Привремена замена за наставниците штрајкувачи

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Sep 6, 2014.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    504
    Likes Received:
    2,130
    Gender:
    Female
    Кога ќе се решат учениците да штрајкуваат зошто имаат уставно право ме интересира дали ќе ги заменат со други ученици? Или пак кога кардиолозите ќе штрајкуваат можеби ќе ги сменат со општи лекари? :D
    Законов е апсурд. Прво се одзема средството за штрајк.
    Зошто да се штрајкува кога наставата си тече, а професорите може дома да седат до недоглед и да си штрајкуваат?

    Штрајкот е притисок, а за да се изврши притисок треба да постои начин за тоа. Вака се одзема начинот и сега штрајкувачите си имаат замена. Зошто да се седне и да се дискутира кога децата се во школо, родителите се задоволни и тоа е тоа. Завршило уште пред да почне.

    Мене ме интересира друга ствар. Кога би имала дете би се загрижила кој ќе го обучува и ќе му предава на тоа дете. Прво знаеме колку се квалитетни наставниците, но не ја знаеме нивната постапка и селекција. Односно со книшка се е возможно. Од каде министерството за образование ќе најде доволен и квалитетен кадар на замена и како тоа ќе се одрази врз учениците?
    Ако земеме дека детето добило единица кај професорот на замена и сега одговара кај другиов па овој се буни дека ставила замената кец, а не било потребно, па дошло време за екстерно, детево добило солидна оценка ... хаос ...
     
    Hipica likes this.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,417
    Gender:
    Female
    Познавам цели фамилии што воопшто не зборуваат, море се колат поради различни партиски определби.
    Македонските партии ги користат наставниците, а албанските пак децата.
    Во моментов во средно хемиско децата албанци не одат на училиште затоа што родителите така им наредиле, а на родителите пак некои си шмокљовци кои се држат до фотељите. Како и да е тие со богатството, а народот со прстот во уста.
    А бре македонче цел живот угнетувано од сопствена глава.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Joined:
    Feb 19, 2011
    Messages:
    1,168
    Likes Received:
    1,549
    Gender:
    Female
    Според мене ова привремената замена на наставниците ми е како кога не знај едниот во врската како да му раскини на другиот па му вели ајде да бидеме некое време на пауза. И за време на паузата оди со друга дури не му раскини на првата. На крајот на краиштата ако им фалеше нешто на наставниците оти гласаа за оваа власт? Тие исто така се најголем дел членови на партијата на власт и тие што не беа, сега се членови на партијата на власт. Па ако нешто не им чини нека се бунат в партија, оти да штрајкуваат и да ги малтретираат децата со замени, па во саботи да учат. А кога има шртајк најмногу последици имаат учениците, кога бев јас во основно имаше една година 3 недели штрајк, па после ај на брзина се предадоа професорите, секоја сабота до крајот на учебната година учевме и многу деца не можеа толку брзо да го совладаат материјалот оти беше голем. Па пред крајот на годината си ги расипаа оценките, а и самите знаете колку зависи иднината на секое дете од нив(за жал).
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Во врска со екскурзиите и плаќањето на професорите дискусијата :)
    НИКОЈА значи ама баш НИКОЈА аганција не им плаќа трошоци на професорите значи,размислете малку логично. Некој процент од вкупната цена што треба да ја дадат учените,таму има одредени пари и за професорите само незнам баш по колку од ученик. А тоа никаде не го пишува,нормално дека ќе пишат на агендата од агенцијата дека : ЕКСКУРЗИЈАТА ЗА ПРОФЕСОИТЕ Е БЕЗПЛАТНА!

    Ма немој да ме јебеш бре,деца сме уште цицаме па не разбираме !! :devil: :devil:
     
    feminium likes this.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,284
    Likes Received:
    146,011
    Не им се плаќа на професорите бидејќи тоа им е работно време. Тоа што ексурзиите се користат за шетање и пиење и лапање по собите, не е вистинската намена :) Значи, ексурзијата е со причина учесниците да се запознаат со културата, историјата,местоположбата, традицијата на местото каде што одат, а професорите се оние кои треа да ги насочат - да им кажат што треба да научат, а не да се опиваат.
    Значи, профцорите имаат плата за тој ден, нормално, како и секој ден, освен ако не е сабота или празник, па да им платат поголема дневница. За одговорноста денешнава младина да се носи по хотели во друга држава, не зборуваме, оти нема пара за тој стрес.
    Е сега...на професорите не им е желба да одат на ексурзија. Одат оти тоа е во програма и оти мораат. А некои и сакаат, па дури и жените си ги носат.
    Сепак, ако ве праќаат вас од работа некаде, замислете да треба сами да си платите пат и спиење, а плус и да ја сносите одговорноста за работата. Така што, фактот дека без трошоци одат, е сосема океј. На пример, да одат на пат од работа, на обука, и да мора сами да си платат - е не оди.
    Парите дали се од децата земени или не...тоа оди вака. Набавката се прави по број на ученици и се оди со најефтиниот од локацијата која вие сте ја одредиле. Во набавката пишува дека ке одат 300 ученици и 5 профеосри. Се дава цена по ученик. За професорите, самата агенција вика - одат гратис - им давам попуст или не дава, па школото плаќа. Тоа се гледа во картичките, ама тоа е друга тема.
    Од 300 ученици, бројот на професори е незначителна сума за една агнеција. Во секое школо е различно.
    Колку и да не сум за професорите и колку и да не ја почитувам нивната работа, (со некои исклучоци нели) ексурзиите најмалку треба да им се земат за зло.
    За зло да им се земе работењето по 4 часа, несакањето да се менува и носи креативност и одбивноста кон технологијата.
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Joined:
    Aug 25, 2012
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    1,740
    да доколку директорот претходно нема ’’договор’’ со некоја агенција, го знаеш податокот дека скоро цела источна мк оди со 1 иста агенција да не ја именувам тука ајде(ако има потреба не е проблем), а истава за 2 дневна екскурзија до белград наплаќа 4000, 4-5 дена до венеција 13000 а со нормална агенција можеш во лето во венеција до одиш за 100 евра баш имаше понуди скоро.

    тоа е доста поширока тема на која имамногу за што да се зборува но на темава за жал е офф