1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Привремена замена за наставниците штрајкувачи

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 6 септември 2014.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве го законот за измена и дополна на Законот за основно образование, истото важи и за средно.
    Прочитајте, анализирајте, коментирајте.
    ВОВЕД

    I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ
    Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование е заради дорегулирање на вршење на воспитно-образовната работа во случај на штрајк, внесување на законска одредба за обезбедување на една книга (лектира) заедно со ЦД на англиски јазик, за учениците во Република Македонија, која ќе послужи учениците да се стекнат со поголемо знаење на англиски јазик, преку истовремено читање и слушање на изговор на природен, мајчин англиски јазик, како и за основање на училишен спортски клуб во основното училиште заради развивање и унапредување на сите форми на спортски активности на учениците. Исто така потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование е заради нормативно доуредувања на случаите кога е под 20% бројот на наставници на кои треба да им се зголеми платата, односно на наставници на кои треба да им се намали платата како резултат на екстерното проверување на знаењата на учениците.


    II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА
    Целта на предлог законот е да се дорегулираат одредени недоречености и правни ситуации во воспитно-образовниот процес, како и заради унапредување на процесот на екстерното проверување на знаењата на учениците во основното образование кој е уреден во Законот за основното образование.


    III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
    Овој закон не предизвикува фискални импликации.

    IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИН НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ
    Овој закон не предизвикува материјални обврски за одделни субјекти.
    Средствата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

    V. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
    Со оглед на тоа што се исполнети случаите утврдени во член 170 алинеја 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, односно не е во прашање донесување на сложен и обемен закон, се предлага овој Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, да се донесе по скратена постапка.

















    ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
    ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Член 1
    Во Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр103/08, 33/10, 116/110, 156/10, 18/11, 15/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14 и 116/14) по членот 25-а се додава нов член 26, кој гласи:

    „Член 26
    Министерството за секој ученик во основното образование обезбедува една книга (лектира) заедно со ЦД на англиски јазик, за учениците да се стекнат со поголемо знаење на англиски јазик, преку истовремено читање и слушање на изговор на природен, мајчин англиски јазик.“

    Член 2
    По членот 34 се додава нов член 34-а, кој гласи:

    „Член 34-а
    За развивање и унапредување на сите форми на спортски активности на учениците, најмалку пет наставници кои засновале работен однос на неопределено време во основното училиште, основаат училишен спортски клуб, согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за спортот.
    Со училишниот спортски клуб управуваат членовите непосредно.
    Училишните спортски клубови средствата за финансирање ги стекнуваат од доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија и легати.
    Училишниот спортски клуб може да добива средства од буџетите на општините, односно општините во градот Скопје. “


    Член 3
    Во членот 38 по ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи:
    „(7) Во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат, за време додека трае штрајкот.

    Член 4
    Членот 71 се менува и гласи:
    „(1) Следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно и екстерно проверување.
    (2) Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците го вршат наставниците во училиштето.
    (3) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од четврто до деветто одделение се реализира на крајот на секоја наставна година.
    (4) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го организира и спроведува училиштето преку училишна комисија.
    (5) Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците ја формира директорот на училиштето и истата е составена од пет члена: директор, стручен соработник и тројца наставници од училиштето.
    (6) Тестирањето за екстерното проверување на постигањата на учениците го спроведуваат тестатори определени од училишната комисија.
    (7) Училишната комисија е должна за секоја испитна просторија да определи најмалку по еден тестатор.
    (8) Во испитна просторија за време на екстерното проверување на постигањата на учениците не смеат да влегуваат наставници кои не се тестатори или помошници на тестатори.
    (9) За ученик со посебни образовни потреби вклучен во редовното образование училишната комисија задолжително определува лице - помошник на тестаторот.
    (10) Тестаторот и помошникот на тестаторот не смеат да даваат било какви информации во врска со одговорите на прашањата за време на екстерното проверување на постигањата на учениците .
    (11) Тестаторот и помошникот на тестаторот може да биде наставник по било кој наставен предмет, освен по предметот по кој се врши екстерното проверување на постигањата на учениците.
    (12) Начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот ги пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар.
    (13) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши со тестови кои ги изготвува Државниот испитен центар, на предлог на Бирото.
    (14) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши по два наставни предмети, согласно со наставниот план, а врз основа на генерален распоред изготвен од страна на Државниот испитен центар, на предлог на Бирото, освен по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците.
    (15) Начинот и постапката за проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно по наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го пропишува министерот, на предлог на Бирото.
    (16) Врз основа на генералниот распоред од ставот (14) на овој член, училишната комисија подготвува интерен распоред по паралелки, наставни предмети и наставници за спроведување на екстерното проверување во училиштето. Интерниот распоред го усвојува наставничкиот совет на училиштето.
    (17) Резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците од ставот (14) на овој член училиштето ги запишува во свидетелството за завршена година на образование и истите влијаат врз општиот успех на ученикот.
    (18) На ученик кој не се јавил на екстерното проверување на постигањата на успехот и истото не го оправдал со медицинска белешка, односно со потврда/доказ за учество на државен или меѓународен натпревар, му се запишува оценката недоволен (1) во свидетелството, која влијае на општиот успех на ученикот.
    (19) На ученикот му се издава свидетелство за завршена година на образование по спроведеното екстерно проверување.
    (20) Резултатите запишани во свидетелството од ставот (17) на овој член се еден од критериумите за запишување на учениците во средното образование.
    (21) Училишната комисија доставува извештај за спроведеното екстерно проверување на постигањата на учениците до Државниот испитен центар.
    (22) Врз основа на добиените извештаи од училишните комисии, Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците.


