1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Аман од овие каде е Иванов? А Пендаровски кај ќе биде, оти младите пак ќе се селат. Нема да останат овде заради Пендаровски |(
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Само што си призна дека ВМРО доживува демографска катастрофа и за време на оваа влада младите се иселија во енормни количини. :D Цела Источна Македонија е опустошена како резултат на Кољо и бата Саше. :D

    Допрва ќе видите што следува, од 2015 па наредните години ќе почнат да стасуваат ратите за плаќање на кредитите, од чиј џеб мислите дека ова ќе се плаќа? Зар мислевте дека трошиме и уживаме во некој си вишок пари, кои на некаков магичен начин ги креиравме. :D Печатењето на деноминации од 200 ден. и 2000 ден. сметате случајност е, демек одеднаш се печатат полесно да одело раситнувањето на парите и плаќањето? ^_^ Не бре, се е на кредити и сета оваа бајка е изградена на непостоечки пари кои сега ќе мора да се враќаат. Ситуацијата толку ќе ескалира што ВМРО ќе моли СДСМ да се врати на власт за да не може да се справат со хаосот и повторно ВМРО да се понуди како партија за спас. :lol: Не е секој Нострадамус како мене да ги гледа работите уште години однапред, така што ете ви мал вовед во она што ќе се случува. Спремајте се за банкрот и вадете си ги парите од банка доколку не сакате некоја црна помрачина да ви ги изеде. :D

    Назад на претседателските избори, кој и да победи точно е дека ќе биде само една сенка на премиерот, па оттука јасно ми е зошто ВМРО повторно истрча со истиот каубој т.е. Иванов, ако победи добро ако не, пак добро. Во секој случај за да се подобри демократската слика и не само заради тоа, туку и да имаме претставителен претседател кој нема да е партиски послушник и марионета на власта, добро е да победи Пендаровски. :up:
     
    На ariela09, bubamara12345 и Antula им се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Душо не признав јас ништо, нема тука што да се признава. Те молам пребарај на интернет, ако веќе си слаба со историја, од кога се почнати миграциите. Не се иселуваат луѓето од вчера или последниве десетина години. Миграции имало многу одамна :!: И Пендаровски не може да стори ништо за да ги спречи. Веќе еднаш кажав дека врз несигурни темели куќа не се гради ;) Ако ме разбираш што сакам да кажам :)
    И стварно мислиш дека Пендаровски не е марионета на Заев (читај на Бране, оти и Заев е на Бране)? Тој не е партиски послушник? Така од нигде никаде ни падна?
     
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Mашко сум душо обраќај ми се во машки род. :) Tочно е дека миграција отсекогаш имало, тоа не е ич спорно, ама факт е дека во овие 8 години многу луѓе се отселија и тоа претежно млади лица, што е катастрофа за една држава. Само јас знам неколку кои спакуваа куфери, земаа пасошот во рака и заминаа во Австралија, каде што сонцето и :cash: секогаш сјаат. Секако дека ова е кривица на власта, не за сите случаи кои емигрирале, ама за огромен дел да. Ги растинтраа пензионерите како да се богови и тоа само заради гласови, а ги турнаа младите лица под тепих и нормално кој е паметен и сфати дека во оваа држава без партиска книшка нема да имаш леб да јадеш, ќе си отидеш во држава каде што ќе те ценат како човек и професионалните квалитети што ги имаш, а не според тоа на која партија си. Добро е што има странски инвестиции ете тоа е малку посветла страна, ама пак џабе кога уствари инвеститорите доаѓаат чисто за експлоатација на нашиот труд и евтината работна сила, па дури и јас можам да бидам газда и да вработам 2-3 феминки и да ги плаќам 150€. :lol: Поентата ми е тие странски фирми ако во нормални држави плаќаат по 2000€ плата, за истата работа кај нас плаќаат по 200-300-400€ и нормално дека и те како ќе ја сакаат нашата држава како поволна инвестициона зона.

