Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ апсолутно си во право Daydream.

    Првин, "партиските војници" или како веќе сакате да ги наречете, небитно, всушност имаат некоја ЦЕЛ поради која поддржуваат одредена партија. Зарем мислите дека тие за разонода трчаат по штабови, одат од куќа на куќа и презенитраат добро осмислени ставови и планови за државава?

    Второ, оние "неопределените" кои милуваат горенаведените да ги нарекуваат -овчички, се самите овци. Се извинувам за навредата, ама проклето е точно тоа.
    Па зарем мене, ако сум политички неопределена, може да ме убеди овој или оној, дека нема се огради само кон својата партија и оние кои го поддржуваат?
    НЕВОЗМОЖНО е нечија изјава, во предизборна кампања, да ме убеди дека ТАА е личноста за ЦЕЛИОТ народ!!!
     
    На Dea8 и Nati.P им се допаѓа ова.
  2. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    4.411
    Пол:
    Женски
    Добро некои од вас или со сила се прават глупи или навистина се глупи. За овие првиве,јасно ми е лебот го вадат од таму и животот им виси на тоа. Ама за овие другиве, стварно незнам како да кажам... нели ви е малце што во денешно време не може образоваан човек да најде нормална работа, да го бркаат како говедо затоа што немал книшка од ВМРО? дали сте вие нормални...мене јасно ми е дека е ова Македонија ама ова никаде го нема.Ова нема никакви теоретски шанси да заврши заради првата група на луѓе, заради оние родители кои што ги учат од своите деца најрана воздраст за да бидат партиски определени(се извинувам што некој ке се пронајде овде) и заради пензионерите кои што во нивно време БЦ им ја затворил фирмата каде што биле запослени,и кец на десетку Груевски +500 денари покачување на пензија и ете ги гласовите... а вие младите можете слободно да идете у пи*ке материне.
     
    На bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.752
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на квалификацијата, само што вистината е сосема спротивна, ама кој да сфати.
    За разлика од сите вас партиски војничиња кои што ве тегнат по митинзи и возат како што сакаат, јас својата слобода на размислување не ја давам за ништо на светот. Бесценета е, како да ви кажам. Никој, со ништо не влијае на моето мислење. Можеби затоа што јас со сопствен труд си ја обезбедувам сопствената егзистенција, а не како вас трутови да трчам и лепам плакати и лижам г*ови и што уште не само за да успеам да се бутнам некаде во државна администрација. Ете колку ве бива. Сите. И ВМРО и СДСМ. Марионетки на сопствените партии.
     
    На butterfly4, bubamara12345 и fighter им се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Тоа што немаш што да искоментираш за останатиот дел, го оправдува твоето пронаоѓање во првиот пасус и толку си се пронашла што не си успеала да ја прочиташ мојата последна реченица(па ете ќе ја направам болд) која верувам многу ќе ти значи. :D А Пендаровски дали ќе го направи тоа или не, не можеме да знаеме ако воопшто не стигне на таа функција, исто како Шродингеровиот парадокс со мачката. :!: И мислам дека штом СДСМ ги нејќат 400 000 граѓани мислам дека треба да ги бојкотираат изборите, бидејќи останатите милион кои не излегоа на гласање очигледно воопшто никому не му се важни.
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Успех е во денешно време да не размислуваш насочено„лево или десно“, и најсреќни се оние луѓе кои ниедна партија не ги задолжила со ништо, па не мора да ги „влечкаат по митинзи и гласачки кутии“.Без разлика за која партија се работи.
     
    На Dea8, makedonkamak, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ме убедат да гласам ама со тоа што нема да се препукуваат и напаѓаат едни со други.
    Гледам по вести се степале симпатизери на ВМРО и симпатизери на СДСМ. Е од вакво безвредие си патиме.
    Кога ќе видиш Албанците се држат едни со други заедно и за избори. Ние би се потепале и за последното стапче сладолед. Срамота жива. Не видов ништо ново и што би ме изненадило навистина од двете партии. Вмро наоѓа мани на СДСМ и обратно. Веќе видено. Ми се здосадија.
    Не дека нешто многу многу пратам ама од ова ми е преку глава. Статуси на фб, препукувања,закани...
    Добро, едно не научија нашиве да прават разлика меѓу политика и приватен живот.
    А со насилства до партиско столче не се стигнува.
     
