Претседателски избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 16 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Актуелни политички настани


    Омг незнам дали да плачам иили да се смеам на ова шо го видов и после овај че води држава не дека другите се поарни ама ова на ништо бре не личи ц ц ц ц ц и друго Го гледанм овај докотр Стево или шо и да е по митинзи на шо личи бе она ко да предава лекција се понашша си шетка низ бина незнам шо е поентава шо е сам :D :D ко пес пред касапница :lol: :lol: комедии ми се сите во секој случај
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Тогаш зошто кандидатот на тие што коалицирале со албанците на пралментарните, не го прават тоа што Стефчо го прави, наместо него? Нешто не е во ред? Ќе ни објасниш или само ќе плукаш и по политички обоени и по неутрални?
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    babyblond значи ниту плукам ниту имам намера тоа да го правам .Јас си го кажав своето мислење, како и секој овде што си има некакво мислење.
    Значи Стево знае дека ќе има помалку гласови од Иванов, што е реалност и на сите ни е јасно дека за да придобие гласови тој се сојузува сега со албанците. Прави спотови и билборди на албански. Читав денес баш каде што имаше ставено тој за активностите негови и долу под текстот еден куп коментари од албанци имаше, дека ќе го поддржат. И во ред е тоа да го поддржат и ако успее нека победи, немам против. Но што мислиш зошто тие ќе гласаат за него????
    Нека каже што им ветил, и така денеска еден утре друг ни отиде државата. Си ја продадовме за гласови.
    А неговите колеги Заев и Шеќеринска сега одат исто така имаат некоја кампања за парламентарни и тие се со истите ставови, па играат на карта исто да придобијат некој глас од албанците, што за парламентарни нема шанси а за претседателски можат да придобијат некој глас бидејќи Дуи не излегоа со кандидат за претседател, и овде тие можат да лапнат некој глас но дебело ќе им го наплатат тоа албанците.
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    И за тоа си во право. Ама ќе те потсетам само една работа, тие не ја прават кампањата со државни пари и не правеа анти-кампања на другите месеци наназад на другите исто така со државни пари. Не си помислила дека тие можеби немаат пари па ете албанците плаќаат? Или си помислила дека можеби албанците не се задоволни од тие со кои што беа досега? Вие се плашите дека Пендаровски ќе победи? На толку кампањи и анти-кампањи и толку привилегии од ваша страна на албанците со цел памет мислите дека Пендаровски ќе победи? Сериозно?! Остајте го чоекот на раат, тој не видов да плука по вас. Оти плукате вие по него? И така на толку кампањи срамота е да не победите. И најискрено дали ќе го имаше истиот став ако албанците го подржуваа Иванов? И не ми кажа , зошто албанците не го поддржуваат Иванов кога на парламентарните беа во коалиција со неговата партија? Мене како неутралец, многу работи ми се нејасни и нелогични. Зошто би плукала по некој што сум сигурна дека ќе го победам и сум потрошила толку пари за кампањи, сум вложила во државата, народот ме сака... Зошто?
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.610
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Наместо сите македонски партии да се здружат во поддршка на еден кандидат за да имаме македонец за претседател, тие очи си вадат. Исто важи, но и повеќе, за парламентарни. Утре нема да бидат само вмро криви што нема да имаме држава, криви дури и повеќе ќе бидат сдсм, покрај албанците, секако.
    Ние не ни знаеме што има во тој рамковен, се сомневам дека еден обичен граѓанин знае. Сигурно во рамковниот не пишува дека сите шиптари дошљаци ќе треба да ги вработат во администрација, а ако за некое чудо така пишува, тогаш Бранко навистина е битанга, штом дозволил такво нешто и ни потпишал смртна казна.
    А за Стево, и кога не би имало друг кандидат, не гласам, од причина што не му верувам на човекот, кој е поврзан за сомнителни, нерасчистени околности околу атентатот врз претседателот Трајковски, кој сметам дека беше единствениот досегашен претставителен претседател. Човек кој нешто знае и е поврзан и полн со сомнежи, иако не е директен убиец, тој е соучесник. Но не навлегувам многу, зашто одма ќе рипнат во одбрана симпатизерите на партијата на Бранко.
     
