1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Јованоска94
    :) убаво знеш што ти пишува дечкото, ама ти несакаш да признеш некои работи и затоа се правиш мутава као. :)
     
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Дај да не ја полниме темава со офф- топик муабети.

    Јас никако да сконтам како мислењето на StefChef има било каква врска со моето?
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Joвановска, а што е со оние кои не се толку солидни за да може да земат стипендија, и се сепак сиромашни? Или тие не заслужуваат да студираат.. :?: Поентата ми е - не можат сите сиромашни да бидат генијалци. Јес да постои опција ама не е и дека е така лесно достижна што не е баш океј.
    Јас на пример плаќам по 400 евра приватна квота - втор круг, а не го заслужувам тоа ни најмалку од причина што дел од моите колеги кои исто така влегоа во вториот круг со дупло помалку поени плаќаат само по 200! И сега каде е правдата?
    Ако за тебе 200 евра не се ништо, за некој се луксуз, верувај! А да не зборуваме и за социјалните случаи како најзагрозена група.
    Велиш кој има пари ќе студира а кој не - не, но не е баш така..
    Погледни само во некои европски земји, на пример Германија или Швајцарија (со чии стандарди не може да се рамниме), но веќе кога правиме споредба да правиме до крај. Кај нив скоро и нема необразовани луѓе. Имаат солиден кадар и затоа земјата функционира толку добро, но тоа произлегува токму од можностите кои ги нуди самата држава. Од фактот што создава добар работен амбиент и одлични услови за да ги поттикне студентите и да им даде волја, а за возврат тие знаат дека тоа еден ден сигурно ќе им се исплати.
    Па после се чудиме кога ќе ги компрарираме нашите и нивните резултати, без претходно да се погледне во очите на поддршката! Во колкави количини таму ја добиваат, а колку овде.
    Просто кажано во нашава ни државичка ем нема можности, ем се бара од тебе многу.
    Или поедноставно кажано, за некој овде да успее без ниту една проклета читај: (партиска) врска чинам 3 докторати треба да ивади, и згора на тоа поголемата половина од својот живот да го посвети на усовршување за да најде добро платена работа што е речиси невозможно. Ако не сум во право слободно корегирајте ме ама бидете правични и признајте дека овде системот и те како има зар'ѓано.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Валерин нешто мешаш лончиња , државата не е должна да плаќа за медиокритет ..

    Секаде во светот е така , ако си добар студент и одличен ученик ќе добиеш стипендија и ќе влезеш во државна квота , ако не ќе си платиш .. :)
    Не е тешко да бидеш одличен ученик само бара труд, посветеност и мотивација , а не знам што е поголема мотивација од тоа ако немаш средства ,да учиш за да добиеш стипендија и помала партиципација ,се е борба луѓе ако очекувате државата да ви ги среди работите без да се помачите гадно сте се излажале . Студирањето е по желба и мора да се вложи труд ,време и финансии .
    Е друго е што сега генерациите мислат дека сите треба да имаме факултет а не сакаат да учат .
    Тука е проблемот .
     
    На jovanovska94, manja666 и Kacjushka им се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Проблемот што има корумпираност во сите универзитети.
    Секој може да има диплома,ако има пари и врски.
    И што ако имаш диплома,кога после тоа гаранција за работа ти е да работиш како келнер или нешто што секој може да работи.
    Ако успех е да се вработиш во државна администрација,браво ебате економијата,клати врата примај плата.
    Да знаеш колку е тешко еден човек самостојно да креира пари и да има фирма со такви инспекции и казни ќе размислам два пати дали сакам да живеам во државва.
     
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ама нешто кај нас пак не функционира како што треба. Некои (значи некои велам) и до стипендии доаѓаат преку ургенции, тврдам дека и тоа го има :) . Па дури и високите оценки од средно (вклучително и од матурата) не се доволен показател за високиот капацитет на ученикот зашто на разни начини се добиваат, мислам дека веќе сите тоа добро го знаеме .
    Дека не е секој за факултет, не е, ама од сите што ги познавам (а ми се генерација, или генерациски блиски), сите се запишаа што е уште еден општествен проблем. Да може да се реши - не верувам, зашто селекција треба да се изврши, ама тука прашање е кој и на каков начин ќе ја врши... и ете пак проблем зашто пак ќе настапат ургенции, протекции и повторно нема да штима. Ама нели не е тоа темата, па да не продолжувам.
     
