1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Политички не сум определена и секогаш ќе ги подржувам луѓето кои нудат иднина, досега сите само лажат и крадат, не донесоа во ран капитализам, а народот македонски докажа зошто трпел турско ропство 5 века, па ние сме биле ептен мирен народ, а се фалиме дека сме револуционерни......

    За ВМРО-партиски луѓе лично имам блиски и жалните се под страшен притисок, мораш ова, мораш она, ама нема каде да одат кутрите, зависат од нив, кога еднаш ќе ја продадеш душата на ѓаволот после и тој ќе дојде по неа.....Има и партиски што си веруваат во својата партија и се што прават го прават по свое убедување...исти има и во сдсм.... Далеку многу далеку сме од демократијата, за жал мислам дека последниве години со забрзано темпо одиме и назад со неа а не напред....
    Искрено и длабоко во мене се надевам дека народот ке почне да реагира за свое добро навреме а не да чекаме револуции....

    А за Горгета незнам што да кажам, единствено му се дивам што сепак има м....да застане како кандидат за претседател....или едноставно има добиено наредба и е задолжен па мора како ќе му кажат, инаку човекот ми изгледа наивен и добар.
     
    На PussyHunter и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Со ова апсолутно се сложувам. Каква црна демократија.
    Да има демократија опозицијата би можела да каже своето мислење барем, а не да ги сечат и задават контра-удар, посилен удар, бидејќи може им се, помоќни се во моментов.
    Не знам многу сум разочарана, бидејќи гледам што се случува, се е само за замачкување на очите.
    Ако се некој побуни, готово, има забрана да живее веќе што се вика. Тоа ли е демократија, или ропство се уште? Жални се работите навистина...

    Овака кога се читам, делува ко да сум сдсм фан :D а не сум. Само сум реална, и сакам ги моите права ко човек. Сакам го своето достоинство и не сакам да дозволувам да ми некој наметнува некои тешки бремиња кои ниту се мои, ниту треба да ги носам, за на некој друг (владата) да им биде убаво. И јас имам исто право да живеам, а не преживувам.
     
    На bubamara12345 и Viki693 им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ова ептен сликовит ја опишува Македонија.
    Нема што да кажам повеќе.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Со вадењето бугарски пасоши, верувам дека малку сте ги помешале работите. Тие што вадат бугарски пасош НЕ се откажуваат од македонскиот. Двојно државјанство имаат. Имаше дискусии за ова и на темата за бугарски пасоши.
    И не знам зошто, ама последниве неколку дена упорно се обидувам да фатам некоја реклама за Пендаровски, ама ништо. Гледам на големо го рекламираат Зоран Поповски. И кога ги споредувам, Поповски ми изгледа како подобар кандидат. Според рекламата :) А Пендаровски го нема. Искрено, размислувам дали да гласам за Иванов или за Поповски. За Пендаровски нема сигурно :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Која некултура и кое ниско ниво на комуникација. Ова најмалку е дебата за една ваква сериозна тема. Очигледно си сакал да се направиш интересен ама со зборови како "магаре, киклоп, дрво итн", барем мене не ми е воопшто смешно, ниту пак интересно.

    Најдолна граница на примитивизам и мизерија ми е коментирање за физички изглед. :tmi: :x
     
    На Juicy, Nati.P, Elissa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ти да си ја бркаш својата работа тоа ќе ти биде најпаметно. Ако толку ти се допаѓа Иванов земи си го за по дома. :D
    Он е јавна личност и колку сакам можам да го критикувам, па уште и ако критиките се на место и реални никој не може да ме сопре. Најдолна граница на примитивизам е да коментираш на она што некој друг коментирал и тоа со етикетирање, вреѓање и сл. наместо да си кажеш свој став или ако толку не се согласуваш со некого да дадеш контрааргументи. Па уште ќе ми ги ловиш и потенцираш зборовите, добра лекција ти одржале во штабот. :lol:

    Хорхе е таков каков е, има компир фејс, колку е висок пола од тоа е широк итн. :D Сакаш ли да имаме таков претседател? И не само тоа туку послушна марионета, безгласна буква, како ќе му свират така да игра итн. со еден збор да немаме претседател туку продолжена рака на партијата? Слободно гласај си го што да ти кажам. Не коментирам некој анонимус туку некој што е дел од јавниот живот, така што не можам да сфатам како некој толку се навредува освен ако Ѓорѓе не ти е татко, чичко, вујко или ако ВМРО толку не пенетрирало во тебе па секој лош збор према ВМРО те погодува и тебе лично. Браво со таквиот испран мозок. :D И факт е дека Маја е полничка, што има лошо во тоа? Зашто не се сфати тоа како позитивна критика со цел да смали на идеална тежина и да имаме секси прва лејди. :) Никој не е идеален, ама кога веќе си јавна личност ќе ги кркаш критиките, така оди тоа. Јас реков и пак ќе кажам не коментирам за изгледот на Хорхе и неговата жена во смисла на лик итн. затоа што тоа ептен е глупаво, никој не може да бира каков ќе се роди, туку ја коментирам нивната килажа. Дебелки се бе, ајде убеди ме во спротивното. [​IMG] Тежината не е дел од физичкиот изглед иако влијае нормално, тоа може да се регулира и да се добие на елегантност. Јавни личности се, не знам па зашто тебе воопшто те тангира моето мислење.

    Можеби користам поостар речник и (полу)вулгарен стил, елегантно измерен да не биде ептен простачки, ама сликата и поентата и те како ја доловувам. ;) Главам давам дека Хорхе на своја иницијатива немаше да се кандидира повторно за претседател, но кога така вели Грујо, Хорхе мора да игра оро или ќе го јаде стапот. :D Оттука метафората дека изгледа како магаре кое е влечено за уши. Некој очигледно има помал IQ за да сфати дека не користам директни навреди туку сето тоа е метафора, но добро не навлегувам во тоа. Ако тоа не ти се свиѓа или не го гледаш, океј е имај си свои гледишта и ставови, јас не сум тука да разубедувам никого туку да си кажувам свои мислења, па ако некого не му се допаднат, нека си даде свое спротивно мислење. Критикувајте го бе и вие Заев ако сакате демек зајче бил, имал зајачки запчиња итн. мене апсолутно не ме гајле тоа сигурно нема да скокам да го бранам. [​IMG] Демократија бе што рипате како брливи. :)

    Апла вмро-овчички ќутете и не се брукајте више, ќе изгинете да ги неутрализирате или анихилирате тие кои еден збор ќе кажат против вашата партија или вашиот кандидат пошто тоа е нешто свето за вас. [​IMG] Дечурлии разгалени и ненавикнати да трпат критики. Деца на 28 год. министри ми изиграваат. Нели ти се свиѓа тоа што не го сакам Хорхе за претседател, прифати го тоа и слободно кажи си свое мислење и пофали му ги успесите и зошто пак треба народот да го гласа, не ми тука мене продавај ветер во магла и да ми корегираш мислење, ова не е штаб па партијата да мисли за мене, имам свое мислење. [​IMG]
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Си бркам јас работа не се секирај за мене. :D Туку со речников твој што правиме? И не знам како твоево коментирање на физичка основа го нарекуваш реално, кога тоа е индивидуално? Тука нема ништо реално. Туку има култура и некултура.

    За да дадам на некој КОНТРАаргумент, прво мора да има соодветен аргумент од другата страна, а ти не напиша ништо особено (да не речам паметно), кое би поттикнало дискусија, така што не знам што сакаш да кажеш со ова освен ако не си ласкаш самиот на себе.

    А за тоа, јас за кого ќе гласам си е само мое право, и истото ми дозволува тајност при гласањето, така што тоа не треба да биде воопшто предмет на дискусија. Кој за кого е, за тој ќе си биде и не може никој да го преубеди овде. Ако јас на тебе ти изгледам дека ги поддржувам вмро, ок, не ме засега ама баш ич. Ти на пример мене ми изгледаш дека ги поддржуваш сдсм, пак ок, твое право и не ме тангира воопшто. Не знам што толку одма се фаќате за тоа. Како одвај да чекате некој коментар да напише. Секој си верува и си се ориентира кон тоа што мисли дека е подобро.

    Убаво е кога се води навистина една добра и издржана дискусија во права смисла на зборот, а не коментирање за физички изглед и "дискусија" божем сме на пазар. Мене лично тоа не ме засегна, ниту пак ме навреди, само го потенцирав твоето ниво на комуникација.
     
