Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    Актуелни политички настани

    Иванов обелодени уште еден свој успех: По намигнувањето на Обама, му рекол калиспера на Папуљас :rock:


    -Кога беше денот на приемот на Хрватска во ЕУ, нели во Загреб имаше церемонија, и го гледам стои настрана грчкиот претседател и му пријдов и на грчки го поздравив „Калиспера…“! И тој изненаден… Продолжив на англиски и бидејќи тој збори на германски пријде асистенката и вели „Скопјано“. И ја му велам, ви упатував толку пораки, поздрави, ама ова е историја, прв пат за 23 години се среќаваат грчки и македонски престедател- раскажа Иванов во „Јади Бурек“.


    http://brif.mk/?p=140942
     
    На drakulce, fighter и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  2. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    На митингот на Вмро во Охрид... Охрид тој ден беше преплавен од влезот на градот до Билјанини извори со автобуси од сите градови во Македонија. Значи БУКВАЛНО беше преплавен со припадници на Вмроо како и дечиња кои искористиле бесплатен прево за Охрид, да малку прошетаат. ОК не спорно е тоа, факт е дека цела Македонија беше сконцентрирана во Охрид. Штабовите на Вмро имаа организиран превоз, храна, пијалоци и се што душичката сака за сите тие што ги носеа во Охрид. Прашањето е следно- Тој превоз, храната, пијалоците и сите други пропратни елеметни КОЈ ГИ ПЛАЌА? Од каде толку пари за толку масовен собир КОЈ НЕКОЈ ГО ПЛАТИЛ? КОЈ ГИ ПЛАТИТЛ сите тие луксузи? Вмро од каде толку пари за такво нешто а? Има ли Вмро пари лично нивни или се ЈАДАТ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ од Буџетот. Или пак благодарение на некое ново задолжување на Владата се финансираат ваквите без потребни работи. Мене ми наликува на последниве две варијанти. Со туѓи пари и БАБА НИ ЗНАЕ КАКО. Тоа се пари од граѓаните кои упорно и упорно се крадат. Да се надоврзам Иванов има ли толку поддржувачи за еден обичен мал митинг. Се разбира дека нема, сите партиски војници како ќе им наложи партијата така ке гласаат и ќе се тепаат со сите ако треба. Свесни сме сите дека Иванов во последниве години НЕ ПОСТИГНА никаов успех, а не пак углед и рејтинг. Вчера го гледав малку кај Јанко кога гостуваше, Јанко повеќе зборуваше свои гледишта и ставови и филмаше приказни, а Иванов како мумија седеше и почнуваше да допира во зборувањето и да се буни од трема и возбуда. Значи не може да се изрази човекот како му доликува на еден човек со толку јака функција. Ѓорге е еден мил, добар човек кој на мравка не би згазнал. Со таков некој мирен и чесен човек некој лесно може да манипулира и и гра преку него како сака. Тој кога се појави на политичката сцена БЕШЕ И ОСТАНА ЗАЛУТАНО ЧОВЕЧЕ, кое игра како ќе му свират. Затоа низ овие изминати 5 години, поголем број од граѓаните на Р.Македонија не го сватија сериозно како нивен претседател, туку тој беше синоним на бисери и гафови каде и да се појави. На Македонија не и треба Иванов како некој кој наликува, а е далеку од вистински пример за претседател на една земја. Мене не ми е битно дали Иванов, Пендаровски или било кој ќе биде и ќе ја носи таа функција, битно ми е да држават биде држава со економски раст, стабилна политика и обезбеди еден нормален и пристоен живот на нејзините граѓани, убав иднина за младите итн. На Македонија и треба една нормала ништо повеќе, која за голема жал ја немаме денес. Живееме во држава каде владеат НЕ нормални услови и испревртени општествени вредности. Далеку од едно демократско општество. А дали сме правна држава во вистинска смисла на зборот каде законодавната, судската и извршната власт се независни една од друга, односно функционираат онакак како што предвидува законот не сум баш сигурна. Сите тие се под влијание и под раководсво на еден човек-Никола Груевски и Вмро. Тогаш слободно можам да кажам дека Македонија не е правна држава и демократско општество. Пример за ова е Ѓорѓи Иванов кој постапува и функционира како ке му каже нашиот премиер. Ова е мое мислење. Не навредив никого само кажав како стојат работите тука во државата и како се поврзани со нашиот иден претседател. По моја претпоставка и овој мандат ке биде Иванов, како марионета и ништо повеќе во наредните 5 години.
     
