1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Сакам да кажам збор два за политикава наша.
    Јас далеку од тоа дека се разбирам во политика, но сакам нешто да се промени.
    Сеедно ми е за кого ќе гласам, ни едните, ни другите некогаш ни помогнале во нашево семејство.
    Моите родители се приватници кои плаќаат осигурување, им запираат на платата, данок годишно, месечно, фирмарина. Знам дека мора да се плати и ова никогаш нема да се промени.
    Друга причина за која ми е најмногу болка е УЈП. Колку приватници се тресат од нив знаете?
    Најтрагично е што се случува често на некој приватник да му биде се во ред и пак да го затворат,а изговорот ќе биде МОРАВМЕ. Да, да тоа е вистината.
    Друго што ме иритира е за студентиве и студентските домови. Кој не живеел таму нека не пишува!
    Партискиве војници ги преувеличуваат овие работи. Демек зошто сите фаќале врски за во студентски, кога условите се такви. Одговорот е лесен, тоа е поевтината варијанта.

    Се ќе беше полесно барем ако 1 од мојава фамилија, не семејство беше вработен во државна администрација. За 2 години ќе дипломирам. Кој би ме вработил? Колегиве од мојов град веќе фаќаат врски, се чека од нив само да дипломираат и да влезат на работа. Знаете, истата струка од нивните родители.
    Е тоа ти е да си дете од приватници, само давачки за државата, барем брат ми да го вработеа, да имам надеж во нешто. А дипломиран е пред 3 години.
    Не ме интересира за пензионериве, ме интересира за младиве!

    Што да сторам? Да одам во ВМРО и да растрчувам сега пред избори, наместо да си го гледам факултетот и да учам за испити? Ќе се исплати ли?

    И да кажам нешто не гласам ни за Стево, ни за Хорхе. Сите се исти. Фала ќе ми рече некој?
    Патем мое мислење е дека ако сега нема да победи Стево, а нема да победи повеќе од сигурно, толку од СДСМ. Мислам дека Стево им е најјакиот кандидат општо во партијата. Ако тој не успее, нема никој.
    А убаво ќе беше да се променеше нешто, барем претседателот, но шта чеш.
    Живот... Туку лесен е претседателскиот, ами нашиот?
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Еј Дракула ајде ќути таму не ми кажувај ти мене дали да отворам гугл или не,туку отвори слики да го видиш Скопје во времето на Бране твој,една шајка немасе удрено никаде до какво дереџе ја доведе МК а ти уште ми го браниш.Сакал СК да биде како Кенија,чекај бе малку ти со која држава се мериш беее алооо хахаха
    Конкретно за пензиите да ти кажам има луѓе што во пензија влегле со 7000ден а сега земаат 11600 затоа немој да мрчиш! А за субвенциите да не правиме муабет.
     
  3. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Од Бранко сме ги добиле косоварите и ако бил он на власт ќе сме учеле на албански...Ама па за возврат на тоа онака машки како што знае Грујо добивме менување на училишни табли на албански јазик, амнестиравме терориси кои со ножеви пишувале по грбовите на Македонци,
    не можеме попис да направиме за Аљи да не му се налути на грујо па во друштво на Сомалија сме единствените држави во светот без попис.
    Дочекавме Албанци ноќе да ни рушат она што ние сме го изградиле денски па згора на тоа на ТВ пред цела јавност заменик министер Албанец им ги вади лисиците на уапсените без мува да го пролази, дочекавме министри да се поклонуваат пред споменици на УЧК, уште полошо дочекавме министер за ОДБРАНА да ни е поранешен командант на УЧК,
    добивме пратеници на ДПМНЕ кои гласаат за поставување на споменик на Хасан Приштина,
    без никој да одговара се палат македонски знамиња во Тетово, Струга, Кичево итн..истите пратеници гласаат и да се одвојуваат наши државни пари за прослава на 100 годишнина од Албанското знаме. Возови кои што сообраќаат од Скопје кон Кичево и обратно, постојано се мета за каменување... И за тоа НИКОЈ и никогаш не одговарал...
    Член на владата јавно изјавува дека не одговара пред премиерот, туку пред лидерот на партијата...
    И за таквата изјава влакно на коса не му фали...
    Вработија во администрација илјадници Албанци кои што си седат дома и си добиваат плата од народни пари (затоа што нема никаква работа за нив)...
    Му дозволуваат на коалициониот партнер Аљи да го блокира изгласувањето на Законот за бранители, со 15.000 амандмани, непреведени на македонски јазик...
    Македонски пратеници парично се казнуваат за отсуство од собраниска седница, а никој не го казнува Ахмети кој што од вкупно 91 седница, присуствувал само на една...
    Патриотот Груевски на парламентот му предлага осуденик на 12 години затвор (осуден заради „здружување поради непријателска дејност и загрозување на уставниот поредок“) за нов министер за локална самоуправа...
    Во Македонија се печатат поштенски марки со БАЛИСТИ.
    На факултетите во западниот дел на Македонија се свири албанската химна во чест на отворање на новата академска година...
    Високи функционери на ДУИ присуствуваат на демолирањето на споменикот на цар Душан во Скопје. Нивното присуство е снимено со камера, а МВР вели дека работи на идентификување на присутните.
    За прослава на Денот на Косово во центарот на Скопје се поставува огромно албанско знаме, а граѓаните појма немаат зошто е истото поставено.
    Албанскиот диктатор Енвер Хоџа постхумно одликуван во Кичево, а од „патриотите“ молк.