    На Nati.P и Daydream им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    babyblond во Мк живееш или во странство некаде? Оти ако не живееш во Мк ај да те сватам ама вака не ми е јасно што се трудиш да кажиш. Сто пати реков дека немам против Пендаровски ништо ниту против било кој кандидат од Македонска партија, имам против албанците кои ни ја зедоа државата. А сдсм ја продадоа. Ако Ѓорѓи бараше гласови од нив никогаш немаше да гласам и за него, гајле ми е кој е на власт. Сакам човек што ќе ја брани Македонија.
    Не смееме да дозволиме да ни влезат секаде, што за жал веќе е така. Јас сум имала прилики милион на работа да се сретнувам и разговарам со албанците, тие за муабет се фини и се ама кога станува збор за државата тие Македонија не ја сметаат за држава, туку за територија која и припаѓа на Албанија, која порано била населена само со албанци, овде тие биле деградирани и оти не живееле добро во Мк за тоа требало да се споиме со Албанија, да немало граница во западна Македонија. Кале било албанско, немало што македонцци да одат таму, Александар не бил ни грк а не пак македонец, тој бил албанец. И милион други работи сум изнаслушала, и што е најтрагично секој пат сум го слушала истиот муабет од различни луѓе. Значи вмро дали го подржувам или не не е битно, битно е дека не земаат ниту еден албански глас, тие кога прават влада само во коалиција земаат албанска партија (што мора да биде така) а таа партија си добила гласови од албанците.
    А Стево сега пола спот го направи на албански, па на следните избори цел спот нека му биде на албански, и на третите веќе со преведувачи нека идат на кампањи оти нема ништо да разбериме, освен до тогаш ако не ни го наметнат албанскиот да го учиме сите како задолжителен, како и што сум чула дека ќе бараат тие.
    Значи цел муабет ми е дека не смееме да им попуштиме за ништо живо, а не за да додјеме на власт да си продадеме, што го правеше и Бранко на времето, тој го почна сето и пак не им иде умот. Место и сдсм и вмро да излезеа со еден кандидат, па да ги треснеме од земја ние види што правиме.
     
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Јас само ова ќе го кажам. Да факт е дека албанцијте не „освоија“ под чија власт сите знајме и престанете да го спомнувате Бренко, оти јас времиња Бранко никаде во немам видено чоекот, велат бил на доживотен одмор на Флорида. А и 7 години слушам како Бранко бил крив, а 7 години партијата на Бранко не е на власт. И ако во тие 7 години не успеавте да поправите се што расипал Бранко и да го редуцирате бројот на албанци во државни институции и општо како популација и млади кадри македонци постојано ви бегаат од државата, тоа е проблем на ваш не на Бранко , не на Петко не на трајко, не мој, туку на сите. И ако сакате да се постигни некаков РАЗУМЕН КОМПРОМИС на двете македонски партии престанете да го плукате Бранко или Никола или било кој.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Актуелни политички настани

    Јас демек за Стево ќе гласам, оти Горѓи не го бива, ама искрено кога му ги видов рекламите и билбордите на албански (демек Албанци ќе гласаат за него, како да не), ми се смачи и од него, и сега не гласам за никого!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Актуелни политички настани


    И јас за билбордите на албански најмногу се извреволтирав ......
     
    На Madam-A и Elissa им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Јас се ирзеволтирав што ни едниот ни другиот не пишува на билбордот „Народот пред се!“ , туку едниот „Македонија пред се! “, другиот „Државата пред се!“. Што се однесува до јазикот, треба и на ромски, влашки, турски и албански покрај македонски да им се на сите билбордите на сите! Нели сме демократска држава. :!:
     