    На Tashaa и Nati.P им се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Епа ако не те засегна што тогаш толку бурно влезе во дискусијата, на кого му се умилкуваш не ми е јасно? :D Јас сите квалитети и неквалитети на претседателот во заминување Иванов ги кажав во претходните мислења слободно разлистај ги, ова со физичкиот изглед како ти што тврдиш е само шлаг на тортата дека човекот нема никаква харизма, не зближува, не сплотува и не буди никаков интерес кај народот. И не, не е тоа заради неговиот физички изглед, туку затоа што дозволи партијата што стои зад него да го сомеле во машинеријата, да му го исуши мозокот и да направи да не смее да писне во јавноста без консултација со Грујо и потесното раководство. :D Човек без свое јас стварно губи углед кај народот.

    Мисли си што сакаш и величај го колку сакаш јас нема да ти правам никаков проблем, само не ми паламуди со цел да ми смениш мислење само затоа што мислам спротивно од тебе и потенцијално твојата партија. :D Мене јасно ми е како функционираат работите, браво за таа народна “волја“ каде што мора да обезбедиш 10-20 гласачи за да си го зачуваш работното место во администрацијата или државните институции или секаде каде што ВМРО има власт а тоа е во 95% од државата. :D Сфатете и научете не секој се поткупува лесно и не заигрува во вашето оро. :)

    Нека нема вакви безвезни дискусии, изборите се блиску, народот ќе си ја каже волјата, Иванов ќе биде разбиен на изборите и ќе освои 300 000+ гласови додека Пендаровски ќе освои 500 000+ гласови и јасно е кој ќе биде новиот претседател. :)

    Не ми мешај претседателски со парламентарни избори, за парламентарни избори ич не се ни замарам да дискутирам, прешироко е, прекомплексно е и прекорумпирано е за да се одврзе клопчето, јас ќе си се држам до претседателските избори со дискусии, ама ќе гласам и на двата изборни циклуса.

    Нека има мир, дискутирајте колку сакате и ќе видиме кој ќе победи за 1 месец најмногу. Еве :d: за смирување на страстите.
     
    На Kaley, poenta и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Честито зелено цветче. :D

    Не знам од каде виде дека јас сум во администрација и дека морам да соберам не знам колку гласачи. :D Смешно ми е. Можеш да ми ги прелисташ мислењата и да го видиш моето мислење во врска со се' од политички аспект, се' до тогаш немој да вадиш работи од ракав кои нималку не се поврзани со мене.

    Ај поздрав... :beer:
     
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :rofl: Eпа ајде само што дојдов во твојата “партија“ пошто гледам и ти си со зелен цвет. :lol:

    Се надевам дека се разбираме. :) Од моја страна е ок, мене не ми смета некој да го велича Иванов и да го смета за најдобриот претседател досега, има право да си каже такво мислење. Само мора да има толеранција и доволно демократски капацитет да чуе и спротивно мислење, не баш толку згодно и пријатно мислење. :) Сметам дека треба да престанеме да се правиме луди и ако сакаме да заличиме на нормална држава, да ги извадиме тие розови, портокалови или каква и да боја имаат очилата и да видиме што навистина се случува. :D Кој си е во администрација нека си прави список од 10-20 гласачи за да си го спаси газот, тоа си е негова работа не се мешам таму, напротив си уживкам во слободата пошто е нешто најскапоцено и најубаво, а не секој го има тоа овие 8 год. [​IMG]

    Еве :beer: :beer: од мене частам 2 пива. [​IMG]
     
    На Sky-butterfly, drakulce, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    јас не сум видела ваква диктатура во ни една демкратска дрзава освен во насава,грујо е диктатор и си игра со народот како сака,па до кога ли ке му веруваме ?? младите си одат од дрзавата наса,лугето немаат пари за основни работи,пари се перат на сите страни,криминалци стануваат министери а латас и сител да ги слусас ке си реЧес па овде се е розево,па каков е тој новинар и од каде му е правото јавно да го казува неговиот став на вестите ќе ми објасни ли некој??? нека си го Чува тоа за себе а јас нема да гласам бидејќи немам мозност не зивеам во мк а и не сум ни партиски определена ама ова сто се слуЧува ме става на мисла и го залам народот нас мил.инаку пендаровски ми се допага како лиЧност и за разлика од иванов не Чита од ливЧе кога му се обрака на народот :)
     
