Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Мене стварно не ми е јасно зашто се напнуваат луѓево.
    Ни сум гласала никогаш во мојов живот ниту пак ќе гласам.
    Се карате за што?
    Утре Ѓорѓи или Стево фала да не ќе ви речат што сте се карале за нив и сте гласале?
    Ги здоболе таквото да не кажам што за нас,сите ама баш СИТЕ ги интересира она лева рака десен џеб.Сите до еден.
    И пак разберете ова кај нас е лажна демократија,џабе е гласање и мислење на народ кој се рекло дека ќе победи,каква била 'наредбата' тој ќе победи.
    Така да мој совет,уживајте и не се оптеретувајте со политика немате корист,освен нервози. 8)
     
    На MiloMalo, Femin4e.mk и esperanca им се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ете го приметив. Можеби оти сум перфекционист. Ај да се фатиме и за говорната маана на Иванов ако не. Да дискутираме дали мајка му требало или не требало да го води на логопед. Секој греши, ама не секој признава грешка.
    Јас Курир не читам, нити гледам само Сител. И од вакви категоризирања :x Излегува дека секој што е за Иванов и за ВМРО чита само провладини сајтови, гледа само провладини телевизии, други му кажуваат што да мисли, што да зборува... А навредувањата со животински видови па ич да не ги спомнуваме. Еве погледни ги претходните мислења, ќе видиш за што ти зборувам.
    Тоа дека и едните и другите крадат, точно е. И тоа дека воопшто не ги интересира народот, и тоа е точно. Единствената разлика што јас ја гледам меѓу овие двајца е тоа што досега не сум слушнала Иванов да направил нешто слично на она што го направи Пендаровски кога Б.Ц. стана претседател.
    Па, како што многумина љубат да кажат, од двете зла избери го помалото.
     
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ...јас не гласам ама морам да кажам дека и хорхе и стево ми се како циркузанти :) и не разбирам како можете да навивате тука ;) другите двајца аутсајдери изгледаат постабилни и одмерени...да дури и албанецот што не знае добро македонски во споредба со овие двајца е господин човек што е срамота за нив.... да не пишувам повеќе :D тв дебатата беше тапа а не ја фатив од почеток....досадно, без некои разлики во ставовите така да исто се фаќа кој и да победи од мк блок, џабе се расправате...
     
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Вистинскиот слоган на вмро пошто они настапуваат како партија на овие претседателски избори, а кандидатот се помалку го има е “Победата пред се“. Само тоа им е важно по било која цена, за државата ич не им е гајле. Тешки суети и ега се во прашање. Токму и затоа ги чека голема казна.
     
    На mynameislove и drakulce им се допаѓа ова.
  5. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    А ти од каде знаеш кој ги шири???
    Можеш да ми посочиш каде виде дека е фотошоп????
    Јас поминав дента од плоштад Пела каде што се одржуваше митингот, поминав преку ден, и знамињата стоеја како што сите ги гледаме.
    А може така ти се гледа зошто се различна резолуција апаратот и камерата
     
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :lol: :lol:

    [​IMG]


    :P :rofl: :rofl:

    [​IMG]
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    Не мора за говорната мана на Иванов, ама може да се фатиме за тоа дека е САКАМ КАЖАМ, ЧЕКАМ ТЕКНЕ.
    За тоа што го кажуваш дека секој што е за ВМРО- ДПМНЕ чита само провладини сајтови тоа е точно, а и друго освен провладино нема.
     