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Актуелни политички настани

    Мене не ми се допаѓа таа демократија, кога оди преку грб на едниот, а на чест на другиот... Всушност, тоа не е демократија.
    Во Србија пример на приметив дека кандидат за претседател пишува и на српски и на словачки и на унгарски и на ромски итн.... мислам глупо е...
    Македонија е Македонија, се знае кој е официјален јазик. Албанскиот не се запоставува никаде, ама ова е апла провидно, бара гласови човек, барем јас така го доживувам.
    Ајде дојди во Западна Македонија, и влези во некој бутик пример и прашај на македонски, ќе ти слегне со раменицитие... не разбираат... и тоа некои навистина не разбираат, а не само да се преправат. Револтираат такви работи. Што земја е ова, македонски во Македонија не ме разбираат ?
    Леле, отидов јас во друга насока, ама мислам дај малку да закочиме и да ја погледнеме реално ситуацијата.... додека очите си вадиме, третиот ќутка и бутка. И никогаш да се опаметиме, а еве до каде стасавме...
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Знам како е ама што ете сега оти Иванов нема билборди на албански ќе го смени тоа или Стевчо ако немаше билборди на албански ќе го сменеше тоа? Не! Јас повеќе би се грижела колку од луѓето од другите градови што живеат во Скопје ќе можат да си одат дома за да гласаат, бидејќи нели автобусите ќе се преполни со партиски определени луѓе со бесплатни влезници. А не можат да гласаат во Скопје, бидејќи не се регистрирани за престој, а ако се регистираат за престој ќе треба и газдите да пријават дека ги издаваат становите под ќирија и ќе треба да платата данок за тоа. Е сега за да остани тоа така матно, подобро е сите да си платат карти и да не прават гужва и нека пратат специјално автобуси само на линија Скопје-Велес и обратно, бидејќи велешани најповеќе ја прават гужвата, а по пола саат ќе слезат, а некој за подалечна дестинација ќе треба да чека или воопшто да не си оди дома за да гласа.
     
  13. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани


    Такви или онакви ние живеееме во мултинационална држава, тоа мора да го сватиме, и се додека не го прифаќаме тоа Албанците се повеќе и повеќе ќе добиваат и ако продолжиме вака ќе станеме ние малцинство и да се бориме за нашите права. И еднаш засекогаш треба да се гледаме сите како граѓани на оваа држава, а не по националности, по партии, и што ли не....
     
    На cocoa28, kikiviki32, drakulce и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Mене не ми јасно што толку се изреволтиравте со билбордите на Пендаровски на албански јазик. Не е ништо толку трагично. Не ми е целта да го бранам во никој случај. Далеку од тоа. Секој си води некоја си своја кампања и си има некаков концепт нели, што е многу нормално. Ако е така еве и Иванов во Скопје го има на секој чекор што се вели и што сега.
    Јас живеам во Западна Македонија и во мојот град има само еден единствен билборд на Стево на албански јазик и тоа на место каде има албанци најмногу. Друго, јас последниве неколку дена имав можност да слушнам како размислуваат алабнците за Стево. Јас искрено се зачудев кога слушнав дека и во поголем број го поддржуваат за разлика од Иванов кој им беше само предмет за не сериозност и подвижна шега. Сега колку биле искрени за тоа прашање тоа е друга математика нели и не можам да знам.
    Луѓе ние македонците додека се разбудиме од длабокиот сон и не се соединиме како народ и работиме и размислуваме во наш интерес ке не најде уште долго онаа народната-кога дваца се караат третиот користи. Албанците кога се работи за нивен интерес тие се сложни и единствени во однос на нивните прашања. Поради тоа си добија се што си бараа и се доста успешни во остварувањето на нивните цели и политики. Си тераат тие како си сакаат. Ние македончиња кутрите очите ќе си ги извадиме попрво едни со други, него да се соединиме и бидеме успешни. Се додека се караат и делат Вмро и Сдсм и нормално др партии ние македонците ќе губиме, а некој друг се ќе си добива и ќе живее како што сака. Јас единствено жалам што НЕ сме освестени и здружени во едно цело едниство. Јас верувам дека ако вака се соединиме ништо нема да ни биде во иднина пречка. Многу политиката не распарчи и затоа сме вакви какви што сме. Само ќе ви кажам дека искрено поголем дел од Вас и не знаат како се живее во држава каде македонците понекогаш се осеќаат како народ од втор ред и тоа во сопствената држава. Тоа треба да се види и осети, па после да се кометира.
    Неодамна на вестите на една локална тв имаше еден прилог во кој еден човек зборуваше во името на една и сега од понов датум организација на граѓани на Тетово кои преку нивното движење ќе бараат во иднина државата да им помогне и да ги избави од таа лоша положба во која се наоѓаат и чуствуваат како граѓани од втор ред. Од причина што никој не го слуша нивниот глас и не ги почитува нивните права. Бараа одговори на многу прашања и имале поднесено многу приговори и жалби на кои никој не им одговорил до сега, а се однесуваа на пример; на спомениците на паднати борци кои се наоѓале во центарот на градот и преку ноќ биле извадени без никаква најава и објаснување. плоштадот им бил именуван во Илирија и улиците им ги пременувале во албански херои. Потоа зборуваше за дискриминацијата која им се прави и која секојдневно ја чуствуват итн. Мислам разбирате што ми е поентата. Верувајте на луѓето нема да им е битно дали Иванов, Пендароски или било кој друг им бил претседател кога се би било нормално и кога би имале еден убав и пристоен живот. Од убавина никој не плаче.
     