    На Dea8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Мојот коментар се однесуваше на коментирањето на Daydream и babyblond, а ти An-na сосема си го извадила од контекст.


    Небитно, да ти го кажам мојот став и по тоа прашање, кое го отвори ти. Секоја чест на тебе и таквите како тебе, еве :clap: .
    Ама, ете, некои личности мислат дека "влечкањето" по штабови, митинзи и ред други работи поврзани со партијата, еден ден, ќе им се исплати. И тоа е нивна работа, навистина.
    Лижеле газ или не, нека не те засега. Ако тебе ти одговара да работиш така, продолжи. Но, ако нечија цел е државната администрација, до која се доаѓа со лижење на газови, тогаш нека го работи тоа...
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Точно е дека секој одговара за своите постаплки, а сами проценуваат дали влечкање по митинзи им се исплати или не,НО МИТИНЗИТЕ И ПЛАКАТИТЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ УСЛОВ ЗА ВЛЕЗ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА и СИГУРНО НЕМА СИТЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ,туку оние најсреќните.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое мислење поради ете некои свои причини, на крајот на краиштата ова е анонимен форум и секој може да каже мислење 180 степени поразлично од вистинското. Единствено без разлика дали некој е политички определен или не или изиграва политички определен или неутрален, секој на свој начин кога тогаш ќе си ги сноси последиците. :wasntme:
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.752
    Пол:
    Женски
    Во врска со болдираново...
    Ме засега и тоа како да ти кажам право. Тоа се истите луѓе кои што дремат низ нашава администрација и клатат врата, земаат плата. А од кого што мислиш? Од таквите како мене, кои што се трудиме да си обезбедиме каква таква егзистенција и плаќаме даноци, за да ги финансираме истите лепачи на плакати, г*золижачи и слични на нив. Да не зборувам што повеќето од нив се неписмени и појма немаат што треба да работат. Ама тоа е веќе друга тема.
    Трула ни е државава. Не мора сите јавно да се изјасните дека е така, ама длабоко во себе убедена сум дека се согласувате.

    За крај... Да не бидам сосема оф топик.
    Претседателскиве избори за мене се чиста глупост. И така претседателот кај нас има помалку ингеренции од Англиската кралица, чист луксуз е да се организираат избори само за тоа. Нека си се договорат во собрание нека го избираат. Ама да биде со 2/3 мнозинство. За да биде поинтересно :lol:
     
    На makedonkamak, fighter, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Добро кажа една феминка погоре, луѓето што трчаат по штабови и митинзи трчаат со некоја цел. А да не заборавиме дека Пендаровски токму овие луѓе ги нарече „стока“. Епа подобро Иванов да биде претседател, отколку некој што не го почитува народот, а сака да го води. Само не знам каде ќе го одведе :?:
     
    На ana992 и Dea8 им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да, Стево рече,
    , а претходно Премиерот на еден митинг рече
    ......наравоучение.....никој од политичарите не му ја мисли...ко амди кога се извинуваше по сто пати.И затоа нема да ги гласам ниту еден од сите понудени и ќе ја сочувам слободната мисла и здраворазумска критика.
     
    На H.e.L.e.N и babyblond им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Само што премиерот не е кандидат за претседател :D
    Инаку, за другото се согласувам. Никој не мисли за народот.
     
    На Dea8 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Мисли премиеров на пензионерите и социјалните случаи, а со останатите што сака може да се случи. Сите се исти, ама од вмро и од Груевски полошо нема да може да ја снајде Македонија.
     
