Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    А зошто мислиш дека доколку другите дојдат на власт, ова со партиските книшки ке се смени?
     
  2. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Нема да се смени тоа никогаш. Но мислам дека на Стево вреди да му се даде шанса, да видиме тој што може да направи и што може да понуди, зборувам за Стево бидејќи тој ќе биде во втор круг, инаку и оној од Гром ќе беше подобра опција од Иванов.
     
    На babyblond и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  3. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Мене лично, не ми оставија впечаток кандидативе. Ниту еден од нив, независно од политичката партија.

    Ако поаѓаме од тоа дека ингеренциите на претседателот се далеку помали од оние на премиерот, освен во случај на војна (кога тој би го имал главниот и завршен збор), претседателот е оној кој ја претставува државата во странство. Следствено, би требало тој да е навистина претставителен како личност, со добар физички изглед, став, држење, беспрекорна дикција, а да не правиме муабет за неговото образование и изразување, вокабулар и се останато.

    Јас стојам до она дека треба да помине уште многу време за да нашава држава добие претседател како Борис Трајковски, личност која е навистина заслужна за функцијата претседател на држава.
     
    На Abeja и Nati.P им се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^Јас потполно се согласувам. Македонија нема да има претседател како Борис Трајковски во блиска, па и подалечна иднина. Таков човек не се раѓа два пати.
     
    На Sky-butterfly, Tanjamm и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    И јас сум за тоа да му се даде шанса на Стево. Има харизма, интелекталец, има став и мислам дека во секој случај ќе биде подобар избор од Иванов. Иванов може има добра душа, ама за претседател си требаат и други квалитети, а тој не знае 2 реченици да сврзе, несигурен е во она што го говори. Дури и Поповски би бил подобар од него, го видовте ли како на реклама зборува течно англиски,а Ѓорѓе само за гафови го бива. Инаку ми падна во очи, на страната на ДИК си има број на освоени гласови по општини и знаете ли дека во сите општини и етнички чисти македонски и Халими има гласови? Добро бе кој тоа гласа и работи против интересите на својот народ, своите деца и внуци? Не сфаќам како можеле да го гласаат во Кратово, Крива Паланка, Дојран, Велес, Ст.Нагоричане,Кочани, Ранковце и каде уште не. Албанците со својот национализам и реторика треба да одат по ѓаволите, а не да добиваат по 10, 20, 50 гласа во македонски општини.
     
    На TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  6. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Кој јас, а од која причина би имала проблем со тебе. Е тука гадно си се измамил, да те корегирам јас до сега немам ниеден проблем. Баш ми е супер животот. Кој ти бара објаснувања? Па твои пффф. Јас само ти кажав дека си оф топик со репликите и да се задржиш на темата. Агитирам ихиииихиии, значи ако дадам свое лично мислење кое е спротивно на вмро, по автоамтизам сум сдсм. Логика на нивоууу. Кога не го бивало, а батка :D :D :D Знаеш Заев ми е татко па сега ептен ме навреди лично. Офффффффф Казахстан..... :D :D Ако имаш нешто да пишеш на темава пиши и држисе до темата. Тешко ти е тоа. И не сте интересни со овие штабски-вмроски одбрани. Доста веќе на темиве ги окупиравте како ти така и твоите другарки истомисленички. :D После провоцирате и на крај се жалите као вие сте загрозени и повредени.
     
    На makedonkamak и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268

    Нема што да се правдаш од авион се гледа , што си и како си .
    За болдираното :x
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    А мислиш би се правдала некому, а посебно тебе и на некои вмроовци. Мој став и мое право е дали ке бидам СДСМ; ДУИ; ГРОМ итн.... Мојата определба е моја работа И НЕ Е ПРЕДМЕТ НА РАСПРАВА. ИЧ д ане се грижиш ти за мене, гледај си само за тебе. И да сум СДСМ што ? Мислам да не ја полниме темава со оф топик и тоа е тоа. Нема потреба. Ако сум со книшка на Сдсм мислиш ли дека би се плашела да кажам хехехехехехх ова хипотетички кажано, јас не зависам од ниедна партија и не сум партиски војник да морам да бидам нешто што јас не сакам. Мене не ми виси работното место во удобна државана администарција. Така да не морам да се тепам со сите лица и убедувам како се е убаво, има напредок, развој, економија, висок стандард, високи палти во државата-РАЈ де. Немора да кажувам се е убо, ама Сдсм само не чини, ако не е на власт. Криви се знам итн. Јас тоа не мора да го правам за разлика од многу тука. Јас си кажувам она што мислам и тоа што го гледам пред очи. Нормално тоа не му се допаѓа на секому, мора да се брани партијата по секоја цена. (ако имаш некоја забелешка лично за мене пишими лична порака, ке ти одговорам-да не реплицираме надвор од темава)
     
