1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказна за мојата врска

Дискусија во 'Врски' започната од Addrianna, 24 април 2012.

  1. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    значи девојки сакам да пишувам приказна за мојата врска .
    сакам да почнам од почеток откако сме се запознале и како течело се понатаму , да пишувам се искрено,битни датуми,кога ми било тешко ии се во врска со нас..и кога ќе стигнам до денес(за што ќе ми треба подолго време бидејќи да се напише за година ипол не е малку а и има што да се пишува :) ) да продолжам да пишувам . е сега ако сакате да ми помогнете со уште некоја идеа,што како да правам? дали да пишувам за мене или за таа ? ии сакам да му ја дадам после тетратката да прочита,да се потресе малку :D :D дали да чита тој или не ??
    дали некоја од вас има пишувано вака ?? :*
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    љубовна приказна

    mozes da pisuvas ,no nemu da mu ja pokazes mislam deka ne e vo red.mazite ne se bas ''romanticari'',a ako ne im se dopadne nesto togas maskoto ego preovladuva i doaga do kavga moze i raskin na vrskata.megutoa zabelezuvaj gi tvojte greski i negovite mani za da ne gi povtoruvas.pozdrav
     
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    љубовна приказна

    Седи си мирна,не го прави тој потег жити се :D
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    љубовна приказна

    Јас еднаш го правев ова,колку состави напишав,кога бев среќна и кога бев тажна,на некои страници од таа тетратка сеуште стојат дамки од креоните додека сум плачела,епа сега ти види што ми била таа тетратка мене,тој никогаш не дозна за тоа бидејќи не сум сметала дека има потреба (веќе ми е бивши) но што има да ми ја гледа,само моја беше и не знаеше никој дека постои, ти како сакаш.
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    љубовна приказна

    па сум имала желба за ваква прикажна али он има желба заедно да ја пишуваме :)
    е сега за тебе ако сакаш пишиси зошто не,а ако сака он да биде со тебе може и двајцата да поцнете од моментот па секој ден што се случувало поточно..

    размисли и одлуци.. :)
     
  6. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    љубовна приказна

    Пишувај го тоа ако имаш желба,но секако треба да остане само за тебе.
    Некако е безвезе да му покажуваш него,затоа што ако идеш со таа мисла,од самиот почеток ќе мислиш како да го напишеш тоа што он "треба" да го прочита.
    Нема да биде толку искрено,како коа би го пишувала само за себе.
    Најубаво си знаеш сама :)
     
  7. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    љубовна приказна

    Хаха,се согласувам со Alanna седи си мирна и да пишуваш задржи си го тоа за тебе,сепак твоја приватност е ;)
     
  8. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    љубовна приказна

    фала ви за помошта :)
    ќе седнам некој ден со него и онака божем случајно ќе се потсетиме на се како било и потоа ќе пишувам .. а нема да му ја дадам да чита бидејќи стварно тогаш не би пишувала најискрено :)
     
    На Mecheto1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    љубовна приказна

    Мило ми е ако помогнав :)
    А и убаво што ќе го пишуваш тоа,ќе си имаш убави спомени :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Лее со темава ме потсетивте на еден муабет на зафрканција шо си го праиме чат-пат со мм. Некои феминки по нешто и знаат од шо сум пишала за некој проблем ова она, ама за нашава врска до брак сеа да чукнам во дрво изодевме богами тежок пат, си имавме работа со чудни луѓе и ни` се дешаваа ствари по серииве шо ги нема. И мм баш знае некад на шала да рече „Да напишеме причава за нас и да ја продадеме на некоја филмска продукција. Толку пикантерии нема во ниедна од серииве, најгледана ќе биде.“ :D