    На kikiviki32 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Во врска со Ширак, тоа беше само обичен лапсус, а во врска со Казахстан, само обична разговорна споредба. Нешто слично кога Заев пред некоја недела по грешка кажа 1914 година за конгресот.
    Разговорот со Џанко и Ѓорѓе беше лежерен, опуштен и претседателот во обид да биде што повеќе искрен и да каже повеќе, направи грешки.

    Таа опуштеност се должи на тоа што е сигурен во нова победа. Немаше грч, страв, исчекување и напрегнатост како што може да се забележи кај Пендаровски. Стево со лице константно вџашено и ококорени очи не оддава одраз на лик сигурен во тоа што го прави. Како се да му е наметнато и како прилично да му тежи целата ситуација. Можеби затоа и на почетокот со кампањата пробаа со "нов и досега невиден потег кај нас во кампањите"-мемоарите на сопругата. Ниско е на плеќите на лична и семејна загуба да се привлекуваат гласачи. Да се збори за смртта на драга личност на партиски митинг и за тоа како Стево улетал и ја изменаџирал и испеглал целата ситуација е бедно. Каде во таа приказна да се пронајде и како со тоа да се привлече еден независен гласач? Единствено да гласа од сожалување. А за жалење се. И партијата и тој. Личните работи и семејни драми никогаш не се користат во политиката. Кандидат за претседател, тоа е функција на која емотивноста и цмиздрењето и се многу далечни. Со непокажување цврст став и со претходно познатиот став околу името, Пендаровски си пресуди уште на почетокот од кампањата.
    Во глобала голема грешка и лош прв впечаток. Лош кандидат, лоши внатрепартиски односи, лош прв конгрес, лоша песна, лоша пејачка,... Најверојатно и лош резултат.
     
    На Dea8, Nati.P и Daydream им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како Стево во Неготино и Кавадарци им збори на луѓето за субвенции за земјоделството и слично. Па тој и да биде претседател нема никаква врска со субвенциите и развој на земјоделството или слично. Претседателот има сосема други ингеренции и надлежности. Тие работи за кои тој зборува дека ќе ги смени, унапреди и слично се во надлежност на Владата и министерствата. Стево Стево научи што треба да кажиш. И зошто се излета да каже дека пензиите не биле зголемени, ај да кажеше за платите да се замислиме, ами пензиите ли , па малку ли ги покачија. Зошто со свој камен по глава се мава, а просечна плата од 21 000 ниту тој како универзитетски професор тој не зимал а не пак другите :o . Стевче бре, за греота сте вие универзитетските професори. :lol:
     
    На Nati.P и Daydream им се допаѓа ова.
  5. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Ми прекисна веќе од овие изборите и пллитичките програми.Мизерија, за грев.Па уште коа ќе слушанам шлукања и восхит од некои ми иде да си пукам во глава. :tmi:
    Ај у ку**ц, филм на рает не можам да си изгледам. :devil:
     
    На troublesome му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Актуелни политички настани

    Многумина му се смеат на претседателот Иванов за лапсусите од Јади Бурек, (криво им е што не знаат грчки), рака на срце такви можат секому да се случат, но чинам никој не ги забележа оние посериозните:

    1) Младите оделе на врвни универзитети како Харвард! - нормално дека одат кога кај нас никој не ги сака. Тоа воопшто не е за пофалба. Скопје и Битола треба да станат светските Харвард и Оксфорд, па да се фалиме дека светските студенти доаѓаат да научат македонски за да студираат тука поефтино а квалитетно. (слично како што прават во Прага и Будимпешта)

    2) Стив Џобс успеал не затоа што им го дал на луѓето(потрошувачите) тоа што им е потребно, туку им создал потреба да купуваат тоа што тој го нуди. - па кон вакво резонирање ли треба да се стреми нашето македонско општество, нашите идни бизнисмени и економисти??? Сите знаеме како Стив Џобс заврши на крај, и така ќе завршат сите народи залудени од вакви божем „успешни„ идеи. Многу е лошо да се копираат зборовите и идеите на материјално успешните ако нивниот систем создава наместо еднаквост и праведност уште поголема беда и страдање.

