Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Просто, човек да помисли дека Саше Политико е најреалниот и најпаметниот од сите медиумски личности. А вие на форумов, не би ме зачудило и ако ми кажат дека ви плаќаат хонорарно за политичка пропаганда. Ама ако, еден ден се од глава ќе ви се удри.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома два три дена пред гласањето дојдоа на врата од сдсм со кесенце (на кое пишување сдсм) и во него пенкалце тефтерче и незнам што, не ни видов. Прашаа за кого ќе гласате, повелете рекламен материјал, јас им кажам нема да гласам за сдсм, фала пријатно си отидоа луѓето и тоа е во ред. Не го сметам тоа дека ми упаднале во имот ме поткупувале ми вршеле притисок и незнам уште што.
    Нивно е да се потрудат мое е да си одлучам.

    Инаку на избори никогаш нема шанси да знаеш кој за кого гласал, освен самиот гласач ако не ти каже точно. Јас сум била член на избирачка комисија на неколку избори по ред и гледам што се случува.
    Значи има ангажирано членови на ИК од администрација , и од партија, (од вмро и од сдсм). Исто е и со набљудувачите, нив ги има од секоја партија.
    Така да тие лица што се ангажирани било од која партија седат таму со отворени очи и сигурно нема да премолчат било каква нерегуларност, манипулација и јавно гласање.

    Никој друг освен самиот гласач не смее да се приближи до параванот каде што се гласа, ако има такво нешто одма сите реагираат. На крај ливчињата од кутија ги вадат еден член од вмро еден од сдсм ги читаат гласно и им ги покажуваат на набљудувачите. Покоректно од тоа амин.
    Значи дека имаме нерегуларни, наместени избори е приказна за мали деца. Сите знаат дека кај македонското гласачко тело никогаш немало проблеми во врска со гласањето.
    На изборите од неделата имаше само еден инцидент, каде што пијано лице упадна во гласачко место и ја искрши кутијата за што под итна постапка до вечерта беше осуден на 3 години затвор.
     
    На Dea8, Daydream и Cka им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Морам да признаам дека овие избори се едни од нај досадните и крајно монотни, барем за мене. Ниту едните, ниту другите не понудија ништо ново со кое би можеле да го добијат мојот глас. Се едните исти препукувања од двете сстрани, исти обвинувања и исти лаги.
    Ѓорѓе го почитувам како човек но сметам дека не заслужува уште еден мандат, Стево пак ми е еден од полошите избори кои ги направиле СДСМ покрај Фрчковски, проба да се претстави како еден модерен, софистициран претседател кој што ќе се посвети да го подобри животот на младите иако сите сме свесни дека и да победеше ќе беше само едно кутро пиунче кое што само ќе фигурира со таа титула.
    Гласав за кандидатот на ГРОМ, од проста причина што не сакав да гласам за ниеден од овие двајца а свесна бев дека овој нема да победи во ниеден случај, па може да се каже дека гласав само колку да си го искористам правото на глас.

    Сеуште не ми е јасно како ВМРО одлучи повторно да го кандидира Иванов со оглед на тоа што мислам дека еден мандат му беше сосема доволен и сметам дека доколку ставеа некој друг на негово место разликата ќе беше многу поголема иако морам да признаам дека ме изненади што и покрај се Иванов води со 120.000 гласови.
    Како главна мрчаторка против опозицијата пак ќе кажам дека проблемот е што немаат ништо ново да понудат и постојано сакаат да наметнат перосни кои што пред се верувам дека им се одбивни на повеќето луѓе. Си го потврди тоа Стевче така што не нарече прости, минатиот кандидат за претседател имаше бројни афери од тепање на жени и слично. Заев јадеше живи луѓе а јакиот ебач Бране се дрзна да каже дека неможел да постигне и он на сите страни. Епа со вакви луѓе допрва ќе губите. И срамно е што овие другите ставаат така слаб човек како кандидат а они ни тоа незнаат да го искористат. И доста беа приказнаите за нерегуларности и слично, мора да се признае дека овој народ не ја сака опозицијата и не само овие туку и во наредните 10 години константно ќе губат исклучиво заради нивната никаква програма и луѓе кои не вредат ништо.

    Во вториот круг гласот ќе оди за ВМРО а за претседател нема да гласам. Се надевам само дека нема да се повтори кумановското сценарио и албанците да бидат тие кои што ќе решат кој ќе биде претседател во нашата држава. Едно само знам, со Заев, Шекеринска и остала гарда мојот глас НИКОГАШ нема да отиде на нивно конто!
     
