1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    СДСМ уште во старт ги почна лошо овие избори со недемократскиот начин на избор на кандидат за претседател. Сигурно ќе има револт кај останатите претседателски конкуренти од СДСМ и нивните поддржувачи за оваа позиција, а ова ќе ги направи лесна "роба" за купување и привлекување од страна на другите партии. Одредена група покажа дека не почитува ниту партиски органи, ниту право на членовите и дека Б.Ц. и тоа како ја диригира секоја нота во партијата. Кога се уверени дека Пендаровски е квалитетен кадар и дека е апсолутен внатрепартиски победник можеа да направат нешто слично на она што го направи ДПМНЕ. Конгрес како што прави секоја нормална демократска партија во светот, каде органите на партијата и членовите заеднички одлучуваат и решаваат одредени прашања. На страна тоа што ваквиот конгрес ќе ги охрабреше и поттикнеше членовите на СДС и оние независните и подзаспани гласачи кои сакаат некоја промена. Вака видоа дека на СДС не и е гајле за сопствените докажани членови најверојатно со некаков рејтинг во партијата, капацитет и идеи, штом се кандидирале за претседател. А кога на СДСМ не и се битни сопствените членови, нивните мислења, желби, идеи, што тогаш да очекува еден обичен граѓанин од нив? Најлогично, уште еден пораз...

    Гласачка практика во СДСМ со долга и стара традиција
     

    Прикачени фајлови:

    • gif.gif
      gif.gif
      Големина на фајлот:
      764,5 KB
      Прегледи:
      328
    • gif2.gif
      gif2.gif
      Големина на фајлот:
      1.010,8 KB
      Прегледи:
      328
  2. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Мислам дека лудилото ќе оди до тој степен што секое гласачко ливче после ќе биде испитувано и ќе се бараат впечатоци од прстите за да се идентификува гласачот и да се утврди кој за кого гласал, знам дека лудоста може да оди до овој неверојатен степен. :rofl: Јас ќе гласам со ракавици за да не оставам никаков впечаток/отпечаток врз гласачкото ливче. :D
     
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Штета што Ванковска не собра доволно потписи да продолжи во трката.
    Мислам дека добро ќе дојдеше промена, ама сепак притисокот и опструкцијата на нејзината кампања од страна на противниците си го направија своето. Толку од демократијата во Македонија.
     
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ако Стево Пендаровски не е партиски определен тогаш кој е :rofl:
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Било како било кога се претседатели во прашање јас нејќам да гледам партии. :D

    Најкратко сумирано, ако сакате да имаме претседател во вистинска смисла на зборот гласајте за Пендаровски, ако сакате да имаме претседател за потсмев кој живее во античка Македонија и држи предавања на другите претседатели за Паљурци и тоа колку сме биле јаки пред 2000 години гласајте за Џорџеееееееее пењугата. :rofl: Ако победи Ѓорѓе уште 5 години ќе сме изолирани во светот, а со оглед дека на овие од власта им одговара тоа, јасно го исфорсираа послушниот пулен. :D

    Ни треба ваков претседател бај д веј. Путин царчина. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=flC---s2moA
     
    На bubamara12345, Kaley, A.r.i.a и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме после изборите кој е претседател во вистинска смисла на зборот, мнозинството граѓани ќе одлучат за тоа ;) Мислењето на еден или двајца ич не е битно. А за Путин ние немаме ни толкава територија ни толкава сила за да бидеме како него.
     
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не треба да чувствуваме таква маленкост како нација. :) Ако сме мала земја не значи дека не можеме и не заслужуваме да имаме добар и строг претседател. :) Точно ќе видиме на изборите за месец и пол, јас само си кажувам мислење со кој претседател мислам дека би имале повеќе прогрес во надворешната политика. Претседателски мандат е 5 години и нема предвремени претседателски избори, така што одлуката што ја бираме треба да важи наредните 5 години, а тоа не е мал период па затоа сакам да го избереме најдоброто. :D
     