    И за сите овие работи не сме добиле ниту еден одговор, а ова се проблемите кои ги имаме на етнички план, да не зборувам за економски и социјални проблеми. Груевски имаше историска шанса да ја извлече Македонија и да им покаже на граѓаните дека има нешто подобро од бранковиот сдсм и љупчовото дпмне, успеа да ни покаже дека има бетер. Како што претходните поради некои грешки биле казнувани на избори и сменети од власт, така и грујо поради 8 години криминал де со ск 2014, со перење пари преку панама и чешка, со најмала слобода на медиуми, со политички затвореници, со потценување на гласачот на денот на изборите преку купување гласови, заплашување администрација, носење луѓе од пустец итн итн итн ќе биде казнет и сменет и затоа на наредните избори ќе гласам ПРОТИВ оваа власт.
     
    На H.e.L.e.N, f.e.m.i.n.k.a, Tomcia и 4 други им се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    И се ова што убаво и сликовито го опиша Ickovska е поради рамковниот договор кој го потпишаа БРАНКО и компанија не поради Груевски! Што мислевте вие дека тоа што го напарави Бране нема да има последици,епа сте се излажале.
     
  5. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Точно така, убаво кажано. Арно ама некој не сака да види некои работи од портокаловите очила кои инаку тешко се симнуваат. Државата оди кон дното, тоа е реалноста.
     
  6. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Јас немам прочитано дека во рамковниот пишува дека ако албанците слободно си прават прекршоци низ државава премиерот треба да премижува зошто му зависи владината коалиција од тоа. Нека направи попис, нека докаже дека албанците не се толку колку што велат, нека докаже дека 2002 е направен фалсификат и сите среќни, или не?
     
  7. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    Па се мерам со Кенија, зошто е најмизерна, па ние не сме колку една Кенија, а јас Бранко не го Бранам , туку само казувам дека сум имала леб да јадам, а за пензиите ке ти казам конкретно, јас зимам пензија наследна, и знам колку и како се пензиите, а тоа за пензиите мозеш на друг да му го казуваш не мене.И мој не е Бране, јас ниту го бранам Бране ниту никој, само го казувам моето мислење а тебе ако ти смета да ти го вреѓам ЛОПАТАРОТ тоа е твој проблем. А извини мозеш да ми казес на кое дереџе сме сега???
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    а да повели линк од главниот град на кенија. па види ние сега до каде сме место во 21 век се враќаме во 17 век и крадеме споменици од секаде од Европа. повели и види
    http://www.kicc.co.ke/wp-content/upload ... -night.jpg
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ако победи Хорхе (а никој не го посакува тоа освен оние што се регрутирани и вработени од власта и сега кога си го дале газот под кирија мора да одработуваат) едноставно мора да се стегне човекот, да завземе попретседателски став и со еден збор да имаме вистински претседател.