    На Dea8 и Daydream им се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ама навистина не разбирам зошто толку сте огорчени од администрацијата. Неписмени, со соодветно образование или не, тие си имаат решение и добра платичка за тоа "клатење на вратите"- сакале вие да го прифатите или не.
    Трчале по штабови, ја згазиле сопствената годрост, ама ете, мислат дека тоа им се исплати, и сега си уживаат таму кај што се.

    Е сега, кога некој си зема за право, партиските војници да ги навредува, нарекувајќи ги ОВЦИ, тоа е во ред. А доколку некој партиски војник, каже дека сепак не е овца, туку си има корист од тоа, тогаш тој добива уште повеќе навреди.
    Поентата ми беше дека размислувате во една насока, гледате само од ваша перспектива и наметнувате ставови, употребувајќи навреди. ;)
     
    На Dea8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    jovanovska еве ќе си зборам за мене лично,како што пишав погоре јас сум во тие "неопределените" како што милуваш да ги пишеш ти,никого не навредив со овци(ти тоа си го пиша) кози,леопарди само си го кажав своето мислење,ни едните ни другите ни не ги сакам,ни пак се потресувам нешто за нив,не се замарам ама воопшто верувај.Затоа не ни гласам за никого.А за кого да гласам.Тој Пендаровски или пендрак Стефановски(така го вика тетка ми :D ),дали два,три пати го имам видено на тв,не ми личи воопшто,ни пак знае да се постави говорно за претседател,или пак Иванов што два збора незнае да каже без да чита од ферманот :lol: мора да го видите видеово,пред некој ден го начекав на фб.Човек незнае дали да се смее или да плаче,ама накај второво ќе да тера,ваков човек да се стави за претседател :tmi: :o

    https://www.youtube.com/watch?v=qQv0T2xK7bs&hd=1
     
  6. manolia

    manolia Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ви се чудам на егоистичкото размислување...Јас сум албанка, вработена во државна администрација, и да со партиски врски, но на таа партија која ме вработи веќе нема да го дадам мојот глас...а ниту за претседател нема да гласам, кандидатите не се по мох вкус... :rofl: Ама да го гласаш Хорхе со разумниот компромис, поради инат на СДСМ, мислам е премногу детско размислување...Луѓе претседателот ја претставува државата пред меѓународната заедница, толку ли сте без знајковци вие македонците што за инат на некој домашен политичар сакате во странство да ве претстави човек, кој и покрај титулата д-р, секој втор збор му е погрешен...или можеби јас како албанка сум имала преценото мислење за вас македонците... А Пендаровски, ок е за советник ама за Претседател треба да имаш нешто повеќе...Добар беше кандидатот на ГРОМ, ама погрешна партија, таква му беше среќата на човекот...
    А за ВМРО и БДИ (ДУИ), толку ли сме прости што уште веруваме дека тие две партии не се поднесуваат :tmi: Ајде бие македонците продолжете да го гласате Груевски, за инат на Ахмети, а ние Албанците ќе продолжиме да го гласаме командантот Али за инат на албанофобот Груевски..За на крај двајцата да седнат и да не дераат како овци...Не ги сакам ниту СДМС, премногу се преценуваат себеси, а ДПА, упс партијата Тачи не заслужува да биде воопшто на политичка сцена...Е сега ништо добро за гласање нема на списокот, и затоа мислам дека добро ќе биде еднаш сите да бојкотираме, па да видат политичарите дека без народот неможат да седнат на топлата фотелја...или сите ќе бегаме од мк?
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    http://www.youtube.com/watch?v=1Peza7vN9yk

    Не знам колку аудио снимката е релевантен доказ за експозирање на валканиот веш на нашата ни прекрасна владичка, но не е лошо да се чуе.
    Да бидам искрена, не верувам слепо во чуеново, и не дека не оставам простор за можност да станува збор за монтажа меѓутоа после (многуте избори, клучително и овогодинешните претседателски), како и сите ,,добри'' дела не ми оставаат многу простор да размислувам поинаку!

    Чујте, и продискутирајте..
     