    Не мислам дека Пендаровски е марионета на Заев и Бранко, бар така не делува, а ако излезе дека е таков нормално ќе се најде под мој критички нож. :) Мислам дека понижувачки би било за него да се стави како марионета на Заев затоа што не е глуп за да сфати ако некој сака само да го пушти низ вода да изгуби на изборите и да биде кандидат на СДСМ само колку да имаат кандидат. И он сам верува дека може да добие на изборите и се гледа дека на интервјуата кога настапува го говори она што лично го мисли, а не партијата што му налага како што е случајот со Ѓорѓе. Тешко е некој да сфати дека кога се претседателски избори треба да се гледа личноста, а не партијата, затоа сите овчички што се за ВМРО кој кандидат да им извади партијата, они ќе си гласаат за него. Да се најдат во дебата Ѓорѓе и Пендаровски, Ѓорѓе има да црвенее од срам и да почне да плука при зборењето од тоа што ќе биде разбиен од спротивната страна и расчеречен на пола за тоа колку големо дрво беше сиве овие 5 години. :rofl: Затоа чисто се сомневам дека ќе има ТВ дуел Иванов - Пендаровски, ама би било фино да ги видиме каде се прават лом хехе.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Нема овде кој ќе дозволи и кој не дозволува туку КОЈ ЗАСЛУЖИЛ и кого ќе избере НАРОДОТ повторно. А со тој еден Центар како можете и да го спомнувате цело време, уште да ќутат оти само три изборни единици добија од цела МК, они центар па центар, :lol: :lol: ..На следните локални избори фиксно ќе изгуби сдсм и во Центар. А башка што сте запнале за Иванов сега не ви се свиѓа како изгледал, баш човекот личи за Претседател, ами Стево :worried: :x ама сепак физички изглед не сакам да коментирам оти тоа е друга тема.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Почнува да ми се лоши кога ке прочитам како некои овчички упорно се трудат да ги убедуваат луѓево во бајки и розови приказни. Ми се одмиле да читам, едни исти лица-претпоставувам едно лице = 5 профили, само себе се поддржува и реплицира. Да пукнам од смеа ми иде, ама ај ќе им помине кад-тад хахах а можда и никад. На осетливи теми каде треба да се брани и фали нашата ни Влада едни исти цуциња, едно исто пишат и исти муабети во круг.Некој и да има нешто паметно да каже и да сака нормално да дебатира, му се одмилува просто да влезеш во конверзација со некого. Одма се превртуваат нечии зборови, едно е напишано, друго-трето се толкува, ма никаков квалитет се нема, никакво ниво на дебатирање. Целиов форум во неповрат оди од секакви глупости. Па после се чудиме зошто некои членови од порано, од кој имало нешто паметно да се прочита и научи ги нема. Почнувам да мислам дека и ваквите тепачки со не истомисленици се една од презентираните активности на еден обичен состанок на Вмро т.е во некој малски штаб на пример. Хехех мислам на партиски поени што се собираат заедно со партиските списоци за идни гласачи кој мора, сакал-несакал мора да се однесат. Секоја Ви чест ратоборни Македончиња, уште да бевте толку спремни и ратоборни за државата сопствена во вистинскиот реален живот, немаше оваа држава да го допира дното. Ми е преку глава да читам како упорно Грујо го величите, уште малку очекувам и на Канал 5 и Сител да почне серија Грујо ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ. Така ми изгледа работава. А, Пендаровски ако е марионета на Бранко, Заев или незнам кој, а не ни битно-само тоа се пише упорно од некои лица, ГРУЈЧЕ на кого е марионетка а? На Ахмети му е, сакале или не сакале да ја видите реалноста ама тој веќе не е марионета само туку и га*олижач негов, кој години игра како ке свири Албанецот. За Иванов уште имате вие убав збор да кажете. Одите на неговаата официјана страна на фб. ке видите колку народот го сака. Неодамна беше и во мојот град, а инаку е по турнеја низ Македонија. Ги посетува сите можни села, демек тој е народен човек. Јас случајно поминував тој ден низ центарот на градот и гледам една група лица собрани, гледам полиција на секој метар. Не би беше јасно, решив да прашам една полицајка да знам што се случува. Ми кажа дека иде Хорхе. Знаете колку луѓе имаше што го пречекаа и му се восхитува? Немаше повеќе од 30 луѓе, од толку голем град. И да е трагедијата поголема го седнале Хорхе во една турска слаткара, седнат на едно масиче кое има место само за едно тањирче и чаша вода. Значи никаква почит и достоинствен пречек на толку големо државно лице. Во минатото кога идеше некој познат политичар, на пример претседател имаше подготовки и тешки организации до перфектност. На сите граѓани им беше чест да угостат некој така познат лик во државата и гледаа на него со восхит. За моите сограѓани Иванов не беше синоним за вистински претседател, затоа и толку излегоа да го поздрават и видат, за пречекот но комент- толку вреди Иванов како претседател на Македонија. Толку луѓето имаат респект и почит кон нивниот лидер. Толку вреди Иванов во нивнте очи. Kако дојде на власт таков човек и пилињата на гранките веќе знаат. Затоа разбудете се од длабокиот сон. На Иванов најголемото достигнување му беше во последните 5 години-намигнувањето на Обама.
     
