Прејадување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Alhemicarka, 3 ноември 2012.

  1. Alhemicarka

    Alhemicarka Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Помош!!
    Имам еден проблем - не можам да јадам нормално. Ќе се обидам, но секогаш се прејадувам. Едноставно не знам кога ми е доста. И потоа ме грижи совеста, ми се повраќа, и 2 часа не можам да се соземам. И повторно се прејадувам на следниот оброк. ШТО ДА ПРАВАМ ???
     
  2. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    54
    Чисто психички момент е ова. Храната е најлесно достапно и најкористено "средство за смирување", нешто што ни помага кога неможе да соочиме и решиме проблеми, па најлесно најади се и полесно ти е, иако тоа не е решение. Само свесно контролирање, еве и јас пробувам иако имам и утки, ама ако поголем дел од времето се контролираш тогаш мало прекршување и не е проблем. Пробај прво види ти лично, согледај зошто се прејадуваш (дали затоа што те оптеретуваат некои проблеми, или некои луѓе и сл.) и пробај кога јадеш да јадеш доста бавно, треба време да стигне информацијата за тоа кога си најадена, а ако е брзински и механички, нема да застанеш на време и дури покасно ќе осетиш дека превише си изела.
    Ако ти е мачно од тоа што си се прејала, ако веќе си затерала толку, можеш сода бикарбона да се напиеш, за да не ти е тешко на стомакот.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Едноставно ти мора да си речеш толку ќеизедам и крај,ма колку и да ти се јадело.
    Стави се одредена количина изедија и веднаш тргни се од масата кога ќе го изедеш тоа што си го ставила во тањирот. За 2/3мин. ќе ти се затвори апетитот. Мораш да бидеш свесна дека ти си таа што ќе контролираш а не желбатаза храна.
     
  4. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.907
    Пол:
    Женски
    и јас незнам за доста :lol: и често се прејадувам ако не скоро секогаш :lol: имав прочитано дека ако се прејадеш напиј се чаша јогурт за да помогне во побрзо варење на храната па почнав тоа да го практикувам. Ама никако незнам за доста кога станува збор за храна :lol:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Прејадување си е прејадување,ништо не помага ни јогурт ни незнам што таму. Таа чаша од било што нема како магија да стори да испари јадењето во желудникот :lol:
     
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.907
    Пол:
    Женски
    е да ама јогуртот помага во создавање на тој желуднечки сок што помага во варењето така да може држи вода ова со јогуртот :lol:
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    ^ајде кога веќе така гледаме,јас од искуство да ви кажам дека кога пијам к.вода со оброк јадам повеќе. Земам ли нешто друго,недај боже газиран сок,дупло помалце јадам.
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Ова е една многу лоша навика.
    Познавам луѓе што од ова прејадување имаат големи проблеми со тежината.
    Ако не знаете колку ви е доста, јадете онолку колку што мислите дека ви е доста. Нема да умрете за јадење ако изедете само две кришки леб за појадок и чинија чорба за ручек и салата за вечера, а во меѓувреме чоколатце или овошка.

    На организмот тоа му е доволно за да функционира. Ако веќе не можете, барем прејадувајте се со поздрава храна - повеќе салати и овошје. Помалку масна храна..
     
  9. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    333
    Кога ти е најслатко, престани!!!!

    Така ни кажува дедо на мене и братучедите, било да е за јадење или пиење.
     
  10. osi17

    osi17 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    PREJADUVANJE

    Mislam deka patam od eating disorder, Vo poslednite nekolku godini otkako se porodiv imam navika cesto da se prejaduvam, i sekogas si vikam: e dosta e vekje, ama nikako da prestanam a osobeno obozavam da jadam blagi raboti. Seto toa go pravam od premor, dosada, vo stresni situcii a bidejki imam mala kjerkicka, po doma postojano ima eden kup na gricki i nikako ne mozam da odoleam. Kilazata mi e vored ama mi smeta emotivno, otkako kje se prejadam potoa mi e uste potesko i emotivno i fizicki.

    Dali ima nekoj so slicen problem i kako se spravuva so toa ?
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.993
    Допаѓања:
    5.712
    Пол:
    Женски
    PREJADUVANJE

    Епа најди си некое хоби некоја работа со која ќе се занимаваш, додуша имаш детенце па има работа околу неа, ама нешто што ќе ти ги тргне мислите од тоа. Или биди јака, одреди си количина која ќе ја јадеш и бори се со тоа само на тоа да останеш. Ако сега не и се покажува во тежина, кога тогаш ќе се покаже, па тогаш уште поголеми проблеми и има голема можност после да се запуштиш.
     
    На osi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    PREJADUVANJE

    Извини, ама детето не треба да ти биде изговор. Наместо дома да седиш и да се мислиш сега кое пакетче чипс да си отвориш, чисто да смириш душа, излези надвор. Шетање во парк заедно со детето во склоп на некои спортски активности, ем убаво за него, ем подобро за тебе. Пример, почни да возиш велосипед. Сметам дека монотоноста и досадата кое ти се дел од секојдневието си ги заменила со грицкање, колку да не ти биде досадно. Па имаш мало дете,забавувај си се со него, земи трчај по него, бар малите деца имаат енергија на претек. Можеш да си најдеш и некое хоби, до таму до каде ти се можностите, цртај, уреди си ја градината, танцувај. И ако дома има постојано грицки, не мора да му "помагаш" на детето да ги доврши, едноставно не ги гледај.
     