    На bubamara12345, Filiposka, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^Веќе ја снајде, ама не е тема на муабет тоа овде :D
     
  16. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    Не сум пишала долго време... ама сеа ке надокнадам :lol:
    ДА БИДЕМЕ РАЛНИ
    Ако бркаат од работа што немале книшка од ВМРО, мислиш дека АКО СДСМ дојде на власт нема да ти тражат нивна книшка за да те вработат?! :rofl: или можеби веке си ја имаш па едвај чекаш да дојдат на власт :P Ај овие ВМРОвчињата трчаат по партиски активности со надеж дека ке се вработат во државна администрација,
    (затоа што на поголемиот дел од младите -без разлика на паритијата- се ГРЕШНО заучени од домашните или некој друг шо си нема врска со таа работа, или пак од некој што работел во администрација во времето на СДСМ - кога :РЕАЛНО: беше безредие, дека таму ти е нај арно, само ке чекаш да дојде 4часот и да си одеш дома, и шо е можно повеке да се криеш по канцеларии и да пиеш кафиња со колегите, или популарно кажано клати врата-земај плата, а никој не им кажал дека таму треба да работат и да бидат во служба на граѓаните. Ете тука е една од грешките кај оние што веке таму работат и тоа лошо, што се така задоени со погрешна мисла. И нормално дека народот нема да е задоволен од нивната служба. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ, има и вредни луге таму што си ја вршат работата како што треба :clap: )
    додека овие нивните се на власт... а баш само токму од истата причина и ченовите на СДСМ трчкаат по нивните задачи , поради обеќањата, и со надеж дека они ке дојдат на власт па они да се вработат у државна администрација... таму е рајот демек :D Значи „истата песна се пее“ во СИТЕ партии. Тоа не е од вчера, така е уназад 20 години! Луѓето партиите ги гледаат како биро за вработување,научени се дека до работно место се стига со „лепење плакати“ и сл. активности. А тоа што прочитав некаде дека ги тегнеле за уши вработените да гласаат... ногу погрешно си го сфаќате. Ако некој навистина ви даде работно место-ке добиете леб, многу е човечки и нормално дека вие ке се осекате благодарни и ке му ја дадете вашата подршка... нема потреба да ве тегнат за уши.
    А незнам колку луге има тука што се свесни дека не секогаш само владеачката партија не клучот за вработивање, туку во голем дел од случаите битни се врските т.е. да си имаш некој многу јак човек да те намести. Има милион примери за тоа.
    Еве на пример, колешка од факултет: ( се трудам да не откривам детали) мајка и е директорка во државна болница, и таа на 26 станува началник на одделение, како и дечко и нормално се вработува во истата болница... замислете без лепење плакати! :lol: или пак друго: школски од средно, што беше нај изгубен во клас, едвај како -така со помош на мама и тате заврши факултет,ама дечкото го гледам вработен во државна администрација - со решение директно и со работно место со 30 000 плата, .. ама мама е битен човек во УЈП а тате градежен инспектор. а кругот на пријатели им се само важни функционери и од двете големи партии.. а тој без ниту еден ден стаж во некоја партија... Еве и друго: во мојата општина со вморовски градоначалник, и нели по оваа логика само ВМРО ке се вработат, директор на училиште-страшен -до коска- подржувач на СДСМ, по неколку години го гледаш син му само што завршува со потребното образование... опаа решение-професор во истото училиште... по извесно време и керка му професорка... хмммм, види види без ВМРОВСКА КНИШКА?! :lol: ..... И да не ги редам уште многу такви примери ги има како нај мутавите фаци влегуваат на позиции кои не ги заслужуваат.
    Е сеа само разликата кај малдите што трчаат по партиите е во тоа што:....
    по владеачката оние кои размислуваат вака дека со книшка се вработува ,( ИНАКУ ВМРО НЕ ИЗДАВААТ ПАРТИСКИ КНИШКИ за жал) трчаат затоа што се на власт и „има поголеми шанси“ да добијат работа, а овие од СДСМ ги задржуваат младите ( додека да дојдат до власт и да и дадат работно место) со тоа што им плакаат , ги спонзорираат со по нешто, и слично...тоа е проверено од сигурни извори
    А за затворените фабрики во времето на БЦ... поголемиот број од луѓето не се сеуште пензионери. Мојот татко, мајка, чичко, стрина, и други членови на фамилијата останаа без работа поради затворањето на повеке ГОЛЕМИ фабрики -не е една или две. Иако беа подржувачи на СДСМ... Овие илјадници луге, верувај Никогаш нема пак да дадат подшка за СДСМ. За срека моите родители беа доволно паметни и не останаа да бидат стечајци и да плукаат по некој друг оти немаат пари за леб, туку си ги засукаа ракавите и се фатија за работа, па фала му на господ 20 години си водат сопствен бизнис и од тоа солидно си живееме и највероватно и јас ке продолжам таму да работам
    па и не прочешлаа триста инспекции, кога сме имале неправилности сме плакале и казни, ама тоа е правилно. Законите се направени за подобро функционирање на државата и ТРЕБА да се почитуваат... Немам ништо против тоа. Оние кои се бунат против тоа им смета оти не можат да си киумчарат на раат
    А за пензиите... еве подетално:
    2006 / 2014 % зголемување

