1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Реално не ми прави некоја разлика дали тоа ќе биде Иванов или Пендаровски затоа што јас бев решена да гласам за Ванковска ама ете не успеа да собере доволна поддршка. Сметам дека ни Иванов ни Пендаровски не можат со неа и многу е во предност од нив целокупно како личност. Е сега бидејќи Ванковска нема да се кандидира јас кога би одбрала за кого да гласам тоа би бил Иванов. Иако ова е од двете зла помалото. Пендаровски, а и воопшто СДСМ ми се страшно одбивни и одвратни од причина што воопшто не ми се допаѓа нивниот став за името и воопшто за Македонија како држава. Секогаш повеќе си ги гледале нивните лични интереси отколку на граѓаните. И тоа е факт, тука никој не може да ме убеди дека не е така, и самата историја која не е така далечна тоа си го кажува. Нашите 3 најголеми денешни проблеми се од нив. Стечајците и приватизацијата која денеска се' уште ни прави проблеми и не можеме да се оправиме како држава е од нив, албанците кои исто така ни прават денеска проблеми ни се поклон од нив, проблемот со името и тоа што цел свет не знае како БЈРМ исто така е од нив, тоа се факти и тука нема што да се разговара повеќе.
    Самиот Пендаровски пред избориве излезе со став дека името треба да се решава зад затворени врати и настрана од јавноста. Каде го има тоа? Тој сам ли живее во оваа држава па он сам да решава? Кога веќе би дошло до избор, тука ни еден политичар нема право сам да одлучува, се знае што се случува и како се решаваат тие прашања, на референдум. Па народот да си се изјасни што и како ќе биде. Ете тоа си е мојот став. Дали ќе гласам се' уште размислувам, а доколку решам да гласам тоа ќе биде Иванов.

    И немој да мислите ако Иванов е послушник на ВМРО дека Пендаровски ќе биде подобар. Тие се партиски претставници, а не независни, кој и да биде од нив, само ќе ги следи желбите на партијата.
     
    На vickyy90 и Elissa им се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ickovska - еве јас ќе ти кажам за пописот.
    Јас бев ангажирана за пописот, и бев во место каде што има само македонци. Значи во мојата општина пописот заврши за една недела. Цела општина го заврши пописот за 7 дена. Рокот за попис беше две недели. Значи цела централна, источна и северна Македонија пописот го заврши во првата недела. Додека ние македонците го завршивме кај албанците во Скопје Тетово и цела западна МК кај што се тие, пописот не беше ниту почнат. Затоа што ако почнеше пописот ќе излезеа 13% а тоа знаеш ли што значи за нив. Е дури сме живи веќе во Мк со нив нема да направиме попис. И изгуглај малку ако не памтиш најди нешто прочитај за територијалната поделба на Македонија и ќе сватиш кој за заплетка цела работа со албанците, кој им даде поголем процент и заради кој веќе нема да има попис. Е тоа ни направи Бранко, баш тоа, ова е негово дело и ние сега ќе го трпиме, ај кога ќе имам малку повеќе време овие денови ќе ти ставам овде материјали и видеа од времето кога Бранко ја направи поделбата.
     
  3. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Не ми се потребни материјали за поделбата, поради истата таа поделба на изборите 2006 бев за Груевски, со очекување дека ќе биде многу поразличен од неговите претходници посебно на економски план. Не ја гледам потребата секогаш кога ќе речам нешто против Никола да ми се спомнува Бранко, ни едниот ни другиот не сум ги сакала никогаш за разлика од новава структура на СДСМ за која сметам дека треба да им се даде шанса, значи не да ги бранам како слеп за стап ( читај како овца дпмне ) туку дека верувам во нив и бидејќи не сакам да си признаам дека живееме во диктатура каде што сите мораме да бидеме за фирерот по секоја цена. Околу пописот, се сложуваме дека Груевски не е доволно јак политичар за да излезе на крај со сопствениот коалиционен партнер ни па да спроведе закони во сопствената држава?
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    А кој според тебе е доволно јак политичар за излезе на крај со албанците, и како ќе го направи тоа???
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Било кој што ќе ги користи институциите за некои луѓе да не се однесуваат како шерифи во одредена територија во државата.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Верувај и јас тоа го сакам, камо среќа да се најде таков.
     
