Приватен меур (Private bubble)

Дискусија во 'Психологија' започната од friendy, 29 мај 2017.

?

Дали некогаш ви се има случено некој да го наруши вашиот приватен простор?

  1. Да

  2. Не

  3. Не знам што е тоа

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    26.469
    Пол:
    Женски
    Колку се придржувате кон одржување на соодветно растојание кога разговарате со некого?
    Постојат четири видови на интерперсонална оддалеченост или зони: интимна зона, персонална зона, социјална зона и јавна зона.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Дали некогаш ви се има случено некој да ви го наруши вашиот приватен меур?
    Како се справувате? Спречувате на време, дозволувате ситуацијате да ескалира па да превземете нешто или не реагирате воопшто?
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2017
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.882
    Допаѓања:
    113.181
    Слики имаш ставено? Зошто не ми ги вади мене. Како и да е - да, многупати се обиделе да ми влезат во меурчето, а воопшто не сакам. Дистанцирана личност сум, сакам мојот простор да е само мој. Кога некој, со кој не сум блиска е поблиску застанат до мене ме вознемирува, кога некој дури и сака да навлези во мојата интима уз разговор ми смета, а и не мора да е некој интима туку било што за мене зошто лице в лице делувам ладно, заштитнички. На секој начин можам да си дозволам да бидам поблиска со дечко ми и најблиските пријатели, ништо подалеку од овој круг.
    И во поглед спречи или лечи, секогаш е спречи кај мене. Со тоа што сум поладна, без да искажувам премногу емоции први пати кога се гледам со некој за кој не сум сигурна дали сакам да контактирам - сами не се доближуваат премногу до мене, а ако се доближат се повлекувам повеќе од доволно.
     
    На Dark artist, toogood, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    И јас сум на скоро секогаш да дистанца. Ме сметаат за чудна, но тоа не ми е важно. Важно ми е дека се чувствувам самата јас и тоа дека се чувствувам безбедно, бидејќи така на тоа ме поттикнаа околностите во кои живеам.
     
    На НаталиЛили и friendy им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    9.631
    Пол:
    Женски
    Премнoгу честo... Личнoстa требa дa биде пoсебнa зa дa мoже дa ме гушне (кaкo пoздрaв сaмo), и oд днo нa душa мрaзaм лигaви луѓе штo се 2 милиметри oддaлечени oд мене и ме гњaвaт и гушкaaт, a дaли 5 редa муaбет имaaт нaпрaвенo сo мене. А, aкo ЈАС сaмaтa сaкaм дa бидaм вo близинa нa некoј, или пaк дa сaкaм дa јa гушнaм тaa личнoст, тoгaш тoa е еднoрoг и требa дa се земе примерoк зa дa се експериментирa и рaзмнoжувa. Мoже би сум мизaнтрoп, нo aлергичнa сум нa oдредени (читaј: пoвеќетo) луѓе.
     
    На Dark artist, Anacid, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Во последно време, се почесто доаѓам во контакт со (морам да ги наречам) ненормални кои ми ја допираат косата (facepalm) А неам никаква блискост со нив. Бојата ми е специфична и мислам дека затоа си земаат многу за право.
     
    Последна измена: 31 мај 2017
    На eliesaab, theowndemon и friendy им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    8)
    [​IMG]
     
    На Dark artist, toogood, Nalutena1 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Од толку широка улица, речиси празна, туѓинец поминува најблиску што може до тебе, и капак на се, баш во тој момент се накашлува. И како после да не бидеш мизантроп при ваква проста раја?
     
    На Dark artist, prominent, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    19.214
    Пол:
    Женски
    Мене ми имаше кажано професорката по социологија.Кога ќе збориш со некој нека ти биде на дистанца на испружена рака према него.А дали ќе биде поблиску или подалеку од тоа само ти одредуваш.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.076
    Пол:
    Женски
    Ми се случило неколку пати и иритира. Се мислев дали да кажам дека ја преминува границата, но ако отворев уста немаше со убаво да биде па успеав да се исконтролирам и само да се потргнам.