Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Не сум, и никогаш нема да излезам да гласам за било каков избор од политичка природа. Јас мислам дека државава нема никаква иднина, без разлика кој е на власт. Тоа е убава прилика за него и неговиот буџет, за народот е речиси сеедно со чесни исклучоци, претседатели на партии кои скромно ќе профитираат во случајов.

    Стево има поглед и однесување како да е на тешка психоделична терапија.
     
  2. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Вмро да им наложи на својата гласачка машинерија, мислм севкупно-пустец гласачи, фиктивни станови и некои непознти лица и останати И МАГАРЕ ДА СЕ ПРЕДЛОЖИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ и него ќе го гласаат. Жално, но вистинито. Не се гласа за човек, туку за партија. Како ќе каже Пајо така ќе биде, нема друго. Своите глави во замрзнувач и на пасење 4-5 години. Битно е Пајо Патор да се слуша, сопствената глава никако несмее да се вклучи.
     
    На MiloMalo, curious-doll, Youknow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Настрана цртаните филмови и сиромашниот речник, ама вечерва гледам многу нервоза, како по интернет, така на телевизија. :rofl: Премногу лично ја сфаќаат политиката, особено овие два три дена пред и после избори.
    А животот продолжува. Ќе гласаме и во втор круг, ќе избереме претседател, според резултатите е очигледно каков ќе биде исходот и од вториот круг и животот ќе продолжи.
    Не може сите да бидат задоволни, секогаш мора да има од се по нешто.
    Ако гледавте денес вести, ќе видевте дека светот оди во многу опасен правец, а ние тука се расправаме за вмро и сдс, ваков раздор помеѓу македонците ја доживува својата експанзија пред и по секои политички избори.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Значи повторно мојата прогноза е точна :D ,ќе земам ќе си отворај моја агенција :D
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    ЈБГ им се може ;)
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Се додека се гласа за партија на претседателски избори, а не за личност оваа земја нема светла иднина. Треба со закон да се направи претседателот и власта да се од различна партија за да имаме напредок и објективност. Кој и да победи нека му е со среќа.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Секоја година изборите се се' поочајни и поочајни.
    Се прашувам кој од овие двајца (Хорхе и Стевето) е понормален.
    А и Заев многу „паметен“ излезе.
    Аман, се караат како деца на улица.
    Упорно зборуваат како било неправедно, а не кажуваат како го заклучиле тоа.
    Стевето делува како излезен од лудница. Колку само јако ја мава главата.
    Овој пак, Хорхето, најверојатно победува само затоа што опозицијата е толку кутра (не дека позицијата не е кутра) и затоа што личи на добар човек. А и во споредба со некој како Стево... |(
    Но, реално, не би рекла дека е за претседател.
    Ајде, сега големиот говор на Грујо. Ми се смачи. Има ли некој нормален овде? :^) :D
    Сите говори им се како маалски муабети.

    Но, не ми е местото овде, нели...
    Треба да си молчам бидејќи имам 13 години. |(
    Молчам.
     
    На Kacjushka и Abeja им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Не треба да молчиш, треба критичко мислење за да има напредок. Размислуваш позрело и попаметно од 90% од 18 + членовите на форумов.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Со кандидатите кои ги вади сдсм и магаре ќе биде едно ниво, а може и две, над нивниот кандидат.
    Пред малку го гледав обраќањето на Пендаровски и искрено жал ми падна за него. Поразот го уништил тотално, таква некоординираност во движењата, збунетост во зборувањето, скиснат во фаца па уште и убеден дека победува во втор круг. Којзнае на каква фармација е во моментов, тешко на тие околу него.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  11. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Не знам искрено не гледав што изјавил и како се однесувал. Не можам да ти реплицирам за тоа како се однесувал и што кажал, оти не гледав. Добро барем Стево не е избрукан и не е подвижен циркуз за разлика од Хорхе. Има разлика-Вмро нели. Да точно има голема разлика меѓу Иванов И Пендароски, ма да Стево не е партиски обоен. За разлика од него Иванов е веќе видена ситуација и тотална деградација за функција ПРЕТСЕДАТЕЛ. Циркуз ајмо народе, без пари. Видете го и чудите се. Иванов= безгласна букава и дрвена марионета. Не знае да каже една обична реченица, а не пак бараме нешто друго. Тоа другото на сон може. :D :D Баба ми моја од 74 години и таа знае држава да води така. :D
    Господ на помош е работава. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=0xL80qa4Riw
    http://www.youtube.com/watch?v=LCBy52SEw3Y
    http://www.youtube.com/watch?v=9cFSIFHs8Sk
    Сакаш уште? Гледам ти се пореметила замислата за претседател и претседателска функција. Ако луѓе сме да си помагаме. Ако ти си партиски послушник ако, јас не сум. Ако од понудениот избор, а е таков каков што е морав да бирам- го избирам помалечкото зло. Оти ова злото што не јавнало нас како држава не уназади за долги, долги години. На Македонија и требаат политичари во вистинска смисла на зборот, а за голема жал ние ги немаме. Ова што го имаме се само тешки состојби кои ја уништија и пропаднаа земјава во кал. Не се грижи драга многу многу, оти штетно е по здравјето. Политичарите не се грижат лично ни за тебе, ни за мене. Тие си го гледаат својот интерес и џеб. Е така да знеш. Довидување и пријатно. :) ај со здравје....
     
