Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ...aма еден шармантен што е пендаровски шта да вам причам |( целиот е изглумен.... се знаеше дека овие двајца ќе одат во втор али уште не можам да се изначудам дека ни ги сервираа како претс. кандидати |( џизс....ај ѓорѓе бар има бели влакна на главата повеќе го личи, стевчо е ко падобранец... инаку и двајцата делуваат неартикулирано на свој начин....не гласав и нема да гласам
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Па толку им се парите. Немаат тие цел државен буџет на располагање. И остајте ги 400 000 гласачи тоа си се обезбедени луѓе, среќни луѓе, ме чуди како и меѓу нив се уште имало луѓе што сакаат да заминат во странство. Туку што правиме со милионот што не излезе на гласање, што не гледаат надеж во ниедна од понудените опции? А тие 400 000 и знаеме дека ќе прогледаат и прослушаат колку и да ги мислат другите такви кога ќе дојдат кредитите за плаќање, а милионот кои не излегоа на гласање ќе бараат тие 400 000 да ги плаќаат, а останатите да бидат ослободени. Што ќе правиме ако на тие луѓе се им дојде преку глава и конечно се разбудат, како во Украина на пример. Или кога ќе дојдат комисиите да си ги соберат парите од кредитите и ја исчистат администрацијата како во Грција. Има места во државно кај што луѓето се убиваат од работа, ама ете очигледно има и места каде што по цел ден по форуми седат, како вас. Приватниците да не правам муабет 24/7 работат.
     
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Кој ти рече дека не гласаш? |(
    Гласаш, за ДУИ
     
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    а нели дуи се договара со вемрото испаѓа гласам за вемрото, ако така ти е полесно во мозочето.... |( гледам многу се засекира за мојот глас
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    ^
    Ех :|
    Глуп сум јас |(
    Шо да кажам :?:
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Партиските војници што се ангажирани како набљудувачи ги забележуваат броевите на ливчињата на тие што се сомнителни( зборам за помали места каде се знае кој за кого гласа). При отварање и броење на гласовите тие знаат кое ливче чие е и кој потрфлил. Уцени се тоа. Секој партиски војник ја мобилизира фамилијата, пријателите би луѓе кое зависат од него и така добива бројка од 15 загарантирани гласачи. Мене многу ме нервира што е пасивен народот и што не излезе масовно да гласа по свое убедување, не под притисок. Инаку по овие резултати на ДПМНЕ испаѓа дека се е одлично во земјава.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Тоа е ТањаМ. Ние ништо не можиме околу тоа, за жал.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.720
    Има многу луѓе кои велат “Па ако имам време ќе отидам да гласам“. Време??? 5 минути работа, и други кои од 6 члена дома ќе гласа 1 или 2 и одговараат “Па гласаше син ми, доста е 1 од куќа“. Ее убаво, затоа не ја бива оваа држава. Ни фали свест и патриотизам, инаку со ова темпо јас мислам дека државата ќе ја изгубиме многу скоро, а и да ја имаме цела на карта (формално) кога ќе јадеме корења не ни вреди.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да не не е?! :D :D :D :D
    ова со сарказам и доза иронија
     
    На Youknow, poenta и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Со што ги воодушеви Иванов граѓаните??? Дали со својот говор, држање, дикција, став,резултати постигнати овој мандат, авторитет...човекот буквално ништо не исполнува, во ниту една сфера,ниту основното.Едно големо ништо е, а зошто го гласаат толку граѓани е стварно необјасниво.Очигледно сите се водат по партија, па еве идат и парламентарни па гласајте за партија, а во недела го биравме врвот на државата кој треба да плени каде и да појде, а не да се срамиме од него.

    Не дека Пендаровски е некој јак кандидат, ама е подобар од Иванов, ако не друго барем ке имавме промени.Мене најголем впечаток ми остави Поповски, но ете таква ни е ситуацијата.И не зборувам за партија зошто апсолутно ни една не ме интересира, туку исклучително за ПРЕТСЕДАТЕЛ.
     
