :D
    Темава си ја читкам редовно,бајаги озбилно сте навлегле во неа :D
    Јас како еден од неутралците(читај вистински неутралец,не од оние што потајно се припадници на партија)
    можам да најдам маана на секој од кандидатите.
    Најпрво се бира човек,а не партија.Сто пати го имаат пишано ова,а некои упорно партиски размислуваат.
    Е сега кога веќе се бира претседател,некој што треба да не води во некоја правилна насока(иако ова тешко дека ќе се деси) треба да се помирите сите дека Ѓорѓи,тако звани Хорхе не го заслужува местото што го има и за кое се кандидира, почнувајќи од најсновен начин на изразување,до решавање на политички прашања и водење на држава.
    Иако поголемиот дел од народот го знае овој факт,пак ќе си гласа за него,оти пак ја гледаат партијата,а не човекот.Се додека не ги разграничат поимите претседател и извршна власт,ќе си патиме од неписмени функционери и ќе тонеме се повеќе.
    Како што реков,не значи дека Пендеровски е нешто подобар,или пак Поповски,ама битно знам дека Хорхе не е :D
     
    На drakulce, babyblond и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ама претсавителен предсетадел имаме,иде во Канада никој не го забележува....
    Тоа е кога имаме народ што иде по поговорката:
    Каде идат сите така идам и јас.
    Критично размислување на нула.
    http://news.nationalpost.com/2013/04/24 ... y-notices/
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Зоран Поповски се залага за целосно уништување на органската храна и комплетно заменување со генетски модифицирана во сите области.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Органско не значи подобро...
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас не бев на митингот и не знам колку народ имало, ниту па се замарам дали сликата е фотошопирана или не е. Ај нека се јави некој неутрален кој бил и на двата митинга, па нека каже дали е реална сликава или не е. На која политичка партија си член е твое лично право, исто како што и сите други имаат право партиски да се определат.
    За речникот на Пендаровски, го слушав како зборува. На дијалект, а не на службениот јазик. Епа претседател на држава треба на дијалект да зборува? Наместо пари, тој вика паре. Да не е од Куманово човеков? Зашто навистина не знам од кај е. И греши, доста греши додека зборува.
    И луѓе, уште ќе се убедуваме дека Пендаровски е неопределен?
    Едит: мислењето ми беше половина избришано, бидејќи и укажав на грешките на феминката која ја цитирав. Не е во ред :!: Затоа ќе кажам, ако мисли дека припадниците на СДСМ знаат правилно да се изразат, браво. И не навредувам никого, само колку да се знае. Да не ми го избришат и ова, оти практика стана тоа во последно време. Затоа, го ставам во спојлер.
     
  17. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ...дај линк..... не можам да најдам ништо :^)
     
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ... е не, гмо да не е подобро од органско :^) што и фали на органската храна ваква каква што е??? а не верував дека некој во македонија се залага за отфрлање на органската храна и замена со гмо дури не те прочитав тебе :^)
    за поповски дискофилман нека даде линк како доказ....
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    И сега што правиме? Ако Иванов навистина не се појави на Тв дуел заедно со Стево Пендаровски, Зоран Поповски и Илијаз Халими на дебатата за претседателските избори, организирана од Националниот демократски институт, а ќе биде емитува на телевизијата 24 Вести, е тогаш на сите нас ќе ни биде јасно што човек сме имале за претседател и колкав му е капацитетот реално.
    Останува да видиме. Дебата или НЕ????? Со Иванов или без него????
    Јас баш би сакала да имаме едно дебата во живо. Да видиме што алтани имаме.

    http://a1on.mk/wordpress/archives/30966 ... E.facebook
     
  20. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Еве јас бев на двата митинзи ( на митингот на ВМРО само поминав низ центар, а оној од СДСМ повремено го пратев низ тераса ). Сликата не е фотошоп, тоа што ви е тешко да поверувате дека народот не го сака Грујо е друга работа.
    Јас не сум политички опеределена и знам дека и едните и другите се иста сорта и затоа на парламентарни избори нема да излезам на гласање.Ама фала Богу имам разум да проценам кога некој ме ду*и во здрав мозок. И затоа се чудам како е можно некој сеуште да им верува на статиите од Курир и сите провладини медиуми.
    А дијалектот на Пендаровски не се примеќа воопшто и рачкава за која си се фатила е колку да не си без ич, Хорхе се здткува при интервјуа, не знае една реченица да склопи. Многу ме интересира како си го приметила паре а не си го приметила ова здткување.
    На претседателски избори победува Стево, на парламентарни Грујо за жал.
     
    На drakulce и bubamara12345 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.