    На makedonkamak, kikiviki32, drakulce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    4.325
    Пол:
    Женски
    Нели е малце срамота ова ?
    За гласови ли вака ќе прават СДСМ па срам да им е на што личи ова. Ја не сакам да сум националиста но веќе ако овој Стево сака да е претседател на целиот народ зошто во Шутка не стави плакат на ромски ? Кај нас во Чаир што не стави и на турски и босански ??? Зошто само на албански ?
    Што ние другиве трева пасиме. Или стави на еден јазик или не ставај и на албански и на македонски ццц
     
  16. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    затоа што Македонија е двојазична земја, имаме Македонски и Албански јазик
     
  17. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    4.325
    Пол:
    Женски

    Па што ако е двојазична земја ? Во Србија има еден официјален јазик па ете има плакати на други јазици .
    Нели он збореше дека ќе биде претседател на цел народ ? Во Македонија живеат и други националности народот не е составен само од македоници и албаници.
     
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    4.411
    Пол:
    Женски
    Немојте со сила некому да пикате милиони во џеб,расправајќи се. Прво, да не се албанците во нашата држава, најискрено нашава држава би личела на едно поголемо селце. Второ, јасно е како ден дека Иванов нема речник,ниту стас,ниту глас за претседател, јасно е дека денес се гласа за партија не за човек, претседател на Република. И уште нешто, ВМРО добиваат само уште еден мандат. Ништо повеќе. Бидете ми поздравени ;)
     
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Што сте се толку фатиле за билбордите стварно не ми е јасно.Па Стево на овој начин со албанците, вмро на оној начин, значи секој си има начин со нив.Кога можеше сегашната власт да постави терорист(кој некогаш се борел против нас)за министер, тогаш билбордот е нешто кое најмалку треба да ве тангира.На какви работи премолчивме и прогледавме, па искрено за билбордот око не ми трепнува.

    Инаку ме интересира каков е тој претседател кој не планира да се појави на тв дуел???
    Запрепастена сум.Народот најубаво ке донесе одлука преку тв дуел, а не преку митинзи.Нека се покаже секој, без лист пред него па да одлучиме.А не Иванов за негов цел мандат еднаш не го видов да не чита од лист.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Еве да те потсетам за последниот тв дуел на оваа тема. Сега останува сами да оцените зошто нема тв дуел.
    http://www.youtube.com/watch?v=ydh-XHUldA0
    А еве како се снаоѓа кога нема ливче со него.
    http://www.youtube.com/watch?v=mKrukeJDHFo
    http://www.youtube.com/watch?v=7ml8AcyKLMg
    http://www.youtube.com/watch?v=34Q31AepH7c
     
    На makedonkamak, Anne.B, Pinafan и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.