    На Kaley, PussyHunter и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Полека полека не ме напаѓајте од штабовите. :lol: :lol: Се зезам, само си дискутираме и дебатираме на фин начин. :) Ајде баш ќе видиме кого ќе избере народот јас си имам кажано не ме тангира кој и да биде претседател и премиер пошто немам никаква конекција со ниедна партија, ама ете влегувам во политички дебати со цел да успееме како држава и да го избереме најдоброто. [​IMG] Што се однесува до Центар, таа општина е срцето на Македонија и на Скопје, власта таму слупа најмногу милиони и споменици и 1 година по локалните избори уште не можат да преболат дека народот им го зеде самоволието во таа општина. [​IMG] По некоја си “логика“ таму живее кремот и интелектуалната елита на Скопје и тоа е тоа што го тишти ВМРО, пошто лесно е во рурална средина да превариш луѓе и да ги поткупиш, ама оди направи го тоа во срцето на Македонија, не можеш! Башка што сета документација за криминалот е во Центар тоа да не го спомнувам. [​IMG] Ако Жерновски се покаже како лош градоначалник нормално дека ќе биде сменет, а досега не видов ништо посебно од него. Нема врска како и да е си има избори народот ќе си гласа и ќе си каже што сака, каква биде волјата таква само да е реална, а не фалсификувана и со гласачи од Пустец филувана. [​IMG]
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Извини PussyHunter, на женски форум сме, па мислев дека си женско :D
    И јас ги гледам по темиве само тие 3-4 феминки, и тебе феминот, како се лупаат во гради Пендаровски бил независен, не бил партиски определен, не бил есдеес, ќе направел ова, ќе направел она, аха да... И Жерновски се лупаше, па ја направи само папагалот.
    Ако е независен, што мајка бараат да стојат позади него? Успеа ли да собере 10 000 потписи Пендаровски? Башка, секаде го претставуваат како Пендаровски од СДСМ. Еве, токму денес го претставија како нивен кандидат. Значи, и тој е партиски послушник, исто како и Иванов. И немој случајно да мислиш дека главните марионети се Заев на Бране, а Грујо на Ахмети. Ами Бране и Ахмети чии марионети се? Други ги теглат конците во светот. Сите овие политичари се нечии марионетки, извршители на наредбите од таа избрана група, од тие неколку глави. Туку, тоа не е тема на муабетот.
    Кој и да победи, ќе биде марионета, Иванов на Грувски, Пендаровски на есдеес. И затоа, доста го величевте Пендаровски како човек од или на народот, кога се што прави е средба во канцеларија и статус на фејсбук. Овој другиот барем излезе меѓу народот...
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Да не знае човек за кого да го даде својот глас, ете дотука е работата... |(
    Иако откога сум "свесна" за мак.политичка сцена не бев присталица на СДСМ и се она што они (не)направија ( а не дека сум и слеп следбеник на вмро, ама пак од два зла бирав помалото) ама ова година ќе го дадам својот глас за Пендаровски.
    Не дека претседателот во Мк. има некаква функција ионака, ама па не сум ниту за Иванов, веќе видено се со него, па со овој барем надеж некоја имам ... за нешто поразлично. Надежта последна умира... :worried:
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Што се однесува до претседателските избори јасно е за кого да се даде гласот. ;) Јас за магаре нема да гласам во никој случај, а тоа е кој друг ако не Хорхе. :D Хорхе наликува на магаре кое ВМРО го носи од град во град и село во село и го продава како водач на народот хахаха. Се гледа и по неговата фаца дека нејќе да е втурнат во оваа машинерија ама така ти е Хорхе кога си се фатил за Грујо и Мијалков, има да го играш орото или не ти бега ќотек како магаре. :D Комедија е ова што се случува кој има доволно чиста призма и капацитет да види. Хорхе е едно валандовско сељаче, една безгласна буква, еден ништожник, а имаше можност да се покаже како вистински лидер, вака служи само за потсмев. Тоа е тоа кога немаш свое јас и другите те возат како сакаат. Стево ќе си победи глатко и конечно ќе имаме вистински претседател!!! Ако си го толку сакате ВМРО гласајте си го на парламентарните избори, ова се претседателски избори, ќе гласам за оној што е поквалитетен од секој аспект, а не некој што е забеган и од бога утепан и заборавен и закоравен и ни ја брука нацијата на секој можен чекор. :D Ако победи Хорхе јас ќе се самоказнам и минимум 2 год. нема да напишам ниеден пост на политичкиве теми, “разочаран“ од тоа колку една пропаганда може да испере мозок на цела нација. Ма нема шанси Хорхе да победи ама ајде бранете си го вие што морате ќе ве разберам. :lol:

    P.S. Ѓорѓе и претседател... некои работи едноставно не одат заедно, за се останато имате MasterCard. :rofl:

    Комедија. :) Хорхе во позадина како учениче го слуша учителот каде го велича и фали до небо и назад. :lol: Човек ако не се изнасмее за изборите нема кога пошто К-15 го укинаа.
    [​IMG]
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Кога се бира претседател на една држава се бира ЧОВЕК, а не партија.Само ние сме прост народ до немај каде па битно да е ВМРО или СМДСМ и тутулебале некој да е битно е од која партија доаѓа...катастрофа.
    Затоа народот треба да избере некој претставителен, човек со авторитет и кредибилитет.Некој на кој му личи да ја претставува државава во светот т.е. нас.
    Немам ништо портив Иванов, баш немам никакво мислење формирано за човекот, но не е за оваа функција, Пендаровски ми е попретставителен човек и фино би било кога владата и претседателот би биле од различни партии.
    Онака Иванов ми делуваше како полтрон на Грујо.
    Не сум партиски определена само да напоменам.
     
    На Marossa, kikiviki32, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    PussyHunter и bubamara12345, ве читам и не можам да ви се изначудам. Е тоа е тој синдром од кој секогаш ќе патите. Типични смсмовски муабети, за тоа и ќе биде сдсм онаму каде што е ако не и подолу, од таквите размислувања и вреѓања. Како можите да вреѓате да викате овци, и магариња. Па никогаш не би нарекла некого со такви зборови, па макар и на форум каде што никој не ме познава. ;)
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Elissa не ме смеј “душичке“ моја кажи ми само од кој штаб ја браниш партијата што ти ја рани фамилијата. :D Не, ти го имаш тој синдром а тоа е дека ако некој ја критикува власта дека по автоматизам е за СДСМ леле кое закоравено мислење. Башка јас не ја ни критикувам власта како што можеш да видиш, туку нашиот Хорхе. :lol: Ако ми листаш политички мислења од пред година-две ќе видиш дека тогаш многу повеќе бев за ВМРО се додека митот за нивната чесност и непобедливост не почна да се руши. Јас Хорхе не го вреѓам затоа што е кандидат на ВМРО, дали ќе можеш да го разбереш тоа? Јас него го изолирам како личност и по она што го видов од него овие 5 години не можам да кажам позитивни зборови. Човекот е класично тутулебале. Можеби е пријатен за кафе-муабет и дружба и е срцка од човек, ама за претседател не е! Не ме терај за СДСМ да зборам пошто и нив ги имам критикувано и никогаш нема да им се заборават многу работи како што е приватизацијата во 90тите години, промена на име и знаме, преварата со ТАТ и апла крадење народни пари, после во 2004 мамичето го расплакаа на Македонија со територијалниот закон за поделба чии консеквенци ги гледаме и ден денес итн. Биди малку и ти реална, ВМРО е на власт од 2006 год. наваму, а тоа се долги 8 години, нормално дека они ќе се почесто на тапет и под критики, СДСМ 8 години нема никаков допир со власта ниту ја води државата, тотално се разбиени што не значи дека нема никогаш да се вратат на власт, ама не можеш 8 години да ја кривиш опозицијата за се. Бранко цело време беше крив сега Заев ли ќе биде цело време крив? :D Дај не ме смеј со вакви обвинувања, држи се до темата и истакни ги квалитетите на Ѓорѓе како претседател и при тоа занемари го фактот дека ВМРО стои зад негова кандидатура, аман веќе со таа партизираност. Џабе зборам, јасно ми е како стојат некои работи. ;) Кристално ми е јасно ако партијата те рани или имаш некој близок кој прима кеш од ВМРО има да изгинеш бранејќи ја по социјалните мрежи или во муабети во живо. Јас не бранам ничии интереси, можам што сакам да кажам за било која партија и тоа најреално. За СДСМ ако те интересира сметам дека заслужено си ја добија казната со тоа што 8 години губат на изборите и се во опозиција, со еден збор си ги платија гревовите, ама тоа не значи дека ќе трае вечно пошто ете некои работи конечно почнаа да се менуваат во таа партија и ако не на овие избори, на наредните избори ќе се вратат на власт, пошто ВМРО не е совршено и од ден во ден нивните функционери се фатени со смкнати гаќи како испумпуваат народни пари по оф шор сметки во даночни раеви и ебиветри. Кога бронзата ќе почне да рѓосува ќе стане јасно колку е преплатен Скопје 2014, проект заради кој ја изгубија власта во Центар што значи таквиот проект не беше аминуван од граѓаните. Молчи Elissa душо пред фактите. Те љубам во сензуалните усни. :D