    На TIGRICA123, bubamara12345 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Кога читам за кои ситници се фаќаат луѓево си велам собирај парталите и бегај, бегај што поделаку, со овие умови што со едно плакнење се перат нема иднина, нивните прапраправнуци нека ги плаќаат кредитите и гревовите на нивните лесно залажувани предци. Нема ни да гласам, како и многу други студенти што не можат 3 пати во еден месец да фрлаат пари за повратни карти. Успеаа на тие во странство да им обезбедат глсање, на студентите ем што не им обезбедија факултети со еднаков квалитет во сите градови туку не им обезбедија ни гласање во градовите во кои студираат(на пример на факултет), ниту на толку кружења низ државава по митинзи, не успеаа да заштедат средства за да обезбедат бесплатен превоз или барем на пола цена превоз за изборите. А на пензионерите им обезбедија 3 дена неделно бесплатно возење во ЈСП. На студентите можете што сакате да им ветите ама ако не им обезбедите човечки услови за гласање џабе ви е се! Сепак тие се иднинате на државава, пензионерите за макс 30 години ќе ги нема и секој ден умираат. И не само вие партиите што сте во минус туку и цела држава е во минус ради тоа што се правите за да ги добиете гласовите на пензионерите, а не на студентите. И само ќе напоменам дека Стево кажа дека штом стане претседател ќе се огради од паријата, Иванов не ни помислува на нешто такво. А тоа со Кингерот и покојниот претседател се измишљотини на тетките од администрација.
     
    На bubamara12345, AmericanWoman и drakulce им се допаѓа ова.
  9. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    јас прво би ти се извинила што не го причитав твоето целосно мислење кое било избришано.. жал ми е..
    подобро човек да зборува на дијалект отколку да прави гафови како ѓорге мислам реално да зборуваме речникот му е 0.. да кажеш дека жак ширак од градоначалник на париз станал претседател на америка мислам немам коментар за ова.. на секој митинг да излегуваш со ливчина а притоа од митинг на митинг да го кажуваш истото и да не го научиш и тоа е страмота.. претседател на држава излегува со ливчина колку толку барем може да го научи тоа што треба да го кажува а не да чита.. јас колку што забележав пендаровски на митингот во скопје зборуваше без ливчина..
    и да мое право е на која партија сум член..и неможе никој да ме убеди дека пендаровски има полош речник од иванов !!! и да мислам дека припадниците на СДСМ знаат правилно да се изразат.. и тоа кога се без ливчина барем не прават грешки како претседателот што го имаме
    треба реално да се согледаат работите а реалноста е дека претседателот и владата во одржување на говор не се снаоѓаат без ливчина додека кај СДСМ тоа е обратно знаат да се снајдат без да изговорат некој гаф
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    :D
    Гафовите и навредите на Бранко доволни беа и за наредни 100 години. Така што... ок, знаеме колку се писмени.
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Само за Бранко, за овај за онај знаете да се фаќате. Триста привилегии им дадовте на пензионерите, се изнакруживте со автобусите по митинзи, на странците им обезбедивте услови за гласање, а за студентите не обезбедивте гласање во градовите во кои студираат (ако не студираат во градовите во кои живеат) ниту па превоз бесплатен или со намаление, како очекувате студентите 3 пати во еден месец од 500-800 ден да дваат за повратни карти? На секоја бензинска факултети отворивте, а квалитетот 0, жими УКИМ што е во ред и на ниво. Сте се запнале Бранко, Заев ,Груевски, а на никој не им е гајле дали студентите ќе гласале. Ми е гајле ако ни даеле на студентите бесплатно возење во ЈСП во четврток, кога не можиме да си одиме дома да гласаме. Сфативме дека пензионерите ви се поважни, ама тие не се иднината, ние студентите сме!! Можи ружи не цветаа во времето на Бранко ама немаше толкав јаз толкава омраза меѓу овие две возрасни групи, само затоа што едната е попривилегирана. Вака кој и да победи ќе ја нема поддршката на студентите кои поголем дел нема да се во можност да гласаат.
     
