1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Привремена замена за наставниците штрајкувачи

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 6 септември 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Привремена замена за наставниците штрајкувачи

    Во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното/средното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни/средни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат, за време додека трае штрајкот“, стои во законските измени што се предлагаат по итна постапка.

    Министерот за образование Абдулаќим Адеми уверува дека правото на штрајк е загарантирано и дека и покрај законските измени што се разгледуваат во Собрание, наставниците кои ќе излезат на штрајкот организиран од СОНК нема да добијат отказ.

    Адеми нагласува дека наставниот кадар само ќе добие привремена замена за време на штрајкот, бидејќи мора да се обезбеди непречно одвивање на наставата.

    „Доколку пратениците во Собранието ги изгласаат предложените измени во Законите за основно и средно образование, на местото на тие што ќе штрајкуваат, привремено ќе се вработат нови наставници и професори. Вработувањето ќе се одвива преку Агенцијата за привремени вработувања и ќе трае се`додека трае и штрајкот. На тие што ќе штрајкуваат, стажот нема да им биде прекинат“, појасни Адеми.

    Токму заради предложените законски измени СОНК ја одложи одлуката за штрајк. Синдикатот смета дека овој потег за воведување на т.н. „резервни наставници“ е без преседан во синдикалното организирање и синдикалните слободи.

    Преземено

    Додека се штрајкува работата непречено да си тече. А нели основната цел на штрајкот е да се искаже незадоволството од условите со прекин на работата? Која е тогаш поентата на штрајкот?
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Хмм да, ама бројот на часови е точно даден, ако професорката по македонски пример штрајкува месец дена- време си тече, матријалот останува, наместо 400 часа (безвезе е бројка не се сеќавам колку точно беа) годишно ќе имаме 350 часа (да речам не е точна цифрава) тој матријал после ќе ми го бараат на матура или барем на екстерно и сега заради нејзините желби за штрајк јас губам дирекно.

    Решение би било сега да се прекине да речеме месец дена а после во јуни да се дополни месц дена ама па што се криви учениците да остануваат повеќе време? Да се брза со матријалот да се склопи во часовите што остануваат- зарем има потреба од тоа да им се натрупува матријал на децата за нечиј желби :^)

    Значи сакав да кажам ако нема замена т.е. ако процесот не тече нормално последиците ќе ги трпат децата директо било на екстерно, матура или понатаму, како и да е се губи матријалот.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Да Штрајк, ама во образование никако, бидејќи учениците не се должни да изостануваат од настава поради каприци на наставниците.
    Ама не ми е јасно зошто штрајкуваат?
    Ако појдеме од фактот дека незадоволството е во сите општествени свери, тогаш сите треба да штрајкуваме. Штрајкуваат поради одложување на законот за зголемување на плата.
    Епа мили мои тие 5% зголемување ги одложуваат 6 години, па сега ајде сите државни институции да штрајкуваат, нема смисол.
    Замената е закана по нивното работно место, барем јас тоа така го разбирам, па нека штрајкуваат, наставата ќе се одвива непречено.
    Меѓутоа во една школска година да се менуваат наставници и не е така добро за образовниот процес на учениците.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Нее штрајкот за што и да е ок им е, ама зошто не штрајкуваа во јуни или во август работни се им, ајде јули им се одмори ама можеа во август.Им текна кога почна школската година...
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абе ај од ниски пориви или задоволување на нечии каприци.
    Се е политика, од било чија страна позиција или опозиција.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Не е битно што законов е без преседан, што понатаму може да има огромно влијание, што може да се воведе "резервен" кадар во било која област, што со овој потег го замолчуваат и така угнетениот народ, битно е децата да не испуштат некој ден и сиромашките после да мора да надокнадат.
    Се додека си ги знаеме приоритетите во државава на прав пат сме.
     