    На fighter, makedonkamak и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  9. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Вреди ли за политика Македонци да прогласуваат победа над Македонци????
    Ако гледаме реално факт е дека Хорхе ќе победи, а до каде ќе стигниме со некој што го ругаат и во својата матична партија - тоа незнам. А и не е важно. Ќе поминат и овие избори, пак народот ќе остане со своите проблеми, а препокувањата само може да не скараат со пријателот, комшијата, колегата. НЕ вреди ниту еден политичар за некој утре да не сака да со погледне во очи само заради тоа што имал друга политичка определеност.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто поради кои порадо би гласала за Стевчо е дека човекот се појави на сите даебати, каде што не ги знаеше однапред прашањата и бидејќи изјави дека доколку стане претседател ќе се огради од партијата, нам ни треба храбар човек ,а не партија за претседател.
    Така да вие што мислите дека гласавте против СДСМ вие гласавте против Стевчо Пендаровски, не против партијата која го поддржува. Додека ти што гласаа против Иванов очигледно гласаа и против неговата партија.
    Сепак ако сте малку паметни како што тврдите дека сите сте и дека не треба да ве вреѓаат, тогаш ќе забележевте дека од 2 000 000 народ приближно еден милион не излезе на гласање. Што значи гласаа само членството на партиите и плус минус неколку илјади граѓани поддржувачи и на едната и на другата партија. Тоа укажува дека или милион народ не е задволен од ниедна од опцииве кои им се нудат или не се повеќе во Македонија и дека цела постава и од едната и од другата партија треба да си соберат парталите и среќно да си се пензионираат со парите од народот. А народот ќе си ги плаќа долговите или оние кои ги поддржуваа тие кои ги земаа кредитите ќе ги плаќаат долговите, а другите ќе бидат ослободени. Бидејќи пола од народот сфатил дека веќе почнал да тони во жив песок, кој си седи на страна или ќе си замини или ќе се извлечи, другите колку повеќе мрдате и претате толку побрзо пропаѓате.
     
    На TIGRICA123, bubamara12345 и daylight им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268

    Бубарке ич не ми е до расправање, ама оставаш сосема спротивен впечаток мила -За сдсм рака во оган, јас буквално ништо лошо не ти реплицирав, само да припазиш малку што пишуваш и тоа што го приметив.
    Веројатно имам право на мислење а ?
    Кој и да ти реплицира скокаш врз него и го боиш со штабови и што ли не.
    Па мешаш и лични пораки , мислиш на некој дебакл те повикав :^)

    Караванот врви, а кучињата ќе си лаат. Секое чудо за три дена, ќе помине и ова, ќе спласне еуфоријата. ;)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    ахх моја чудесна македонијооо....
    до кога до кога ќе се залажуваме дека се е добро во државата и дека има демократија?? која демократија кога вчера лично бев присутна на настан каде што гласачите ги сликаа гласачките ливчина и кога се побунија им рекоа дека не било така а сите го слушнаа звукот на телефонот
    СТРАМОТА..!!!!
    дај разбудете се од сонот во кој сте влезени и видете дека не е се розово во државата дека единственото право на глас ви го скратуваат ..
    сите сме свесни дека ѓорге не го бива зошто под закани да живеете не дека на некој од политичарите му е гајле за вас но кога имате право на нешто зошто дозволувате и тоа да ви биде одземено??
    излегува премиерот и кажува дека изборите биле фер и демократски и вие во ова поверувавте?? мислам стварно од авион се гледа дека демократијата е умрена во државата !!!
    и тие што мислат дека ги казнуваат сдсм не казнувате никого !!! се казнувате самите себеси да живеете во пропаст затоа што сега ке биде уште полошо се радувате на субвенции и на поголеми плати но не забележувате дека тоа што ви го даваат двојно ви го земаат
    земјоделците се радуваат на субвенции но од друга страна се е со повисока цена и навта и ѓубриво а плодовите се откупуваат за мизерни 10 ден но радосни се субвенции земаат а денар не гледаат од субвенциите затоа што се оди за други потреби како навта и ѓубриво
    се радувате на повисока плата а од друга страна сите намирници се со високи цени и што ви останува од платата?? НИШТО
    е па за бедници како нас и полош режим треба од овај !! ова малку ни е !!
    за што во последните 8 години е виновна опозицината?? ЗА НИШТО
    а животот во овие 8 години ви цвета е па кога дозволувате ваков режим нека продолжи да ви цвета животот само прашањето е до кога ке цвета
    секако дури не почнат сега на секаков можен начин да земаат пари од нас за да се исплатат кредитите на државата !!!
     