    На AmericanWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    162.431
    Ајде да не цитирам, да ми каже таа што потенцирала дека сум СДСМ-овка дали ме има со име и презиме како член на СДСМ? Дали ме видела на еден ебан митинг некаде, зошто очигледно е запознаена со мојот живот повеќе од мене самата...
    И нека ми каже дали ако не сум со едните значи дека сум со другите? По кој критериум
    И да ми опише што е за неа демократија.
    Не сум за СДСМ, јас сум за промена на оваа агонија и болештија и при тоа никој нема право да ме осудува и да ми калеми дека сум за некоја партија.
    Претпоставките на оваа членка ми укажуваат колку е таа интелигентна...впрочем, неинтелигетна и заокружена во еден мал опсег на размислување...што не знам дали сум бесна што вакви имаат право на глас или да ми е жал на лична основа.

    Ах и исто така, за разлика од сите вас патриотки кои постирате слики директно со линкови од фб, па цацко ви е крив кога ќе ве дознаат кои сте и што сте, на вашите фб профили демнат слики од по митинзи на ВМРО. Вие и вашите семејства, до тогаш не ми се обраќајте и не бидете патетични за 18 000, мислам...мизерии.
    А и горе-доле увидовме кој од форумов се тепаше за позиции за државни службеници, така што... ве молам... јасно е се.

    И ај ве молам, доста за Бранко, фора и аргумент излитени како и тој самиот, глупости ве учат во штаб па не знаете што веќе и вие да кажете.
    На фемина категорија политика треба да се забрани и строго само теми за секс, љубов и маскари, тоа би било у глобала. По простачки и неиздржани, искалемени, глупи мислења нема во друг подфорум. Ве бива анализа за пудра да направите, на овој подфорум знаете да зборувате за - Бранко, ти си за СДСМ, Валерија и нејзините дубиози и тука некаде завршува желба на човек мислење да даде...
    Не се работи за партија, се работи за промена и се работи за човек.

    Ѓорѓе е добар човек и не станува збор за неговата добрина, немам ништо против човекот, ама едноставно не е за претседател. Идејата е да има тежа и контра тежа за да државата биде во баланс, не знам како да ви се обратам поинаку освен да ве наречам ќурки, мајке ми. А башка што човекот се губи, нема свое јас и тресе гафови од што не му е дозволено да размислува со своја глава. Го нема угледот за да се носи со позицијата претседател. Едуцирајте се малце и научете нешто за важноста претседателот и премиерот да се од различни партии и научете во спротивни случаи односно како нашиов како се нарекува таа демократија односно кон кој пат тргнува, да ви дадам глуп хинт, епа не е демократија!!!

    И за разлика од вас дами мои, кругот во кои вие се движите и вашата реалност за жал претставува дното на сељачизмот и залуденоста во утопии и глупости. Ако за вас проекти се она со комшијата и цајканите по дома, онда...не знам што да кажам или бесплатен превоз за студенти у четврток, а што фајде кога за другите денови мораат да вадат слободни. Не знам за вас, ама јас би паднала во несвест ако видам полицаец како влегува кај мене во двор, не па кафе да пијам со него (за да може да ме опипа, па и суптилно, онака софт да ме заплаши). А приказните кои ви ги кажуваат за тн КОМУЊАРИ стануваат ваша реалност и при тоа не сте свесни за истото, а тоа е показател колку сте неинформирани и созреани за да сфатите што е тоа политика.
    И ако за вас е онака, безначајно дека гласачко тело се прави од пензионери и вработени во администрација, ако за вас тоа не е алармантен индикатор дека нешто е труло во државата Данска, сериозно имате проблем со покомплексен начин на размислување.

    Поразително е што ова е исто така индикатор дека имаме морално саката и пасивна младина која на форуми се однесува како некој чичко пред коперација после 5 пива. За да трагедијата биде поголема е тоа што младите не се ни па никако удостоени па ајде некако да ја сфатам жустроста. Туку младиве се потепаа за позиција во државна позиција...зошто е СИГУРНО!!!
    Кај имав што да кажам си пишав лична порака. Мене совеста ми е повеќе од чиста, а вие кои јадете леб од парите од народот не е ок да плукате по истиот, особено па на таквиот кој ви го донел спокојот, а при тоа не сте ни биле свесни што точно се случува.