    На PussyHunter, bubamara12345 и poenta им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Што ни беше темава...
    Да за Претседателски избори.
    Сакам да кажам оти многу ми се допадна кампањата и митинзите. Одлично почнаа во Охрид и денес во Струга и Ресен. Посебно ми се допаѓа и делот со јавните личности, познати пејачи, доктори, аналитичари и слично што излегуваат пред митинзите и зборуваат за нивните погледи. Песните се супер. Говорите се издржани целосно. Рекламните спотови почнаа турбо. Е така се води една кампања. Била досадна или не, така се работи. Со ваков Пи ар тим и Обама ќе го победиме. :)
     
  13. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ќе приумрам едноставно овој месец дена или колку и да трае кампањава претседателско-парламентарна. И онака се е веќе познато, нека пишат нов мандат за Хорхе и за Груевци, за бројот на пратеници нека се договорат нахнадно, мислам нема потреба да малтретираат со глумење нормални демократски процеси, кога ништо нормално нема одамна. Вака секој ден на вести тројца кандидати пеат иста песна, стварно досадно е. Да го прескокнеме овој циклус.
    Инаку физички и по став најмногу за претседател прилега Зоран Поповски, ама кој ме прашува мене, нели, други се фаворитите на оние кои гласаат...
     
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Кој победи победи веќе не сакам да си ги отекувам јајцата. :D Мислам дека доволно го разбив Хорхе и целосно го изанализирав, така што не планирам исти муабети да ги вртам во круг. Вие што морате да го браните по секоја цена, бранете си го пошто така ви налага пастирот, јас малку ќе се повлечам и ќе уживам на Карипските острови. :D Ќе пишам тука ако имам нешто ново да кажам или ако драстично променам мислење, ама не верувам дека ќе се случи тоа.

    За Ѓорѓе ќе сумирам дека беше претседател во сенка на партијата што го кандидираше, физички каков е таков е он си знае тоа, харизма, шарм, цврсто изграден став беа непознати параметри за него, па оттука он беше претседател со нерешлива равенка. Си истера каков таков мандат, сега ќе си ужива во претседателски бенефиции, ако пак биде избран уште 5 години ќе си ужива во вилата во Водно, ако не ќе се врати на правниот факултет и ќе прима плата од таму. Не сакам повеќе да дискутирам за идни минати работи (алудирам на тоа дека ќе стане екс-претседател), па оттука преферирам да се сконцентрирам само на иднината. :D

    PussyHunter своеволно се повлекува од анализа освен ако не биде предизвикан да се реактивира и да го разбие секој оној што ќе ме предизвика, затоа седете си мирни и држете се до кандидатите. Доколку имам нешто ново ќе кажам, ама на дневна база да се препукувам и докажувам не фала не ми се губи време и енергија респектирам демократија и секој нека оди со својот ум па каде го однесе таму. :)
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Се повлекуваш ти навреме пошто почна да сфаќаш дека предвидувањата ти се ветер во магла, што ќе се покаже уствари после досадните избори.
     
  16. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Хахаха не баш заради луѓе како тебе се “повлекувам“ со еден збор исти работи не ми се повторуваат, чувствувам дека кажав се барем за сега, а секако ќе пишам уште како тече кампањата. Тоа “повлекување“ е на неколку дена пошто немам волја секој ден да го правам парампарче Хорхе, доволно е еднаш да се каже, а не како вмро по 100 пати исти работи да ги повторувам пошто они така перат мозок и му всадија на народот во глава “на Заев не може да му се верува“. :D А ти не се многу чукај во гради туку погледни ја малку реалната слика и прошири го видикот. ;) Слободно продолжи да гледаш сител, канал5, да читаш курир, република, денешен итн. итн. веб сајтчиња каде што само вмро постои во оваа држава, нивните кандидати и никој друг. :D Стојам зад сите мои анализи и убеден сум Хорхе ги губи овие избори, а после 1 месец ако сакаш да збориме јави се слободно. Ако не ти се допаѓа тоа не знам што да ти кажам, друг избор немаш, ќе мораш да се соочиш со реалноста. Пропагандата има моќ да ги излаже и изманипулира луѓето, ама на крајот вистината секогаш победува. ;) Ајде баш на изборите ќе видиме колку тоа народот го сака и поддржува нашиот уште малку екс-претседател, затоа што според сите провладини медиуми и веб сајтови, народот се тепа да стигне до него, да се поздрави со него и да се слика со него, ајде ќе ги видиме тие гласачи на избори колку ќе ги има. :D Уживај си, ќути си, трај си, нека резултатите си го кажат своето.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    Gjorge tepa nz so ne e jasno tuka...;)
     