    Член 5
    Во членот 97 по ставот (8) се додаваат три нови става (9), (10) и (11), кои гласат:
    „(9) По исклучок од ставот (7) на овој член ако во објавениот извештај со резултатите од спроведеното екстерно проверување на успехот на учениците бројот на наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели е поголем од 20 % на сите наставници еднакво им се зголемува платата во висина на средствата кои се од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели.
    (10) По исклучок од ставот (8) на овој член ако во објавениот извештај со резултатите од спроведеното екстерно проверување на успехот на учениците, бројот на наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели е помал од 20%, бројот на наставниците на кои им се зголемува платата е еднаков на бројот на наставниците на кои им се намалува платата.
    (11) Одредбата од ставот (9) на овој член се однесува на наставниците чија објективност се проверува при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците.“
    Ставовите (9), (10), (11) и (12) стануваат ставови (12), (13), (14) и (15).
    Во ставот (13) кој станува став (16) бројот „(12)“ се заменува со бројот „(15)“.
    Во ставот (14) кој станува став (17) броевите „(7) и (8)“ се заменуваат со броевите „(7), (8) и (9)“.
    Во ставот (15) кој станува став (18) бројот „(14)“ се заменува со бројот „(17)“.
    Ставот (16) станува став (19).


    Член 6
    По членот 172-б се додава нов член 172-в кој гласи:

    „Член 172-в
    (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице ако дозволи тестаторот и помошникот на тестаторот да се од редот на наставниците по предметот по кој се врши екстерното проверување (член 71 став (11)).
    (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на наставниците ако постапуваат спротивно на член 71 став (8).
    (3 ) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за на тестаторот и помошникот на тестаторот ако дава било какви информации во врска со одговорите на прашањата (член 71 став (10)).“
    (4) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на тестаторот и помошникот на тестаторот ако се од редот на наставниците по предметот по кој се врши екстерното проверување (член 71 став (11)).

    Член 7
    Решенијата за зголемување, односно за намалување на платите на наставниците согласно објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година ќе се донесат согласно одредбите од член 1 од овој закон.

    Член 8
    Одредбата од член 1 од овој закон со која се додава нов член 26 ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2016 година.

    Член 9
    Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за основното образование.

    Член 10
    Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
















    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    Со членот 1 по членот 25-а се додава нов член 26 кој регулира дека Министерството за секој ученик во основното образование обезбедува една книга (лектира) заедно со ЦД на англиски јазик, за учениците да се стекнат со поголемо знаење на англиски јазик, преку истовремено читање и слушање на изговор на природен, мајчин англиски јазик.“
    Со членот 2 по членот 34 се додава нов член 34-а кој уредува дека за развивање и унапредување на сите форми на спортски активности на учениците, основното училиште основа училишен спортски клуб, согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за спортот.
    Со членот 3 во членот 38 по ставот (6) се додава нов став (7), кој уредува дека во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа со заменување на вработените кои штрајкуваат.
    Со членот 4 се менува членот 71 во насока на доуредување на улогата на тестаторот при екстерното тестирање на учениците.
    Со членот 5 во членот 97 од Законот за основното образование по ставот (8) се додаваат три нови става (9), (10) и (11) со кои се уредува начинот на исплатата на платата во случаите кога бројот на наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели е помал од 20%, и во случаите кога бројот на наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели е поголем од 20 % .
    Со членот 6 по членот 172-б се додава нов член 172-в со кој се воведува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице ако дозволи тестаторот и помошникот на тестаторот да се од редот на наставниците по предметот по кој се врши екстерното проверување (член 71 став (11)), како и глоби во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на наставниците и тестаторите ако постапат спротивно на одредбите од член 71 став 8, 10 и 11.

