Jas si pishuvav na vremeto i onaka dobro si gi skriv.No kerka mi u pubertet i ljubopitna si gi nasla kaj majka mi i si citala si citala...Gledam detevo cel den mirno i crveno vo obrazite...i posle koga mi gi izvadi i koga pocna da prashuva koj e sto e....se crvenev ko bulka ili stanav semafor ama sve i kazav sto ja interesirase nemav drug izbor...i uste mi vika kolku ubavo pishuvas si trebala pisatelka da bides ...aj pak pishuvaj
Јас имам дневник водено, две книги се испишани . Стојат во една кутија ' мемори бокс' си ја викам Убаво е да се потсетам на старост како било
Ееј темава. Добро би било да напишам една долга приказна, ремек-дело. Само поезија пишувам за него, но една искрена приказна да напишам, на долго и широко, баш убаво би било.
Тој е мечта за која долго сонував а се појави баш кога имаше рушевини на мојот пат. Се појави кога утакмицата беше решена на полувреме што би рекле. Помислив дека ќе направи уште поголем неред па бев спремна да облечам црно, бев спремна да ги потопам раните со алкохол. Имав само две опции да му верувам или повторно да се изгорам но кога немаш што да изгубиш прифаќаш ризик. Се се случи така едноставно но полека со мали дозирани чекори што е смешно затоа што тој има баш голем чекор физички. Знаеше понекогаш да ми украде насмевка и пак да ми ја врати ,да ме однеси во некој замислен свет доволно реален и да ме врати назад имаше и доза напнатост од страв и возбуда. Главечки без да се сетам се впуштив во дотогаш за мене непознати води што ми влеваа доверба затоа што уште од почетокот неговите дела зборуваа гласно од неговите зборови. Јас сум поетска душа сакам се во зборови а тој пак е човек од идеи ,замисли и остварувања и од секогаш му завидувам. Понекогаш знам и да го наречам ,,мојот швајцарски часовник" кај него да е да а не е не, тоа е карактер тоа е рутина. Може да звучи и повеќе од совршен но има и свои маани кои мене ми се слатки, не би зборувала за тоа покрај сите доблести. Ми се допаѓа што од почеток создадовме наша азбука и комуникација за полесно да е. Кога велам полесно мислам на километрите што не делеа набрзо после нашето запознавање , кога би зборувала за чувства тогаш беа не јасни и не би била фер ако кажам дека имаше. Имаше доза на посакување ,имаше доза на влажни соништа хехе доза на одржување топлина но не и блискост на желба а не чувства но и беше доволно за да останеш загреана. После неколку средби осетив дека е правиот но не за мене а беше мој и јас негова неколку ноќи бррр и сега имам ежење кога ќе помислам. Но не е така едноставно ако не се случи некој оган , оган што ме изгоре оган што ми зададе болка оган поради кој го осетив неговиот Сибир тоа беше пагански оган. После бурата сфатив што можам да изгубам ,сфатив колку сум зависна од неговиот допир и сфатив дека ништо не би го заменил. Од тогаш секој негов шепот ме ежи, секој негов допир ме топи и секој негов поглед ме заробува како да сум роб. Има нежност во неговите силни раце ми пренесува топлина кога ме буди наутро и ме милува по коса само да посакуваш таков аларм. Знае да ме извади од кожа и во истиот момент да врати и да заборавам. Сакам кога ќе ме стегне цврсто му ја сакам доминацијата иако се бунам како дете во пубертет. Ние за себе сме приказната Маша и Медо во превод секогаш е тука кога ми треба па и кога треба да ме држи додека повраќам а јас да му клекнам и да му врзам врвци. Обожавам кога гледам како се кроти пред спиење и од ѕвер кој не дели кревет се претвара во куче кое сака да спие блиску до сопственикот. А не можам да му одолеам на неговиот поглед кога ме посакува кога веќе во негова замисла ме соблекол и едвај чека да го допрам - тоа се вика страст а тоа ме пали! И сега кога ќе размислам колку чувства ми разбранува сфаќам дека ме прави да го заборавам нередот пред него и успева од ден на ден повеќе. Се надевам колку тој што ме исполнува и јас го исполнувам, го правам среќен и пред се задоволен!