    И да останам доследна на себе, јас нели СДСМ-овката, од цела програма на Грујо го признавам само моментот со земјоделските задруги што е под сугестија на ЕУ и е тотално француска идеја и без разлика на се, дали е Грујо или Мујо во прашање, мислам дека е нешто кое мора да се реализира. Нешто кое не треба ни да биде предмет на размислување, ами конкретно делување.
     
    На Chocoholic, TheKiketoo, Bunny05 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    И јас мислам отсега ич да не се зборува за Бранко, коректно би било да го оставиме раат да ужива на Флорида со парите што ни ги здипли :D Треба и закон да се донесе, спомнување на Бране во негативен контекст да биде рамно ширење антисемитизам.

    Бејбиблонд, џабе го пишуваш истото десет пати, не верувам дека ќе се наканат да ти го платат патот до Битола за да можеш да гласаш.

    Останатите идете гласајте ако немате друга работа, што да ви се каже друго, може и ќе ви се исплатат вам лично сите овие агитации.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    162.431
    Патриотке, те молам побиј ме како болдираново мое е патриотски чин на твојата партија? Каква ЉУБОВ И ПАТРИОТИЗАМ Е ТОА? Значи...се тоа е поткрепено со доказ и цитат, сведоштво дека е тоа така. Го разбираш ли ти тоа или не или ќе добиме за национализам, Бранко и шиптарите??? Сфаќаш дека твој народ, ТВОЈ кој ти како патриотка треба да го штитиш и сакаш е манипулиран и отпуштан за да биде вработен некој од партија за да биде врбуван со гласови??? Сакаш да ми кажеш дека тоа така треба да биде и е ок и дека треба да си ја кубеме косата за како што кажав, Бранко. шиптарите и национализмот?
    Ало, во кој век живееш девојко?

    И зошто зборуваш за Бранко? Кој го спомнува него? Сите знаеме кој е Бранко и што се направи, односно не направи за државава, дај ми нешто друго...мислам човекот е минато свршено време, дај нешто ново и актуелно.

    За последното со шиптарите ти пишав по лична порака. Да не ти посакам кармата да си го одработи своето, пак ќе речам, засрами се и она што имаш да му го вратиш по тој муабет, врати ми по лична порака па да видиме што е, кој е и каков е... Имаш само ЕДНА шанса и причина да ми се обраќаш вака како што си ми се обратила. Ако не е таква, можам само да ти кажам дека можеш да замолчиш и збор повеќе да не ми вратиш.

    Се е многу повеќе од политика...ама вие тоа не го гледате,впрочем не ни можете, ама затоа дозволете барем да ви биде кажано.

    И патем, твоето однесување од типот напаѓање без аргумент, обраќање на друга членка со ќути таму и слично е типично за партијата чии идеологии ги застапуваш. Мислам...глупо е.
     
    На MiloMalo, Mama25 и Filiposka им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Не се пднесува само на мене се однесува на голем дел од од возрасна група, тоа се илјадници луѓе. Јас можи можам да ги дадам тие пари, ама мислите дека студентите, моите колеги кои плаќаат 3500 ден за да живеат со глувците, печурките и лебарките по домовите имаат пари за 3 пати месечно да се развосуваат со возовите и автобусите? :fubar: Најдобрите факултети се во Скопје, кој нема пари да оди да студира надвор од земјава доаѓа во Скопје да студира. Се е во Скопје, а Скопје и околината се најпотресни подрачја, не дај Боже поголем земјотрес да удри ни отиде државата по вода. :!: Студентите се против секоја власт, бидејќи ни од една ни од друга аир не виделе, а гледаат само пари се трошат. :geek: Е ама кога ќе дојди време за плаќање на кредитите, студентите сегашни и тогашни ќе бараат да се отворат гласачките списоци од дотичнава партија и фамилиите нивни цел век да плаќаат,децата на тетките од администрација што по цел ден на кафе си гледаат и киснат по форуми, а не сите. :!: И секој со маката некој ќе плука на Бранко шо 7 години не е на власт,некој на Заев, некој на Николла и Иванов, а некој на сите оти знае дека му треба трета опција, а тоа да не е ГРОМ. :talk:
     