    :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=sEKDpANGzVE
     
    На ariela09, Sky-butterfly, lovely-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Pusi искрено не ти го ни исчитав тоа што го имаш напишано, оти беше многу и ме фати дремка :) и само ќе ти кажам ДЕКА НИЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОВАА ДРЖАВА СИ ИМАМЕ СВОЕ ПРАВО НА ПАРТИСКА ОПРЕДЕЛБА, и не значи дека седат во штаб сите и пишуваат. Оти ќе нема така места во штабовите. Значи тоа што имам позитивно мислење за вмро не значи дека треба да скокате овде и да вреѓате. Башка тие што го бранат сдсм јас не ги сметам за партиски послушници за овци магариња и било што, туку ги сметам за луѓе кои си имаат свој став заради определен инерес и тоа го почитувам. Фала пријатно :) :hug:
     
    На Daydream, vickyy90, Nati.P и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Се разбираме перфектно. :hug: Јас мислам дека само си искажуваме свои ставови и мислења, нешто на што секој има право. Не вреѓам никого без разлика дали е партиски определен или не. :) Нормално е да има различни мислења, тоа е поентата. Моите критики се само према политичарите пошто се јавни личности, кој сака нека си биде за ВМРО или СДСМ не ме гајле пошто јас по таа основа не дискриминирам и ги гледам човечките квалитети пред се. Уживкај си. :) :*
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Елиса што се навреди мила, се пронајде во текстот, а драга тоа е. Кој типичен синдом, јас не сум партикиски обоена, за разлика од тебе. Јас ни Сдсм ни Вмро неможам да ги смислам. Јас само гледам каков е резултатот од нивните бедни и погубни политики. Резултатот е очигледен-Дно сме, ете толку ке ти кажам. Ако тебе ти се гледа розево се тогаш смени ги очилата или извади ги, за да погледнеш поубаво и реално. Овчички беше напишано во смисла сите лица што не го користат сопствениот мозок за да размислат, чекаат некој друг да им каже како да мислат и што да мислат. Испран мозок ете тоа. Не ти реплицирам повеќе, не се труди тука да разубедуваш дека се е совршено и перфектно. Како Иванов така Пендароски или незнам кој друг-иста приказна ќе биде уште долги години. Пендаровски и да победи-ма тоа нема никаква шанса ке си тапкаме во место уште многу. Друго немој да се правиш невина демек незнаеш што правите по вашите партиски штабови. Убдедувај други, мене не можеш да ми докажеш дека Вмро е тоа што и треба на нашата мила држава. Позз
     