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нејасно е како ќе тепа, инаку мислењето ти е сосема легитимно не може никој да ти го спори пошто имаш такво демократско право. :)
     
  19. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Прво ич да не ми зборуваш ти мене за Курир, Република, Канал 5 и останати шабански медиуми. Хах, не знаеше друго да каже и одма почна Вмро, Сител... После ова што да ти кажам, подобро да не ми реплицираш веќе зашто обично не ми се прави муабет со некој што е толку ограничен да ме етикетира без основа.
    Второ, не е работата дали мене ми се допаѓа реалноста или не, за разлика од тебе јас ја гледам. Не си пишувам по форуми мои желби и илузии ко некој вечен оптимист треснат по глава со мокра чорапа. Истиот филм се репризира од 2011 наваму, и тогаш никнуваа разни интернет „експерти“ и ентузијасти ко тебе кои онанираа у сон дека ќе паднела владата и ништо не бидна. Заев и Шеќеринска знаат дека не ги добиваат парламентарните па се повлекуваат од трка, ти убеден дека Пендо ќе ги добие претседателските :D Пендаровски не е независен кандидат, поддржан е од нивната партија, тие стојат зад него и не може поинаку да се претстави пред гласачкото тело, во повеќе наврати увидов дека не го перцепираш тој „мал“ детаљ. ДПМНЕ одамна ја има изгубено довербата кај неопределените, ама со цела армија од административци, штабски деца, плакатолепачи, пропагандисти и слични такви мекотели сосе фамилии зад себе. пак ќе добијат. Башка ти забораваш дека во државава има еден куп народ кој никогаш веќе не би дал доверба на СДСМ и на тој став се закоравени. Дури не ојача опозиција, ДПМНЕ се на коњ, а опозицијата е далеку од јака. Ти се свиѓало тебе или не, тоа се фактите. Засега. За следни избори ќе видиме.
     
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    А тебе ти се свиѓало или не фактите ќе бидат испорачани на 13-ти и 27-ми април, затоа апелирам на твое трпение зашто знам дека ќе сакаш да го избришеш овој пост тогаш, ама нема да можеш и ќе ти биде ептен криво. :D За парламентарни избори не знам како ќе биде а ми се чини дека тебе повеќе ти е паметот таму, додека јас цело време ти зборам за претседателски избори. Има многу што се за ВМРО, а не се за Иванов и ќе си гласаат да имаат нормален и достоен претседател каков што е Пендаровски, кој без разлика што и да тврдиш, он е независен и нема партиска книшка на ниедна партија, ако не ми веруваш, прашај го лично. :D Тоа што стои СДСМ зад него не значи дека е нивен пулен, ако стане претседател а де факто ќе стане, нема да служи на СДСМ како што Иванов сега служи на ВМРО. Тоа е всушност комичното што Иванов наместо да дава отчет на граѓаните он дава отчет на ВМРО. :lol:
    Сега мислам дека гледаш зашто одлучив да се повлечам од дискусии, токму заради вжештени глави како тебе. :D Џабе ќе паламудиш и бистриш политика кога и ти не веруваш во тоа што го кажуваш хахаха. Не ми ти на мене реплицирај јас што мислам, туку кажи си свој став, ме разбираш ли дете? :) Знам дека за вмро-овчичките претставува вистински шок некој да има свое мислење и да мисли различно од тоа што партијата го мисли. :D Не инсинуирам дека ти си вмровка, ама мора да развиеш поголем демократски капацитет. :) Од 2011 наваму помина “многу“ време, 3 години се само во прашање ама се сменија многу работи. Кога во 2011 СДСМ со Бранко освои 43 пратеника, а сега кога се “реформираше“ или барем покажа волја да се смени и да покаже на народот дека на врвот на партијата не им е битно да станат пратеници по секоја цена биди убедена ќе имаат минимум толкав резултат, ако не и подобар. Трпение е клуч за се во животот па така и за вистината, а нема да има подобра вистина за 1 месец, кога многу соништа ќе бидат скршени и ќе видат дека се било само магла, пропаганда и мачкање очи, а народната волја била сосема спротивна од она што пропагандната машинерија го проповедала цело време. Трпение и мир. :*
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.