  16. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Доста бе веќе Бранко е крив, Бранко е крив...последниве 8 години сте на власт, пред тоа 4 години..Од плурална Македонија ВМРО е 70% на власт..Па и да е Бранко крив, што не ја оправивте државава???Што не изнесовте некој веродостоен факт дека навистина Бранко е крив и стрпајте го во затвор...Ајде, зар списите и документацијата не ви се достапни...Па вие со години владеете со Макрдонија...
    Арамии едни....Бедни сте со вашите приказни...
     
    На MiloMalo, Youknow, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Lilit ватрена и борбена тигрица. :lol: Бие битка како јас што биев пред 5-10 дена кога ми се спинуваа изјавите и анализите. :D

    Оладете луѓе, треба да се живее и после изборите. :D Ќе си добиеме нов претседател, потенцијално и нова влада и работите ќе тргнат на подобро затоа што едноставно мора да тргне на подобро.

    Не можам ни јас да се согласам како некој кој е 8 години на власт од кои 5 години апсолутна власт и парламентарна и преку претседател константно да се жали и да се повикува на други кои немаат никаква допир со извршната власт. :x Прво светската и европската криза сметаа, а иронично е што се фалат за време на кризата македонската економија не доживела колапс баш добро сме поминале, од друга страна пак ја криват кризата затоа што баш кога сакале да направат економски бум им засметала кризата, значи кога како им одговара. После Бранко беше крив, па Бранко се тргна сега Заев е крив, ќе има ли крај на виновниците и оваа влада ќе престане ли да се однесува како мало дете и да превземе одговорност за ова што се случува овие 8 години. Па стварно доста е веќе од совршени изговори, или фати се за работа или дај му на некој друг кој ќе знае како да работи.

    Еве да кажеме Бранко излегол Сранко и ја усрал работата со тоа што потпишал закон за територијална поделба. ВМРО што не издејствува тој закон да се промени или да не се случи тоа што се случи минатите локални избори без разлика на тоа што пак можеше да има немири, ама битно стварно ќе докажеа дека се вистински патриоти. И многу други чинови кои се случија овие 8 години не излегоа баш патриотски. 8 години е долг период за да многу грешки од минатото се исправеа. Вака се покажа дека најважна е кожната фотеља, пошто вмровското меко газенце е научено само на фотељи да седи. :lol:
     
    На MiloMalo, drakulce, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    @Lilit,

    со оглед на тоа дека машката популација на форумов која пишува на темите политика (јас, ценетиот Пусихантер, а и колегата Дволичен гледам во последно време се труди да исфрли квалитетна порака ;) ) не е опфатена во твојот текст, па не треба да бидеме засегнати од твоите пораки поназад, можеби и не треба да ти реплицирам. Но од друга страна како еден кон друг поборник за демократија, нормално секој со своја визија за неа, сепак ќе ти напишам неколку редови.

    Немаш само ти ексклузивно право да бидеш лута и бесна на нечиј владејачки режим. Познаваш 5 или 55 луѓе кои изгубиле работа поради политички игри и нечиј хир. Јас познавам 105 такви луѓе. Некој познава 1005, 10005,...