    На MiloMalo, Plejg, fighter и 4 други им се допаѓа ова.
  13. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Мислиш БУбамара нели, а не бубарка. Мене пак ич не ми е до расправање. Пак сдсм, ај ок. Јас да припазам, епа припазите и вие што пишете и како провоцирате. Јас не ти ускратив никое твое право, пишиси што сакаш. Мешање и лп, јас ти реков ако сакаш нешто да ми кажеш и пишеш пишиме во лп, не мора темава со оф топици да ја полниме. Темава не сум јас сваќаш. Тоа што јас го пишам, не ми е воопшто битно дали некому му се допаѓа или не. Постојано исто се прави по темиве, ќе пишеш мислење и оп одма напади, навреди, провокации. После кога некој ќе одговори на тоа и одма сте вие тие што сте повредени и навредени. ај позз да не се расправаме оф топик :)
     
    На makedonkamak и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  14. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Filiposka и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  15. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    И од индиските серии ни скратија поради тие митинзи хахаххаа
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.525
    Допаѓања:
    139.424
    Најчевска мисли дека народот е глуп. На оваа не и е прв пат да ги вреѓа луѓето од кои сака да јаде леб. Никаква почит. Викам јас, сдс ке се врати на власт кога ке почне да ги почитува луѓето. Еднаш не рекоа сакаме власт за на луѓето да им направиме арно, туку сакаме власт за Груевски да си оди. Е тоа дами се објасни!
     

    Прикачени фајлови:

    • najcevska.jpg
      najcevska.jpg
      Големина на фајлот:
      52,3 KB
      Прегледи:
      180
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    И што е најтрагично ова го кажува т.н.професор, активист за човекови права и т.н.експерт по домашно и меѓународно право за човекови права, како и поранешен раководител на Хелсиншки комитет.
    Подобро човек да направи гаф отколку да плука по својот народ. Сите правиме гафови, ќе откачиме по некој бисер, ама вакво непочитување на македонскиот народ е неопростливо.
    Уште потрагично е што овие ставови ги дели целата структура на сдс.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Овие од сдсм нешто ја прекинаа кампањата. Вчера немаа ниту митинг ниту средби ниту реклами. Што е работа :?: , се изнервираа изгледа оти 400 000 луѓе се за никаде, слепи, глуви неми и не се од нивна страна. :lol:
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Тоа дали тие 400 000 граѓани кои гласале за Иванов дали се слепи или не, или глупави, не е предмет на расправа. Така што не ги разбирам личностите кои плукаат по граѓаните кои гласале за Иванов, Пендаровски, Поповски или Халими..
    Секој си размислува на свој начин и во согласност со своите убедувања (присилни или не) си гласа.
    Акцент треба да се ставе на 23 000 (мислам оти беа) неважечки гласови.
    Зошто?
    Дали тоа е начин на изразување на револт на граѓаните?
    **
    Според мене, тоа значи незадоволство, бунт, револт... И тоа пред се од обичните граѓани.
    Оние на високите функции, административците кои се на поголем број од потребното, пензионерите и сличните слоеви, си гласаат за Вмро и си кулираат. Пак нешто добиле.
    И пред се, иритантен е фактот, што на секој митинг Груевски зборува и го претставува Иванов. Ние од Вмро вака, ние од Вмро така, ние од Вмро имаме програма најголема до сега, најдобро осмислена во цела Југоисточна Европа.. :o И покрај фактот што сме најмизерна нација, во поглед на животниот стандард.
    Сабајлево го гледав Иванов на митинг во Штип, цитирам : Претседател значи да бидеш посветен и одговорен кон својата држава и својот народ'..
    Само мене ми звучи иронично?
    Пендаровски, ми изгледа во ред кандидат. Шармантен, со богат вокабулар, знае да се снајде и без претходно подготвен говор на лист..

    Мене најмногу впечаток ми имаше оставено Зоран Поповски.
    И жал ми е што не влезе во втор круг.
     
    На Pinafan и Andrianaaaaa им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.865
    Допаѓања:
    36.532
    Пол:
    Женски
    Хмммм.... Дека има глупави луѓе во државичкава, има. Исто така има еден куп ептен глупави причини зошто некои индивидуи го даваат својот глас за одредена политичка опција. Лично јас се имам уверено дека во минатото еден куп луѓе својот глас го даваа за СДСМ бидејќи Бране им бил згоден |( Исто така, сведок сум да речеме на луѓе кои што гласаат за Грујчо бидејќи имаат бесплатно возење во ЈСП, пензионериве на пример. А има и еден тон млади луѓе кои би требало да се посвесни и да ја согледаат целосната слика во државата, па според тоа да донесат одлука, а не го прават тоа, бидејќи се заслепени од омраза кон едната или другата политичка опција.
    Мене искрено врв на глупавоста и идиотизмот ми се луѓето (најчесто неопределените) кои гласаат за помалото зло. Значи, свесни се дека опцијата за која што гласаат е зло, ама сепак гласаат, само тој другиот да не дојде на власт. Ова ми е |( Не знам што да кажам. Врв на идиотизмот. Навистина не можам да ја разберам логиката на ваквиот потег. Поубаво не гласај ако не веруваш во опцијата за која што си се одлучил да го дадеш својот глас.
    Имаме се и сешто, како и секаде всушност. И сите тие индивидуи имаат право на глас. За жал :(
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.