    На kikiviki32, PussyHunter и kikav им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Испадна дека оние што се за ВМРО, според вашите мислења нели, немаат мозок, немаат мислење, други им кажуваат, им наредуваат, овчички се, вакви се, онакви се... Ууу, опозицијата ни е ептен критички и навредувачки настроена :D Епа, наместо да бистрите политика на женски форум, што реално се сомневам дека е посетуван од политичариве, одете и направете нешто, ако веќе толку сте паметни како што велите и мислите.
    Добро е што барем ќе се избере македонец, оти е врховен командант на воените сили, ако беше албанец не сакам ни да помислам што би можело да се случи во случај на конфликт. Овде ја гледам тежината на оваа функција. А тоа дали е претставителен, стегнат, со мускули или не, најмалку е важно :)
    Па и преговорите за името, се знае ставот на Иванов, името не се менува. Ама Пендаровски вели: решението за името треба да се бара зад затворени врати. Епа ај да се потсетиме, кој го смени името? Сега пак ќе го менуваат?
     
    На Daydream, vickyy90 и Elissa им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Не се ни трудам тебе да те убедам, во твоите текстови најмалку дека се барам и се пронаоѓам а тешко и дека ќе пронајдам било кој. Значи дај збори за политика за факти за дела а не за лични ставови, аман веќе не сте интересни. Знаеш ли да кажеш нешто друго освен да напаѓаш луѓе со различни ставови од твоите. Ако не знаеш оди во темата за игри и ќе си играме таму. Веќе овие темите за политика станаа како на пазар.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Црвенковски нема да присуствува на конвенцијата на Пендаровски, не е поканет!

    извор :
    http://www.plusinfo.mk/vest/130425/Crve ... -e-pokanet

    како беше онаа народнана...РАНИ КУЧЕ, ДА ТЕ ЛАЕ!
     
    На bubamara12345 и Elissa им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Не знам луѓе, пак ќе речам не сум фан ниту на една партија, избрав вмро бидејќи таа ми беше во моментот подобра, не дека се доволно добри.... ама што се однесува до името, искрено да кажам веќе ми е преку глава муабет, името па името... ако треба да се смени па нека се смени, ама да тргнат работите напред.
    А не сите патриоти, а леб нема да се јаде, ама не се даваме, горди до смрт. Што знам , мене ми е малку глупо тоа. А овамо од друга страна сите отрчале да извадат бугарски пасоши.
    Јас не ги обвинувам,ниту осудувам, го разбирам народот, мора да се снаоѓат за основни потреби, не за луксуз! Луѓе, зборуваме за основни потреби, за јадење и лекови и сметки, тука не мислам одмори ко секој нормален човек што би имал право и потреба да се одмори барем еднаш годишно ко човек.

    Нејсе, сакам да речам нема леб од удирање во градите, била Македонија и мора да е Македонија.
    Па ако не станеме Северна Македонија (пример), уште малку ќе не припојат и ќе бидеме присилени да се наречеме Бугарија (бидејќи верувам дека е тоа се една политичка замисла на владата на Бугарија, тоа им е цел. Еден ден ќе дојдат по наплата на сметки, они глупи се , не знаат дека Македонци масовно се декларираат Бугари, како не)

    Да скратам, не ми се веќе допаѓа политика на ВМРО околу името и се. На нив им е убаво ,нормално, они немаат живот, те. не преживуваат ко повеќето од народот тука, па сега лесно им е да ги палат прости народни маси и потикнуваат на некој лажен патриотизам. Кажувам лажен, бидејќи патриотизам вистински е да ја сакаш својата земја, да ја носиш во срцето, да сакаш да гледаш и да се радуваш на нејзин напредок, на нејзини успеси. Не се сака држава само затоа што ќе ја уништиш со некои свои замислени идеали (кои реално немаш сила ниту моќ да ги исполниш). Можеби некогаш треба да направиш чекор за земјата да може да процвета и тогаш уште повеќе ќе ја сакаш. (само моето некое размислување)

    И не ми се допаѓа таа политика на Иванов (те. на вмро, бидејќи да се гласа за човек, ама Иванов е само пиун). Ете.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.