    Ќе ти кажам една приказна.
    Средина на 90-тите. СДСМ владее. На големо се раскрчмува државниот имот, фабрики, погони, фирми,... Се користат нови поими, приватизација, трансформација, капитализам,...
    Влегувам дома од школо и гледам две тажни и скиснати лица, седнати еден спроти друг, држејќи се за рака. На маса многу документи и хартии. Не разбирав многу. Зборовите "отказ", "ќе се снајдеме некако", "има господ" беа најупотребуваните. Следуваше период на искушение, период кога свинската маст го замени зејтинот, кога џемот и мармаладот беа "деликатесно" главно јадење, палењето на колата беше само за "не дај боже", старата облека се крпеше, а скусените израснати фармерки беа "модерни". Уште многу мизерувања и премрежја само поради тоа што владетелите во СДСМ сакаа да си играат приватизација. Но ги бидува моите. Се снајдоа. Не не оставија гладни, боси, голи, не школуваа, прошетаа, насочија на прав пат, направија чесни луѓе.
    Ќе уфрлам уште една приказна во приказнава. Онаа за мечката и ќумурџијата кога легнале да спијат, а ќумурџијата и рекол дека и мирисал здивот, па лузната со секирата, дрн дрн, па после некое време се вратила мечката, лузната поминала, но лошото сеќавање останало и на крај го изела.
    Тоа е тоа што се случува и денес со многумина. Постои нешто многу повеќе од тоа дали се во прашање 18 000 МКД, некаков си проект таму, вработување, инвестиција,... Не постои ново и актуелно. Постои старо, но сеуште болно. Постои необјаснива одбивност кон се што е СДСМ и што таа претставува. Можеби е патологија, психологија, или којзнае што. А лекот за тоа е само еден. Да се види СДСМ поразен, згазен, смачкан како лебарка, како цимоли во беда, а тебе (што би рекол Глоријан) "ти се полни душичката". Не знам, можеби имам истомисленици од спротивната партиска страна, но знам дека ова е магичен круг, круг кој знам дека уште долго ќе биде полн со луѓе.
    Затоа никого не треба да обвинуваш и да му судиш со каква позадина се решил за одредена политичка опција, а зборовите како ќурка и глупи во оваа ситуација се вишок. Како и ти, и секој друг има своја причина.

    Донекаде и јас ја застапувам и делам дел од идеологијата и визиите на ДПМНЕ, па еве повели и ти и било кој отворете тема за писменоста и интелигенцијата на партиски членови, колку приврзаниците на владејачката партија се глупи, а опозиционерите полни до кров со мозок, па таму ќе дискутираме.

    И доволно сме едуцирани. Тоа што ти сметаш дека не е демократија ако народот на непосредни и мирни избори од понудените опции избере претседател на држава и на влада од иста партија е твое мислење. Баш сакам да знам во која книга се вели дека да се има оваа верзија на власт не е воопшто демократски? Не кажувам дека ни цветаа рози или ќе ни цветаат ако ја имаме пак таа структура, ама имавме и од онаа варијанта која ти ја спомнуваш, па нешто не напреднавме многу. Ама тоа беше избор на граѓаните. Беше испочитуван. Имало тогаш демократија. Денес немало.

    За она што го пишуваш во врска со темите за политика и нивното место на форумот, мојот коментар во интерес на темата ќе го ставам во спојлер

    Да се бара дискусија и однос на повисоко ниво од членови на форумот, е неосновано ако не постојат мотиви за такво нешто. Велиш дека темите од типот шминка, штикли, секс,... се идеални за форумов. Денес, да се користи еден медиум како што ви е форумов, (не знам ни колку е популарен низ државава, но мислам дека е прилично) е непроценливо. Дадена ви е можност да дискутирате и отварате дебати за многу побитни прашања од шминка, пудра, кармин, парфеми,... Кај ви се разговорите за новиот Закон за сурогат мајки, кај ви се жестоките дебати за застапеност на жените во политиката, кај е кренатиот глас за угнетената и понижена муслиманска жена во Македонија, ситуацијата со руралната жена кај нас, организирајте иницијативи за превенција на многу женски болести или за помош на загрозени припаднички на понежниот пол макар било тоа и симболично. Организирајте се и кренете си го форумот на едно повисоко скалило. Само така ќе ги снема безвезните постови, а луѓето со слаб капацитет и ниско ниво на изразување сами ќе си увидат дека местото не им е во теми и области светлосни години оддалечени од нивниот умствен капацитет.
    Мене воопшто не ми е битно дали ќе го направите тоа. Вишокот време ми е интересно да го минам овде. По некое време или ќе нема вишок време или интересот ќе мине. Но има ликови кои цврсто се врзани за ова место и прилично им значи.
     