    Членот 7 е преодна одредба со која се регулира дека решенијата за зголемување, односно за намалување на платите на наставниците согласно извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година ќе се донесат согласно одредбите од член 1 на овој закон со кои се врши изменување и дополнување на член 97од овој закон.
    И членот 8 е преодна одредба за отпочнување на примената на членот 1 од овој закон
    Со членот 9 се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за основното образование.
    Со членот 10 се уредува влегувањето во сила на законоти неговата примена.

    II.МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ
    Со оглед на тоа што со овој закон се врши изменување и дополнување на членови во Законот за основното образование, решенијата содржани во одредбите се меѓусебно поврзани и чинат една правна целина.

    III.ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА
    Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование е заради дорегулирање на вршење на воспитно-образовната работа во случај на штрајк, внесување на законска одредба за обезбедување на една книга (лектира) заедно со ЦД на англиски јазик, за учениците во Република Македонија, која ќе послужи учениците да се стекнат со поголемо знаење на англиски јазик, преку истовремено читање и слушање на изговор на природен, мајчин англиски јазик, како и за основање на училишен спортски клуб во основното училиште заради развивање и унапредување на сите форми на спортски активности на учениците. Исто така потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование е заради нормативно доуредувања на случаите кога е под 20% бројот на наставници на кои треба да им се зголеми платата, односно на наставници на кои треба да им се намали платата како резултат на екстерното проверување на знаењата на учениците.


















































    ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
    КОИ СЕ ИЗМЕНУВААТ И ДОПОЛНУВААТ


    Член 25-а
    (1) Во основното училиште може да се реализира и меѓународна програма за основно образование за што согласност дава министерот.
    (2) Средствата за реализација на меѓународната програма за основно образование ги обезбедува Mинистерството. Начинот на обезбедување на средствата го утврдува министерот.
    (3) Меѓународната програма за основно образование е со иста важност како и редовното основно образование.
    Член 34
    (1) За развивање на различните интереси на учениците, основното училиште организира слободни ученички активности коишто се определени со годишната програма за работа на училиштето.
    (2) Учениците во слободните ученички активности се вклучуваат доброволно.
    (3) За учениците што покажуваат особен успех по одделни предмети се организираат натпревари на општинско, регионално и државно ниво.
    (4) Натпреварите ги организираат акредитирани здруженија на наставници.
    (5) Здруженијата на наставниците треба да бидат акредитирани од комисија за акредитација на здруженија на наставници формирана од министерот.
    (6) Комисијата е составена од седум члена од кои тројца се претставници од Mинистерството, тројца од Бирото и еден претставник од мнозинскиот синдикат на наставници. Еден член од комисијата е претседател, кој го именува министерот.
    (7) Основни критериуми за акредитација на здруженијата на наставници за организирање на натпреварите се натпреварите на учениците да се организирани од страна на наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет (сроден предмет или научна област на која припаѓа наставниот предмет), здруженијата на наставниците да се регистрирани како здружение најмалку три години до денот кога аплицираат за организирање на натпревари и да обезбеди организирање на натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици.
    (8) За освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда, чија висина ја утврдува министерот, на предлог на комисијата од ставот (6) на овој член.
    (9) Висината на паричната награда од ставот (8) на овој член е во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.
    (10) Начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
    (11) Начинот на изведувањето на училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.