    На bubamara12345, poenta и converse.brown им се допаѓа ова.
  9. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Значи крајно сум изреволтирана од вакви мислења и морам да прокоментирам!
    Lilit од авион се глада дека си СДСМ-овка,цело време плукаш по власта,Грујо ваков таков со одвратна насмевка или не ги покачи пензиите,колку толку го среди здравството,им даде слободни карти и бесплатни учебници на учениците,ја зголеми социјалната помош,Скопје после 20 год конечно доби изглед на светска метропола,направи обиколница за да се растерети метежот во Скопје,а да не зборам за субвенциите што ги зимаат земјоделците,луѓе се направија.И да не набројувам сега ке ми треба цел реферат да напишам.
    А додека беше Бранко на власт кажи ми што се направи во земјава(еве ти си постара сигурно повеќе знаеш од мене).
    Единствено што добивме од Бранко ни се Косоварите кои сега ни се прават газди на наша држава. Да беше СДСМ на власт до сега немаше да се викаме Македонија и децата ке ни учеа на Албански.

    А од таквите како тебе продадени души што би гласале и за шиптар ке пропадне Македонскиот народ и држава.Срамота срамота!!! :fubar: Ова права Македонка никогаш не би го пишала.Продадена душа.
    Ако гласаме сите како тебе(за шиптар) тешко нас и тешко на тие што загинаа во 2001 ке се превртуваат во гробовите.
     
    На koritsaki и Elissa им се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Извини вака никој не спомна за маленкост на нашата земја, мислам дека не сме со ограничен капацитет за да го сватиме муабетот обратно.
    Нашата земја е мала и по народ и по територија и неможеме да се споредуваме со Русија, што би направил Путин доколку би дошол во нашата земја, со сето ова што ние го располагаме??????
    Како би бил силен и толку моќен. За сега јас мислам дека имаме одлични паметни луѓе, интелектуалци кои со гордост не преставуваат.
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  11. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Skopje pocnalo da lici na svetska metropola... hahaha lele so kakvi luge go delam vozduhot.
    Lazni patrioti sekade a na prvite izbori ke si go prodadat g***t na siptarite samo da ostanat na vlast.
     
    На bubamara12345 и drakulce им се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Има многу што да се направи ако се појави македонски Путин на политичкава сцена. Има да ги седне директорите и експлоататорите на најголемите и најмоќните компании во нашава земја, да ги истегли за уши како мали деца и да ги натера да потпишат договор минимална плата да е 500 евра, работниците да се заштитени и да ги уживаат сите права како нормални граѓани. Да се серам во сите инвестиции кои доаѓаат во нашава земја а платите и натаму се... минимални. :D Нели Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Кромберт и Шуберт итн. доаѓаат кај нас, а работниците и натаму рмбаат за 200-250 евра кога газдите комотно можат да им даваат по 500-1000 евра. Не сфаќаме дека инвеститорите се решаваат да инвестираат кај нас заради евтината работна снага тапкајќи не по рамо како сме биле супер земја... чудесната земја Македонија. :D
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ги читам коментариве и се ЧудаМ, ах кога ли овој народ ќе се свести веќе еднаш?! Ретки се тие кои реално ја согледуваат моменталната состојба во државава. Дали од многу гледање Сител им се испрало мозочето :^) Почнувам да верувам дека има скриени пораки кои одат во позадина додека трае Фатмаѓул и квиско на Лила и ефективно делуваат врз свеста на граѓаните.
    Јас сум за тоа да бидат на власт барем уште 4 години за да удри по грбот на народот оваа беда, та можеби тогаш ќе се смени нешто у нашево државиче.
    Не за џабе рекле каков народ-таков лидер!
     
    На bubamara12345, drakulce и poenta им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да зимам 1000 евра плата, и да биде од 500 до 1000 евра платата на секој просечен Македонец, но тоа не зависи само од Груевски или Претседателот на државата. Ова е долгорочен процес на закрепнување на економијата која ја наследивме на најниско ниво, која беше уништувана со години наназад. Еве да ги земеме во предвид и соседните земји каде е платата толку освен во грција, која што е во ЕУ и која да не добиваше помош од милијарди знаеме дека ќе банкротираше.
    Македонија е земја во развој, која беше во транзиција и со многу многу лошо спроведена приватизација. Тешко дека за неколку години било која земја може да закрепне толку економски, посебно земја како нашата која се бори со сите зла околу, и која не е ниту во ЕУ ниту во НАТО.
     