    -просечна пензија 7.683 / 12.445 - 62 %

    - најниска пензија 4.330 / 7.620 - 76 %

    - највисока пензија 27.606 / 36.007 - 30 %
    и не гледам само 500денари тука... па пензионерите треба да се луди по сите други бенифиции да не гласаат за владеачката партија. Само моја забелешка е да и дадат исто толку бенифиции и за студентите, би било супер.
    Јас лично знам дека полошо се живееше во времето кога СДСМ владееше и од тогаш до сега државата ни има многу напреднато, но треба уште многу години да се средат уште многу проблеми. Ама на добар пат сме! Во никој држава не е се совршено, и секаде и секогаш ке има проблеми. Толку народ не е лесно да се задоволи. Лугето дома тешко и е да си го задоволат сопругот/ сопругата со сите барања и каприци, а не па една влада - 2 милиони народ :D
    Само сфатете дека сите политичари лажат, и сите крадат, кој и да дојде на власт нема да се огради од политиките на својата партија, тоа да не се лажеме.Преку глава ми е од тие истите обвинувања и префрлања, и се запрепастувам кога видам дека некој слепо му верува на Пендаровски на пример. . Ама за жал на него тоа му „пали“ кај незадоволните грагани. Исклучете ги сите тие обвинувања на едните за другите, и ветувања дека тие нема да прват како нив, демек они поарни се.... и видете што ви останува, гледајте кој што сработил па потоа донесете заклучок. Не знам кој толку ви направил таков филм дека толку ногу ни е страшно у државата... Мене лично ми е убаво и не ни помислувам да ја напуштам. Најискрено ви кажувам, нејкам после да има коментари дека имам испран мозок или некој ме тера нешто да пишувам или нз што. Помирете се дека има луге што си ја сакаат државата, и убаво си живеат, и што не им е владата крива за се.
    На крај краева незадоволните дека немаат работа .... ако некој е доволно паметен и способен и снаодлив ке си потера свој бизнис, нема да чека некој од дома да го викне, знам дека не е лесно, ама и за тоа оваа влада има мерки за помош. Мои пријателки и познанички ја искористија помошта од владата со мерката за самовработување, и сега си водат успешно сопствени бизниси... Што има лошо тука??
    И Пендаровски треба да се помири со тоа што не доби доволна подршка од граѓаните за да стане претседател, а тој уште одма се покажа дека не е фер играч. Ама ајде кој губи има право да се лути ;) Сеа ке се трудат да си најдат изговор дека изборите на 27 нема да бидат фер и демократски, дека ке има фалсификат... еве ке видете. Се ке направат само нема да можат да се помират со пораз! Реално имаат огромна подршка, иако не ми се допага на мене лично ама гелдам дека ногу луге го фалат Пендаровски , ама НЕ Е ДОВОЛНО! и крај.
    И можеби ВМРО кикснаа овој пат со изборот за претседател, ама сепак не е полош од Пендаровски!
    Лугето си излегоа легитимно си гласаа и резултатот си излезе. Јас ја дадов подршката за Ѓорѓе и ВМРО и мене никој не ме уценувал, присилувал или потплакал! Дали членовите и симпатизерите на СДСМ можат да го прифатат тоа, дека лугето своеволно го прават својот избор, а тоа не се СДСМ и Пендаровски?! Срамота и греота е да ги правете луди или глупави што не ве подржале вас! На крај краева гласанјето е тајно, никој не може да знае за кој си гласал па да те уценува или нз таму како се тешат... или она дека лифтовите намерно се заглавиле во зградите па затоа лугето биле спречени да гласат :D
     
    На Nati.P, Daydream, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Точно, Премиерот не е кандидат за претседател, туку е Претседател на целата Влада односно на Премиер на СИТЕ ГРАЃАНИ, и не смее таква изјава да дава, ние не сме „каков таков народ“.
     