    На Marie.m, TIGRICA123, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ма како се изразува к* ме боли,нека прави како ке му наложат и готово.Инаку да ти дадам една инф за Америка и прецедателот нивни .Политиката нивна не зависи само од одлуките на прецедателот туку имаат сенат (кај нас има партија ) што одлучува .Додека има правилна и вистинска политика за повеќемината граѓани можете да се тешите со партија на чело со водач што јаде живи луѓе :lol:
     
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]
    Ете така... :lol:


    Густо ќе биде во наредниот круг. Сто и кусур илјади гласови и не е некоја убедлива разлика. Живи били па видели што ќе се деси. :)
     
    На QueenElena и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    E сликчево ти е закон. Се согласувам со тебе, не знаеме што ќе донесе иднината. :) :) :)
     
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    :o

    Ти ова сериозно ?
     
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Да. Не дека се малку 100.000 гласови, ама не се ни премногу гласови водство. :)
    Само види колку луѓе не искочија денеска. Да не должам многу...
    И не сум многу политички настроена, си зборам од свој став и тако даље. :)
     
  17. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Ајде и јас малку да се уклучам во темава да го кажам моето мислење
    Значи според мене смешно е оваа што се случува во државата.. Сметам дека треба да победи човек кој барем кога излегува во јавност знае да зборува, досега кога и да излезеше Ѓорге ништо паметно не можеше да се слушне од него. Можеби нема до сега ниту многу подобри кандидати од него, но сепак мислам дека требаше да му се даде шанса на Стево бидејќи доста беше онаа што го видовме од Ѓорге да го бидуваше до тој степен ќе бевме барем малку мрднати од место, сметам дека не сме.
    Освен тоа мислам дека кога се гласа за прв човек во државата не треба да се гласа за партија..
    Исто морам да кажам дека ме нервира и тоа што на дијаспората и се дава право да гласа, а нив баш им е гајле како живееме ние овде сигурно гласаат затоа што се чувствуваат патриоти, а тоа што избегале да живеат во други земји тоа не се смета небитно...
    Друго доволно е сите жители на Македонија да гласаат, не мора да се носи гласачи од Албанија.
    Доколку некој е сигурен во својата победа и верува дека овој народ го гласа затоа што верува во нивните идеи и начинот на водење на државата нема да има никакви потреби од малверзации...
    Исто мислам дека е крајно време да се направи попис јас одвај се сеќавам на последниот попис бев многу мала кога се случи тоа, ако продолжи вака тешко дека идните генерации после мене ќе знаат што е попис :lol:
    Малку сум изненадена дека милион седумстотини и кусур граѓани имаат право на глас нели два милиони луѓе сме, кај се оние што немаат право на глас, оние што избегаа од овде во потрага по подобар живот и.т.н.
    И има уште многу да се зборува ама да не ја должам мое мислење е дека Иванов не е за прецедател ма колку и да е добар и скромен човек се гледа дека така е втурнат во политиката а нас како земја која тоне се подлабоко не ни треба таков човек кој не знае да даде една изјава, а не пак да не вади од калта.
    А и уште оваа да го кажам мое мислење е дека кој и да дојде на власт нас овде нема да ни биде кој знае колку подобро но сепак мислам дека треба нешто да се промени оти оваа вака не оди.. И не ги разбирам искрено оние кој велаат - другите да дојдаат поарно да не биди?! изгледа нив убаво им е вака што знам..
    Јас денеска не го остварив моето право на глас затоа што ме немаше на избирачкиот список, можеби гласал за мене некој друг ама не верувам дека гласал за оној за кој би гласела јас.
     
    На makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Имаше еден период кога можеше да си провериш дали те има на список .Твоја грешка си е тоа .Сепак има и набљудувачи од странство и сигурно дека не би дозволиле нерегуларности од таков тип како што наведуваш .ГРАЃАНСКО право е протест .Нека повелат и нека протестират оние што се чувствуаат обесправено НЕЛИ :wasntme:
     
  19. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Не би да навлегувам во дискусија затоа што јас лично немам никаков интерес од ниту една партија и не сметам на нивна помош ниту сега ниту во иднина секогаш се потпирам на своите способности.. Можеби е моја грешка што ме нема на списокот иако сметам дека не е во целост, јас сум родена во еден град, а се пресеив во друг град и навреме извадов документи но никој не ми појасни дека треба јас лично да појдам за да ме внесаат во избирачкиот список, и би прифатила дека е моја грешка се додека една пријателка која исто ги менуваше документите ми кажа дека во полиција кога вадела лична карта и рекле да оди за да ја внесаат во избирачкиот список, јас не добив такви информации.. инаку таа има право да гласа во вториот круг, јас појдов еден ден после неа и немам право да гласам на ниту едни од предстојните избори.. Но сепак еве нека биде моја грешка поради незнаење.. Сепак си останувам горе наведеното мислење за прецедателот.. ;)
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ПреТСедател бе луѓе, а ваму се жалите не знаел да зборува :x
    Инаку, кога го слушам Пендаровски се осеќам како да сум на предавање, такво чувство имам. А неговиот став за името (ова де, тој немаше став, не можеше да го каже јавно) да не го спомнувам оти одма ете ти дискусија за името.
    PussyHunter никаде го нема.
    Епа нека ни е честита победата :D
     
    На Insatiable13, duffi, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.