    На Hipster и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ни стипендиите, ни школарината , не ги оправдува овие две големи грди вистини:

    1) Најквалитетен го направивте УКИМ и студентите кои студираат на УКИМ имаат најголема предност при вработување, додека со дипломите од другите факултети од другите универзитети(за некои оправдано, за некои не) можат слободно да си го избришат г**от со дипломите.

    2) Мизеријата во која живеат студентите во студентските домови. Сликите од студентските домови не беа фотомонтажа туку реалност од која треба да се засрамиме како држава и тие беа крикот на незадоволството на студентите, кои не можат да се бунат бидејќи се уште зависат од родителите. И навистина не знам како очекувате после живеење во такви услови, изложени на студ и голема веројатност за закачување на разни бактерии инфекции и зарази, да расти наталитетот, кога отворете некоја од темите за бременост еден куп млади девојки мака мачат и грдни пари истураат за да останат бремени. Во ова време кога да имаш 2 деца, од кои еден студент е луксуз, вие барате 3то дете наместо да им обезбедите на студентите соодветни хигиенски и сантарни услови за живот во студентските домови со што ќе им помогните во иднина (откако ќе завршат факултет, ќе се вработат и омажат )на истите полесно да станат мајки.
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Ти дали ова навистина го мислиш,дека со реновирањето на студентските домови се зголемува наталитетот?
    Студентските домови се за студенти,а не за деца правење!
    Значи ако некоја не може да забремени владата е крива а? :fubar:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.533
    Допаѓања:
    139.546
    За првото, тврдам дека не е така. Најди ми закон, цитирај член каде вика дек предност про вработување ке имаат државните. Иако, јас би сакала да е така, оти на ФОН не можеш ни по скали да паднеш.
    И ако не сте живееле во студентски не зборувајте. Скопјенки се жалат какви биле домовите, им било гад секс да имаат таму. :)
    Факт е дека не чинат, нотрмално дека не чинат кога не се реновиррани откако нашите родители биле студенти. Прва воопшто реконструкцја беше Стиц, и тоа беше од ВМРО, не од сдс. Сдс не верувам дека знаеја што се студентски домови.

    Младите може не се сеќаваат, ама кога јас бев студент, партиципациите беа дупло поскапи од сега. Не се сеќавате изгледа на 50% намалување н апартиципација. На медицина и фармација беше 1000 до 12 00 евра упис, за година, оти тогашната влада сметаше дка само докторските деца можат да бидат доктори, отиимаа пари. Ама тоа вие не знаете.
    Бесплатните учебници, така ги добивте. Да се сеќавате колку јас плаќав за книги секога година, ке се мававте од земја сега.
    Вауштери по 12 000 за компјутери ви дадоа, ама ги заборавивте. Ние не можевме ни дапомислиме на тоа.
    Затоа, кога не можете да споредувате, кутете. Прв пат тргна напред во образованието, и макар полека, битно оди.
    АКо не ви чини, побарајте да се врати како што беше во времето на сдс. Е тогаш чудете се како ке издржите. Оти они со нивната политика беа поужасни. Кукате сега, а да бевте студенти кога бев јас, ке си плачевте.
    Студентски правобранител беше АНА ПАВЛОВА ДАНЕВА. Член на сдс, пратеник нивни. Кога собравме потписи и кажавме за еден професор кој ни бараше кеш за да положиме, она ни рече дека не и било тоа работа, и ние да не сме јазамерувале со колег. Ете тоа беше во нивно време, а вие сакате да се врати...Бог да чува.
    А Стеф...оди дигај тегови човек, ти у приватно работиш, колку ке си извадиш од тебе зависи.

    ЕДИТ- некои одат во студентски за да останат трудни. Факт. Ама ситражувањево дека не останувале трудни оти живееле у студентски...ми иде да заплачам од срам какви размислувања имате.
    Само потсети се кој даде бесплатно ИН витро и дава секој месец пари за трето дете, а кој НЕ
     
    На Gentlewoman!, manja666, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Абе најубо да ви укинат и стипендија и ваучери,партиципацијата нека ви биде по 1000 евра,еден учебник нека ви е по 250 евра,па тогаш фалете се како немате трошоци!
     