  18. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    :bow: Браво ан-на на напишаново,потполно се сложувам со тебе.Никој,никогаш од горенаведените партии не ми помогнал,ни пак прашал дали ми треба нешто или не,фала Богу се сама заедно со сопругот и блиските сме успеале и се што сме постигнале е со наш труд и сме Горди на тоа.Па и јас си имам своја гордост бре,ми се лоши кога ги гледам пред штабовите,како некоја секта се,без свое јас,без соодветно образование ги гледаш после во администрација,ако појма нема од ништо и тоа не го зборам на памет,туку има доста примери у мое маало. :!: :puke:
     
    На bubamara12345 и f.e.m.i.n.k.a им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како уште некои пишуваат оти Стево не бил партиски определен... :?:
    Мислам како е определен??
    http://www.sdsm.org.mk/
    Еве се гледа кој е главен.
    И кога сме на муабетот вчера сдсм беа во Центар и Ѓорче, беше и Стево и Заев таму и веќе се изгубија, немаат што да кажат два три муабети исти ги вртат цело време. Ова е од вчера:
    Ние веруваме во нашиот концепт и идеја за Македонија и ќе продолжиме да се бориме за нив. Тие ја поистоветија партијата со државата, правејќи ни ја државата политички опонент и спроведувајќи системска кражба. Граѓаните веруваат во нашиот концепт, затоа масовно да излеземе и да не дозволиме да се фалсификува волјата на граѓаните, повика претседателскиот кандидат Стево Пендаровски при денешните средби во општината Ѓорче Петров.
    Жителите овде се жалат на лоши услови за живот. Говорат отворено и за изборите. Велат очигледни се бојните изборни нерегуларности, со коишто власта ги добива изборите.
    Им благодарам на граѓаните кои во овие услови ми ја дадоа масовно својата поддршка. На 27-ми ве повикувам да ја дуплираме таа бројка. На 27-ми да гласаме за нови луѓе, за нов концепт, на 27-ми април да извојуваме двојна победа, повика Стево Пендаровски во своето обраќање на собирот на граѓани во Ѓорче Петров“


    Цела кампања му ја проследив, секој настап секој збор кажан, и се ова исто го врти во круг и плус за иселувањето на младите и дека не го спроведовме во целост рамковниот договор што кажува секаде. Значи со ваков концепт не се истапува низ цела држава. Кога тргнуваш во кампања нормално е да си против другата партија, да ја критикуваш, да ја демантираш НО и да ветиш нешто, да го кажиш планот и програмата за твоето понатамошно работење. Стево ништо не кажа, празни муабети од прв до последен ден на кампања.
    И на крај се дотепа со ставот и решението за името, кој не може сега да го кажи туку од кога ќе победи. А ако не победи нема да го каже решението за инает, гајле му е.
    http://denesen.mk/web/2014/04/08/pendarovski-ne-mozam-da-vi-go-kazam-mojot-stav-za-imeto-video/

    П.С. Не дека се заслепив јас за Иванов, да излезеше некој кандидат кој навистина ќе ме убедеше во своите силни и цврсти ставови во кои навистина ќе гледам позитивна и убава иднина сигурно дека ќе гласав за него, ама таков за жал уште не се појавил кај нас, а Стево е најмалку тоа.
     
    На Nati.P, Dea8 и Cka им се допаѓа ова.
  20. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Mе напнаа со овие изборите стварно.Гледам тв, на секои 5 минути реклама, пуштам на јутјуб нешто и оп пак политичка реклама!Ај ќе кажев нешто што не треба али ќе се воздржам. :devil:
    Иначе сеа на вториот круг срцево ќе ми се наполни доколку изгуби онај препарираниот Ѓорѓе, само тој да не победи, друго не ми е битно. :tmi:
    Инаку да би била над 18 со можност да гласам,би гласала за ГРОМ,мислам дека треба да им се даде шанса, све околу сдсм и вмро се врти.Стевче се што обеќал исполнал во Карпош.
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.