Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватноста во врската

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 11 јануари 2013.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    На почетокот на една врска многу е битно да се разграничат некои работи и да се постави граница која ќе ја означи приватноста на секој од партнерите. Таа им е важна на сите што знаат дека покрај себе ја имаат личноста што ја чувствуваат за блиска и сакана, но не до степен да се располага со се што другиот го доживува за своја припадност. Во спротивно, постоењето на две различни единки без приватност, го доживувам како слевање во една личност.
    Ниту имам желба и потреба да знам броеви од негови картички, лозинки, телефони, ниту пак тој покажува интерес за моите, иако сме во брак. Бањата е просторија која ја користи само тој што во моментот има потреба од неа. Секој треба да одржува хигиена независно дали е во врска или брак и тука нема простор за оправдување и толеранција.
    Поставеноста на нештата во некаков логичен редослед и почитување на туѓата приватност се доказ дека добро функционираме како што ни одговара и на двајцата. Колку и да сме блиску како партнери, ниту тој ме видел како ги отстранувам влакната по телото, ниту пак јас сум видела како тој го прави тоа со брадата.
    Некои работи се прават сам и на само.
     
    На Lolo5, eloves и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Секој човек треба да има дел приватност било во брак а особено било во една врска.

    Приватноста за една индивидуа е клучна за самиот себеси и својата психа, просторот за размислување, и не споделување на мисли или делови од сопствен живот, случки сите ние некогаш сакаме да си ги зачуваме длабоко во себеси и да живееме заедно со нив.

    Ако една особа е напорна и посесивна, се дразни од помислата приватност за себе и својот партнер, се сомнева и малтретира со искажувањето и докажувањето на љубовта, тоа е чуство за опсесивност и посесивност.

    Љубовта не ја сочинува опсесивноста, истата е чуство наречена и доживеана слобода и спокој.
     
    На Lolo5 и eloves им се допаѓа ова.