    На Glasna, Youknow, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.441
    Леле Тања, ти си гласала некогаш во животот?!
    НЕМА БРОЈЧЕ НА ЛИВЧЕТО!!! Има на кочанот. На ливчето е знамето на РМ, па пишува претседателски избори, па имињата и бројките на кандидатите. Не ги лажи луѓето дека се знае кој за што гласал. Тоа беше пред 10тина години, и откако се откри, бројките од ливчињата се избришаа. Нема никаков начин да се дознае кој како гласал.
    Срамно е и безобразно да ги лажеш луѓето и да им правиш притисок.
    Инаку, народот не му е совршено. Секогаш ке има проблеми, незадоволство. Ама народот гфласа за ВМРО оти се сеќаваат, како беше кога сдс беа власт. Е тоа беше несреќа, освен ако не си директорче кое зема се кога ги затворија фирмите. Луѓето гласаат за оние кои не им ги затворија фабриките пред нос. Оние што беа избркани од фабриките во времето на сдс, станаа земјоделци, кои денес добиваат субвенции од ВМРО. Тоа е причината зошто гласаат за нив.
     
    На Dea8, Daydream, Elissa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ширење на бројот на мислења и убедување за џабе. Нема да се убедуваме кој за кој да гласа секој си има свој избор . Ако јас сум за СДСМ неможе никој да ме убеди да не гласам или да ме убедуваат дека се подобри ВМРОвците , така да џабе се расправате . Иначе што е до бројчиња нема и едвај чекам и мене да ме потплати некој за да гласам за ВМРО пошо нема шанси да дознаат. Ја мислам дека на сите им е јасно како поминаа изборите и ептен треба да си слеп за да не приметиш што се дешава у државата.
     
    На Youknow, bubamara12345 и StefChef им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Колку огорченост, гнев лутина, вреѓање и омаловажување направија симпатизерите на сдсм овде :x , а токму поради тоа и губи таа партија. Заради тоа што мислат дека они се како господ и сите нив мора да им се поклонат. Кој губи има право да се лути, а последната прес-конференција на Заев добро ја искоментираа сите аналитичари во Мк, и уште не му иде умот. Со гнев и лутина не се излегува пред народот, и да не си мислат дека се најпаметни кога освен да се караат, вреѓаат и провоцираат ништо не знаат друго. За тоа ќе дремат уште толку години колку што дремеа до сега во опозиција и ќе им бидат криви сите оние кои мислат спротивно од нив. Цацко им е крив.
     
    На Dea8, Daydream, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    јас не сум партиски определена ,ама вие сто толку ја браните оваа влада казете ми како мозе да се прават избори и да се брои колку грагани во Mакедонија имаат право на глас кога немаат направено попис на населението,епа драги мои јас тие избори немислам дека се фер и демократски :!:
     
    На Youknow, babyblond, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    И дека Стево сака да биде претседател на сите граѓани, без огледа на све, и без оглед дали гласале или не гласале за него го докажува следното видео.
    https://www.youtube.com/watch?v=Y63qyh6xEyw

    И после зошто не гласале сите за него, :?: , зошто се чуди?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо не ме чуди од нив. Што се' не се изнаслушавме. Почнувајќи од високо интелигентниот говор на Бранко на митингот пред неколку години, потоа Заев за тоа како ќе пука во својот народ, па како тоа живи луѓе ќе јаде, како ќе брка се' живо од администрација, па сега со ова на Пендаровски. Срамота е. Јас што се' уште немам искуство и образование колку нивното па ми е срам гласно да изговорам вакви глупости, ама ќе да е до домашното воспитување, најверојатно.
     
    На Dea8, Elissa и Cka им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Додека се натегаме, дали едниот, другиот или третиот бил подобар избор за претседател, нешто многу лошо се случува....народот се тепа за политика!
    Што ќе беше вжештени глави!
    Не е прашањето кој прв почна или кој кого испровоцирал, работата е до кое дереџе сме!
    После па...некој друг ќе ни биде крив...на пример Албанците , Грците....и итн итн

    Код:
    ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБА НА ПЕНДАРОВСКИ СО ГРАЃАНИ
    http://www.telma.com.mk/vesti/incident- ... gragjani-0
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми рекоа babyblond колку и да имаш добри аргументи секогаш луѓето ќе продолжат да веруваат во она што веруваат и ќе вадат од контекст и ќе обрнуваат внимание на она што им одговара и ќе ти одговорат само на она што им одговара, а на тоа што не знаат или не се доволно интелигентни да ти одговорат вешто ќе избегнат да ти одговорат. Заклучок човек никогаш не можеш да го убедиш дека си во право се додека не го осети тоа што си им го кажал на своја кожа, па и тогаш треба да се премногу културни и приземни за да ти дадат признание. Немој никогаш да дискутираш за високи теми со прости луѓе, тоа е како на лебарка да и објаснуваш како работи нуклеарна централа.