    Не зборам за неговата лепота, каков е таков е, ама барем телото може подобро да го обликува, ако е веќе стар за теретана, може да се бави со полесен спорт, да намали килажа и да делува елегантно. Хорхе е роден 1960 год., а Пендаровски 1963 год., па направете споредба која разлика е. Пендаровски изгледа како 40 години да има, никој не би му дал 51 год. :)

    Исто и Маја Иванова може да се стегне малку, аман цел мандат си го истера полничка. :D Не е дека ги критикувам физички како изгледаат, ама кога веќе си јавна личност, а посебно кога претставуваш една држава како претседател, барем можеш да се потрудиш да имаш идеална тежина која секако ќе ти даде на младоликост и на поубав изглед.

    Сигурно не треба да се изгледа како нашиот “пријател“ Венизелос, видете колку смешен киклоп е. :D
    [​IMG]

    А инаку што се однесува до претседателските избори, нека не ве зачудува што Ѓорѓе е пак кандидат на ВМРО. Он едноставно е машина која потпишува закони, Ѓорѓе е момак од доверба и аминува се што ВМРО ќе нареди. Сега сфатив зашто избрале пак да го кандидираат него затоа што е ептен послушен, а не дека ептен се покажа човекот. :D

    Ако сакате работите да тргнат на подобро, а сметате дека тоа не е можно преку парламентарните избори заради притисокот да се гласа за владејачката партија, тогаш тоа можете да го постигнете со изгласување на претседател кој што нема да се потчинува на партијата и ќе му служи на народот, а на таков тип ми личи Пендаровски. Власта ќе си пукне од мака што не може да му најде дамка во кариерата инаку одамна ќе почнеше со црна кампања. :) Мене Пендаровски ми делува на сериозен и стабилен тип, не верувам дека би се глупирал или коцкал со нашата држава, а ќе бидам прв да го критикувам ако прави глупости пошто ете некако голема верба влева човекот дека тој е вистинскиот претседател за нас. Ни треба вистински претседател доста е претседател само на хартија!
     
    На bubamara12345, jovanovska94, f.e.m.i.n.k.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Кога веќе толку знаеш, кажи ми која партија беше на власт кога почна војната?
    А Грујо кога растел сакал да биде како Бранко,толку многу посакувал,онака потајно барем 1% да има од неговата харизма ама не му успева,недоделкан е. Иако тон пари украдоа џабе му е,со харизма човек се раѓа,тоа не се учи. Ај погледни ја насловната на денешен ,,Слободен печат,, па оспори ми го ова мислење.
     
    На bubamara12345 и f.e.m.i.n.k.a им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Бране кога беше претседател да не направи случајно пластична операција на лицето, да си го измазни? Ботокс можеби користел? :x Срамота е да се зборува за физичкиот изглед на кандидатите. Важно е што секогаш кога се појавувале во јавност, биле средени, дотерани... А какво и е телото ни најмалку не е тема на муабет, оти бираме претседател, а не мистер и мис на Македонија.

    И друга работа, ако настапуваш како кандидат на партија, во никој случај не можеш да кажеш дека не си партиски определен, да се разбереме. Ако настапуваш како независен кандидат, ќе си собереш 10 000 потписи и фала, чао, пријатно. Ако народот те сака за претседател, ќе ти ги даде тие 10 000 потписи :)
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Колку ниско и подло да се зборува за надворешниот изглед на еден кандидат, без разлика од која партија... :puke: :fubar:
    Во нашата мила и напатена Македонија пред се нема човечност и морални вредности, а не пак нешто друго. :x
     
    На Elissa и tessie им се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И не само тоа, гледам во секоја дискусија се спомнува Бране, Бранко и итн.

    Абе луѓе, човекон го нема на полтичка сцена одамна,нит глас му има нит се појавува негде, ниту пак негде е кандидиран.Што ЦЕЛО ВРЕМЕ ГО СПОМНУВАТЕ? И брат Љубе го нема па не го читам во оваа категорија?
     