    Луѓето би требало некој да ги свести за нивните вистински потреби и да помогне во создавање услови луѓето успешно да ги задоволат реалните потреби: бесплатна енергија од сонце и ветер, здрава органска храна без ГМО, чист воздух, хармонична менталана и телесна активност-преку аеробик, планинарење, негување на позитивна и мирољубива комуникација со природата и животните и сл.
     
    На babyblond и drakulce им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    http://www.youtube.com/watch?v=yFthrStQig8

    Јас се срамам за него искрено, страшни изјави дава на национална телевизија што оди и на сателит во странство.
    Што да очекуваме од човек кој се фалеше дека Обама му намигнал, мислам страшна дипломатска тактика човече, политиколог и професор на правен факултет.

    Знам за вас партиски определените дека однапред знаете за кого морате да гласате, јас еве не знам за кого да гласам, зашто сите тројца ми се невидени фарсатори и лажговци.
    Додуша тој Зоран не го знам, ама ми делува некако најнормален од изборов, ама искрено мислам дека Стефче ќе си го користи само за високи цели, и дека реално е далеку од победа.

    Оваа карикатурава ќе ја храниме уште 5 години, ќе шета низ светот со наши пари а за ничија корист.
    Чорба...
     
    На drakulce, vinozito1, esperanca и 11 други им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Денес ги гледам билбордите и на Иванов и на Пендаровски и што да прочитам :tmi: едниот „Државата пред се! “, другиот „Македонија пред се!:o . Државата?! Македонија?! А народот?! Што е со народот?! На кому од двајцата им е битен народот? М? На кој? Не народот,не е државата! Еве чист пример САД , да САД е водечка сила, ама демократијата им е на најниско ниво. Во водоводот им пуштаат флуор за да ги отупува, да затоа имаат побели заби од нас. Прислушкувани се постојано! И најново во САД да си против власта или да зборуваш против власта е психолошко нарушување, болест. Русија исто така, и во Русија не е баш среќен народот, народот во Русија не е повеќе слободен отколку во Америка. А кај нас? Кај нас сите или сме индиферентни и после многу нервирање отрпнуваме... Седиме и пиеме кафе на кеј со поглед на Скопје 2014 и уживаме. А тоа дека секој Велигден кога ќе се вратиме гледаме дека местата од кај што сме дошле полека но сигурно умираат, не ни е битно, работиме во СК, голема плата земаме.А тоа дали цел живот со цимери/ки и под ќирија ќе живееме не важно. Не се враќаме во „селото“од каде што сме дошле. Кога сме бомбардирани со реклами од типот за трето дете и од сликите за студентскиот дом „Гоце Делчев “ , воопшто не помислуваме колку од девојките кои живеат во вакви услови ќе имаат проблеми да затруднат? Колку од овие ќе родат здрави и прави деца? На колку од овие фондот за здравство ќе треба да им плати лекување поради таквите услови? Колку од нив ќе се неплодни? Трето дете? Пред 50 години во ред немаше да е проблем. Ама сега? Сега тоа значи 3 деца, 3 факултети, 3 лаптопи, 3 кирии и сметки и храна, (освен ако конечно не го подобрат квалитетот на факултетите што не се на УКИМ), 3 Ајфони, Ајпади, 3 апсолвентски, 3 свадби, крштевки, веридби , матури, освен ако нејќиш да бидат сами и несоцијализирани бидејќи ќе делат од останатите разгалени единци. На времето секое од претходното носеше алишта си играше со истите играчки, сите носеа ќецели, сите беа исти. И за ова не ни е гајле, ете секоја втора бремена се мажи, а тоа каков ќе биде бракот и дали ќе и префрлува мажот ѝ на секоја караница дека ако не била бремена, немаше ова да го трпи цел живот, не е битно. На што укажува тоа? На финансиска несигурнорност, незрелост, страв од одговорност? Да во времето на Брако не знам какво беше(мала бев) ама барем слушав за некакви протести штрајкови и слично, за такво нешто во последниве години немам слушнато. Се плашат или се им е под конец, убаво им е? Не знам. Само знам дека на народот му треба трета опција. Некои на чии билборди ќе пишува НАРОДОТ ПРЕД СЕ! :!: некој кој ќе застани на страната на народот, бидејќи и така и онака ќе се збогати, кога ќе дојди на функција.
     