    На makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  8. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Зошто Груевски не го спроведе пописот? За да прави секакви малверазии нормално. Еве и како...
    Како Иванов и Груевски добиваат гласови и победуваат. Арно ама овој арамилок ќе излезе на виделина за скоро време. Овој народ не ни слеп, ни глуп. Прашањето е до кога ќе трпиме се и сешто од оваа Власт?
    http://brif.mk/?p=146635
     
    На fighter, makedonkamak, TIGRICA123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Види, во мислењето можеби и малку претерав со генерализацијата, ама еве ќе си ја поправам грешката. Целото мислење го напишав во контекст на мислењата пред моето, а во друго мислење го напишав и мојот став за сегашните кандидати. ;)
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Никогаш не сум бил политички активен,во случај да идам да анализирам секоја политика и блиска до моите верувања.
    Јас сум либерален во моите верувања и тврдам дека иако има слобода за размислување во овие 8 години на власт на ВМРО,нема креативност на идеи и критиката веднаш те врзува со опозиција или дека не веруваш во нив.
    Напротив критиката е полезна и добредојдена во било што се додека држи аргументи.
    Оваа влада зашто мислите брка странски инвеститори?
    Тие не плаќаат ништо на државата и се како даночен рај и бенифицирани од владава.
    Ако се прашаш зашто е така,сигурно е фактот што Македонија е мала земја и мора да служи за нешто на тие странски инвеститори.
    Во овие случаеви тие служат за перење пари,иако немам докази доволно е фактот што кога работев самоволно и инвидуално видов колку владините фирми имаат насекаде свои фирми и контролираат голем дел од пазарот.
    Тие се движечка сила и ништо не им можеш,викај ако сакаш инспекции или ако имаш докази тие се имуни и не им можеш ништо.
    А ти како мал играч и претприемач плаќаш даноци,придонеси и секакви давачки,а нивните фирми тоа го избегнуваат креирајќи разни шеми за избегнување на овие давачки.
    И можеби ќе ги подржам во некои од политиките што ги прават,но искрено кога бев на нивен митинг се чувстував како да сум во Северна Кореа.
    Фалеше уште да рече јас сум ви спасител и ништо никој не ми може.
    И се додека народот е поделен кон фундаменталните прашања и гледа брз излез од ситуацијата да се пикнат во државната администрација нема никогаш да успее државата да се крене.
    Самиот факт е дека плата од 12000 денари не е плата.
    Пробај да издржиш со таа плата повеќе од 15 дена.
    И која било власт да е би бил критички настроен кон неа.
    Го дадов гласот за СДСМ,но после глупите изјави и лажни ветувања од сите партии,мојот излез го гледам надвор од државава.
    Почнувам полека да целам кон тоа.
    Не можам повеќе да слушам празни муабети и препукувања,а народот највеќе да страда.
    Сите веќе ми се исти,мојот глас не го давам на никој...
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Ако реално ги гледаме работите ВМРО како пратија многу направија за нашата држава.Многу работи тргнаа во нагорна линија,има многу вработувања,се смени изгледот на Скопје,бесплатно образование,покачени пензии.И мислам дека заслужуваат уште еден мандат(иако вработувањата се страшно испартизирани).Меѓутоа Иванов како фигура како личност и со сите негови гафови не беше за повторен мандат.Мое лично мислење дека функцијата претседател има многу поголемо значење од тоа он што го прави,пасивен беше целеосно во овие 5 години.Он е образован,скромен,фин но не и фигура за претседател... :)
     
    На Dea8 и Cka им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    вмро за нашата држава направи едно огромно НИШТО!
    Вработувањата тргнале по нагорна линија? :^) Види богати, сега ми е јасно од каде толку голема сиромаштија во земјава. :lol:
    Инаку за менувањето на изгледот на Скопје, биди искрена и слободно кажи колку дрва требаа да бидат пресечени за да се изградат новите стамбени објекти?
    А да не зборуваме за сите тие статуи или како да ги наречам веќе, кои го затскрија нашиот прекрасен плоштад во метално грубо руво.
    Да не заборавиме дека не е исклучена и можноста да под покровителство на масонската рака намерно да биле преземени вака стратешки потези, и ако мислите дека тие немаат дејствување, грдно се лажете.
    За образованието велиш бесплатно е..А за студентите шипки нели? Тие се препуштени сами на себе, па нека се снаоѓаат како умеат. Затоа секој месец кај едвај крпиме крај со крај, згора на тоа сме приморани да двоиме по 1500 денари за слободни.
    И велиш ги покачиле пензиите? Тогаш зошто платите не ги покачија воедно? Зошто како во сите европски земји во прв план не ги ставија правата на обичниот работник, туку спроведоа дволична политика?
    А да заборавив извини, ние сме далеку од основни граѓански права а не па да размислуваме за Европа како и сите други работи.
    Единствено, од целиот твој пост се согласувам за претседателот дека не го заслужи овогоднинешниот мандат. Иако ако јас се прашувам тој не заслужи ниту еден.