    Член 38
    (1) Учебната година во основното училиште, по правило, започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година.
    (2) Наставата во учебната година се остварува во 180 наставни дена.
    (3) Настава во основното училиште не се изведува за време на државни празници и други празници утврдени со закон.
    (4) По исклучок, наставата може да се организира и во неработен ден за да се остварат наставните денови од ставот (2) на овој член.
    (5) Наставата може да се остварува и во скратено траење, но не помалку од 100 наставни дена, по добиена согласност од Министерството, според посебна наставна програма донесена од министерот, по предлог на Бирото.
    (6) Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.
    Член 71
    (1) Следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно и екстерно проверување.
    (2) Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците го вршат наставниците во училиштето.
    (3) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од четврто до деветто одделение се реализира на крајот на секоја наставна година.
    (4) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го организира и спроведува училиштето преку училишна комисија.
    (5) Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците ја формира директорот на училиштето и истата е составена од пет члена: директор, стручен соработник и тројца наставници од училиштето.
    (6) Начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот ги пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар.
    (7) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши со тестови кои ги изготвува Државниот испитен центар, на предлог на Бирото.
    (8) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши по два наставни предмети, согласно со наставниот план, а врз основа на генерален распоред изготвен од страна на Државниот испитен центар, на предлог на Бирото, освен по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците.
    (9) Начинот на проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно по наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го пропишува министерот, на предлог на Бирото.
    (10) Врз основа на генералниот распоред од ставот (8) на овој член, училишната комисија подготвува интерен распоред по паралелки, наставни предмети и наставници за спроведување на екстерното проверување во училиштето. Интерниот распоред го усвојува наставничкиот совет на училиштето.
    (11) Резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците од ставот (8) на овој член училиштето ги запишува во свидетелството за завршено одделение и истите влијаат врз општиот успех на ученикот.
    (12) На ученик кој не се јавил на екстерното проверување на постигањата на успехот и истото не го оправдал со медицинска белешка, односно со потврда/доказ за учество на државен или меѓународен натпревар, му се запишува оценката недоволен (1) во свидетелството, која влијае на општиот успех на ученикот.
    (13) На ученикот му се издава свидетелство за завршено одделение по спроведеното екстерно проверување.
    (14) Резултатите запишани во свидетелството од ставот (11) на овој член се еден од критериумите за запишување на учениците во средното образование.
    (15) Училишната комисија доставува извештај за спроведеното екстерно проверување до Државниот испитен центар.
    (16) Врз основа на добиените извештаи од училишните комисии, Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците.
    Член 97
    (1) Врз основа на резултатите од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се оценува објективноста и професионалноста на наставникот во вреднувањето на постигнувањата на успехот на ученикот.
    (2) Оценувањето од ставот (1) на овој член се врши со споредување на резултатите на екстерното проверување на постигањата на ученикот со годишната оценка на ученикот по соодветниот предмет за што Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците.
    (3) Извештајот од ставот (2) на овој член се изготвува врз основа на средната вредност изразена во проценти од резултатите на екстерното проверување на постигањата на учениците со годишните оценки на ученикот за кои нема отстапување и за кои отстапувањето е поголемо од една оценка.
    (4) По исклучок, извештајот од ставот (2) на овој член, се проширува со наставниците кои имаат отстапување од добиените показатели како последниот наставник од листата.
    (5) Процентот на најголеми отстапувања од добиените показатели е 100%, кога има отстапување од четири оценки од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот.
    (6) Процентот на најмали отстапувања од добиените показатели е 0%, кога нема отстапување од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот.
    (7) Врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале.
    (8) Врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале.
    (9) Извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, Државниот испитен центар го објавува на веб страницата на Државниот испитен центар и на Министерството во втората недела на месец септември во тековната година. По исклучок, доколку во периодот кога се објавува извештајот од овој став се одржуваат избори за претседател на Република Македонија, за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, односно за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за избор на градоначалник на општина и градоначалник на град Скопје, извештајот се објавува првиот нареден ден по завршувањето на изборите.
    (10) За наставниците од ставот (8) на овој член се обезбедува соодветна стручна советодавна помош од Бирото.
    (11) На наставник кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели, му престанува работниот однос.
    (12) Решение за престанок на работниот однос на наставникот донесува директорот на основното училиште.
    (13) Против решението на директорот од ставот (12) на овој член наставникот може да поднесе тужба до надлежен суд.
    (14) Решение за зголемување, односно намалување на платата на наставникот согласно со ставовите (7) и (8) на овој член, донесува директорот на училиштето. Исплатата на платата со зголемување, односно намалување започнува од 1 јануари наредната година по објавувањето на извештајот за работата на наставниците.
    (15) Решението од ставот (14) на овој член се доставува до Министерството до најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на збирниот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците од тековната година, а ќе започне да се применува од јануари наредната година.
    (16) Начинот на изготвување на збирниот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, како и начинот на утврдувањето на процентот на најголеми, односно најмали отстапувања од добиените показатели ги пропишува министерот, на предлог на Државниот испитен центар.
    Член 172-б
    (1) Глоба во износ од 3.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако:
    - се организира политичко и верско организирање и дејствување и се истакнуваат партиски и верски обележја (член 11),
    - започне со работа пред утврдување на исполнувањето на условите за почеток со работа и пред донесување на решение за верификација (член 19 став (2)),
    - ја прекине воспитно-образовната работа спротивно на членот 38 став (6) од овој закон,
    - се врши телесно и психичко малтретирање на ученикот (член 53),
    - изврши избор на наставници и стручни соработници спротивно на одредбите од членовите 80, 82 и 84 на овој закон,
    - постапи спротивно на членот 85 ставови (6),(7),(8) и (9) од овој закон,
    - се врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач (член 86 став (5)),
    - на наставникот не му издаде ново решение за работно време (член 95 став (2)),
    - по извршена вонредна интегрална евалуација не ги отстрани причините за нарушувањето на воспитно-образовниот процес (член 127 став (1)),
    - не донесе програма за развој на училиштето согласно со членот 146 од овој закон,
    - не спроведе самоевалуација на училиштето (член 147) и
    - не овозможи вршење на надзор над законитоста и инспекциски надзор (член 168).
    (2) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на директорот на основното училиште за прекршокот од ставот (1) на овој член.
    (3) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на наставникот на основното училиште за прекршокот од ставот (1) алинеи 1, 3, 4 и 12 на овој член.
    (4) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно старателот ако родителот, односно старателот или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач (член 86 став (5)).
    (5) На основното училиште и на директорот на основното училиште за дејствијата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, покрај предвидената глоба задолжително ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во времетраење кое не може да биде пократко од една ниту подолго од пет години, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката.
     