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Еве Elissa ти барем знаеш како поминала тој започнат процес, значи ти си сведок дека се било во ред со процедурата во тие делови каде што ти си била. Неспорно е тоа и сама знаеш. Јас ке ти кажам како се вршеше пописот во Гостивар-дојдоа едни госпожи-ци со шамии забулени, полу писмени значи незнаеа како се држи пенкало и како се пишува-ете така. Ти и кажуваш едно, таа друго пишува, едвај те разбира што и кажуваш-до таму беа значи буквалноооо до таа мерака. Ај убаво се македонци како македонци никаков проблем немаше, проблемот беше кај албанците. Поголем дел од албанците живеат и работат во странство-тоа е факт. И нормално се им беше дозволено, попис преку скајп-интернет, попишан кој треба и не треба, се попишуваа лица кои не се во државата пред се, само со цел да излезат големи бројки. Но за ваквите регуларности се дозна, пописот прекина. Заврши без никаков резултат. Зошто? Пописот требаше да се спроведе без разлика дали првиот пат беше не успешен. Но нема да се спроведе, се заташка целата работа знаете од кои причини. Албанците си не имаат во рака и си играат со нас како сакаат. Јас ни Бранко неможам да го смислам, ниту Груевски. Еве до каде дојдовме со нивните политики. Попис треба да има, да се надеваме наскоро дека и тоа ке биде.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Зошто слеп за стап - овца вмро? А сдсм шо животно се? :D
     
  9. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    зошто 90% од почитувачите на делата на вмро ги бранат по секоја цена, а членството на сдсм -телиња што ќутат и кога треба и кога нетреба
     
  10. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Ајде малце логика да примениш. Во ред, ќе има референдум, тоа е неоспорно, ама кој ќе го даде предлогот за кој ќе се гласа на референдумот? Ќе има празна црта па кој што сака ќе си напише?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не те сфаќам баш што сакаш да кажеш со ова.

    Кога веќе би дошло до размислување дали да се прифати одредено име или да не се прифати ќе се спроведе референдум, а тоа ќе биде со "да" или "не". Да се менува името на државата или да не се менува. Всушност ова е и ставот на моменталнава влада колку што јас знам.

    Доколку се стават предлог имиња па народот да бира на референдум тогаш тоа баш и не би бил избор на народот, зашто се знае дека граѓаните не сакаат менување на името.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Факт е дека Иванов ќе победи затоа не ми е интересно да навлегувам и да давам образложениа за темата...Човекот фино лепо си се изнашета ги исполнуваше сите приеми церемонии што требаше да ги исполни и то е то...на друго не се сеќавам во овие 5 години
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми е гајле кој ќе победи...
    И онака нема ќар во земјава.
     
    На Antula му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Елаборирај зошто ќе победи Иванов. Нема да победи затоа што ВМРО сака така, ако победи ќе биде затоа што граѓаните процениле дека е добар претседател, ама не верувам многу во тоа. Главниот проблем е што он нема свој политички профил, нема некоја изградена слика во јавноста. Да ми спомне некој Ѓорѓе Иванов појма немам што да мислам за тој човек освен дека е/бил претседател на Македонија. Не е финтата да бидеш мистериозен претседател, туку нацијата да ти ги знае твоите ставови. И не само тоа има безброј примери каде што Хорхе се одлучи да си стои на страна и да ги остави ВМРО и СДСМ да се тепаат како мали деца или да има разгорување на етнички инциденти.