    На viviette, De-lovely и Daleron им се допаѓа ова.
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Даа дефинитивно има ‘‘нешто‘‘ труло во државава да не речам се де, ама ајде де.
    Проблемот е што половина од тие професори кои би требало да штрајкуваат до местото дошле со партиска книшка тие ни не се способни да штрајкуваат дури и без законов кој бај д вуеј се сложувам дека е таков каков што е.
    Што се случи со лекарите претходно кои се специјалисти и за нив НЕМА резервен кадар- не успеаа нели,
    епа зар очекувате овие кои факт е дека се да речам заменливи т.е. дека има кадар во агенција кој чека на вработување(и на кои ама баш му е гајле за 5те % битно му е да дојде до место па макар и без тие 5%) да успеат- секако дека нема, штрајков е секако осуден на пропаст.
    Да државав е хаос вклучувајки го и целиот образовен систем, ама тоа не е проблем само на професорите тие сами ништо не можат, проблемот е поголем ама за жал решението е уште мноогу далеку
    А и како очекуваат зголемување кога државата се задолжува секој месец за да ги исплаќа администрацијата и прават, ако сте приметиле кога кажат на мтв државата се задолжи за толку и толку одма за ден два се делат плати, значи државата неможе ни тие 20 000 да им ги плаќа а камо ли да покачи.
    Нејсе проблемот е мноогу подлабок во државава како што кажав и од вакви да речам екскурзии на мозокот ќе страдаат само како што ги нарече реин кутрите деца чијшто родители веќе плаќаат 400 евра за факултет наместо 200 оти децата ради екстерното неможеа да влезат во државна квота- чисто за да видете колку е небитно губењето за децата
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Не е во ред за која и да е причината, да трпат децата. И докторите штрајкуваат, па ај сега сите да умрат по болниците.
    Ако они решат 6 месеци да штрајкуваат, зарем децата ке бидат на распуст од јуни до јануари? Оди после надомести им време и знаење.
    Ако навистина за 5% плата се прави проблеми кај децата - стварно жално.
     
    На Daydream, makedonkamak, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.467
    Ова не го прават за да не губат учениците од настават, туку ова се прави за да се заплашат професорите. Нели РМ е демократска држава, каде секој има право да каже што сака?
    Никој нема да излезе на штрајк, ако знае дека на негово место “привремено“ ке примат некој друг, неговите податоци ке бидат евидентирани, и после извесен период ке се најде причина да летаат од работа.
    И колку што знам, штрајкуваат и поради екстерното тестирање, ученици кои цела година ределе 1 и 2, и едвај извлекле 2 на крајот, на екстерно тестирање добиле 5! И поради тоа да им кратат од плата? Бидејки во нашата држава ништо не функционира како што треба, па ни екстерното тестирање, секој препишува како сака, или учи само за екстерното тестирање, и после седење со скрстени раце цела година, на крај да се закити со 5, а некој цела година се мачел за истата.
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ммммммм да дури сега се свестија
    [​IMG]
    Пред две години кога ние учениците сакавме да штрајкуваме тие не запишуваа, се закануваа со изостаноци, со казни и слични глупости, ни еден единствен професор не излезе со нас дури ни не не ни поддржа, напротив се утепаат од закани за казни и предупредувања за тоа дека ќе сме губеле од насатава и сега кога дојде време за последиците врз нив зошто да биле тие оштетени.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pikachy

    pikachy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Имам професор во фамилија и јас го оправдувам тој штрајк па макар и да летаат од работно место а тоа според мене не е можно
    Професорите највеќе ке штрајкуваат поради екстерното тестирање а потоа за електронскиот дневник бидејки тоа е добро се смислено може да се следи успехот на нас учениците на интернет ама професорите целото свое време го трошат на тие работи им дадоа лаптопи како демек да внесуваат од училиштата оцени и изостаноци за време на часот ама за да се внесе тоа потребен е интернет кој го нема во моето училиште кажувам и сите професори од моето училиште тоа го прават дома а тоа се смета како дополнитена работа.А да не кажам за тие програми за реализирање на часови што ги прават и во рок од 5 дена им натрупаа уште 300 работи да ги довнесат во тие програми и тоа е уште една работа плус која ја прават дома. А платата е едвај 20 000 и тоа не им ја исплаќаат навремено. Мислам дека треба да штрајкуваат и треба да се покачи нивната плата.
    А со тие привремени замени не се надевајте многу на предавање.Имам 3 професорки што се на замена и сите се помеѓу 24-26 години и немаат врска што и како да прават на часовите никој не ги упатил во работата и дремеме без врска на часови збориме за серии, книги и такви работи наместо да ни предаваат лекција
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Докторите кога штрајкуваат работат итните служби. Ај ако не сите ќе се заќутиме и ќе трпиме што и да наведе власта, во било какви услови ќе работиме, ама нема никогаш да има никаков штрајк само за да не трпи никој друг.
    Треба да се гледа поголемата слика, не само за нас да си гледаме секогаш, од таква себична нација што сме си дотуркавме до ова дереџе. И после зошто цела младина гледа да си избега. И треба, сите нека си отидат од оваа пуста држава без никаква иднина.
     
    На Hipster и LaBella им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Знаете што најмноу ме нервира кај штрајковите?
    Тоа што ги реметат сите, посебно во Скопје. Ако веќе штрајкуваат за да изразат незадоволство, нека си штрајкуваат во матичната организација, а не на улица. Затоа што сите оние кои што си се задоволни, ќе станат незадоволни и нервозни од проста причина што не ќе можат навреме да си ги завршат обврските кои ги имаат низ градот.
    Многу ретко, скоро никогаш нешто се менува со штрајк, а посебно ако се работи за помала група на луѓе.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Кој ке работи, како на пример итните служби кај докторите, кај наставниците? Никој. И сега проблемот е зошто некој викнал итна служба :)
    Наставниците сакаат светот да пропадне ако они штрајкуваат. А ако е вистина дека штрајкуваат за електронски дневници, оти не можеле да научат да пополнуваат, сега знам оти имаме неписмени деца и младина. Светот оди напред, треба и они.