  2. BlackPearl

    BlackPearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Јас се согласувам со овој закон. Некако имам впечаток дека наставниците се смеетаат за незаменливи,некако се научени на тоа темпо од деведесетите години кога ѕвончето заѕвонува за час а тие уште се муабетат со колегите во ходникот.
    Имав шанса да се запознаам со образованието и како ученик и како наставник. Како дел од задолжителната пракса за време на студии имав шанса да одам на пракса во неколку различни училишта во мојот град четири години по ред. За жал налетав на многу мрзеливи ментори. Секој мој потег и желба да внесам ново во мојата настава беше критикуван со коментари од типот: „Ајде сега што ти требат тие дополнителни материјали“, „Учено им е тоа од лани нема што има пак да им кажуваш“, „Што си се замарала толку“. И да тоа беа коментари од искусен професор. Јас отидов на пракса за да научам нешто повеќе, да видам како е кога научената теорија ќе ја спроведам во пракса, а не да слушам коментари од типот не се замарај, што ти треба пак сега тоа, уживај и слично. А што а најжално од се е тоа што истите тие ментори сега пишуваат статуси на фејбук дека нема шанси да дозволат 23-24 годишни неискусни професори да ги заменат.
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Изгледа кај нас никој не штрајкува,во полна пареа учиме.Понеделник почнуваат и испитувањата кај нас. :) Тие протестите изгледа само во СК се..БТ сегде се учи
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    После секој час имаат пауза, ако им е мака им даваат на децата да читаат, да се меткаат нешто, за викенди и празници се слободни, преку лето и зима машала се изнашетаа, платени матури и ексурзии со богати трпези, кој учи-учи, кој не учи на ти двојка, или дојди на полагање...
    Ај сега модерни се и на фб се пријатели на учениците, па овие мораат и лајк да им ставаат, и се додека некои родители се замараат со фб, наставнициве си објавуваат слики од часовите на фб.
    И сакав да кажам - во оваа држава во која се како богови, наместо да уживаат во работните места, пак нешто не им чини.
    Па, нека земат да метат улици, да молерисуваат, да шијат по фабрики, можеби полесно ќе им е. :swear:
     
    На Daydream, BlackPearl и feminium им се допаѓа ова.
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    [​IMG]
    така е, кога бев на екскурзија 7 души бесплатно се шетаа низ пола европа со нас, платено се - на наша сметка се разбира, половина автобус зафатија едни и по 2 места бараа, се испокараа меѓусебе кој да оди.
    Матура-на наша сметка нормално- сите дојодоа, неколку дури и првпат у живот ги видов на матурата демек нови предавале на еден клас таму :emo:

    ***
    може е офф ама да разјасниме само дека проблемот не е со еден крај да речам мноогу подлабок е во образовниот систем
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Не знам како воопшто може да давате крајно лоши и крајно добри примери за наставниците кога секој од нив си е приказна за себе и не треба да се зема дека сите наставници се такви.

    Точно е, овие партиски војничиња што влегоа како наставници поголемиот дел од нив и самите беа толку слаби ученици што функцијата наставник ја доведоа да биде нешто најдолно што може. Страв ми е дете во школо да пуштам еден ден. Јас сфакам дека се и тоа млади луге ама како наставничка никако не те личи со потпичник сукна да излегуваш викендот кај што ти излегуваат учениците.