    На Dea8 и vickyy90 им се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Пендо за претседател и Грујо за премиер, ви се свиѓа ли математикава. :D Или сакате двоецот Ѓорѓе и Грујо да победат, а многу помалку веројатно Пендо и Зајко како пар. :D

    Нека победи и Ѓорѓе не ми е никаков проблем, ама стварно ни треба некој попретставителен претседател, Ѓорѓе е премирен за да биде претседател, ни треба некој попргав и пожесток играч на зборови, а се чини Пендо ги има тие особини.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Претседателскиот кандидат од редовите на опозицијата, Стево Пендаровски, во интервју дадено на 23 декември, 2013 година, за интернет порталот „Прес24“, предлага спорот за името да се решава зад затворени врати далеку од очите на јавноста и без нејзино знаење.

    Тој во своето интервју вели:

    „Мислам дека е дојден часот кога релевантните политички субјекти треба да седнат далеку од очите на јавноста и да се договорат за две работи: дали нашите стратешки цели утврдени во 1990-тите остануваат истите или не, и ако одговорот е позитивен, тогаш каков компромис треба да направиме за да се интегрираме, но, при тоа, да го сочуваме народот затоа што тоа е апсолутен приоритет број еден“.

    Овој став е многу поразличен од сите досега кои што сме ги слушале. Со овој став Пендаровски предлага за прашањето за името да решаваат политичките елити, а не сите граѓани на Република Македонија.

    Токму на овој начин беше и наметнато денешното име на државата, ФИРОМ. И тогаш ова битно прашање се решаваше далеку од очите на јавноста, а притоа ниту граѓаните, ниту било кој друг не беше консултиран, ниту информиран за ова.
    - Извор: Нетпрес.

    Само овој живее во државава? Како може да се решава името без знаење на граѓаните :o :x
     
  17. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528

    Лилит каков е овој политички азил???Ај те молам,ако не ти е тешко,прашај го поопширно другарот да ти објасни и кои документи се потребни?Јас се извинувам ако сум надвор од темата,ама баш ме заинтересира ова и ако неможеш тука да ми одговириш,ќе те молам по лп.Благодарам.
     
  18. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Стево Пендаровски има потенцијал за добар претседател, во секој случај е подобар избор од Иванов. Пендаровски, харизматичен е, врвен експерт од областа на меѓународни односи и дипломатија, поранешен советник на двајца претседатели, прифатлив за етничките заедници... едноставно е со сите нишани за да биде претседател. Иванов, на пример, е донесен да спроведува политика на партијата која го предложи и постави на тоа место...
     
    На TheKiketoo, cigarce, anichka94 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    мозеби Бранко не градеше споменици, ама барем имав леб да јадам, а бесплатни уцебници дека дале мало морген, ако не си исфотокопираат децата уцебници нема да имаат ништо.Светстка метропола хахахахаха, молимте малце отвори гугл и види во кенија, месопотамија што има, дали сме ние светска метропола, коњите, лавовите и ред други работи мозат само во г*з да си ги набутаат ништо повеке, додека јас и сите околу мене немаат леб да јадат тие ми градат споменици!! па од спомениците ли да се хранам!!! а што ги покачил пензиите??? 5% ма дај молимте кога од друга страна 100 пати им ги зима. Што не ја смали струјата, туку плакаме некој си данок од 33% појма немам за што е тој, па 18% на дрзавата па осветлуванје а незнам што и како. а социјалната помоШ за 200 денари накацена??? е многу покачил!!! Мозеби Бранко и другите што биле на власт порано не биле цвекинја за мирисање ама Груевски по мизерен не мозе да биде.Да ме тера со сила да извадам вмровска книшка, да гласам за него, и да носам други луѓе да гласаат за него, и да ми прети со отказ!! извини ама јас не се продавам! И никој не мозе да ме купи за пари, а додека има некој што се продава за пари, вака ке ни оди надоле дрзавата
     
    На ariela09 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И после Албанците ни се криви!
    За се ни се криви албанците, или можда Грците, евентуалнио Бугарите, и Србите....
    Трчаат вадат бугарски пасоши за подобра економска егзистенција, оние другине не можат жени да земат, па се женат со албанки од Албааинија, за да можат семејство да остварат и субвенции да земат , нели нормално, голем дел си земаа хрватско државјанство ради влезот во унијата, сега ќе почнат и српски пасоши да се делат...и на нас некој друг ни е крив, не ние самите што секој што го изгласавме и сднавме на власт во последниве 20 и кусур години, гледаше само како да се обогати!
     
    На poenta и drakulce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.