    На Daydream и Cka им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.533
    Допаѓања:
    139.546
    Да гласаме да се вратат сдс! Да биде како пред 10 години и да се поскапат партиципациите дупло! Стипендиите да се намалат! Да нема бесплатни учебници! Да нема ваучери! Заев за премиер!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    И ако дигам тегови автоматски не можам да кажам каква е ситуацијата.
    Море девојче,оди види како се вади леб.
    Да видиш дека така не е едноставно.
    Треба да лижеш гз на некој што воопшто нит го сакаш нит веруваш во него.
    Тоа порано го немаше.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојдат кредитите за враќање ништо чудно пак да се вратиме на тоа. Само сега постои ЕКТС системот кој уствари е измислен за плаќање на професорите по учинок меѓу другото(Во Русија основна плата на универзитетски професор е 200 евра, во завсност од бројот на предмети и студенти и учество во научно-истражувачки дејности му се зголемува). Па ќе видиме тогаш колку заслужено ќе земаат стипендии и колку професори ќе се дрзнуваат да се појавуваат еднаш неделно по 15 мин на факултет и ќе бараат 2000ден за увид што после секако ќе те паднат оти не си имал кредибилитет во нивното оценување или дали ќе бараат да се купуваат учебници по 1500 ден од професорите за потпис.

    Знам многу приватни фирми кои се жалат дека единствено се задоволни од студентите од УКИМ, додека тие од другите универзитети од истата струка им требаат години за да ги обучат. Единствена добра работа на оваа власт е намалената партиципација и создавањето на ФИНКИ, уште зграда да му изградат на факултетот и слободно ќе можам да кажам дека во Македонија има еден вистински факултет за информатички науки, со правилно и целосно имплементиран ЕКТС ,со кој можат да се гордеат. Сепак безплатниот превоз за студентите во ЈСП кој недостига и состојбата на сите студенстски домови не треба да се занемарат без разлика која партија е на власт, како и изедначување на квалитетот на наставата на сите универзитети или барем да се приближни со квалитетот, бидејќи тоа има и големо влијание не само на младината и на пазарот во останатите градови (се мисли сите освен Скопје), туку и на целокупното стопанство во Македонија.

    И за ситуацијата во домовите можеби дигнаа фама скопјаните во знак на солидарност кон нивните колеги кои не смеат да писнат бидејќи во спротивно ќе останат на улица. Исто така сметам дека пред било кој да добие стипендија треба да полага дополнително ( секакви бубалици и препишувачи вадат 10ки, а по 2 дена да ги прашаш за истото врска немаат ) и како и во останатите земји ,тие што земаат државна стипендија, немаат право да работат во странство, во спротивно ќе треба да го вратат целиот износ.
     
  14. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765

    Стипедијата е намалена, а затоа пак пола факултети се направени со 3+2 од кои 2 години си плаќаш поштено 1000 евра, а само со 3 години факултетот ти е еднаков на виша метларска школа , учебници плаќам и сега на факултет и по 50/60 евра , никој не ми ги купува.
    оваа тема е за претседателските избори, не е за парламетарни ни за влади ни опозиции, туку за претседатески кандидати
     
    На bubamara12345 и babyblond им се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Чисто колку за компарација, во Словенија факултетите се бесплатни за нивните граѓани т.е студенти, ама само 50 посто и помалку од младите се запишуваат, и не сите го завршуваат, зашто факултетите не им се како кај нас курс туку се факултети. И има работа секако, што е најбитен фактор.
    Сега имало предлог да се плаќа школарина, нешто како кај нас, некоја сума од 200-300 евра, што за нивен стандард е како кај нас 1000ка да биде година, сите студентски унии се кренаа на нозе т.е протести, цела Љубљана ја кренале во вис.
    Нас само по кафичи и дискотеки можеш да не видиш, никаде на друго место.

    Дека гледам нешто се џиткате со тоа дека само кај има олку евтина и ниска школарина за факултет, Грујо бацим руке фала ти ептен, затоа и напишав без разлика што не е тоа баш темата.
    Кај нас не е ни приближно до добро, па тек најдобро или идеално. Никаде не е идеално, ама кај нас ни просечно не е.
    Ако вас добро ви е што од 10 000 средношколци - карикирам бројка, годишно 9 900 се запишуваат факултет и го завршуваат што е најтрагично, мене не ми е, за плачење е.
    Ни ги обезвреднија дипломите па и знаењето до некаде со таква фрапантна бројка на дипломирани.
     