    ПриказнатА има и друга страна. За разлика од порано кога наставниците само одеа на работа, предаваа, оценуваа и толку, денес имаат еден куп обврски. Лесно е да кажеме дека денешните наставници не личат на ништо ама рЕално и денешните родители и деца не личат на ништо. Снаата ми е наставничка, луге мои па дома мир немаме деновиве од тие мајките. Секој ден звонат, зошто детето немало една книга, зошто седел со петко а не со трајко, зошто не бил вклучен во приредбата со повеке точки, зошто седел во трета клупа...дрн дрн. Ни срам ни перде дури и дома ни идат.

    А наставникот се гледа како најголем криминалец во државата, треба да прави програма, секоја година различна бидејки се менуваат книгите, да води обичен дневник, да води е дневник, дупло оценување, дупло водење часови, тестови правење, па уште забранија и работни да се користат сега наставниците се мораат сами, мораат приредби да спремаат, деца за натпревари да носат и ред други работи така да не им е воопшто лесно.

    Ги поддржувам во штрајкот. Како може да ги казнува некој ако не им е внесен е дневникот кога голем дел од нив дома може немаат интернет а и нема компјутер (тие малите се расипаа веке).

    Шетале бесплатно на екскурзија?? Мајките со две деца на одмор не можат да ги приберат а замислете како им е на нив со 50.

    И не се согласувам со законот дека е недемократски. Секој има право да штрајкува
     
    На Hipica и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    На класните ескурзиите им ги плаќа агенцијата преку која одат, и се тоа со цел три дена и три ноќи да изиграваат џандари и да си спречуваат разулавените дечишта да прават глупости. Ако мислите дека на некоја 50 годишна жена и дошло до тоа да лови алкохол и дрога и да спречува тепачки во 4 сабајче, гадно се лажете.
    Следно, ресторанот каде се слави матурата им ги плаќа порциите на класните за да бидат присутни и да ги контролираат пијаните издрогирани матуранти, сите останати професори си плаќаат од свој џеб (секако, секогаш има шушкања дека школото им плаќа на шпиунчињата на директорот ама кој да докаже)

    Вие, мили мои средношколци, ништо од свој џеб не давате за професорите! А дали сте помислиле можеби од чиј џеб се плаќа за копирање на тестовите и за принтање на наставните програми? Школото секако дека не плаќа за тоа! Зошто мајка ми да дава по 300 ден само за копирање на тестови кога ние 3 дена ќе јадеме со тие пари тој месец? Мајка ми, како класна, има задолжение, да се јавува секојпат кога некое дегенче ќе избега од час, ќе добие укор или ќе се степа- мислите дека школото и ја плаќа сметката? Ај помислете повторно - не, мајка ми од свој џеб си плаќа! Мајка ми, кога ќе се врати од работа, во просек врти кај три родители па вие сега видете за каква сметка станува збор ;)

    А конкретно за штрајков, ќе штрајкуваат школите во Струмица и Куманово, како и осмолетките во Центар, кои не случајно имаат градоначалници од СДСМ, ама, место да ги дискутираме вистинските причини поради кои ќе се штрајкува, ајде да плукаме по наставниците и професорите, кои во оваа држава, според Силвер, биле богови :rofl: :rofl: :rofl: Мајка ми, божицата по математика :lol:
     
    На bubamara12345 и tessie им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Претеруваш малку со ова дегени, дали мајка ти така гледа на децата оти и е смачено од работата па така дома ги нарекувате.
    Новите професори претеруваат со фб можеби, ама старите со нивните нерви на стаклени нозе никој не може да ги замени.
    Не е секој за професор, ако одиш со нив на екскурзија треба да знаеш дека треба да ги пазиш, дека ќе има алкохол и кавги, ти како професор си таму бесплатно заради нив, и си имаш одговорности, не за твоја уживанција.
    За тестови нас секогаш ни барале по 2, 5 денари и никој не се бунел, а за ѕвонење на родителите скоро секогаш од училиштето ѕвонеле, ретко од дома. Ептен жртви ги направивте.
    И да, децата плаќаат за екскурзиите, агенцијата ако нема ќар од децата да покрие трошок на неколку професори, не е будала од свој џеб да дава.

    Законот ми се гледа во ред.
     