    На lady2013, Daydream, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Секој ден по еден бисер.....Ајде Иванов мислам дека е веќе доста, видовме многу од тебе. Не би сакале уште 5 години да не уназадуваш и бламираш кај ќе стигнеш.
    Македонија заслужува достоен претседател.
    Ама во демократија и на Господ треба да му се помогне, Господ се сам не можеееееееее...........и што да се каже на ова? Да не малку начукан а? ;) :) :) :) :) ми делува не стабилно.
    http://www.youtube.com/watch?v=0xL80qa4Riw
    е ова сега го најдов :D :D
    http://www.youtube.com/watch?v=LCBy52SEw3Y
    http://www.youtube.com/watch?v=7hDFRr-_Kp8
     
    На TIGRICA123 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    @corto.maltese

    Се е во ред, само генерализацијата не чини. :)

    Тоа што се случувало во 90тите години кога СДСМ биле на власт е грешка и грев на тогашното СДСМ, лошо е да кажеш никогаш нема да сум за СДСМ или ВМРО само заради тоа и тоа. Луѓето во партиите се менуваат. Ако дојде добра гарнитура на луѓе кои немале никаква врска со тоа што било во минатото, зар уште да се мрази таа партија и да се негира квалитетот на тие луѓе? Зборам под услови да не си стриктно определен за некоја партија пошто секогаш ќе бидеш на страната на таа партија. :D

    По твојата логика имаме право да го мразиме ДПМНЕ затоа што во 2001 година они беа на власт кога беше војната и они извршија велепредавство и присилно ни наметнаа 25% рамка во идентитетот. Само што јас не гледам на тој начин. Сегашната партија е тотално различна од таа што била во 2001, Љубчо си замина и партијата тотално се реформираше. Тоа што се случува моментално со СДСМ гледам многу сличности со она низ што помина ВМРО пред Грујо да ја добие честа да си прави бизнис со државата. :D Ако Заев опстане на чело на СДСМ несомнено ќе биде нов премиер или овие избори или за некоја година. Он е релативно нов лик во политиката треба да му се даде шанса. :) Народот до сега го знаеше како градоначалник на Струмица, сега има можност да го гледа во поинакво светло како лидер на опозицијата. Ако можеше Струмица да ја урбанизира и претвори во модерен европски град, зашто да не може да го направи тоа со цела Македонија? ;) Не сум од Струмица не можам да зборам од прва рака, ако има некој/а нека се изјасни каков им е животот таму. Грев му е тоа што БЦ го аболицираше за случајот Глобал за кој требаше да отиде во судските лавиринти и ако е невин да излезеше како победник и да се види како вмро се пресметува со политичките противници. Можно е да имало некое ситно криминалче од 8 милиони евра, никогаш нема да дознаеме. :D Од друга страна и Грујо нема кредибилитет да зборува за ова кога преку авиони изнесува кеш пари надвор од државата во нарко картелски стил. :D

    Нејсе, поентата ми е едни луѓе си заминуваат, други доаѓаат, тоа што името на партијата останува исто не смее да биде пречка за да ја мразиш таа партија. Од тој аспект кажано, нема никогаш да завземам цврст став и да кажам ќе бидам за ВМРО или СДСМ доживотно. Ќе гледам која партија е поквалитетна и како ја води државата и за таа партија ќе го дадам гласот на изборите.

    Секој ден по 1 гаф. Топ просек. :lol:
     
    На Marossa и bubamara12345 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.