    На duffi и Antula им се допаѓа ова.
  14. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Па како да не се спомне Бранко секаде :) Знаете Бранко е крив за се....кога се нема што да се каже, се кажува Бранко е крив-мн.нормално.Оп ете ти одговор за секоја критика и проблем. Бранко ептен ноќна мора им стана на Вмровциве, та ден-ноќ го спомнуваат. Па кога и не е на политичка сцена мора да се знае Бранко е крив за се, мислам дежурен кривец..... Заев е Бранко, не гледате вие на тв Сител, Канал 5, Aлфа Тв....:) :) :) :) Жалосноооооооооооооо................
    Брат Љубе зошто кажуваше се што мисли и се што видел со сопствени очи, мислјќи дека живее во демократско општество, видовме што го снајде. Знаете тоа е демократија, прашањето е каква е таа демократија и дали воопшто е демократија?
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Бране е црвот што ги поткопа уште непоставените темели на денешнава Македонија :D
    Јас го спомнав, направив споредба во физичкиот изглед, и реплицирав на феминката погоре што напиша дека треба да се стегнат, да внимаваат на формата на телото. Кој апсурд.
    Бубамарче, ти мислиш дека тој целосно се откажал од политичката сцена и од партијата? Секаде има заткулисни игри, затоа и ми беше муабетот со партиски/независен кандидат. Не може некој да те поддржува и да застане позади тебе, а да не очекува нешто за возврат ;) И Пендаровски е партиско пионче, и Иванов. И тоа е тоа.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Јас сум во вистинска дилема околу изборов на претседател.
    И едниот и другиот се квалитетни луѓе, професори, без дамки во кариерата.
    Иванов е одмерен, скромен, реален и човек кој ги цени вистинските вредности. (поттикнива сталоженост и спокојство)
    Пендаровски е динамичен, гласноговорник, трагач по вистината, темелен, зрачи со самодоверба. (поттикнува на превземање иницијатива)

    Едниот од нив секако ќе биде идниот претседател на РМ, а би му предложила да си го земе вториот како советник во својот кабинет, заради баланас :)

    Него луѓе се додека кај нас ингеренциите на претседателот се како на Англиска кралица не можеме да очекуваме нешто вау од оваа институција.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Пендаровски е токму она што и треба на Македонија...Моја максимална поддршка за него...
     
    На drakulce и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Војната не ја чепкај, страшна тема е тоа, сега кажи ми дека не ја направија тероритстие од она ана учк туку вмро дека ја направи.. Кој ја направи територијалната поделба на Македонија ??? никогаш сега дури сме живи нема да имаме власт во оделни градови во Мк токму заради таа поделба која ја направи Бранкооо :@ . Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, никогаш. Башка предпоследниот попис, им даде Бране процент кој не го исполнуваат албанците и затоа сега веќе никогаш нема да спроведиме попис, не се луди тие да дозволат попис зошто сите знаеме дека се мнооогу помалку од тие бројки и проценти што излегоа тогаш. И на крај кој ни е крив. Не се враќајте назад низ годините, жално е сетоа што ни се случи заради харизмата на БЦ која Груевски никогаш нема да ја посака ниту на сон.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Прашав погоре ама никој не ми одговори па да прашам уште еднаш, зошто Груевски и Ахмети не го спроведоа пописот до крај? Зошто и двајцата не сакаат да се знае реалниот број на албанци (но и на македонци) кои живеат во државава?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Прашав погоре ама никој не ми одговори па да прашам уште еднаш, зошто Груевски и Ахмети не го спроведоа пописот до крај? Зошто и двајцата не сакаат да се знае реалниот број на албанци (но и на македонци) кои живеат во државава?[/quote]
    Пописот е само политика и оставање простор за малверзации и математики......мислам помеѓу горенаведеите. Ако се спроведеше пописот како што треба, мислам согласно правилата, а не како што беше спроведен за жал голема ке се видеше дека бројот на албанците е многу помал од она што е реално претставено. Ама некој си тера понатаму како му е ќефот и за државна власт и га*т ке го продаде сопствен, не само што го продаде сопствениот надрод, кој во западна Македонија е граѓанин од втор ред и многу други работи. Пописот сите знаеме како се спроведуваше- преку Скајп на пример ;). Точно е дека некому не му одговара да се спроведе пописот, а Македончето ке си трпи секакви последици поради постапките на еден лигуш или т.н Премиер.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.