    На daylight, vinozito1 и wtff им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Стево Пендаровски се обрати и на албански јазик – „Maqedonia meriton President“
    Е Стево бреееееее легендо. Продадени души, оди таму збори на албански еден ден сите спотови само на албански ќе бидат како што си тргнал.
    https://www.facebook.com/photo.php?v=824091384270995&set=vb.806718442674956&type=2&theater
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Актуелни политички настани

    Не би требало да е важно на кој јазик зборува и која националност е, но за жал ние сме далеку од таквите убедувања, како Америка што го избра Обама.
    Верувам дека еден ден истото ќе случи и со Македонија, за претседател да има Албанец. :!:
    Не би ни било важно, доколку сме развиена земја како некои европски земји.
    Германија, Данска, имале жители кои ни не знаат како им се вика претседателот.
    А тука , дете од две годинќи ќе ти каже.Како и не би кога телевизиите само тоа зборуваат.
    Дури и цртан фим ќе преќинат со платена политича програма. :D
    Ја претеравме стварно со политика, со омраза меѓу партиите, националностите ,практично со се...
    Кој сака нека биде , но нека е од народот избран и нека работи за народот.
    Но вака, на овој начин ....:x
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Верувам Стево само го искористи тоа што очигледно твоите(спрема твоите постови очигледно се твоите спрема твоите постови, немој да лажиш дека си политички неопределена) веќе не го користат ,а претходно го користеле. И да ако продолжи како досега работата наредните парламентарни и локални избори Скопје ќе го спасуваме како КИЧЕВО на локалните. Малдите си бегаат,градовите во внатрешноста полека но сигурно умираат, тие што остаа се безволни ,сите чекаат работа во администрација или државна институција и сигурна плата. Албанците за разлика од нашите одат во странство и не креваат таму куќи на 3 спрата како македонците, и не се враќаат колку за одмор и за да се испуфкаат со парите(ни за избори не се враќаат), туку се враќаат во Албанија , а сега и во Македонија и инвестираат во бизниси. Во Скопје на 10 раце се бројат дрвјата што останаа, се испосекоа ,еден куп згради никнаа, а тие станови на прсти се бројат кои македонци можат да си ги дозволат. Сити мол врие со албанци, ретко кои можи да си доволи да си купи нешто од таму кога не е на попуст, во Грција пак е поевтино. Албанците без проблем и по 5-6 деца одгледуваат, за македонците едно да имаат веќе стана луксуз. Па пред да плукаш на Стевчо или на Груевски или на било кој друг, разгледај и размисли реално што се случува во државата и дали е време да се дели народот на портокалеви и сини кога албанците полека но сигурно не освојуваат, чија е одговорноста нема да дискутирам. И брзо и сигурно им успева на албанците она „Раздели па владеј!“ или „Кога двајца се караат третиот користи“.
    Нив Македонија им е важна, Државата им е важна, НАРОДОТ не им е битен, тоа се гледа и на самите билборди и реклами...
     