    На osi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    PREJADUVANJE

    Најлесно справување со било кој ED е да се дистанцираш себеси од храната.

    Не чувај благо, сладоледи и сокови по дома, тоа само по себе доста ќе ти ја намали количината на калории што ја јадеш. Друга ствар што ми помогнала, гледај да јадеш по дома што почесто, одбивај јадење надвор/по кафани.
     
    На osi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    PREJADUVANJE

    Направи неколку работи за да си помогниш.

    Велиш дека имаш по дома многу грицки заради малата, а знаеш колку се тие штетни и за неа?
    Не купувајте сенекакви грицки и благи.
    Пребирај. Купи нешто интегрално, замени ги со лешници, бадеми, суво овошје... Премини малку по малку на поздрави намирници.
    Одбегнувај да купувате и држите дома чипсови, и разни нездрави храни.
    Со тек на време лесно ќе се одвикниш од сите тие храни (зошто знам како е кога ужасно ќе ти се сојадат смоки, чипси...), и ќе се научиш да се храниш поздраво со што и надворешно и внатрешно ќе изгледаш подобро и поздраво.
    Ќе осетиш разлика и после тоа ќе ти биде мотивација.

    Потоа, има нешто што те тера да се прејадуваш. Некоја нервоза, с‘клети, емотивно разочарување, празнина во себе, па мораш да ја наполниш со нешто. И јадиш без престан и истовремено си прејадена, а гладна. Тоа на сите знае да им се случува. Луѓето секој ден се прејадуваат, не си само ти.
    Види што е тоа што те мачи...искорени го.
    Најди хоби, занимавај се по дома, посвети си внимание себе си, шетај со малечката, излегувај со маж ти...подобри го твојот начин на живот...верувам дека тоа за почеток би ти помогнало.
     
    На osi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. osi17

    osi17 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    PREJADUVANJE

    Devojki blagodaram na site za sovetite, seto toa mi e poznato no nekako tesko mi odese, skoro nnikako. No mi se sluci nesto prekrasnosto sto konecno me osvesti : BREMENA SUM na samiot pocetok sum. Gotovo e vekje so prejaduvanjeto , se ishranuvam pravilno se cuvstvuvam odlicno.Sakam da bidam sto e mozno podobra majka.
     
  16. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Jaс имам binge eating disorder или прејадување како што го преведуваат кај нас.За тие што не се информирани ова нарушување се манифестира со конзумација на огромни количини на храна во краток временски период.После прејадувањето следува голема грижа на совест и чувство на вина.Јас веке 7 години го имам овој проблем,поминувам низ различни фази и учам нови работи ама никако да го надминам.Секојдневно читам на интернет за тоа,читам и искуства од други луѓе и сфакам дека не сум сама ама сепак продолжувам по старо и се прашувам до кога ќе си го уништувам животот вака.Сум размислувала многу во врска со тоа што е причината за моето самодеструктивно однесување и сум заклучила дека претежно се прејадувам кога се чувствувам осамена или сум во лошо расположение.Се обидував и да најдам корени од минатото,да дознаам каква празнина пополнувам со храната,бев и на психијатар ама без значаен напредок.Навистина незнам како да си помогнам,буквално си го уништувам животот вака,имам намалена самодоверба поради тоа што многу се здебелив со прејадувањето,чувство дека немам контрола над мене,во деновите кога се прејадувам сакам само да седам дома и да немам никаков контакт со никој и сум целосно непродуктивна.Еве и додека го пишувам ова си јадам чоколадо кое е дел од многуте работи што ги јадев денес и незнам како да си го објаснам веке моето однесување,многу сум одговорна и дисциплинирана личност за другите работи во животот и не е дека не се грижам за здравјето,во деновите кога не го правам ова се хранам совршено здраво,читам многу за здрава исхрана и доста работи знам на таа тема па тоа прави да се фрустрирам уште повеке во деновите кога се прејадувам.Би ми било драго доколку некој што има сличен проблем сподели искуство,во Македонија многу тешко се зборува за тоа па би било добро доколку барем виртуелно си даваме подршка и совети :)
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем, јадам брзо се прејадувам. Да не ми е срам кога сум со друштво можам да јадам до бесвест. Мешам солено благо без проблем, јадам навечер ..........кога ќе се прејадам после 7-10 дена се контролирам и повторно истото ....јадам цел ден,
    способна сум да изедам чоколада голeмa од 150 гр во еден здив и да не ми се слоши и да не дадам никому :((((
    сега пред некоја вечер кога се вратив од работа имав купено сладолед за моите дома и моите биле излезени, седнав и сите ги изедов ............ потоа излеговме вечеравме и на крај ајде палачинка ќе јадеме (е веќе тогаш осетив многу благо дека сум изела)
    доцна вечерта ми се слоши, добив напада некаков во стомак неможев да отидам до тоалет од болка. повратив двапати :((( ми беше незгодно да ги разбудам моите и се напив апче за желудник некое што мајка ми ги пие и се смирив
    И сега сум веќе 3 дена на режим, внимавам што јадам

    Но се прашивам до кога??
    Незнам како да си помогнам ???????????????