    Ама ако македончето секогаш ќе биде третирано со ваков посебен третман. Со пет златца за еден опинок што вели баба ми.
     
    На Angel.girl, femina2014, babyblond и 5 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ не можеш да кажеш дека студентите се оставени сами на себе.
    Како прво, оние кои имаат просек си земаат стипендија. Исто така, 200 € годишно, за партиципација, не се многу. Мене ако ме прашувате, тоа е скоро џабе. Е сега, дополнителните давачки се друга приказна.
    Второ, социјалните случаи имаат опција, бесплатно да седат во студентските домови, а ако имаат просек, добиваат и стипендија.
    Доколку имаш некој пријател, роднина кој студирал неколку години пред да се донесе законов, слободно можеш да направиш споредба, колку чинело студирањето- тогаш и сега.

    Исто така, факултетот е незадолжително образование, и не мора секој да студира. Просто, ако имаш пари, ке студираш, ако не- не. Немој веднаш да рипнете со навреди, едноставно светот така функционира. ;)

    И да напоменам, во врска со средното училиште, кое е задолжително. Превоз имаат сите ученици на кои училиштето им е на повеќе од 5 кm оддалечено од местото на живеење (Не ме фаќајте за збор дали се баш 5km, но небитно е во моментов). Исто важи и за основните училишта.
    Дополнително олеснување се бесплатните учебници и исфрлање на работните листови. :)
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    200 евра годишно.
    Не можеш да купиш ни тоалатна хартија со тоа,камоли за нормален живот...
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Не разбирам што сакаш да кажеш со ова... :^)
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.488
    Допаѓања:
    13.738
    За луѓе со ниски примања и 200 евра партиципација се многу. Сум била во Франција и можам да кажам за споредба дека таму платите се над 2000 евра, а на почеток на академска година француските студенти плаќаат 200 евра и доколку се примерни и имаат добар успех тие пари на крај на година ги добиваат назад. Кај нас која мизерија е и уште да се каже која има пари нека студира, а кој нема не мора. Колку деца кои се навистина капацитет пропаднале баш од тоа што немале пари за студии. Ни здравството, ни образованието не е бесплатно кај нас. Гласав во 2006 за ВМРО затоа што искрено верував дека работите ќе се сменат на подобро, ама сега гледам дека секоја следна година имам се помаллку пари иако напорно работам и не сум задоволна. Какви казни имаме само тоа е чудо. Не дај боже да те стопираат и казнат во сообраќај за некој прекршок.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Сакав да кажам дека да беше 100-150 евра месечно,било кој човек нормален нема да доаѓа во Скопје да студира и да работи.
    Туку ќе се посвети на студирањето и ќе имаше подобри резултати во студирањето.
    Една диплома не е верификација на знаењето но може да помогне.
    И во споредба што пензионерите добиваат а студентите ова е ништо.
    Но ние сме мирен народ,како што ќе каже пастирот така ќе правиме.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ за казните се согласувам.

    Но, како што реков, за капацитетите си има стипендии. Не ме убедувајте во спротивното, студент сум и имам колеги/ колешки кои се во таква ситуација.
    Не е мизерија, од секогаш било така. Не може сите да завршат факултет. Кај ке се вработат сите со високо образование?

    А за здравството, кога веќе спомна, како тоа очекуваш да е бесплатно?
     
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Не сум плавуша, ама некако тешко ми оди да сконтам што сакаш да кажеш, навистина... :^) :)
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927

    Izvini vaka,a sto tolku dobivte vo vremeto na Branko i slicnite na nego?
    Kolku sto se sekavam stipendija ne sleduvase na sekoj student,a sega ima mnogu grupi na stipendii i skoro pola studenti zemaat stipendija.
    Participacijata vi ja namlija na 200 evra,a dali se sekavas kolku bese vo vremeto na vaseto famozno SDSM?
    Minimalnata penzija iznesuvase 4500 denari,sega e 7600.
    Ne znam kako postojano ocekuvate i samo napagate deka ovie nisto ne napravija,a pa drugite sto gi zatvorija site mozni fabriki vo koi rabotea vasite roditeli ne se vazi taka?
    Ovoj narod e konstantno nezadovolen, i da nema participacija na fakultetite pak ke najdite mani.
    I da fakultetite ne se zadolzitelni,ne moze da ja obvinuvate nitu vladata,nitu drzavata za se i sesto.
    Vratete se malku vo minatoto i od kade zapocna seta ovaa siromastija i bezrabotica,pa davajte izdrzani argumenti kako VMRO necinat.
    Se izvinuvam za fontot,momentalno nemam mk podrska.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.