    Па затоа јас би го кажала само следново. Како неутралец, можам да заклучам само дека луѓево одамна престанале да гледаат подалеку од утре и да размислуваат со своја глава, посебно ако се во партија(било која). Затоа јас лично го изменив мојот став и покрај тоа што го сметам Стевчо за подоестоен и за претседател бидејки рече дека кога ќе стапи на функција ќе се огради од партијата(СДСМ) која сега го поддржува, бидејќи нам ни треба еден човек за претседател не цела партија, ама искрено во прилог на идните случувања, мислам дека е подобро да победи Ѓорѓе Иванов. Не за нешто друго пубаво е да ги видиш како сами се тепаат меѓу себе отколку да си дирекно против нив(Спрема примерот на една Сицилијанска градоначалничка која за разлика од нејзините претходници ги остави мафијашите меѓусебно да си се истепаат). Ете на есен ќе дојдат првите рати за кредитите и искрено не знам со кој памет сакаат СДСМ да се на власт, не знам кој би сакал да превземи толкава одговорност и да е во кожата на власта во тоа време, бидејќи спрема примерот во Грција први ќе настрадаат тие блиски со неа. Кога ти требаат пари прво бараш од фамилијата, од пријателите од блиските, нели? Па во Грција прво им ги намалија платите во администрација и државните претпријатија, просветата, пензиите, (не дај Боже да дојди меѓународна контрола тие не намалуваат плати тие бркаат од работа), субвенциите. Па зошто со цел памет сака СДСМ пак да се криви и да испаѓаат лоши во очите на народот или било која друга партија, кога тие не ги зеле тие кредити? Извинете вака ништо лично ама парите прво (нели прво од блиски бараме пари кога ни требаат) ќе бидат побарани од тие 400 000 (неписмените како што кажувате според излагањата СДСМ) или ќе бидат скратени од нивните плати, пензии и субвенции.Или ќе земат нови кредити за да ги платат сегашните и така во круг.

    Така да јас целосно ја подржувам сегашната партија која е на власт и Ѓорѓе Иванов за претседател и СДСМ треба да ги бојкотираат изборите. Иако нема да гласам оти немам пари за 4 пати во еден месец да се развозувам, а не сум слушнала за никаков бесплатен превоз за нас неутралците.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сакајќи да излезеш паметна со иронијата, сарказмот или што и да ти е тоа што си го пишала во првиот пасус ти излезе, ајде да се послужам со твојот речник, не доволно интелигентна.

    Не планирам воопшто да се објаснувам со личност која верува дека Пендаровски навистина ќе се огради од партијата ако стане претседател. Штом верувате во тоа, мене ми е само показател дека вие врска си немате што всушност значи политиката, која е нејзината цел и по кој концепт функционира истата. И тука излегува дека вие "неутралните" сте всушност оние кои најлесно може да бидат управувани.

    Да се дополнам само. Нема што повеќе сдсм да излегуваат лоши во очите на народот од ова. Повеќе од ова денеска не верувам дека можат. Сепак да не ги потценуваме, следуваат уште многу излагања на Пендаровски, Заев и цела компанија па може ќе си кажат уште некоја скриена желба, или па ако ништо друго ќе си го покажат речникот и воспитувањето на дело, како што и досега правеа. Јас лично не сакам да не' претставува претседател кој за својот народ, односно луѓето кои не гласале за него ги нарекува "стока". Не знам што повеќе да се каже од ова. Ова е сосема доволно за мене.
     
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Женски
    Елиса ама ти се пронајде во видеото признај... Хаха, до кога ке ве тегнат за уши? ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.