    Не сите, ама добар дел од учителите се луѓе кои мислат дека е доволно да раскажат лекција два часа, а третиот да испитуваат. Без да им дадат квалитетно образование на младите, да ги научат да истражат. Имале дополнителна работа дома?! Професотите имаат 4 часа на училиште, а треба да седат 8. Никој од нив не седи, туку си оди дома. Ако јас за 8 саати земам 20 000 они за 4 или 5 часа ги земаат истите пари. Јас 8 саати активно работам, они 4. Од пазарите не може човек да ги прибере. И после носеле дома работа. Како и јас и куп други што имаат многу работа, кои си носат дома. Ако останат 8 саати на работа, нема да носат дома. Ама со 4 часа е невозможно.

    Затоа пак, знам учителки кои бараат од мајките да им сукаат јуфки, да им ГИ КАЖУВААТ одговорите на екстерно за да им завршат услуга и да бараат милион други услуги од родителите. Прв пат имаат нешто плус работа и одма на штрајк. Како и да е, секој кој мисли дека треба да има штрајк, нека си штрајкува.

    Ама не на туѓ грб и штета, особено не на децата. Децата се нашето богатство, или 5% на учителите се богатството?
     
    На Waka-waka, Daydream, feminium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Каков проблем е бре е-дневникот, јас до лани и го водев на класната и не ми одземаше повеќе од еден голем одмор-пола саат шо значи ајде и саат нека е нормално дека време ИМА да си ги средат работите.Ако не ЗНААТ(што е различно од нема време) можат да одвојат од својата 20 000 плата и да дадат пример 500 денари на некое дете што знае,без проблем ќе ја заврши работата.

    Нејсе, штрајкот им је безвезе, законов за замена е тема на дискусија. Точо дека законот не е демократски ама па реин постоја и други начини да речам на протест, немора да се нацртаат пред собрание во работно врме, нека го искажат својот просетс после работно време и во момент кога нешто може да се смени кога некој закон се носи а некога стапува на сила и доаѓа време за казни.

    Јас почитвувам протест ама од типот на оние професорите на УГД-Штип кој штрајкуваа со глад во летниот период, работата на униерзитетот не беше стопирана, тие на сопствена сметка си го искажаа протестот а не на сметка на студентите во случајов учениците.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ова е тема за мислење околу новите измени во законот, а не тема за напаѓање и обезвреднување на професорската професија. На сите нас нашата работа ни` е најтешка, најодговорна, ние сме си највредни на свет затоа што ... нашето бреме ни` е најтешко. Сосема очекувана и природна човечка особина.

    Не сум поврзана со оваа професија, но жал би ми било доколку за мојата прочитам исти или слични нешта. Секоја планина со својата тежина, секоја си носи различен тип на одговорности, а одговорностите од аспект на ученик којшто гледа ретроспективно се големи. Имам блиска личност којашто е во таа фела и навистина ни малку не наликува на она што некои си мислат, два часа ќе раскажува една лекција а третиот ќе испрашува. Подготвува материјали, постојано учи нови нешта, се консултира за нови трендови, се консултира со литература најразлична од тоа како да предаде материјал до како да допре до деца од различна возраст, позадина и воспитување. Како ученици речиси повеќе време поминувавме во училиште отколку дома (не сметајќи го спиењето) и реално кога вака ќе гледаш на работите, имаат одговорности. И од други слушам, се` повеќе се намалува бројот на немарни професори и наставници благодарение на разни програми преку коишто постојано се подложни на обука и на евалуација.

    За некои негативни поединци, ги има во сите професии, од пекар до лекар. Но, заради тоа што не седат 8 саати дневно (а не ретко се и повеќе од четири, ќе мора да корегирам тука) и што имаат поинакво работно време и работни обврски дома, не е изговор да се обезвреднува нечија професија. Има некои коишто им се може да го предремат цело работно време, па макар и десет саати седеле. Во сите професии.

    Конкретно за темава, немам строго одреден бидејќи и во едната и во другата насока си има позитивни карактеристики и последици. Затоа, да зборуваме за предложените измени кои се добри од аспект на тоа што во центар се ставаат учениците и нивните потреби какво што и треба да биде образованието на 21-иот век, а за нечија професија да коментираме кога ќе поодиме малку во нивните чевли.
     