  9. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Мене не ми е јасно како да се врши таа замена на професорите? Професорите нема да штрајкуваат вечно или со месеци или години. И сега ајде нема друг излез, мора заменски наставници. Да препоствиме штарјкот трае 1 месец и кога ќе се врши тој избор на нови кадри? ? ? Кога ќе се пуштат огласи, интервјуа и уште триста чуда. Кои лица тие ке ги примат на работа? Мислите ќе има заинтересирани, знаејќи дека се само заменски кадри кои ке бидат фрлени на улица во првата можна прилика. Мене ова ми е повеќе од малоумно.
    Ова е жалосно што се дешава со Македонија наша. Зарем не гледаат колкава бројка имаше на ново запишани првачиња македонци запишано оваа година, а колку имаше албанци.Тоа е фактот кој треб да не загрижува, не вакво глупирање и играње играчки.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Мила Бриџет, порано се собираа пари од децата за копирање но тоа сега е со закон забрането така да тоа е на трошок на професорот. Исто така, сега децата оставаат мобилни, не фиксни броеви, и барем кај мајка ми, е забрането да се врти од школскиот фиксен телефон на мобилен, зошто им стигале астрономски сметки.

    Следно, мајка ми не ги нарекува дебили, за неа се деца или ученици, туку јас лично така ги викам и стојам зад тоа дека денешнава младина се стоки! Секако дека не се сите, има ретки исклучоци, фини и воспитани деца кои се мирни на часови и сакаат да учат но мнозинството се за во лудница, не во школски клупи! Сем тоа, што можеш и да очекуваш од такви деца кога од дома се задоени со тоа дека професорите зимаат многу пари (еј дури 20 000) и дека одат бесплатно на екскурзија и на матура, фала богу дека децата нема да имаат почит кон наставниците туку само омраза и незадоволство.

    Исто така, знаете дека со закон е забрането да се отстрани немирно дете од час? Значи ти можеш да го запишеш во дневник, но не смееш да го избркаш надвор (да не потрча во ходник, да падне и да искрвари а никој да нема до него, кутрото тоа гревче ;( ) Значи, денес да си професор има да трпиш некое дебилче буквално да те `рка пред сите а ти се што можеш да направиш е да го молиш да престане, и евентуално да се надеваш дека можеби ќе се префрли во друго школо. Џабе ти е да се жалиш кај директорот зошто ќе дојде татко му, ќе донесе мито 50 кила домати и 30 кила пиперки и една канта сирење и детето после мува не го гази, а ти иди и одржи час во таква атмосфера! Сем тоа ти си крив што не можеш да внесеш мир и ред и да направиш добра работна атмосвера, и штом си толку неспособен да не знаеш неколку `немирни/ енергични` :wasntme: деца да прибереш, има цела чета партиски војничиња кои чекаат ветена работа во образование, плус тука се и внуката, комшијата, швалерката на директорот, кои исто едвај чекаат да улетаат на твое место. Кога некој директно ти мавта со отказот пред очи, осмели се да се пожалиш другпат!

    Дали агенцијата во цената го пресметала одењето на професорите или не, тоа не е до професорите но и тие од агенцијата се свесни дека ако бараат професорите од свој џеп да си платат, никој нема да се нафати и дека големи се шансите децата без надзор да ги демолираат собите и да го запалат хотелот каде се сместени! Имам другарка која работи во туристичка агенција, лани и она идеше со школите, да се осигурна дека децата нема да направат голема штета, свесни беа кај неа во фирма дека дека само еден човек по клас не е доволно. Исто така, да си класен на ескурзија е огромна одговорност, на страна материјалните штети, ти си директно одговорен ако некое од децата се повреди или, уште полошо, се предозира или се онесвести од пиење, како што се случи кај нас на полуматурска ескурзија. За секаква осуда се оние професори кои на ескурзиите гледаат како гага шетање, јадење, провод и шопинг!
     
    На Hipica, tessie, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Отсекогаш постоеле професори и наставници пред кои и најлошите деца биле бубалки, и такви со кои сите се зезале. Не е мое да кажувам како да смириш дете на час или да натераш да те почитува, тоа треба да си го знаат самите професори, да најдат начин, некако не ми оди да изиграваат оштетени од децата, сепак се авторитети и имаат моќ која треба да знаат како да ја искористат.
    Вака поединечни примери може до утре да редиме, плус и минус има во секоја професија, секоја со свои притисоци ама и поволности и олеснувања кои не треба да се изостават кога се оценува нечија работа.
    Впечаток имам дека за секоја мала промена што се воведува во образованието тие се дигаат на штрајк. Работите мора да одат напред, измени мора да има инаку би останале за навек во систем некој кој не функционира, иако тоа понекогаш значи поголем притисок, терет на професорите. Можеби едноставно значи дека досега им било премногу лесно па сега им доаѓа наеднаш.
    Одреден притисок и страв дека некој може да те замени го има во секоја професија, само што тие се навикнати по старо време, кој како влезе во образование амин излегување. Да видат како ни е на нас обичните смртници :D Ова не мислам на законот оти тој е нели за привремена замена што има логика.
    Каде ја гледаш ти нелогичноста на законот?
    Инаку наставник и професор во основно и средно скоро секаде зема некоја средна или малку над просекот плата, па доктори земаат толку во Македонија, а ако споредуваме во други држави ќе видиш дека докторите стојат многу повисоко со платите.
     