    Пендаровски во таков случај ќе ги седнеше на маса скараните партии ќе им рече слушајте дечки вака не бива или бранете ги националните интереси или да ја поделиме државава. :D Нормално дека иронично го кажувам ова пошто не е тоа тоа правото решение. Поентата ми е претседателот треба да обединува, да сплотува, да држи баланс меѓу позицијата и опозицијата, а јас такво нешто во овие 5 години не видов. Точно дека е екстра претседател во смисла на немање скандали и е многу мирен за ова бурно поднебје, па затоа и никој не го ферма 2% не можеше ниту едно собирање на странски политички шефови да организира во Охрид, му избегаа и откажаа како зајци ден-два пред самитот. :lol:
     
    На Elena69221, drakulce, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Кое зажуљување на фацичката. :lol:

    [​IMG]

    Претседателски, лидерски, визионерски, одлучен став.
    [​IMG]
    Ова нешто во стил “од другата страна на науката“. :D

    Можам да замислам колку ќе им биде тешко на ВМРО-овчичките да гласаат против свое убедување. Ма напротив ич око нема да им трепне пошто веќе се одамна сомелени во машинеријата така што мозокот одамна отишол. :D Да ти каже партијата за кого да гласаш наместо со своја глава да избереш ццц. Тука застанува дискусијата зашто стагнираме во место и каде ни е прогресивната младина. Набутана е по штабови и веќе имаат вградено чип во главата и извршуваат наредби што ќе им се дадат no questions asked. :D
     
    На daylight и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    ^Добра анализа Pizdolovec, навистина Ивановски vs. Пендаровски нема некоја харизма како појава... а дали и каков ќе биде Пендаровски како претстедател останува да видиме, но мислам дека поради демократскиот баланс би било добро Пендаровски да добие на изборите, иако функцијата му е воглавно симболична.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    ВМРО НЕМА ДА ДОЗВОЛИ пораз во однос на претсeдателската функција. Иванов ке си победи повторно, така да тоа ќе биде тоа. ЗА доброто на државата никој не мисли, битно е нивниот задник да си го сместат таму каде што сакаат. Мислам ме разбирате.
     
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Немало да дозволи. :lol: Ајде кажи ми како нема да дозволат? До кога ќе се мисли дека народот нема грам мозок. Народната волја не може да се победи ако е силна. Во Центар 3 пати се прегласуваше, ВМРО 3 пати го кркаше, нека им служи за памет. Не секој може да биде уплашен, уценет и поткупен. Тие што ќе мораат да гласаат за Иванов ќе гласаат. Поголем е бројот на оние што не мораат да гласаат за него по секоја цена. Проблем? ^_^

    Ѓорѓе Иванов е еден класичен смотанко, ако пак победи уште 5 години бруки по светот и заглавеност во минатото што било пред 2-3 илјади години наместо да гледаме кон иднината. Не ми се верува дека се форсира компир фејс за претседател на државата. :D
     
    На poenta и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Јас би му пружила поддршка на Зоран Поповски од Гром. Човекот е факултетски професор, интелегентен, ми делува како амбициозен, без дамка во своето минато, и наједноставното-доста е од Иванов, секој заслужува прилика да се докаже, или во краен случај да се избламира.
    Иванов, иако се претставува како самостоен кандидат, повеќе од јасно е чија марионета е. Не знам како не помислиле на тоа дека иако можеби поголем дел од народот е во заблуда, се наоѓа и по некоја црна овца :D
    Пендаровски, ми е баш енергичен, и претседателската функција би му прилегала перфектно, навидум нели, ама неговата позадина демотивира за заокружување на неговиот број.
    Исто ме иритира фактот околу државните ингеренции на претседателот. Не сум баш упатена кои му се, ама од досегашното однесување на Иванов, заклучив дека се-појавување на некои регионални, меѓународни манифестации, со говор во рака. Ако се само тие, би требало нешто да се смене.
    Друго, Иванов ми е..препасивен. Ми има оставено впечаток од некои самити што учествувал (а да не се споменува скандалот околу неговата организација на самитот во Охрид) и толку.
    На крај, знаеме кој ќе победи. Диктатурата продолжува. А Иванов служи само за 'мачкање очи'. :wasntme:
     
  20. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Одговорот е...
     

    Прикачени фајлови:

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.