    Нема да биде лошо ако си пишуваш, тоа ќе ти остане, а дали тој да ја види или не...па остави на времето. Прво нека биде нешто за кое ќе знаеш само ти, па после сама одлучи си, сепак ти најдобро знаеш колкава и каква ви е близината со дечко ти. Ако пишувањето за тоа те прави убаво да се чувствуваш, не гледам причина зошто да не.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    12.926
    Пол:
    Женски
    Јас веќе имам таква тетратка која е скоро полна со такви приказни. Некои се пишувани во форма Таа и Тој, некој во прво лице како да му ги кажувам дирекно нему, на секоја има запишано дата на која сум ја пишувала. Кога започнав, пишував за мене, воопшто немав намера да ги покажам текстовите никому. Во еден неповрзан муабет, дечко ми ме праша дали имам дневник. Му кажав за "Тефтерот" ;) и он си изрази желба да му прочитам нешто. Не би му го дала цел да го прочита, бидејќи сепак имало моменти кога сум ги забележувала и најтешките моменти, ама му имам прочитано неколку текста за некои убави моменти од нашето минато, и заради забележаните дати сум можела и да кажам за што било тоа наменето. И така. :$ Сега мислам дека ке го чувам за мојата ќерка, бидејќи имам и некои приказни во стил Пепелашка (finding Prince Charming и слично), па тие би биле добри приказни за добра ноќ еден ден. :)

    Да се вратам на темата, убаво е да пишуваш. Дури и да е тоа само за тебе и никој друг. А ако твојот најмил е таков тип, можете заедно да се потсеќате на сите убави работи кои ви се случиле. :inlove:
     
  12. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Јас имам пишувано приказна за нашата врска и му ја дадов како честитка за нова година,мн се изненади па во првата прилика ми приреди изненадување да ми возврати за тоа,сепак важно е каков тип е.не секој прифаќа такви работи
     
  13. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    јас си пишувам приказна за нас!!! можеби ќе му ја испечатам и дадам еден ден да ја прочита илиз аедно да ја читаме па да се присетиме на некои лудории во врската!!
     
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И јас имам пишувано,но кога се скаравме ги изгорев,а баш ми е жал бидејќи денес сме пријатели и многу се поштоваме,ама во моментот од што многу му бев лута ги изгорев :|
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и јас имам пишувано на мали тевтерчиња пораки, на листови што и како се случувало во една од изминатите врски-секако тоа си го чувам за мене, и НИ СЛУЧАЈНО не ми текнало да го покажам на некој друг, или на партнерот :!:
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Пишувам дневник. Уште од малечка.
    Но, кога има нешто на што повеќе не сакам да се сеќавам и ми пречи ја кинам страницата.
    Ееее колку страници имаат изгорено. Абе уметничи дневник :D
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.066
    Допаѓања:
    155.232
    Да,само во случај од не знам која причина, ја изгуби меморијата...Ох леле.
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас имам нешто запишано,ама не во тетратка туку на листови ваму таму лево десно.Ќе ги соберам,ќе ги напишам убаво во една тетратка и ќе му е дадам.Нека е прочита,нека се потсети колку ни беше само убаво. ;(
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Уште на самиот почеток од врската, пред нешто повеќе од година дена , имавме навистина тешки периоди. Тогаш имав потреба да пишувам, чисто онака да се испразнам, да не ми биде тешко, а притоа никој да не замарам.
    Сум изнапишала неколку текста, кои неодамна ги најдов и му ги пратив на мм додека беше на работа(тогаш ги најдов) :$ . Претходно јас ги прочитав и беше плачки, а од кога ги прочита и мм ми кажа дека и кај него била истата реакција :angel: лигловци невидени сме си значи :$ Не беше ништо лошо пишано, туку баш моменталната ситуација на нашата почетна љубов :lol:
    Инаку се што пишувам ,пишувам на компјутер.
    Имаме и многу маил-ови па се потсеќаме секогаш кога сакаме :wasntme:
     
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Јас планирам да напишам роман за нас, би било убаво на некој начин да си ја оковечиме љубовта и врската на тој начин. Ако, ништо друго... Ќе има на што да се смееме како старци :D