    На Someonespecial, Andrianaaaaa, Chocoholic и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Јас не направив споредба, туку конкретно го изнесов моето мислење за досегашните достигнувања на владата. Ти беше онаа која го стори тоа и почна да мешаш баби и жаби.
    Константо незадоволни велиш, а? Па и ќе бидам, имам и повеќе од доволно причини зошто.
    Ако ти си успеала во периодов на транзицијата да се снајдеш во животот, а притоа да не станеш член на партија, и може да се пофалиш со солиден живот, капа ти симнувам нема што.
    Подели ни и нам патем некој рецепт за да биднеме задоволни со минималниве плати, а не само да кукаме како што велиш.

    Патем, ако така гледаме кој и колку повеќе украл од државата можеме до недоглед да ја водиме дискусијава. Јас само потенцирав дека ни требаат промени. И иако не велам дека досега ги немало, но стојам зад ставот дека не се доволни, дека треба многу повеќе од тоа, и имам право да бидам незадоволна и да го барам она што ми припаѓа.
    Се дур гледам како оние кои дипломирале, (вклучувајќи ги магистрите и докторите) како ги мафтаат наоколу дипломите како парче безначајна хартија на која трошеле 200-400 евра годишно, гордо ќе стојам зад секој збор.
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Не знам дали да се смеам или да плачам на глупостите кои ги прочитав тука!
    Како прво студентските домови не се јавни куќи,туку објекти во кои живеат студентите,а вие што не можете да забремените проблемот ќе си го барате во вас самите или во вашиот партнер,а не кај Иванов или Груевски!
    Мислам не знам шта да речим,а не заплакати!
    Државата не може да ви биде крива ако не сакате газот да го помрдните и испотите и ако очекувате дека сите не чекаат канцеларии.
    Претходната владејачка гарниура какви услови ви создаде?
    Ајде не скокајте за 200 евра партиципација,нека биде по 2000 можи позадоволни ќе бидете!
    Многу ви биле 200 евра,а во времето на Бране кога беше 1200 не ви сметаше така?
    Овој народ не е самокритичен,туку само мани наоѓате на се и сешто!
    И не е точно дека се вреднувале само дипломите од Уким,туку вас ви е полесно да деградирате така од што ве мрзи да работите и очекувате дека одма по завршувањето на факултетите ве чека работа во администрација!
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    A извини зошто да не не чека работа во администрација по завршувањето на факултетот? :^)
    Сигурно не сме го завршиле за да работиме како хигиеничари, продавачки во бутик или сл. професии кои не соодветствуваат на нашето обучување.
    Со целосна почит до оние кои ги работат горе наведените, не ми беше намерата да навредам некого туку само сакав да дадам пример.
    Велиш треба да се испотиме за да стигнеме до нешто.
    Ама зошто? Тогаш бар од старт да знам дека ме чека р'мбање до крај на животот и да не го ни завршувам.

    И со таа партиципација веќе аман! Океј, сфативме дека у времето на Бранко се плаќало повеќе, јасно е како ден. Ама јас, или било која овде од членките не читам да се има изјаснето дека е од страната на опозицијата и ги поддржува.
    А, освен тоа они на друг начин си го ндокнадуваат тоа од намалената партиципација, не се секирај ти ич за тоа. ;)
    Така да доаѓаме до заклучок на крај дека и од двете партии си крадат поштено.
    Но, така е за оние кои гледаат се црно бело, а не во боја. Ради таквите државата не може да има прогрес.
    Како само тие две партии да се опциони. Недај боже да го прешкртате ливчето, не не, пенкалото ќе ви се скрши сред гласање. |(
    Сето ова не важи само за тебе baby-star, туку зборувам општо.
    И патем, сеуште се двоумам за избориве кои изминаа, нешто не ми штима тие 2.000 гласови (или колку и да беа не ме фаќајте за збор), со кои водеше Иванов.
    Човекот едноставно не се ни појавуваше доволно во текот на овие години дур му траеше мандатот, нема говорен апарат, а ниту пак став кој би ме поттикнал да мислам дека си го заслужил местото.
    Но, еве да го оставиме тоа настрана.. Кажете ми што стори толку значајно за нашата држава за да ја помрдне од мртвата точка?
    Јас не гледам никаков напредок, т.е. не го чувствувам.
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Уште посмешни се тие кои се фатат за еден збор од реченица, како слеп за стап.
    Феминката убаво потенцираше дека (не)хигиенските услови во студентските домови, може да придонесат за сериозно заболување на студентите, кое може да се одрази и на плодност/стерилитет.
    А никој не спомена дека студентските се всушност јавни куќи.
    Читајте малку меѓу редови.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.