    На bubamara12345 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Вие дали се читате што зборите :fubar:
    Наши ваши вакви такви. Па нели гледате од албанците веќе црква неможеме да изградиме, па двојазичност па школи албански па милион вработувања во администрација според рамковен добија а не идат на работа, со милион барања се и не уценуваат за све а вие уште тука ваши наши ми кажувате. Која цена ќе ја плати Стево за поддршката што ја добива. Мислите они ќе го поддржат од што е убав или од што им се свига неговата политика. Никогаш не сакам да ги делам луѓето ни по раса ни по нација ни по вера, ама овие нашите тука сите граници ги поминаа. Обама е црнец ама тој не наметнува црнечки правила во Америка и не бара да се збори на африкански јазик.
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Во право си целосно. :clap: А кој им ги обезбеди сите тие работи Елиса? Кој овде ги напаѓа неутралните? Кој до вчера беше со албанците во коалиција? Оти се правиш наивна кога не си? Кога немате аргументи сега место да напаѓате, почнавте наивни да се правите? Ај види кој го напѓа Стевчо и кој го напаѓа Иванов и кои се неутрални на темава. Мислам дека ќе се пронајдиш во некој од нив. Што дека Стево бара поддршка од нив кога пола албанци без карти се возат во ЈСП и никој не ги гиба, струја вода не плаќаат пак никој не ги гиба, што дека Стевчо бара поддршка од нив кога пола албанци прашањата за екстерно ги составуваат, пола министерства и администрација е со албанци полни. Една лична карта да одиш да извадиш 3 пати ќе ти ги згрешат генералиите, оти не знаат македонски како што треба. Дај не се правете наивни. Навистина ли се потресовте покрај овие факти дека Стевчо ќе ја добие нивната поддршка? М? На крајот на краиштата сите знаеме дека голема е веројатноста да се повтори „конфликтот“ од 2001 ако никој од македонците не е во коалиција со нив. Што сега и мене ќе ме банирате? Оти не ѝ се клањам на Елиса?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Актуелни политички настани

    Кој го ебе народот!!! :devil:
    Политичарите честопати покрај меѓународно право и економија имаат специјализирано и поебавање на народо`(поискусните со лубрикант). Нив на народот ќе им текне кога народот ќе цркне од глад и кога веќе ќе нема кој да им ги полни џебовите и да сработува вистинска работа наместо нив. Но се плашам дека тогаш ќе биде веќе доцна!
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Во право си. :) Ај врати се некој мој пост поназад кога веќе ме цитираш и прочитај едно од можните сценарија што би можело да се случи кога ќе биде доцна. ;)
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Актуелни политички настани

    Е кој де? Кој? Ај да се потсетиме :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Daydream, babyblond и Elissa им се допаѓа ова.
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    И кај се сега овие? Еден го отепаа , друг мислам умре не сум сигурна, трет си ги собра парталите и замина на доживотен одмор, еден е бугарин сега и тој со белата коса не знам кој е. И кој е сега крив? Ние? Ние бевме деца. Нашите родители? И тие сакаа да заврши што побрзо не им беше важно под кои услови и кој што потпишал. Затоа требаше да им дадеме некои работи, пред сами да си ги побараат и да им го трескаме од глава тоа секогаш кога ќе побараат нешто плус и да си ја задржиме младината, а не уште толку да ја поттикнуваме на миграција.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Е Нати браво за сликата, само ќе потенцирам. Ние имаме Закон во Мк според кој било која македонска партија да е на власт мора да коалицира со абанска партија. Значи дали дуи, дали дпа нас исто ни се фаќа, исти се тие, никој не е поарен верувај. Сите се со територијални претензии. Баш за тоа дека се возат без карти, дека пушат по кафичи и закон не ги фаќа, дека цел криминал тие го прават, дека ги вработија во администрација (бројка што требаше да ја исполнат според рамковен договор а реално не ја заслужуваат оти се помал процент) е баш заради тоа ние треба цврсто да си застаниме зад нашата држава и нашиот народ. Ова е Македонија а не Албанија како што мислат тие. Јас немам ништо против Пендаровски, го следам човекот му ја пратам кампањата, ете го оди секаде се труди и тој, ама ова со албанците е крај на програмата, си ја продава државата.
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Значи Пендаровски само го почитува законот, така Елиса? :)
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Значи тоа е за Парламентарни, а не за претседателски. :) Оти имаше некој напишано зошто вмро коалицирале со албанците, за тоа и спомнав за законот. А претседателот е еден, тој не коалицира.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.