    На Espadrila, Hipica, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Професијата на наставниците воопшто не е лесна. Го знам то бидејќи живеам со двајца. Денеска како што децата се по некултурни и невоспитани, самиот образовен и воспитен процес е тежок и стресен. Како тоа да не е доволно, наставниците станаа и административни работници, освен дневниците и записниците, сега има и е-дневници и екстерни, па можат да ти ја скратат платата ако некое дете што ја добило заслужената оценка, препише или се испобуни. И не работат по 4 часа, бидејќи моите родители одат во 6, а се враќаат во 14 часот од работа, за да ги завршат сите обврски. И пак не е се завршено бидејќи често паѓа интернетот. И да има професори што не се трудат добро да ги научат децата и се партиски испопикани, но не се сите такви. Оваа професија е прекрасна бидејќи се воспитуваат и учат децата, иднината на државата, и треба да биде за тоа. Кога на професорите им се наметнуваат толку обврски, нема да можат да се концентрираат убаво на главната цел на професијата, образување и воспитување. И професорите не се бунеа толку за екстерните, бидејќи ако тоа беше успешно, тие ќе можеа да му ја стават заслужената оценка да ученикот, без притисоци од родителите и класниот. Така да имаат причина да штрајкуваат, не е за џабе, и добро е што има некој привремено да ги замени, ако стварно е така. :emo:
     
    На Antolinaa, tessie и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Големата плата па уште да двоиш од неа, ајде ти кажи им на твоите од нивната плата да одвојат толку пари да видам како ќе реагираат! Лесно е да си паметен кога не си во туѓи чевли, убаво пиша Теси! На сите мрчатори јас би им посакала или самите да се вработат во образование што поскоро или некој близок да им се вработи па да видам како после 3 работни дена ќе ја сменат песната и ќе почнат да лелекаат како едневникот пола од времето не работи, па или ќе мора да станеш во 5 сабалје или да чекаш 1,2 навечер за да внесуваш, па како секој ден има подготовки за пишување, па како преку викенд имаш задолжителна обука од министерство, па како си казнет со намалување на плата зошто со пенкало си внел оценка а не со молив иако несмее со молив да се пишува во дневник, па како директорот сака некоја вмровска прчла да донесе на твое место па ти прави мобинг за сам да напуштиш... Сакате да продолжам да ви пишувам колку е убаво да се работи денес во образование? Слободно побарајте, имам мајка професор, имам да ви пишувам и пишувам и пишувам...
    Но се ова би било мање-више толерантно да не беа денешниве распрдени дечишта, не 20 000 денари, море 20 000 евра да ми понудат не би работела во образованието. Дебилчиња некој да си лечат комплекси на мене за 20 000 месечно, абе ајде, подобро улици би метела. И не, денешниве деца не се нашето богатство, како што пиша Ска, туку се наша срамота и наша пропаст како општество.

    И бај д веј, многу од професорите не го подржуваат штрајков и одбиваат да се придружат.
     
    На stetoskop, De-lovely, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно :
    Учениците не се должни да го трпат незадоволството од професорите.


    Не е правилно да штрајкуваат а притоа се губи доста матријал што еве конткертно за матурантите тешко дека ќе има време да се дополни изгубениот матријал,во зависност колку време и да штрајкуваат.
    Најубаво си е да си се најде замена,па после што сакаат нека си прават,ради нивни желби и потреби ние учениците губиме. За тоа време нешто ние што нема да учиме ќе се бара на екстерно тестирање,на државна матура и после помал просек,помалку поени ради професорите тоа што не го предале.
    Ние можеме дома сами да научиме,тоа да.Но друго е кога ќе ти предаде професор.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Види имам и мајка и тетка во образование ,а за 4-5 години ако се биде ок и самата ќе бидам во образование(на наставна математика сум запишана). Низ образовниов систем -средношколски и од основно поминав како ученик, а ти велам ги имам работено и некои од работите од професор (токму е-дневникот компетно и го водев на класната), тие што ги немам лично работено- запознаена сум од блискиве како што кажав и извнини ама не е тешка професијава како што сакате да ја прикажете, добропознавајки ја и самата одам во неа.

    За одвојувањето од 20 000- секое незнаење кошта, ако госпоѓата е 7-8 години пред пензија и ги брои деновите и ама баш несака да го чека е-дневникот, а уште помалку има желба да учи нови работи од сопствената професијата ќе си плати на некој малд кој веќе ги знае новостите да речам, ако пак не сака да плати ќе мора да ги учи новите работи, нема учениците да чекаат пезнија заедно со нејзе.(Зборам општо да не ме сватиш нешто лично)

    Нејсе темата ја утнавме не се тема тука професорите и образовниот систем туку ЗАКОНОТ за ‘‘привремена‘‘ замена