    На Mishela и kikikikirika им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Пишав и претходно, штрајкот нема врска со самите професори и нивните барања, (кај мајка ми од старт одбија да се придружат) и според последното, ќе протестираат само оние школи што се во сдсмовски општини. Целата работа е СДСМ vs. ВМРО, и обратно, галје им е на нив и за децата и за професорите и за народот во целина, ова им е само уште еден повод за `рчка и одмерување :)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Јасно е, баш и тоа сакав да прашам, кој ќе се крене на штрајк кога скоро сите преку вмро се примени? Значи само сдсм. Значи мајка ти од вмро е :D Јасно.И да се против, не смеат глас да пуштат. Ајде тука да збориме за правда.
     
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Мајка ми има 60 години, примена е пред 35 години на работа и не е член на ниедна партија :) Знаеш, не сме сите тинејџерки на форумов со млади мајки ;)
    Друго, никој не е луд во ова време да излезе и да протестира против ВМРО, јас лично ги жалам професорите од школите кои ќе протестираат, којзнае какви последици може да има штрајкот по нивните работни места. Лесно им е на Бранко и Заев, они си се богаташи ама можно е обичен народ на крај да остане на улица поради нечии политички агенди :(
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зборам општо за сите, и тие што ќе се кренат и тие што нема да се кренат, нема да го направат тоа од правилни причини, а бараат сожалување и пред народ се глуми. Смешки, не е вредно во ваков случај ни за коментирање од обичниот народ.
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Тие што ќе протестираат, според мене, ќе протестираат само зошто директорот така ќе им нареди, буквално ќе немаат избор. На улица ќе има и сдсмовци и вмровци и дуиевци и прастар кадар ко мајка ми кои се пред пензија ама кој ги прашува, мора да излезеш на улица и да протестираш за нешто за што и сам не знаеш зошто точно протестираш... Македонија! :P

    (Да појаснам, не сум партиски определена и за мене ВМРО и СДСМ се различна страна од иста паричка, да беше обратна ситуацијата, школите од вмровските општини ќе протестираа а сдсмовската власт ќе се закануваше со привремена замена)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Настрана наставниците какви се, мене овој закон за нивна привремена замена ми е таква глупост поголема што не може да биде.

    Замената е како демек да се заштитат децата. Да претпоставиме дека законот навистина ке се спроведе и да видиме што ке се случи.
    -Изборот и конкурсот за привремени наставници ке трае со денови
    -Новите најверојатно ке бидат довчерашни студенти кои немале време да се спремат бидејки конкурсов е преку нок
    -Не е само дојди и предавај... Таму си има специјална годишна програма секој ден децата што треба да учат и таа наставниците ја спремаат со денови а сигурно нема на изволте да им ја дадат на новиве
    -И да ја имаат годишната програма, новите наставници нема да се снајдат со неа
    -Исто така, можни се расправии и тепачки во училниците помегу новите и старите наставници (македонија и се е можно)
    -Честото менување на наставници уштЕ толку ке ги збуни децата

    сума сумарум законов уште повеке ја влошува и така лошата состојба
     
    На Hipica и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Јас ова ваќа го сваќам- зошто вработувањата нели одат преку локалната власт, привремено ќе бидат вработени сдсмовски кадри и целата поблиска и поширока родбина на директорот, сосе комшиите од селото од каде потекнуваат баба му и дедо му!

    Штрајкувачите секако дека да нема им го `позајмат` наставниот план на нивните замени, наставата ќе биде буквален хаос, ама па, ако ништо друго, додека трае штрајкот, децата ќе станат експерти по играње искнула, асоцијации, јамб, карти и кенди краш :)
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    нема врска вмро или сдсм ... еве во мојата општина што е вмровска едно школо штрајкува друго не... ама тука е така што знам на друго место може има врска партијата
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Уффф навистина не знам, кај мајка ми гласале дали да штрајкуваат или не, сдсмовците биле да се штрајкува а вмроовци и неопределите биле против.